Wellcast with Josif

Дом за стари лица - да или не?


Listen Later

Голем дел од луѓето во нашата средина се со ставот дека носењето на родител во дом за стари лица е лошо бидејќи со тоа покажуваме дека не ги сакаме и дека не се грижиме доволно.

Но, таквото мислење е во најмала рака неосновано бидејќи животот во домовите и негата што се дава таму е приспособена на потребите на лицата што живеат во нив.

Во оваа епизода на WellCast, се дружиме со физиотерапевтот (и музичкиот терапевт 🎸) во Феникс - Домови за стари лица, Мартин Крстев. Зборуваме за најчестите стравови и предрасуди во врска со домовите и ќе ти помогнеме да ја согледаш предноста на користењето на услугите што ги даваат домовите за стари лица.

Интересни моменти:

[05:52] Која е улогата на физиотерапевтите во домовите за стари лица?

[07:53] Бр.1 совет за виталност во поодминатите години

[11:04] Што помага да се одложи вкочанетост и потешкотии во движењето?

[14:20] Дали е предоцна да се почне со физичка активност на 60 или 70 години?

[15:28] Препорака за масажи – кога и колку често

[19:39] Зошто не треба да се чувствува страв и вина кога оставаме лице во дом?

[24:40] Дали треба да се чека до последен момент за да се однесе лицето во дом?

[27:40] Како изгледа еден ден во домот за стари лица Феникс?

[30:00] Музиката како терапија и нејзините позитивни ефекти

[32:05] Најчести прашања до персоналот пред да се остави близок во домот

[37:16] За кратки престои во домот и за адаптацијата

Корисни линкови:

Феникс - Домови за стари лица веб-сајт

Феникс - Домови за стари лицана Faceboook

Секојдневие во Феникс

Јосиф Дамјанов веб-сајт

Јосиф Дамјанов на Facebook

Јосиф Дамјанов на Youtube

Јосиф Дамјанов на Instagram

Фитнес мобилна апликација FitKit

Здрава храна Coach Foods

Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

...more
View all episodesView all episodes
Download on the App Store

Wellcast with JosifBy Josif Damjanov