Elena Djebr

Elena Djebr

Download on the App Store

Elena Djebr episodes

  • #116 Кога престануваш да бидеш истиот човек?

    Дали навистина остануваме истиот човек низ животот? Или само продолжуваме да живееме според приказната што некогаш сме ја научиле за себе?

    Во оваа епизода, преку познатата филозофска приказна за Бродот на Тезеј, зборувам за идентитетот, личниот раст и храброста да си дозволиме да се менуваме без да чувствуваме дека се губиме себеси.

    17 min
  • #115 Најважниот дел од растот никогаш не се гледа

    Сите ги гледаме плодовите, но ретко кој ги забележува корените.

    Во оваа епизода зборуваме за невидливиот дел од личниот раст, оној што не се мери со резултати. Затоа што најважните промени најчесто започнуваат таму каде што никој не гледа... па дури ни ние самите. 

    14 min
  • #114 Кој одлучува во тебе?

    Сите сме ја слушнале приказната за двата волка.Но мислам дека сите ја пропуштаме најважната порака.Не е прашањето кое треба да се постави кој волк ќе го храниш...


    14 min
  • #113 Како се губиме себеси без да забележиме?

    Не се будиме едно утро и одлучуваме да се изгубиме.Во оваа епизода зборуваме за една стара приказна, но и за многу реален психолошки феномен: како човек може толку долго да се прилагодува, што на крај ќе почне да мисли дека тоа е неговата вистинска природа.


    11 min
  • #111 Зошто најспособните жени најмногу се сомневаат во себе?

    Најгласниот човек во просторијата не е секогаш најспособниот.

    Во оваа епизода зборувам за еден парадокс што го гледам премногу често. Луѓе со малку знаење често се преценуваат, а способните жени најмногу се сомневаат во себе.


    22 min
  • #110 Кога пред тебе нема парк, туку само ѕид

    Во оваа кратка епизода читам една приказна што отвора многу подлабоко прашање:

    Дали реалноста е единственото што го одредува нашето искуство?
    Или нешто од тоа го создава и нашиот поглед?

    Епизода за перспектива, психолошка зрелост и надеж што не ја негира реалноста.

    11 min
  • #109 Не ти треба повеќе дисциплина

    Повеќето луѓе мислат дека ако се чувствуваат заглавено, им треба повеќе дисциплина, подобар план, подобра организација, повеќе труд.

    Но, што ако проблемот не е во дисциплината?

    Што ако не си мрзелива, не си недоволно мотивирана и не ти треба уште една техника?

    Во оваа епизода зборувам за разликата меѓу дисциплина и капацитет, за тоа како хроничниот стрес влијае на мотивацијата и зошто многу способни жени погрешно заклучуваат дека проблемот е во нив.

    На крајот те очекува и кратка вежба со едно прашање што може да ти помогне да видиш што навистина ти недостига во моментов.

    17 min
  • #108 Зошто прво ја ставаме маската на себе?

    Повеќето родители би направиле сè за своите деца.

    Но, што ако токму тука понекогаш лежи проблемот?

    Во оваа епизода зборувам за една реченица што првпат ја слушнав во авион пред повеќе од 13 години и која подоцна ме следеше низ психотерапија, книги, обуки и личен развој:

    „Прво стави ја маската за кислород на себе.“

    Зошто оваа инструкција нема врска со себичноста?

    Што навистина значи да останеш без „кислород“ во секојдневниот живот?

    Како изгледа кога со години функционираме надвор од сопствениот капацитет?

    И што учат децата кога нè гледаат постојано да се ставаме последни?

    На крајот те очекува и едно прашање што можеби ќе остане со тебе долго по завршувањето на епизодата.

    P. S. Можноста да бидеш дел од Матресценција се отворени уште само 4 дена.

    Потоа групата се затвора и не постои можност да влезеш во неа. 

    https://elenadjebr.com/courses/matrescencija/

    Ако чувствуваш дека веќе подолго време живееш без кислород, можеби ова е твојот момент да посегнеш по маската.

    🎧 Слушни ја епизодата и сподели ми која мисла најмногу остана со тебе.

    26 min
  • #107 Не мислам дека ти треба уште еден подкаст

    Не мислам дека ти треба уште еден подкаст.

    Не мислам дека ти треба уште една книга.

    Не мислам дека ти треба уште еден совет.

    Мислам дека веќе знаеш многу повеќе отколку што живееш.

    Па зошто тогаш и понатаму е тешко?

    Зошто е полесно да слушаш за граници отколку да поставиш граница?

    Зошто е полесно да слушаш за самодоверба отколку да си веруваш себеси?

    Зошто е полесно да слушаш за промена отколку навистина да се промениш?

    Во оваа епизода зборувам за отпорите што нѐ држат во место, за разликата помеѓу знаење и трансформација и за причината поради која толку многу паметни, способни и силни жени остануваат заглавени на истите места со години.


    Последен рок да влезеш во Матресценција е 20.06.2026 година.

    https://elenadjebr.com/courses/matrescencija/

    19 min

About Elena Djebr

From the publisher's feed

Додека не станете среќни со она што сте, никогаш нема да бидете среќни со она што го имате.