На овие теми, во подкастот на Новинарскиот клуб на Радио МОФ, разговараме со Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници
Со текот на времето, пандемијата ги натера здравствени власти да воведуваат најразлични рестрикции ширум светот, но и тука, во Македонија.
Надлежните се децидни дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки, освен оние кои се сега на сила. Па така, според последните донесени мерки, граѓаните, освен на затворено како досега, сега мора да носат и заштитна опрема на лицето и на отворен простор. Не смеат да се групираат повеќе од четири лица во текот на целиот ден, а на рестораните и кафулињата им се стави клуч исто после овој период.