Добредојдовте во вториот дел од епизодата за психологијата на епидемиите. Во првиот дел, односно епизода 12 од Наука за сите подкастот заедно со Гоце Симоноски ја аргументиравме потребата епидемиите да се решаваат мултидисциплинарно, односно објаснивме како психолозите, социолозите и когнитивните научници можат да им помогнат на епидемиолозите, лекарите и биолозите со совети за модификација на човековото однесување базирани врз научни докази.
Зборувавме за концептот на „физичко“ дистанцирање наспроти социјалното, улогата на медиумите и социјалните мрежи во време на епидемии, за еволуцијата на механизмите за детекција на опасност, за личната одговорност на индивидуалецот кон групата, за искуствата од другите земји, како и за македонската култура во контекст на епидемијава.
Во второт дел започнуваме со демистификација на теориите на заговор и лажните вести, можните начини на кои научната комуникација со населението може поефективно да се одвива со цел да го убеди да практивува здрави навики и совесно однесување, понатака разговараме за социјалната изолираност и осаменост и ред други интересни теми кои се релевантни во овој момент.