Во четвртата епизода од втората сезона на подкастот Дата Муабет, гостин на нашиот Диџитал Спиритуал Лајф Дизајнер Гораст му e Владимир Давчев, директор на дирекцијата за ризици во Халк банка.
Владимир, кој има долгогодишно искуство со речиси сите типови на ризици во банкарското работење и длабинско познавање на сите банкарски процеси, се обиде да ги демистифицира банките и да ни појасни како банките ги користат податоците.