Македониум РНС3

Македониум РНС3

By Radio-televizija VojvodineSociety & Culture
Download on the App Store

Македониум РНС3 episodes

  • Македониум РНС3 - 06.11.2024.

    Почина Оливера Николова, една од најзначајните македонски писателки за деца и возрасни.

    Публицистот, новинар, уредник и преведувач Ненад Баткоски, со нова книга „ Падот на Југославија и осамостојувањето на Македонија“
    Македонската литература со нов роман од Игор Анѓелков, „Ветрилиште“.

    31 min
  • Македониум РНС3 - 30.10.2024.

    Во селото Горно Врановци, во Општина Чашка, во спомен куќата на Президиумот на АСНОМ се одржа Научен собир на тема „80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија“.

    20 години постоење на Обединетата Македонска Дијаспора

    Македонската балерина Стефанија Гаштарска помеѓу 8те млади артисти прогласени за иднината на рускиот балет, според руското издание на списанието Форбс

    Пакет на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ

    31 min
  • Македониум РНС3 - 23.10.2024.

    Манифестација Годишни награди за режисерите

    Мостови на уметноста: Вевчани-Белград 
    Промоција на српското издание на романот Вештерка
    Претставата Хотел 88 во Скопје
    Одлив на високообразовни кадри од Македонија

    30 min
  • Македониум РНС3 - 16.10.2024.

    Аматерскиот театар на Здружението ,,Вардар Вршац" вечерва ќе ја прикаже претставата ,,Мрзливо и работно моме" , инспирирана од македонските народни приказни, во 19 часот, во салата на Културен Центар Вршац

     
    Македонскиот режисер Столе Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Р.Србија за промоција на балканската кинематографија во светот.
     
    Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е именувана на листата на „Тајм 100″ за највлијателни луѓе за 2024 година 
     
    Република Северна Македонија за прв пат ќе биде домаќин на Генерално Собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of International Mountain Leaders Associations, www.uimla.org) кое ќе се одржи од 29 октомври до 4 ноември во Скопје.
     
    Со изведба на моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечерва Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона. 
    30 min
  • Македониум РНС3 - 09.10.2024.

    Прва награда на фестивалот „Бисерна грана“ во Нови Сад за носијата за млада невеста од збирката на стружанецот Љупчо Милошески.

     
    Анимираниот омнибус „Небиднина“ во режија на Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски, ја освои главната награда на фестивалот Балканима во Белград.
     
    На Европското првенство за групи и формации во спортски латино танци Танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола застана највисоко на пиедесталот.
     
    Новиот филм на режисерката Тамара Котевска „Патување пеш“ (The Walk) во наредниот период ќе игра на фестивали низ цел свет.
     
    По повод државниот празник 11 октомври – Денот на македонското востание, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул
     
    Новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“ започнува в четврток, на 10 октомври  со концертот насловен „Го славиме јубилејот“ 

    31 min
  • Македониум РНС3 - 02.10.2024.

    Наградата 11. Октомври ќе биде доделена токму на Денот на востанието, оваа година се доделува на Јовица Михајловски, Љупчо-Бубо Каров и др. Марко Китевски.

    Втор министерски состанок на управувачки платформи на Западен Балкан
    Државни награди Мито Хаџивасилев Јасмин и Мето Јовановски
    Изложба на досега невидени фотографии на Милтон Манаки

    30 min

About Македониум РНС3

From the publisher's feed

Emisija Trećeg programa Radio Novog Sada na makedonskom jeziku.