И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот, бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото, за да се оправда Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.