Американците денес го слават Денот на Мартин Лутер Кинг, во чест на човекот кој го оформил движењето за граѓанските права на САД и кој имаше став дека успехот на тоа движење, зависи од ненасилните принципи
Јелоустоун е првиот национален парк во САД. Eдинственото место, каде што бизоните живеат во континуитет од праисториските времиња до денес. Гласот на Америка беше таму.
Пратениците во Собранието го изгласаа Законот за употреба на јазиците. Главна забелешка на опозицијата беше дека законот е противуставен, а власта тврди дека со законот се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Македонија.
Судија од Калифорнија ја блокираше одлуката на Трамп да ја укине ДАКА, програма од неговиот претходник Обама, со која се заштитуваат од депортација стотици илјади имигранти, кои нелегално влегле во државата кога биле деца. Што е следно?
Се` повеќе деца во Македонија питачат по улиците. Институциите и невладините организации имаат различни податоци за нивниот број. Од првата детска амбасада во светот, велат дека ако се вклучат овие деца во училиштата, бројот значително ќе се намали.
Њусфлеш - информативна емисија на Гласот на Америка на македонски: Церемонијата за доделување на наградите Златен глобус беа во црно, во поддршка на иницијативата за прекин на сексуалното злоупотребување во Холивуд и насекаде на работното место
САД ја суспендираа помошта за Пакистан. „Потребен ни` е Пакистан како држава која нема да дозволи безбедно засолниште за терористите и милитантите кои ги загрозуваат интересите на САД“, соопшти американскиот Стејт департмент
Сега, и контрапротести во Иран. Провладини митинзи имаше низ целата земја, како одговор на неколкудневните антивладини демонстрации заради економските проблеми во државата