Да биде појасно

Да биде појасно

By Radio Kanal 77NewsGovernmentPolitics
Download on the App Store

Да биде појасно episodes

  • Наши и ваши

    Нова епизода на подкастот Да Биде Појасно, Водители: Столе Наумов и Џелал Незири, Гостин: Фуркан Салиу, новинар, Тема: Наши и ваши

    59 min
  • Патот до здравствените услуги води до Скопје

    Зад нас го оставивме октомври – месецот во кој глобалното општество прави напори да ја зголеми свеста за борбата против ракот на дојка. Овој месец пак, фокусот на кампањите и активностите е ставен на машкото здравје.

    Но здравствени проблеми не познаваат за род. Ниту за возраст. Пред предизвиците во здравствениот систем се исправени и децата и возрасните. Како изгледа таа борба со системот е токму прашањето за кое дискутираме во поткастот „Да биде појасно“.

    1 hr 29 min
  • Платата зборува за работничкото достоинство

    На обичниот граѓанин му требаат сѐ повеќе пари за да го истурка месецот. Со зголемените трошоци расте и минималната потрошувачка кошничка, но работниците кои останаа овде, освен раст на платата бараат и други достоинствени услови. Дел од секторите веќе кубурат со кадар, а полека остануваме и без „увезената“ работна сила.Која е улогата на синдикалното здружување во борбата за подоби работнички права? Ќе даде ли светло во тунелот, новиот Економско-социјален совет кој најави подобар животен стандард на граѓаните?За ова во поткастот „Да биде појасно“ дискутираа Вања Мицевска и Лорик Идризи со претседателката на Гласен синдикат, Кристина Ампева.

    1 hr 25 min
  • Двојка и за Македонците и за Албанците

    И по четири предупредувања од ПИСА тестовите, може ли од лошо полошо да ни стане образованието? Ако образованието и здравството ни се столб на државата, тогаш системот одвај може да добие двојка. УНИЦЕФ неодамна алармираше на постоење на образовна криза. Имаме функционално неписмени ученици според кои читаат а не разбираат. Зборуваме и за партизиран образовен систем и паралелен систем на образование по етничка основа.

    Реформи по реформи без резултати, а секој нов министер доаѓа со амбиција за целосна промена на образовниот систем, кој според наставниците не ни постои. За ова зборуваме во подкастот „Да биде појасно“ со Столе Наумов и Лорик Идризи со перцепцијата на двете најголеми заедници во државата и мислењата на министерката Весна Јаневска и наставниците Кокан Радев и Сатки Исмаили.

    1 hr 9 min

About Да биде појасно

From the publisher's feed

„Да биде појасно“ е подкаст којшто ги презентира погледите, ставовите и контекстот на восприемањето на одредени појави, настани и случувања во македонското општеството од аспектите на различните…