Вистината за Коронавирусот

Вистината за Коронавирусот

By Види ВакаFictionComedy Fiction
Download on the App Store

Вистината за Коронавирусот episodes

  • Пандемија или пландемија?

    Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за виралното видео Пландемија кое повторно ја актуелизираше теоријата на заговор дека вирусот е вештачки создаден и покрај согласноста на скоро цела научна заедница дека тоа е не е точно.

    13 min
  • Ковид-19 не е вештачки создаден

    Во оваа епизода Горан и Мите повторно се навраќаат на доказите дека новиот коронавирус не е вештачки создаден како што потврдуваат и истражувањата на сите релевантни научници според кои во секвенцата на вирусот не се гледа ниту една човечка интервенција. 

    12 min
  • Злоупотреба на идентитети на научници за ширење дезинформации Ковид-19

    Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за тоа како преку злоупотреба на идентитетот на научници кои имаат добиено и Нобелова награда се шират дезинформации за потеклото на вирусот. Исто така се навраќаат на постојаните напади на Бил Гејтс и разговараат за проблемот кој го предизвика Доналд Трамп со изјавите поврзани со дезинфекциските средства.

    7 min
  • Бил Гејтс и теоријата на заговор за нано-чипирање преку вакцината за коронавирусот

    Во оваа епизода Горан и Мите разговараат на уште една нова теорија на заговор чија жртва е Бил Гејтс и неговата заложба за достапни вакцини за секого и инвестирање во развој на вакцината за коронавирусот. 

    7 min
  • 5Г и коронавирусот теории на заговор

    Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за теориите на заговор поврзани со коронавирусот и како 5Г, новата генерација на мобилна мрежа стана центарот околу кои се коваат теорииите на заговор поврзани со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

    8 min
  • Непроверени лекови за Ковид-19
    Во оваа епизода Горан и Мите разговараат за штетните последици од применување на непроверени лекови и како медиумите и изјави на официјални лица без да нагласат дека истражувањата за некои методи и лекови за лечење на коронавирусот се на многу мал ограничен број на пациенти допринесуваат во шумот за непроверени информации поврзани со лек за новиот коронавирус.
    7 min
  • Лажната тајванска метода
    Мите и Горан го продолжуваат разговорот за дезинформацијата околу проверката за коронавирус со здржување на воздух. Мите нуди дополнителни докази од проверени извори во кои и самиот универзитет што е спомнат во дезинформацијата демантира дека тие ги поддржуваат препораките.
    6 min
  • Пилот епизода: Вистината за коронавирусот
    Изолацијата поради коранавирусот само што започна. Горан и Мите, двајца колеги кои што сега работат од дома се слушаат на телефон за да разговараат за извештајот кој мора да го достават денес, но разговорот неминовно преминува за случувањата со коронавирусот. Горан во текот на разговорот изнесува одредени дезинформации околу тајванска метода за тестирање дали имаш коронавирус на кои Мите се спротиставува и го убедува Горан дека тоа не е вистина и дека таква метода не постои.
    3 min

About Вистината за Коронавирусот

From the publisher's feed

Телефонски разговори на двајца пријатели и колеги новинари за време на социјалното дистанцирање и полицискиот час поради коронавирусот. Разговорите се пародија за дезинформациите и теориите на…