Њусфлеш - Русија денес соопшти дека дел од нејзините сили распоредени во близина на Украина ќе се вратат во своите бази по завршувањето на воените вежби
Американскиот државен секретар Антони Блинкен предупреди дека Русија може да ја нападне Украина „во секое време“ и ги повика Американците да ја напуштат Украина. Блинкен го издаде предупредувањето во Австралија по средбата со лидерите на земјите од Австралија, Јапонија и Индија.
Пред само неколку недели, селото Новозвановка во регионот Луганск било мета на напади и пукања. Што, вели цивилното население во овој дел од Украина, за актуелната криза?
Во источна Украина тензиите заради заканата од руска инвазија продолжуваат да растат, иако во источниот град Авдивка, на границата спрема сепаратистите поддржани од Кремљ, војната не е завршена од 2014. Каква е сликата на теренот?
Светското внимание, свртено кон рускиот претседател - Експерти коментираат, Владимир Путин сака да осигура дека Москва се` уште важи за голем играч на меѓународната сцена.
НАТО трупите во источна Европа се за во случај на одбрана, а не директен конфликт, велат аналитичари за Гласот на Америка - За ова и повеќе во „Њусфлеш“