Пост-Ковид-19, искуства: Физотерапевтите кои работотат со пациентите сместени во Модуларната болница во Охрид велат, тоа е исто како кога мало дете учи да оди, бидејќи некои, во болничките кревети поминуваат и по 4 до 5 недели. Сторија на Гласот на Америка.
Во обид да го сузбијат наглото зголемување на инцидентите поттикнати од омраза кон луѓе со азиско потекло во Њујорк, група доброволци наречени „Ангели чувари“ го зголемија своето присуство по улиците. Гласот на Америка, ве води на патрола во Големото јаболко.
Милијарди инсекти таканаречени Цикади, се појавуваат на истокот на САД секои 17 години, излегувајќи од под земја. Остануваат на површината, од четири до шест недели. Инсектите се особено видливи и гласни во областа на Вашингтон.
Криптовалутите како Биткоин укажуваат како би функционирале целосно дигиталните пари, но тие постојат надвор од финансискиот систем додека дигитална валута поддржана од државата, би била столб за официјални плаќања.
Се зголемува бројот на антисемитски напади во САД и во светот. Граѓанските организации велат дека 2019 била најлоша година во САД досега, а ништо подобра не била ниту 2020, за време на пандемијата.
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ги повика лидерите на Централна Америка да ја средат корупцијата, сиромаштијата и шверцот на дрога, со цел да го подобрат животот на нивните граѓани и да ја спречат миграцијата кон САД.
11 min
About Newsflash - Архива - Voice of America
From the publisher's feed
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум.
Погледнете MP4 | WM
More shows like Newsflash - Архива - Voice of America