Наука за сите

Наука за сите

By Наука за ситеScience
Download on the App Store

Наука за сите episodes

  • Универзум, луѓе и машини: разговор со астрофизичарот Марко Шунтов [#11]
    Астрофизичарот Марко Шунтов е најновиот член на тимот Наука за сите и е еден од ретките луѓе коишто одат чекор понапред во разрешувањето на мистериите на универзумот. Со љубопитност голема колку и самиот универзум, со макотрпна работа и знаење, како дел од Сорбона универзитетот, ги проучува најдалечните галаксии, заедно со темните невидливи делови кои тивко тлеат во утробата на универзумот. Покрај одличниот тим на научници и соработници, во неговиот поход му помагаат и машините – нивните паметни алгоритми стануваат се подобри и подобри во идентификувањето на досега непознатите галаксии. Затоа, не ја пропуштајте волшебната Маркова приказна во оваа 11-та епизода од Наука за сите подкастот во којашто тој ја открива во разговор со Атанас Кирјаковски.
    МУЗИКА: Purple Planet Music
    57 min
  • Мапата на мозокот: разговор со биоинженерот Томи Бошковски [#10]
    Томи Бошковски е докторски кандидат и истражувач при Институтот за биомедицински инженеринг, Политекник Монтреал, којшто е афилиран со Универзитетот во Монтреал, Канада. Неговите истражувања се фокусираат на конектомиката (наука која се занимава со мапирање на мозочната поврзаност) и квантитативната магнетна резонанца. Томи развива нови мрежни модели и методи за анализа на централниот нервен систем и се обидува да најде пософистицирани начини за рана детекција на неуроинфламаторните и неуродегенеративните заболувања, поспецифично, на Паркинсоновата болест и мултиплекс склерозата (невролошко нарушување кое настанува кога имуниот систем ја напаѓа миелинската обвивка на невронските аксони во централниот нервен систем и оптичките нерви). Во своите истражувања употребува машинско учење за анализа на податоци од квантитативна магнетна резонанца.
    1 hr 23 min
  • Нова научна дисциплина: машинско однесување [#9]
    Машините не се повеќе „само“ машини. Со развојот на технологијата и вештачката интелигенција, машините, односно нивните алгоритми се повеќе ги манипулираат луѓето и навлегуваат во секојдневниот живот.
    Од нивната употреба да раководат со автономни возила, до тоа комплексни алгоритми да одредуваат кој да ви стане љубовен партнер – навикнете се модерната технологија се повеќе да ви се меша во животот. Машините и нивните алгоритми стануваат се покомплексни и поспособни и тоа им дава нова функционалност на овие силиконски суштества. Затоа, поголема група научници предлага таквото нивно „однесување“ да се проучува како посебна научна дисциплина, односно да се сфатат како релевантни елементи на современиот екосистем. Атанас Кирјаковски подетално го објаснува овој феномен во Епизода 9 од Наука за сите подкастот.
    23 min
  • Во светот на антиматеријата: разговор со физичарката Ангела Глигорова [#8]
    Од што е направена Вселената? Која е нејзината природа? Што е антиматерија и зошто постои далеку повеќе материја отколку антиматерија? Која е улогата на гравитацијата? – ова се само дел од прашањата кои се обидува да ги одгатне една од ретките Македонки, Ангела Глигорова, која како дел од Институтот за субатомска физика „Штефан Мејер“ при австриската Академија на науки, работи на експерименти во Европската организација за нуклеарно истражување (или скратено ЦЕРН). Во денешниов разговор со неа, кој го водеше Атанас Кирјаковски, објаснуваме концепти како „антиводород“ или „антипротон“, но и зборуваме за односот на јавноста и медиумите кон науката во Македонија, улогата на политичарите и потешкотиите со кои се соочуваат физичарите и другите научници во земјава. Огромна благодарност до Ангела за нејзиното одвоено време и се надеваме дека ќе уживате во разговорот.
    1 hr 6 min
  • Што е машинско учење? [#7]
