На 26ти септември 2021 година на сцената на дансинг салата во Младинскиот Културен Центар, премиерно за прв пат во Македонија, беше изведена претставата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василевски, во изведба на актерите Маријан Наумов, Томислав Давидовски, Мартин Манев и Тања Кочовска и во продукција на Ава Хусеини.
Драмата „Вистинскиот запад“ од америчкиот автор Сем Шепард отвара едно длабоко прашање, прашање за идентитетот - Кој сум јас? Отвара темелно изградено прашање за личниот и културниот идентитет
Во оваа епизода разговараме со актерите Марјан Наумов и Томислав Давидовски, кои ги играат главните ликови во претставата.
Оваа епизода се роди како идеја благодарение на оваа претстава, но нашиот разговор е многу повеќе од само разговор за претставата. Нашиот разговор зборува многу за независната сцена и условите кои таа ги поставува, за авторски права на еден текст, за подготовките и слично.
И да не заборавам. претставата има и одлична сценографија, благодарение на актерот Мартин Манев.
Одлична театарска екипа, одлична театарска претстава.
Слушнете го нашиот разговор и уживајте!