Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов

Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов

Download on the App Store

Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов episodes

  • Grozdan Popov E20
    Епизода 20 (2007-07-15 10:44:08) 
    Ете полека дојдовме и до крајот на оваа сезона. Пред вас е последната епизода од овој серијал, и се надеваме ќе се видиме повторно во Септември 2007. Слушнете што има за крај да ви порача вашиот омилен (и единствен, благодарение на некој си таму некаде) македноски подкастер и ви пожелуваме пријатно и убаво лето. Не заборавајте да ја проверите новата секција на сајтот ”Книги од авторот”.
    13 min
  • Grozdan Popov E19
    Епизода 19 (2007-07-09 10:43:10) 
    Во татковината сонцето, во туѓината облаците и дожот, во ова неделно попладне, го наведуваат Гроздан да отвори мисли и концепти како да се раздвижат работите во Македонија, како би можел да се врати дома и да ужива во сонцето. Ви го презентираме Гроздановиот спасоносен економски концепт за Македонија: “New deal“.
    21 min
  • Grozdan Popov E18
    Епизода 18 (2007-07-02 10:41:35) 
    Во татковината сонцето, во туѓината облаците и дожот, во ова неделно попладне, го наведуваат Гроздан да отвори мисли и концепти како да се раздвижат работите во Македонија, како би можел да се врати дома и да ужива во сонцето. Ви го презентираме Гроздановиот спасоносен економски концепт за Македонија: “New deal“.
    14 min
  • Grozdan Popov E17
    Епизода 17 (2007-06-25 10:40:43) 
    Стандардот на животот и достоинството на смртта. Каква експлозија на мисли и чувства иницирани од еден македонски блогерски пост - Сакам да ми умре бабата? Потоа, повторно эа Европа. Таа вечна тема эа нас, но по се изгледа ќе биде неизбежна за долго време – што се’ се случи на последниот самит на оваа видно расцепкана заедница со ситни национални интереси. На иста нота – Полската небулоза эа модерна Европа. За крај, “Инвестирајте во Макеодонија” кампањата иницира позитивни насоки.
    17 min
  • Grozdan Popov E16
    Епизода 16 (2007-06-18 10:39:37) 
    Македонија: Што да правиме за во иднина? Како да мрднеме од мртва точка? Зошто секогаш некој од надвор мора да ни каже кои сме и што да правиме? Која е улогата на нашата влада? Можеме ли да измислиме пак топла вода? Како комуницираме со Европа и другиот свет? Европа: Како големите културни разлики имаат големо влијание во меѓународната економија. За сето ова се прашува и гласно ни го дава своето размисување Гроздан.
    17 min
  • Grozdan Popov E15
    Епизода 15 (2007-06-11 10:38:01) 
    На највисокото државно признание на Република Македонија што оваа Недела, 9ти Јуни, се додели на МПЦ, на очи и срам на македонската јавност, владата и министрите со одсуството од настанот, според Гроздан, праќаат погрешна порака околу себе и тој е многу, многу лут поради тоа. Слушнете интересна и тажна приказна за неодамна починатата грчка блогерка Amalia Kalyvinou која ја разбрани грчката јавност со нејзините лични стории и искуства со грчкото здраство.
    16 min
  • Grozdan Popov E14
    Епизода 14 (2007-06-03 20:12:16)
    Македонски граѓанин пуштен да се брани од слобода од турскиот суд, британски граѓанин седи во Струга и чека пресуда од македонскиот суд – и двајцата обинети за слични престапи. Зошто? – се прашува Гроздан. Американскиот претседател ги посетува соседите а Македонија ја одминува. Зошто? – се прашува Гроздан. Уметност претворена во перверзија преку најновиот череп направен од дијаманти појавен во лондонска галерија. Зошто? – се прашува и дава свој поглед на сето ова нашиот подкастер.
    17 min
  • Grozdan Popov E13
    Епизода 13 (2007-05-28 20:47:38)
    Се само за големи работи во овој подкаст: Со нескриена восхит, Гроздан за првата македонска блогерска конференција… потоа, од агол на изгорен трговец со акции по светските берзи зборува за големата грчка шашма со фондовите за пензиско осигурување и големиот пораст на македонската берза на хартии од вредност.
    21 min
  • Grozdan Popov E12
    Епизода 12 (2007-05-21 09:26:39)
    Голем поздрав до сите учесници на Скопскиот Полумаратон, но Гроздан за догодина има еден совет да ви даде – не трчајте бадијала, имајте ЦЕЛ… Серија нови бесплатни консултации за премиерот Груевски следуваат на тема „Балкански омнибус“ и за крај, инспирирано од светскиот конгрес за шпанскиот јазик малку осврт на состојбите со македонскиот јазик.
    18 min
  • Grozdan Popov E11
    Епизода 11 (2007-05-15 15:22:28) 
    Се прашавте каде е Гроздан? Касни еден ден. Не, тој си го заврши подкастот на време, логистиката зезна работа. Нема везе, тука сме, во оваа епизода слушајте за: Евровизија - смешен натпревар со чудни позадини што Гроздан ги разглобува и за вториот дел - навистина не знам како да го најавам, слушнете го сами - само ова ќе кажам - да прифати македонскиот премиер Никола Груевски половина од овие бесплатни консултации што му ги дава Г-ин. Попов, ќе процветаме.
    17 min

About Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов

From the publisher's feed

Podkasti od Grozdan Popov snimeni 2007 godina