    Денешнава епизода е малку поразлична од претходните. Во неа нема друг соговорник со кој обично разговараме на интересни теми. Атанас Кирјаковски, соло, започнува подкатегорија на подкастот во која планира почесто да дискутира на одредени научни прашања или пак по негов избор селектира и презентира значајни и интересни научни трудови.
    Темата на оваа епизода е машинското учење. Што претставува тоа? Каде и како се употребува? Какви видови на машинско учење разликуваме? Што се тоа big data, односно „големи податоци“ и на кој начин го стимулираат создавањето и развивањето на машинското учење? Слушнете повеќе во самата епизода.
    27 min
  • Астрономија и радиотелескопи: разговор со Александар Шулевски [#6]
    Денеска разговараме на теми од астрономијата со Александар Шулевски кој професионално се занимава со оваа наука работејќи на радиотелескопот LOFAR (Low Frequency Array) и проектот AARTFAAC (The Amsterdam-ASTRON Radio Transients Facility And Analysis Center) при Универзитетот во Амстердам, Холандија. Во разговорот ни се придружи и музичарот и композиторот Гоце Симоноски кој претходно учествуваше во нашиот подкаст и кој истовремено поседува долгогодишен интерес кон проучувањето на вселената. Во епизодава разговараме на најразлични теми – од неутронски ѕвезди, па се до тоа зошто астрономијата е скоро целосно отсутна во Македонија.
    1 hr 13 min
  • Верување во теории на заговор: разговор со Ана Стојанов [#5]
    Ууууу... теории на заговор. Едни посветено веруваат во нив, други се скептични, трети ги исмеваат. Но некои, како денешната гостинка во Наука за сите подкастот – Ана Стојанов – ги проучуваат. Поточно, Ана е љубопитна да дознае зошто воопшто луѓето веруваат во теории на заговор. Taa е социјален психолог кој има прошетано низ повеќе земји во текот на образованието. Моментално се наоѓа на Универзитетот во Отаго, Нов Зеланд. Во нејзините пошироки професионални интереси спаѓаат когнитивниот развој, социјалната когниција, политичката психологија и психометријата. Во оваа епизода заедно со Атанас Кирјаковски разговараат за верувањето во теориите на заговор и истражувањата кои Ана ги прави во нејзината лабораторија токму на оваа тема.
    56 min
  • Најдобриот млад научник за 2018: разговор со Томе Ефтимов, постдокторант на Стенфорд [#4]
    Томе Ефтимов е роден во 1989 година во Струмица. Додипломските студии ги завршува на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје во 2011 година. Трипати е добитник на награда за исклучителни напори и достигнувања на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во текот на студирањето ја добива стипендијата за 125 талентирани информатичари, која беше доделувана од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Магистрирал во 2013 година во областа на теорија на информации и комуникации. Докторирал во 2018 година на Научно-истражувачкиот Институт „Јожеф Стефан" во Словенија, на тема „Статистичка обработка на податоци и обработка на природни јазици за нутриционизам".
    Од јануари 2019 година Ефтимов е постдокторски истражувач на отсекот за анализа на биомедицински податоци на универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД. Резултатите од научните истражувања на Ефтимов од последните пет години се објавени во меѓународни списанија со високи фактори на влијание, своето научно истражување го има претставено на повеќе меѓународни конференции и работилници, има одржано повеќе предавања поврзани со неговите истражувања на неколку Универзитети. Соработува со повеќе лаборатории и универзитети. Учествува во организација на повеќе меѓународни работилници и конференции и работи како рецензент во повеќе меѓународни научни списанија.
    1 hr 8 min

About Наука за сите

From the publisher's feed

Наука за сите има за цел да ја промовира науката и технологијата на македонски јазик. НЗС цврсто се потпира на интердисциплинарна соработка и вмрежување на локални и меѓународни научни истражувачи и…