Групите за човекови права на САД алармираат дека има пораст на говорот на омраза и напади врз Американците од азиско потекло, од лани наваму, откако почна пандемијата со коронавирусот.
Кина ветува дека ќе обезбеди вакцина Синовак за Централна и Источна Европа, чии држави имаат проблем со набавка на вакцина против Ковид-19 за нивните популации. Ветувањето дојде на самит со 17 држави од Централна и Источна Европа, за што експертите велат дека е дел од поголеми амбиции на Пекинг.
Откако претседателот на САД Џо Бајден ги укина рестриктивните имиграциони политики на администрацијата на Трамп, повеќе бегалци може да влезат во Америка, што претставува надеж за едни од најпогодените лица во светот.
Доаѓањето на Џо Бајден за претседател на САД означува нова можност за конечно решение на српско-косовскиот спор и можност за забрзување на европската интеграција на Западниот Балкан. Гледајте во Њусфлеш.