
Sign up to save your podcasts
Or


За оние кои никогаш не влегле во казино, тоа може да е место на престиж и гламур, или обратно, на разврат и криминал. Зборуваме со поранешна крупиерка за нејзините искуства и за тоа колку таканаречените „игри на среќа“ можат да бидат и забавни, и опасни.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
S3E2 Транскрипт
(тема од Џејмс Бонд)
„Бонд секогаш беше коцкар. Го сакаше сувиот звук на мешаните карти и постојаната несочувствителна драма на тивките фигури околу зелените маси. Го сакаше строгиот, детално дизајниран комфор на казината, добро тапацираните фотељи, чашата шампањ или виски крај лактот, тивкото внимание и неизбрзаните движења на добрите келнери. Беше восхитен од непристрасноста на топчето за рулет и на картите, и од нивната бесконечна каприциозност. Најмногу од сè, му се допаѓаше што тука секој си е самиот крив. Среќата е слугинка, не господарка“.
(Илина)
Вака го опишува својот лик Јан Флеминг. Сите ги знаеме филмските верзии на сцените – згодниот таен агент застанува крај коцкарската маса околу која се насобрале сомнителни и богати типови. Низ казината во Монте Карло, Азербејџан или Лас Вегас, играјќи бакара, рулет или Блек Џек, тој или победува, или стратешки се повлекува точно тогаш кога треба. Неговата рационалност е атрактивна – ги нервира опонентите, а ги возбудува дури и најстудените убавици околу масата. Често со некоја од нив заминува во ноќта.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа втора епизода од третата сезона на подкастот Обични луѓе ќе видиме колку држи нашата стереотипна замисла за она што се случува во замрачените простории на казината. Џејмсбондовска елеганција, или содома и гомора? Само игра, или тешка зависност? Останете со нас. Коцката е фрлена.
(Гордана)
Па има убаво… Има многу убави случки. Всушност тоа таму е некоја посебна зона… самото влегување во касиното кога ќе го чуете звукот на топчето во рулетот, ти го менува светот, некој посебен свет е тоа таму. Нема часовници по ѕидовите и секој е загледан во бројките. Ништо освен бројките не гледа. Дури и тие од таа страна и ние од оваа страна на столот.
(Илина)
Ова е Гордана, по образование моја колешка етнолог. Откако по дипломирањето не можела да најде работа според професијата, одлучила да ја промени. Почнало случајно, но траело следните десет години.
(Гордана)
Сосема случајно кон крајот на осумдесетите беше многу популарно да се оди во Лондон на работа. Бев таму некои две години и кога се вратив не знаев што да правам. Како дипломиран етнолог немаше шанси да најдам работа. И случајно излезе конкурс, бараат крупиери во касино. Навистина не знаев што е тоа. Се пријавив, во хотел „Континентал“ во касиното се одвиваше обуката. Обуката би требало да трае некои месец – два, меѓутоа нашата се пролонгира па бевме добри шест месеци на обука. Беше тоа уствари подготвителна обука не само во хотел „Континентал“ да се работи во касиното туку имаа намера да отворат касино во Дојран бидејќи таму идат многу Грци и нѐ спремаа за таа игра таму. Ете сосема случајно станав крупие.
(Илина)
Како изгледала една типична работна вечер?
(Гордана)
Вообичаено се доаѓа на работа, имаме своја просторија каде што седиме во паузи, бидејќи работата на крупиерот трае дваесет минути. Дваесет минути си на стол, а потоа одиш на пауза. Ако има голема игра, ако има гужва, ако има повеќе столови работата, тогаш паузата е дваесет минути меѓутоа почесто одиш на стол, на работа, на игра. И се случува некогаш да ги добиеш дваесте минути пауза после саат и пол, меѓутоа ако има игра. Вообичаено е доаѓаш, пиеш кафе, шефот или пит босот те распоредува на кој стол ќе стоиш. Понекогаш и кога нема игра се стои на стол. На стол на рулет обично се стои… секогаш се тројца и тоа: дилерот или крупието, чипер – кој ги собира жетоните и инспектор кој ја следи играта. Нормално тука е и пит босот кој е одговорен за сите столови.
