Епизода 14 (2007-06-03 20:12:16)
Македонски граѓанин пуштен да се брани од слобода од турскиот суд, британски граѓанин седи во Струга и чека пресуда од македонскиот суд – и двајцата обинети за слични престапи. Зошто? – се прашува Гроздан. Американскиот претседател ги посетува соседите а Македонија ја одминува. Зошто? – се прашува Гроздан. Уметност претворена во перверзија преку најновиот череп направен од дијаманти појавен во лондонска галерија. Зошто? – се прашува и дава свој поглед на сето ова нашиот подкастер.