,,Затворете очи, вдишете длабоко и замислете си го омилениот десерт. Визуелно привлечен, со добар баланс помеѓу различни текстури, мириси и вкусови, направен со многу љубов, и секако, со крајна цел: да ги активира центрите за серотонин и допамин во вашиот мозок. Сладолед, чоколадна торта, рафаело бомбица… без разлика на што си помисливте кога реков „омилениот десерт“, формулата е иста: баланс помеѓу различни критериуми за да се задоволи апетитот на поголема група луѓе. Таков е случајот и со „Нешто слатко“ - „питка“ романтична комедија која си игра со замена на идентитети и ги штиклира сите жанровски одредници, а притоа го држи вниманието на публиката.’’ - Јована
Вклучувајќи елементи од класичните Холивудски заплети, но со свој оригинален осврт, „Нешто слатко“ претставува освежувачко филмско искуство, особено кога ќе се земе предвид дека романтичната комедија е запоставен жанр на Балканот. Режисерот Водопивец го користи искуството со кое се здобил во текот на својата стенд – ап кариера, создавајќи духовита приказна, од срце за срцата, богата со квалитетен хумор, која ни за миг нема да ја остави балканската публика рамнодушна.’’ - Евгенија Арсова Слушнете ја целата рецензија, откријте повеќе за филмот и уживајте!