Wellcast with Josif

Хотел со дополнителни услуги за стари лица


Listen Later

Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од Феникс домови за стари.

Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа добиваат, какво мени имаат (тука Мето сподели информации што и мене ме изненадија) и како им се исполнуваат деновите.

Дополнително,  ќе добиеш совети за бирање на соодветен дом за членот од твоето семејство, како и за дневниот центар што функционира во Феникс и бесплатниот пробен период што го нудат.

 

Интересни моменти:

[00:00] Вовед

[07:43] Феникс домовите за стари лица

[09:42] Предрасуди за домовите за стари лица

[15:53] Домот за стари лица како хотел со дополнителни услуги

[20:23] Каков тим работи во Феникс и како се грижат за резидентите

[21:38] За цените во домовите за стари лица

[24:09] Што да се земе предвид кога се бира дом за стари лица?

[26:21] Дали има скриени трошоци во Феникс?

[28:43] Каква поддршка нудат Феникс за семејствата на резидентите?

[30:12] Со какви активности деновите на резидентите во Феникс се постојано интересни?

[33:10] За дневниот центар во Феникс и бесплатниот пробен период

[37:36] Совети за случаите кога старото лице дава отпор за преселување во домот

[39:51] Улогата на психологот и психијатарот во Феникс

[41:52] Иновативни технологии во работењето во Феникс

[45:28] Разликата меѓу чување старо лице во домашни услови и во старски дом

[49:03] Каква храна се нуди на разидентите на Феникс?

[51:55] Визијата за Феникс во иднина

 

 

Корисни линкови:

Јосиф Дамјанов веб-сајт

Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram

Фитнес мобилна апликација FitKit

Здрава храна Coach Foods

 

Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.

...more
View all episodesView all episodes
Download on the App Store

Wellcast with JosifBy Josif Damjanov