Growcast со Катерина

Growcast со Катерина

By Katerina LjamovaEducation
Download on the App Store

Growcast со Катерина episodes

  • #4 Благодарност
    Благодарност, тема која стана многу ин во последно време. Сите велат да се практикува благодарност но никој не кажува зошто благодарноста функционира како метод. Ако сте како мене, човек кој сака да го знае зоштото зад нештата, придружете ни се на мене и Ана на следниот лајв. Ана е coach, NLP тренер и автор на единствената детска книга за благодарност во Македонија - “Благодарам” која се темели на NLP пристапот. Ќе зборуваме и како да поттикнеме практикување на благодарност кај децата но и кај целото семејство. Очекувам да биде еден доста едукативен и корисен лајв.
    49 min
  • #3 Промена на негативните уверувања во врска со парите и изобилството
    Што е уверување? Уверување е само мисла или реченица повторена многу пати. Ако имате негативни уверувања прв чекор е да ги освестите, а втор да ги менувате. На овој лајв ќе зборуваме како на свесно ниво да ги менуваме негативните уверувања за парите и изобилството.
    Книгата што пред извесно време ја споделива кај мене на story “Богат татко сиромашен татко” од Роберт Киосаки е супер книга и претежно се фокусира на money IQ, но според мене многу поважен е money EQ односно нашата врска со парите. Таква книга што ја препорачувам е “Happy money” од Кен Хонда (ја има и во аудио верзија).
    Ако верувате дека парите се ограничени или ако верувате дека не можете да живеете живот полн со изобилие, ако постојано ве мачат грижи поврзани со пари, слушнете го разговорот меѓу мене и Кристина. Кристина е хипнотерапевт и RTT терапевт (rapid transformational therapy) и работи со клиенти на кои им треба помош при надминување на разни негативни уверувања, вклучително и оние за изобилие.
    1 hr 15 min
  • #2 Емоционално планирање со Бојана Go Girl
    Дали некогаш во животот сте се запрашале како сакате да се почувствувате, па врз основа на тој одговор да го планирате следниот период во вашиот живот. Со мојата гостинка Бојана @go_girl, која е воедно и мој accountability partner, сметавме дека сите ние малку имаме подзаборавено на нашите емоции и со овој лајв сакаме да ве охрабриме да се вратите кон себе. Да почнете да правите значајни планови врз основа на она што навистина ви е важно во животот. Да ја одредите емоцијата која преовладувала во изминатиот период и да ја искористите како движечка сила за следниот период.
    57 min
  • #1 New Year's Resolutions со Маја Стојчевски
    Ова време од годината е совршено за да си ги преиспитаме сопствените цели и да го трасираме патот за успешна нова година. Новогодишните одлуки се тема за која доста се зборува особено околу почетокот на новата година. Дали да се прават или не? Постојат различни мислења во јавноста, за мене и Маја (Instagram @maya_stojchevski) функционираат, а вие одлучете сами. 
    Мојот прв лајв/подкаст не случајно го направив со Маја. Таа е еден таков инфлуенсер што за неколку месеци ми влијаеше да излезам од својата комфортна зона. Маја е coach за посебни родители (воедно и самата е посебен родител) и life coach. Нејзината ќерќичка Јоана иако не е повеќе во физичкиот свет останува нејзина секојдневна инспирација.
    56 min

About Growcast со Катерина

From the publisher's feed

Ако не знаеш што сакаш но знаеш дека сакаш повеќе, на вистинското место си. Ова е подкаст за патувањето низ личниот развој и онлајн бизнисот на една жена и мајка, која преку своите предизвици и…