Share Радио МОФ Подкасти
Share to email
Share to Facebook
Share to X
Во светот 28 мај се одбележува како ден на менструална хигиена, и овој ден служи како потсетник за подигнување на свеста и преземање акција до 2030 година секој да може да си дозволи производи за одржување менструална хигиена.
Во Македонија иницијатива за обезбедување на бесплатни производи за менструална хигиена забележавме во 2021 година кога Советот на Град Скопје донесе одлука за издвојување средства за бесплатни производи во средните училишта кои се наоѓаат на територијата на Градот. Сепак, средношколките не го добија ова право во годината што следуваше, учебната 2022/23. Премиерот Димитар Ковачевски во декември лани најави намалување на т.н „Розов данок“ од 15% на 8% за сите менструални производи, но и натаму не се знае како оваа одлука ќе се имплементира и кога ќе биде тоа, па ситуацијата со менструалната сиромаштија како да цупка во место.
Со Јана Коцевска, извршна директорка на Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк“. кое заедно со иницијативата „ПЕРИОД.Скопје“ утре (31 мај) ја организира конференцијата „Кршење на табуата: Менструална правда за сите“ во новата епизода на Мегафон разговараме за резултатите од нивното истражување „Менструална правда“ за менструалната сиромаштија и за тоа што треба да се направи за конечна промена на состојбата.
По пандемијата, колку младите почнаа да излегуваат на теренски активности? Имаат ли младите потреба од нови простори за здружување? Зошто е заглавен Законот за младинско учество, кој требаше да им помогне на младите во нивниот активизам и социјален развој? Потребна ли е Програма за служба на заедницата во училиштата?
На овие прашања дискутиравме во новата епизода од „Јасно и гласно“.
Соговорници ни беа Мариана Ангелова, генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Ангел Димитриевски, програмски координатор на Здружението за едукативен развој „Еквалис“ и Михаил Каровски - Натрикс, дел од колективот на Социјалниот центар „Дуња“.
Соочување со минатото, избегнувањето на црно-белата перспектива, емпатијата и помирувањето се чини дека се тешки борби на Балканов, место во чија историја се измешани солидарноста и крвопролевањето.
Распадот на Југославија, растот на националистичкиот наратив и војните придонесоа младите на Балканот да растат во мултиетничка, но сепак поделена средина.
Во една ваква состојба регионалното списание „Балкански Перспективи“, поддржано од Форум ЗФД се труди преку своите текстови да отвори прашања кои би помогнале во демократизацијата на Западниот Балкан.
За тоа какви се Балканските перспективи зборуваме со Мартин Филиповски.
Од волшебно застарување на судски случаи против високи функционери, преку чудесни пресуди, до последниот блам со „Играта на тронови“ во Судскиот совет, македонското правосудство скока од скандал на скандал и само докажува дека ја заслужува ниската доверба кај граѓаните.
Во оваа епизода на „Јасно и Гласно“ разговараме за тоа како се најдовме во оваа ситуација, како состојбата во правосудството влијае врз младите и кои се решенијата за подобрување на оваа област.
Разговараме со Лејла Тутиќ, од Коалицијата Сите за правично судење и Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници.
Новата Национална стратегија за млади за периодот од 2023 до 2027 година неодамна беше финализирана и претставена пред јавноста. Следниот чекор е таа да се усвои од Владата и да почне нејзината имплементација, но и фактички да ја замени веќе постоечката стратегија која моментално важи до 2025 година.
Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Агенцијата за млади и спорт е институцијата која е задолжена да го спроведе и координира процесот на креирање на националната стратегија, која се изработува во соработка со повеќе страни. Во оваа епизода на подкастот Мегафон зборуваме со Гордана Цекова од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за тоа што сѐ опфаќа стратегија, како се планира таа да се спроведе, но и целокупниот процес на нејзината изработка.
Дали се чувствувате како да пропуштате нешто додека сте „offline“?
Ја пропуштате најновата епизода од Youthink подкастот за медиумска писменост во која меѓудругото зборуваме и за Фомо-состојбата, односно стравот од пропуштање на важни настани додека сте исклучени од Интернет.
Оваа состојба сѐ повеќе се забележува кај младата генерација, а во оваа епизода се фокусираме на генерацијата Алфа.
Генерацијата Алфа се децата родени по 2010 година, но она што ги разликува од другите е дека се првата вистинска генерација на деца од 21 век која е родена во целосно дигитално опкружување, а токму технологијата со која се опкружени прави да размислуваат поинаку од другите генерации.
Во шестата епизода од Youthink подкастот ни гостуваат истражувачката Тамара Ќупева, професорката Ирена Христовска и психологот Ана Попризова, авторки на Водичот за медиумска писменост за родители и старатели насловен „Дигиталниот свет на генерацијата Aлфа“.
Ако имаме добар смартфон и не ги користиме неговите функции, и тоа што има милион мобилни апликации, а се ограничуваме само за дел од нив, на пример, само за слушање музика или за онлајн обложување, не може да значи дека сме дигитално писмени.
Бојан Кордалов, комуниколог и експерт за солцијални медиуми, во подкастот „YouThink“ зборува за онлајн живеењето, со сите предности и одговорности.
Според него, ако 90 отсто користиме интернет, а само 10 отсто го користиме на нешто корисно во работата или слободното време, тоа значи дека 80 отсто сме дигитални неписмени.
Кордалов посочува дека наместо да бараме младите да усовршуваат вештини и знаења за да си го олеснат дигиталниот живот, можеби тие треба да ги учат останатите.
„Традиционалните медиуми ретко ги таргетираат младите луѓе и многу малку луѓе креираат програма во традиционалните медиуми. За да
Македонските граѓани се меѓу најхомофобичните и најксенофобичните во Европа, а истовремено и меѓу најрелигиозните. Имаат силни авторитарни ставови, не им веруваат во институциите, но не се ниту нешто посебно заинтересирани да учествуваат во демократските процеси за да ги променат работите. Подложни се на теории на заговор, се сомневаат во науката и сметаат дека живеат во држава со лошо образование, лоша економија и лоши политичари.
Ова го покажуваат податоците од неодамна објавеното Европско општествено истражување, во кое за првпат учествуваше и Македонија.
Во оваа нова епизода на подкастот Мегафон разговараме и ги анализираме податоците од ова истражување заедно со професорката Анета Цекиќ, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, која е и Национална координаторка на истражувањето.
„Дали ќе го преживеам ова возење со такси?“, „Дали ќе го преживеам овој месец?“, „Дали ќе го преживеам породувањето?“ се дел од прашањата што во последно време ѝ се актуелни на јавноста, а кои го предводат и слоганот на овогодинешниот осмомартовски Марш за женски права - „Ќе преживеат ли жените овде“.
Во оваа епизода на „Јасно и гласно“ заедно со Ангела Јовановиќ, млада земјоделка, Мерита Мустафи, параправничка во Асоцијација за Демократски Развој на Ромите - „Сонце“ од Тетово и Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен текстилец“ од Штип, меѓудругото, разговараме за породилното отсуство на земјоделките, почитувањето на женските работнички права, како и можностите за образование на Ромките.
Излегувате ли некогаш од комфорт зоната на „Нетфликс“?
Мартин Чичовски, Мила Гроздановска Тодор Стојковски ги знаете од „Генерација бушави“, „Јас не припаѓам тука“ или „Јас не сум пе*ер“. Дел се од независната младинска продукција „Марви“ и снимаат кратки, долгометражни филмови и серии. Велат дека го користат филмот за да го кажат тоа што сакаат да го кажат.
The podcast currently has 81 episodes available.