Гласни идеи

Гласни идеи

By Гласни идеиSociety & Culture
Download on the App Store

Гласни идеи episodes

  • ДЕПРОГРАМА ЕП 19 – Кон крајот на светот или капитализмот?
    Се одбележа уште еден Ден на планетата Земја. Секојдневните политички настани на домашна и меѓународна сцена, придонесоа 22 Април да помине незабележно. Но и во останатите денови од годината, климатската криза, еколошките катастрофи и загаденоста на почвите, водите и воздухот, не се теми што се третираат со должно внимание од сите инволвирани страни, одговорните и […]
    1 hr 2 min
  • ИНТЕРВЈУ: Жена Живот Слобода / INTERVISTË: Femër Jetë Liri
    Со другарките Марија Арсенкова и Јована Герасимоска, разговараме за местото на жената во општествено политичките процеси, за женологијата како посебна научна дисциплина, за поврзаноста меѓу угнетувањето на жената, економските околности и патријархатот, како и за начините на женското организирање и борба низ годините, со посебен осврт на денешницата. Me shoqet Marija Arsenkova dhe Jovana Gerasimoska […]
    42 min
  • ДЕПРОГРАМА ЕП 18 – Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
    Во оваа епизода на Депрограма, Зоран, Руфат и Џејлан разговараат за причините што доведоа до трагедијата во Кочани, за последиците, за реакциите, за надзорот и одговорноста, за корупцијата и за системот воопшто. Во последните 6 години, се случија 4 трагедии што одзедоа троцифрен број човечки животи на најужасен начин, поради што неопходно е да се […]
    1 hr
  • ИНТЕРВЈУ: Од Контра Кадар во контранапад / INTERVISTË: Nga Kontra Kadar në kundërsulm
    Со Елена и Бојан од Дебатно Кино Контра Кадар разговараме за идејната основа на формирањето и делувањето на киното, но исто така и за иницијативите кои се развија во него, како Контра Библиотка и Колективот Пондер. Со нив разговаравме за заедничките активности во кои учествуваат со други организации, колективи и иницијативи од Балканот и пошироко, […]
    30 min
  • ДЕПРОГРАМА ЕП 17 – УКРАИНА: Војна или мир?
    Во оваа епизода на Депрограма, Зоран, Здравко и Александар разговараат на повеќе теми поврзани со зголемувањето на милитаризмот во Европа, со фокус на Украина. Во текот на дискусијата се отворија повеќе дилеми, меѓу кои: – зошто се зголемуваат воените буџети на државите додека дипломатите водат преговори за мир? – дали САД се повлекува од доминантната […]
    59 min
  • ИНТЕРВЈУ: Дали се подготвува нов општествен поредок? / INTERVISTË: A përgatitet një rend i ri botëror?
    Со Дарко Доганџиски разговараме за последните геополитички случувања, осврнувајќи се на повторниот избор на Трамп за претседател на САД и какво влијание има тоа врз војната во Украина, за израелската агресија врз Палестина, како и за падот на Башар Ал Асад и новото политичко и економско структурирање на Сирија. На овие теми разговаравме земајќи ја […]
    38 min
  • ДЕПРОГРАМА ЕП 16 – Правото на самоопределување на народите во 21 век
    Во оваа епизода на Депрограма, Зоран, Мариглен и Џејлан разговараат околу концептот на правото на самоопределување на народите во историски и современ контекст. Помеѓу теоријата и практиката на решавањето на ова прашање кое го одбележа целиот 20 век, за денешницата се отворија различни прашања, меѓу кои: – Дали секое барање за самоопределување до отцепување треба […]
    58 min
  • ИНТЕРВЈУ: Колкава е моќта на синдикатите? / INTERVISTE: Sa është fuqia e sindikatave?
    Со Бојан Атанасов од Револуционерниот комунистички сојуз разговараме на актуелни синдикални теми, како последните протести на синдикатот на УПОЗ, за минималната плата, за синдикалната кошница, за т.н бојкот на супермаркетите, но и за поврзаноста на овие навидум одделни теми со синдикалното организирање и дејствување. Воедно разговараме и за предностите и лимитите на синдикалната борба и […]
    30 min
  • ДЕПРОГРАМА ЕП 15 – Која е суштината на протестите во Србија, Црна Гора и Македонија?
    Во оваа епизода на Депрограма Александар, Здравко и Мариглен разговараат за – актуелните протести во Македонија, Црна Гора и Србија – неказнивоста и корупцијата како мотив за протести – потребата за линч или потребата за правда – корупцијата како поткуп и како морален пад – бојкотот на маркетите и неговата суштина
    1 hr 15 min
  • ИНТЕРВЈУ: Филмот/фотографијата и класната свест / INTERVISTË: Filmi/fotografia dhe vetëdija klasore
    Дали уметноста е нешто што само убаво изгледа или е нешто што поттикнува на промени? Зошто се’ помалку се создава ангажирана уметност? Која е улогата на уметниците во создавањето на критичка мисла? Со Наташа Гелева и Јане Алтипармаков разговараме за уметноста, со посебен фокус на пропагандната улога на филмот и фотографијата, за нивното користење како […]
    43 min

About Гласни идеи

From the publisher's feed

Подкастот Гласни идеи настана како иницијатива да се слушнат обесправените работници, да се истакнат потребите на социјално загрозените лица, и да се потенцираат проблемите кои ги засегаат сите луѓе, а кои не стигаат до најавните шпици на вестите и не се топ тема во интернет просторот.