Оваа епизода е посветена на нешто поголемо од секој од нас – на солидарноста, хуманоста и силата на заедницата. Зборуваме со Ана и Марко од иницијативата Support Koсani – млади, паметни и инспиративни луѓе, кои веќе повеќе од два месеца несебично работат за да им помогнат на семејствата погодени од трагедијата.
Ќе слушнете за тоа како започна сè, со какви предизвици се соочуваат, но и колку добрина се крие меѓу нас – и во Македонија, и во дијаспората.
Оваа епизода е повик – не само да слушате, туку да почувствувате. И ако можете – да помогнете.
Страната на иницијативата https://supportkocani.com/
(таму ќе ги најдете сите потребни податоци и информации)
Ве покануваме и на големиот хуманитарен фестивал во Mainz – оваа недела, 8 јуни!
Сите собрани средства ќе бидат донирани преку Support Kocani.
КУД „Свети Никола“ – Мајнц, КУД „Шара“ – Тетово, Василија Петрова, Сања Зделар, Група МИЛЕНИУМ, Каролина Гочева. Водители на целиот настан: Тино & Атанас.
Очекувајте македонска музика, традиција, вкусна храна и заедништво – сè во знак на поддршка за Кочани!
Дојдете во што поголем број и заедно да покажеме дека хуманоста не познава граници!
Карти можете да резервирате на: www.legacyevent.de или да купите директно на влез.