Економистите велат дека кинескиот модел на инвестиции во Африка стекнува јавна поддршка и покрај задолженоста што ја предизвикува. Според експерти и локалци, инвестициите од милијарди долари од САД во Африка се помалку видливи и имаат помал удел врз секојдневниот живот.
Белата куќа најави дека од патниците ќе се бара да направат негативен тест против Ковид-19, 24- часа пред да влезат во САД, што е промена од досегашната пракса од три дена.
Бројот на загинати во сообраќајни несреќи во САД го достигна највисокото ниво од 2006-та година, покажуваат податоците на Одделот за транспорт. Причина за тоа можеби е пандемијата.
Извршниот директор на Твитер поднесе оставка. Компанијата се соочува со бавен растеж, а тоа предизвикува незадоволство кај инвеститорите, дополнително на неуспехот да се справи со проблемите со говорот на омраза и заплашувањата по социјалната мрежа.
Гледајте во Њусфлеш: Кога благородна идеја ќе се материјализира - сите добиваат - вели стружанец кој дели бесплатни оброци; Предизвиците на жени во бизнисот - битка што треба да се добие
Во денешната емисија донесуваме: САД изразуваат сочувство и поддршка за Северна Македонија и Бугарија по автобуската несреќа што однесе 45 животи; Црниот петок и Кибернетскиот понеделник ги прегази Црниот ноември
11 min
About Newsflash - Архива - Voice of America
From the publisher's feed
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум.
Погледнете MP4 | WM
More shows like Newsflash - Архива - Voice of America