Многу често мислиме дека нам ни недостига нешто, дека не сме доволни, дека нешто во нашиот живот ни фали. Подобро ќе беше доколку имавме повеќе таленти, за да направиме нешто значајно; ако сме подобри како личности би биле со повеќе самодоверба, би биле попривлечни, па на тој начин би ги оствариле нашите соништа. Но, сѐ додека се омаловажуваме, мислејќи дека сме во уназадување, а не во предност - сѐ дотогаш тоа ќе не држи подалеку од напредувањето.