Работата е до четири, во четири се затвара, значи си одат играчите, меѓутоа нашата работа тука не завршува. Треба секој стол да се преброи, колку пари се внесени, на секој стол има дроп таканаречен, односно каса во која ако играчот ти дава кеш пари, ти тука на лице – место му ги менуваш и тие ги ставаш во касата. Значи на крај на работното време треба да се преброи колку пари се влезени во столот, да се дадат на касата главна, таму се пребројува колку пари се внесени од касата, колку пари се искеширани, значи жетони дадени па искеширани и тука се доаѓа до крајниот резултат, колку е касиното во плус или во минус. Исто така на секоја игра, на секој стол ние како крупиери обично знаеме да си побараме типс од играчите, особено кога добиваат и тие ни даваат типс, односно бакшиш ни даваат во жетони и истите тие жетони се ставаат во тој дроп, во таа каса. На крај на вечерта се пребројува и тоа се тргаат тие пари настрана во касата, на крајот на месецот добиваме процент како крупиери, процент од тој типс.
Музика: „MONEY“ – PINK FLOYD
(Илина)
Од местото кадешто седам снимајќи го ова ги гледам нападните неонки на блиското казино, отворено на место на некогаш популарен салон за мебел. Спроти него има спортска обложувалница, а само десетина метри подолу уште едно казино со апарати. Нивните затемнети стакла прават да изгледаат тивки и празни, но внатре врие од играчи. Никогаш не било полесно да се коцкаш. Но не било секогаш така.
(Гордана)
Тука во Скопје во тоа време законот беше дека мештани, локалци не може да играат во касино. Меѓутоа сите правила имаат исклучоци, барем овдека на Балканов, така да имаше многу наши. Додека во Дојран кога работев беа исклучиво само Грци. За нив посебно одеше комбе од хотелот и од касиното до граница, ги превземаше од таму, со комбе ќе ги донесеа играчите, играа, после пак до крајот на работното време, после тоа ги разнесуваат, ги носат пак до граница таму ги чека друго комбе, ги разнесува по дома. Бидејќи они тогаш немаа… имаа забрана за отварање на касина во Грција и тие доаѓаа во Дојран. Дојран беше Мека за нив. Во тоа време имаше три касина во Дојран и тоа беа големи и… сите три одлично работеа.
И.Ј.: А викаш во тоа време законодавството не дозволуваше, сега дозволува наши луѓе…
Г.: Сега дозволува, да. Сега се лиценцирани, тогаш не беа касината лиценцирани со дозволи за работа, него имаш намера да си отвориш касино – си отвараш касино. Имаш пари за да го средиш, не беше… во секој случај не беше регулирано со закон, а сега е веќе поинаку, сега касината имаат лиценци, имаат обврска, колу пари треба да имаат на банка на сметка и… не знам веќе сега… сега не сум веќе упатена како стојат… како е законот во врска со касината иако знам дека мора да бидат лиценцирани.
(Илина)
Кои игри биле најпопуларни тогаш и дали крупиерите ги учеле сите?
(Гордана)
Па не сите. Ги учат основните игри и тука кај нас се најпопуларни рулетот и блек џекот. Она што го гледаме по филмовите за Лас Вегас дека има крапс па… не знам уште мали милион други игри, овдека ги немаше во тоа време. Единствено имаше избор помеѓу неколкумина кои делеа покер, тогаш беше популарен Американ покер, сега по касината има и Тексас холден и делат сите, така да… Основните игри беа тие: Блек џек и рулет.
(Илина)
На Гордана и поставивме три прашања во едно. Кои биле најлошите случки на кои присуствувала а кои најсмешните?
(Гордана)
Лоши случки има многу. Да не звучи како од лош филм амерички нискобуџетен ама стварно доаѓаа познати мафии да речеме од Балканов па се среќаваа тука, па меѓусебе се расправаа, па имаше вадење пиштоли, имаше рации кога доаѓаше полиција да бара и оружје и дрога меѓу играчите. Имаше… што знам, тоа ми е така полош… да речам полошо искуство иако и тоа не беше нешто страшно. Има еден поранешен боксер кој губеше многу па го дигаше цилиндерот, тоа е оној кругот каде што се врти топчето за да бара каде има магнет, затоа што никако да му падне на него. Ете тоа. Такви некои случки имало.
