Ана ја носи музичката кутија на поправка. Меѓутоа, за Паул Винклер ова е многу повеќе отколку само работна обврска. Тој е уверен дека ја познава Ана од поодамна. Но, дали е можно тоа? Таа штотуку дојде.
Кога Паул Винклер ја отвора музичката кутија, во неа наоѓа само парче хартија со шифра 19610813. Што значи тоа? И’ за што зборува Паул Винклер? Ана го замолува да ја поправи кутијата, а тој тврди дека тие се познаваат од порано. Во таквата заплеткана ситуација Ана ја меморира играта и ги пребројува поените. И’ преостануваат уште деведесет минути и два живота. Таа ја следеше музиката, но што точно значи „Решението е во поделбата“?