Сер Тимоти Бернерс-Ли, таткото на Вебот, деновиве пред американскиот Конгрес зборуваше за иднината на овој медиум. По неговата прва веб-страница, за која ги програмираше првите сервер-клиент апликации (пред само 15 години) стотици милиони луѓе изнакачија некои 8 или 9 милијарди страници низ кои комуницираат, тргуваат, информираат или се забавуваат. Сега нам ни е нормално да се поврземе секавично со секоја од нив. Конгресмените сакаа да чујат од прва рака каде оди Вебот, што ни носи иднината. За него, значи за човекот кој го измисли овој медиум - иднината се вика Семантичен Веб. Речиси во исто време Секинескиот Народен Конгрес (тоа е исто така законодавно тело, нивно Собрание) оцени дека на Вебот, во 113,000 интернет-кафиња низ Кина, низ онлајн игри се лансираат виртуелни пари кои не само што ја “дрогираат” младината правејки ја “интернат зависна” туку се штетни за вистинската економија зашто виртуелните пари се менуваат эа вистински стоки и услуги. Тоа му доаѓа како некој да печати милијарди и милијарди јуани. Тоа е исто тема на овој подкаст. За крај, Гроздан ни прави малку релаксиран муабет за прекрасното аргентинско танго, но завиено во една многу интересна приказна.