Имало жени кога доаѓале да си ги бараат мажите, па имало домашни брачни караници, тука сите сме биле сведоци, а имаше да речеме од жените кога ќе изгуби па вика – ќе идам до дома да земам едно чекче ама да не ме види ќерка ми, ваљда спие, па да не ме види, ќе се вратам. А ако ме види, ќе останам дома. Па нема да дојде или некогаш ќе дојде, ќе се врати. Има и по чекчиња иделе.
А има смешни… има еден, сите го знаат, многу познат човек во градов, па и пошироко во Југославија беше многу познат кој знаеше да игра, дури држеше едно касино овдека во градот едно време. И кога ќе губи во друго касино, пошто во своето нели не може да игра, кога губи знае да лаже дека таму ги ставил. Не ги ставил он на триеска, се паднала на дваес петка, на дваеспетка му биле жетоните. И така. Знаеше да пее „ој другови јел вам жао“, знаеше некои смешни… смешни лажги на кои ние се паѓавме од смеење меѓутоа него го… на него некогаш и му палеа. Ако ги кажам… вака… има броеви… има игри во рулетот и на пример број со двата соседни кои се на цилиндерот на нив типува да речеме по пет евра и… меѓутоа на секој број на цилиндерот имате некој кој е во втората десетка, значи единаесет, дванаесет, тринаесет. И сега овој играчов фрла пет евра, дваес пет евра, не е ни битно, фрла жетон и вика – на нанаесет! Два со два. Секако ќе падне некој со -наесет (се смее). И обавезно добиваше. Како да му докажеш дека не е така ако по… ги користеше приликите кога е гужва, кога има повеќе играчи, кога не си сконцентриран, не можеш сите да ги следиш и он знаеше така да фрли жетонче и да каже – на нанаесет два по два! И сеа ти мисли му ја кој број го кажал.
(Илина)
Од она што го кажува Гога, излегува дека една од најважните карактеристики на крупиерот е да биде концентриран и да има добра меморија. Ова особено важело во време кога во казината немало камери со кои можело да се докаже некаква неправилност.
(Гордана)
Па да, мораш да ги гледаш што редат. Може да се случи реди, а на оној што игра до него да му ги земе жетоните, да му ги тргне на друг број, меѓусебе да се кошкаат. Може да сакаат да те збунат па да ти фрлаат одеднашка три-четворица, да ти ги фрлаат тие облози кои се на рулетот. Па ти треба да ги памтиш пошто нема обележувач – аха овој бараше петка, овој бараше тројка, овој бараше дваес осмица. Треба да ги памтиш, затоа има инспектор, затоа има и чипер некоаш да ти помогне да мисли и за тебе, така да има многу… многу моменти на кои може да те фатат и уште ако те видат дека си збунет, играчите се многу безобразни па уште толку ќе ти се навртат, па ти после мисли му ја.
(Илина)
Од филмските приказни на коцкањето, често сме гледале приказни за дружини кои со помош на некаков нивен систем успеваат да ги празнат касите на казината. Некои од нив се наводно вистинити. Можно ли е такво нешто?
(Гордана)
Можно е ама немам објаснување. Имаше една група белграѓани кои одеа низ Европа и на многу места имаа забрана за игра, веќе ги знаеа кои се. Чудо беа. Они тројца ќе дојдат, едниот стои кај цилиндерот, кај кругот, на рулет тие претежно играа… не претежно него само на рулет играа. Едниот стои кај цилиндерот, едниот стои на дното на масата нели е долгнавеста, најдоле, а едниот реди жетони. Значи кога крупието ќе го пушти топчето, овој што стои кај цилиндерот кажува да речеме воазен има три игри на цилиндерот: орфан, воазен и серија и ќе му рече „воазен“, он ги реди доле бројките, тој од другата страна ги реди, овој им објаснува – не, играј повеќе на тој и тој број, да речам дваес осмица, дваес деветка, редат повеќе таму и на крај испаѓа навистина тој број да падне. Како навистина не знам, необјасниво ни беше на сите, меѓутоа они… нема тука ни математика ни… не знам логика нема, ама тие многу заработуваа. Како? Навистина не знам.
