Growcast со Катерина

Growcast со Катерина

By Katerina LjamovaEducation
Download on the App Store

Growcast со Катерина episodes

  • #14 Запознавање со Катерина и Growcast
    Добредојдовте во новата сезона на мојот поткаст. Во оваа епизода сакам да ви кажам која сум јас, како ќе се смени концептот на овој поткаст и што можете да очекувате од него.
    Можете да ме следите на мојот личен Instagram профил или на профилиот на невладината организација Grow , како и на мојата web страна.
    Ако сакате да бидете дел од мојата newsletter листа каде што секогаш прво објавувам за најновите проекти можете да се претплатите тука.
    Можете да ја посетите и нашта e-продавница каде можете да ги видите активните понуди.
    25 min
  • #13 Мајчинство и планирање со Добрина од @darigo_art
    Како планирањето секојдневно и помага на Добрина да постигне се што носи работата од 9-5, приватниот бизнис и животот со две деца од кои едното со предизвици во развојот.
    Дневникот и планер за мајки можете да го нарачате преку нашата онлајн продавница.
    48 min
  • #11 Запознајте се со NLP науката за успехот и извонредноста
    NLP или невро лингвистичко програмирање е наука која може да ја подобри нашата комуникација, работи на целите и што е најважно на нашето однесување. Со Зорица Поповска основач и тренер во Сенсум тренинг и coaching центарот, разговаравме за тоа како NLP им ги менува животите на луѓето кои ќе се решат да го изучуваат.
    52 min
  • #8 Православно родителување и позитивно дисциплинирање со Марија Илкоска
    Често се прашуваме дали сме добар родител за нашето дете? А што значи тоа за нас? Што е всушност добар родител? Како може религијата да влијае на начинот на кој родителуваме? Што е позитивно дисциплинирање? Во оваа подкаст епизода разговарам баш на овие теми заедно со Марија Илкоска, која верувам повеќето од вас веќе ја знаат од Инстаграм профилот @razvoj_niz_igra. Марија е многу пријатен соговорник па затоа верувам дека ќе уживате во оваа епизода.
    55 min
  • #7 Чекори кон спиритуалност со Ана Ивановска
    Што е она што можете да го направите ако сакате да станете подуховни и ако сакате повеќе да истражувате за спиритуалноста? Што и помигнало на Ана во најтешките моменти од нејзиниот живот? Зборуваме и за јогата и техники на дишење. Во оваа епизода има и една техника за дишење која можете да ја користите за смирување. Уживајте!
    53 min
  • #6 Промена на менталните ставови и емоции со поддршка на ароматерапија
    Со Дијана Цветковска која е првиот советник за ароматерапија во Македонија зборуваме за моќта на етеричните масла. Покрај повеќе познатите ефекти на етеричните масла врз физичкото тело зборуваме и за како тие можат да влијаат и на суптилните тела односно емотивното, енергетското, менталното и духовнотот тело. Потоа зборуваме за како емоциите влијаат на нашето тело, за блокирани енергетски центри- чакри, за проток на енергија. На крај зборуваме за карактер, вибрациона фреквенција и ментална намера, како и за ноти на етеричните масла.
    59 min
  • #5 Моќта на медитацијата
    Со Ивана Индра Шакти Каур разговаравме за моќта на медитацијата и придобивките од неа за целокупната добросостојба. Што е медитација, што му прави на нашиот мозок и тело, како да почнеме, како да сме доследни, што е разлика меѓу медитација и молитва, дали едното го исклучува другото, слушнете во оваа епизода на подкастот Свесни разговори.
    54 min

About Growcast со Катерина

From the publisher's feed

Ако не знаеш што сакаш но знаеш дека сакаш повеќе, на вистинското место си. Ова е подкаст за патувањето низ личниот развој и онлајн бизнисот на една жена и мајка, која преку своите предизвици и…