Стравот е пореметено обожавање. Тоа е всушност кога ѓаволот ги допира жиците на нашето срце што се дизајнирани да изразуваат наклоност, преданост и доверба во Господ Бог, и сега тие се оттргнати од Него и насочени кон околностите, што се крајно инфериорни односно невредни за Него, што претставува непочитување кон Него. Тоа не е причина за срам, туку е причина за покајание. Да сфатиме дека кога го прифаќаме стравот, грижата, она што сме сториле е тоа што алатките што Господ Бог ни ги дал за негово обожавање и славење, сме ги ставиле во функција на преданост на инфериорното односно невредното.