Во оваа епизода разговараме за дополнителните услуги што ги нудиме покрај нашите главни професии – судски преводи (Марина) и советување (Панче). Одговараме на често поставувани прашања, вклучувајќи информации за испитот за судски преведувач во Германија, како да нарачате преводи, цените и начинот на плаќање. Панче ги објаснува неговите бројни советнички услуги, како што се на пример пополнување формулари, општо советување, подготовка на CV, мотивациски писма, и враќање на средства од пензиски фонд – сѐ што ви треба за полесно совладување на бирократските предизвици во Германија.