Кога се раѓаме наново, тогаш сме како бебиња и Исус нѐ носи пред Таткото и му вели: Што велиш Татко, ти се допаѓа ли ова бебе? А Таткото ќе одговори: Колку е убаво ова бебе!😊
Што значи, ТИ си тој подарок! Исус те носи пред Небесниот Татко кој е воодушевен од твојата убавина! Затоа, отсега па натаму никогаш повеќе немој да се наречеш себеси невреден или некој да ти го рече тоа. Туку речи: Јас сум праведноста на Господ Бог. Јас сум подарокот што Исус го даде на Небесниот Татко.