Aletea

Aletea

By Ena Abjanich ChausidisEducation
Download on the App Store

Aletea episodes

  • [Поткаст епизода од 2021 г] Потрага по смисла – наоѓање светлина во темните денови
    Епизодата е снимена во 2021 година, во времето кога бевме погодени од пандемијата со Корона вирусот. Денес, кога повторно поминуваме низ национална трагедија, сакам да се навратам на мислите на Виктор Франкл.
    18 min
  • Родителство – предизвик или неверојатна авантура?
    Во оваа подкаст епизода разговарам со Елена Граматикова, мајка на две момчиња, сертифициран семеен и системски советник, сертифициран едукатор за родители според методот на позитивна дисциплина и NLP практичар. На Инстаграм заедницата позната како @pregratka.
    Разговаравме на теми поврзани со родителството - дали и како може позитивната дисциплина да ни помогне родителувањето да ни биде неверојатна авантура и зошто е важна приврзаноста на децата до своите родители.
    48 min
  • Мали потрошувачи – големи предизвици
    Децата се дел од конзумеристичкото општество во кое живееме. Тие уште од најрана возраст се под влијание на маркетинг стратегиите кои имаат за цел да продаваат производи за деца. Со какви предизвици се соочуваат децата, на кој начин ги формира оваа конзумеристилка култура и дали ние родителите имаме моќ да направиме нешто во врска со овие предизвици?
    Слушајте во оваа подкаст епизода.
    19 min
  • Децата и екраните – разговор со Николина Петровска
    Во оваа епизода разговарам со Николина Петровска, медиумски едукатор. Со неа размислуваме на многу прашања поврзани со екранизмот - Кои се последиците од прекумерно користење на екрани? Какви содржини се препорачуваат за одредена возраст? Каква е состојбата со екранизмот во Македонија? Од која возраст може да им се претстават видео игрите на децата? И многу други прашања кои не’ засегаат сите...
    59 min
  • Вештачката интелигенција и новите генерации
    Со лансирањето и развојот на Chat GPT (алатката која користи вештачка интелигенција) расте и една нова генерација деца кои (ќе) ги користат овие алатки. Се отвора нов хоризонт за размислување, истражување и анализа. Какво влијание ќе има употребата на вештачката интелигенција во животите на децата? Дали вештачката интелигенција ќе ги воспитува децата? Може ли да го формира нивниот светоглед? Дали ќе го обележи нивното детство, тинејџерство, образованието и понатаму можноста за работни места? И она што е најважно, како ќе влијае врз нивниот психички развој? За сите овие прашања разговарам со Филип Чаусидис, програмер и родител.
    37 min

About Aletea

From the publisher's feed

Поткаст на македонски јазик посветен на теми инспирирани од филозофијата, образованието и културата.