Русија најави дека драстично ќе ги намали воените операции околу Киев и Чернихив, што претставува прв знак за напредок во мировните преговори - За ова и повеќе во „Њусфлеш“
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен изјави дека администрацијата на Бајден не бара промена на режимот во Русија, откако во Варшава рече дека Путин „не може да остане на власт“. Москва реагираше на изјавата, велејќи дека за тоа не решава Бајден, туку исклучиво народот на Руската Федерацијa
Newsflash донесува: Кој ќе биде одговорот на НАТО на едномесечната руска инвазија на Украина?; Инфлација ќе има, прашањето е само колкава - вели Бранимир Јовановиќ од Меѓународниот институт за економија во Виена; Зошто Тихуана можеби не е најсреќно избрана рута за влез во САД?
Њусфлеш донесува: Бајден патува за разговори со НАТО за Украина, ќе објави нови санкции за Русија; Стотици западни бизниси ја напуштија Русија – што значи тоа за нивните руски вработени?;Првите впечатоци на Кристина Атовска по пристигнувањето на новинарска задача во Украина
Њусфлеш донесува: Извештај од Унгарија - зошто некои Украинци се враќаат назад; Руси и Украинци заедно се молат во црква во САД и се трудат да се фокусираат на тоа што ги обединува, а не на тоа што ги дели
Newsflash донесува: Претставници на Цивил и на Советот за етика за Гласот на Америка потврдуваат: во Северна Македонија има дезинформирање во врска со војната во Украина
Њусфлеш - Од Црвен крст на Северна Македонија сметаат дека земјава има доволен капацитет да се справи со евентуално поголеми бројки на бегалци, земајќи ги искуствата со бегалските кризи од минатото