Не знам, некој кажуваат дека ги имаат купено… дека се една група поранешни крупиери кои ги имаат купено сите можни видови на цилиндри и ги имаат ставено во некоја просторија, не е касино, имаат вработено крупиери кои ќе вртат на рулети, само спинови вртат, а овие запишуваат на секој звук кој број паѓа. Иако тоа мене не ми е логично бидејќи никогаш не можеш да утврдиш со која брзина ќе го заврти… тркалото оди во еден смер, се врти, а топчето оди во друг смер. Има граничници, тоа е со пад… кругот има пад кон бројките и на тој пад има неколку пропречни граничници, не знам како да ги кажам… желевца кои стојат се наредени… некои се хоризонтално поставени, други вертикално се поставени. Па доле е цилиндерот и меѓу сите бројки има желевца, прегради. Ти не знаеш кога ќе почне да падне топчето, како ќе падне, под кој агол, на која пречка, како ќе се… ќе почне да скока… Не може така да се…. не знам… не знам која им беше логиката и на никого не му се разјасни како они успеваа да ќаруваат толку пари. Имаа забрана на многу места. Низ Европа. Не тука, него низ Европа имаа забрана.
(Илина)
Половина од колегите на Гордана биле девојки, некои од нив преатрактивни, но според неа никогаш немале проблеми со играчите. Освен тоа, и помеѓу играчите имало жени.
(Гордана)
Има жени, во тоа време јас кога работев имаше три жени овдека во градов кои многу се дружеа меѓусебе и обавезно идеа. И тоа знаеја на вечер да прошетаат две – три касина. Во девеесеттите во Скопје имаше „Скала“, „Панорама“, „Континентал“ и „Гранд Хотел“ сегашен „Холидеј Ин“ и имаше неколку диви касина, така да имаше каде да се прошета. И идеш овдека, изгубиш, па мислиш дека во другото ќе ќариш. Така да се шетаа тие три госпоѓи. Беа на возраст некои средни години, четириесет и нешто накај пеесет и беа страствени играчи, меѓутоа они играа блек џек и обично жените играат блек џек.
И.Ј.: А зашто мислиш дека е тоа така?
Г.: Па таа е малку посмирена игра и картите се женска игра, карти воопшто, жените повеќе сакаат карти. А мажите се околу рулетот, тоа е навистина многу коцкарска игра, таму многу пари повеќе се… многу побрзо поголеми пари се губат отколку на блек џекот. Блек џекот е игра, може да се игра и од задоволство, помалку комарџиска изгледа иако и таа е доста опасна игра и таму се губат многу пари, меѓутоа е посмирена игра и затоа жените повеќе ја сакаат.
(Илина)
Помеѓу другите предрасуди кои ни ги разби Гордана, една има врска со оние сцени кога околу масата за коцкање има убави жени кои го ловат вниманието на оние кои добиваат.
(Гордана)
Спонзоруши не! Значи џабе им е да одат во касина. Затоа што тој што отишол да игра, тој ништо освен бројките, освен звукот на топчето, ништо друго не слуша. Значи ништо друго не го интересира освен комарот. Да, имало лихвари кои биле тука постојано, затоа што кога ќе изгубат пари, а сакаат да играат уште мислејќи дека ќе си ги вратат парите, овој е тука да му даде пари, да игра, да изгуби што повеќе. Имаше… има една поговорка вика – мајката не плачела што синот оди да се коцка, него што иде да се вади. Значи тој повеќе губи, ако изгуби и си отиде не е проблемот. Проблемот е што кога ќе изгуби, мисли дека следното ќе ќари па ќе земе под лихва и тука губеле многу, многу пари. Губеле станови, губеле наследства огромни, губеле коли.
(Илина)
Логично прашање за некој кој десет години сведочел разни судбини на луѓе зависници од „комарот“ беше – дали таа некогаш сочувствувала со нив.
(Гордана)
Не. Затоа што тие сами доаѓаат. Никој не доаѓа… Они знаат да ни речат – аман што ми праиш, зошто си ваков ли, ваква… сите пари ми ги зема, ваква си, онаква си. Меѓутоа наше било – ја дојдов дома да те земам, за уши те донесов тука? Сам си дошол. Шо доаѓаш? Значи немам… навистина никој од нас немал ништо за жалење. Имаше еден кој сабајлечки доаѓаше, имаше едно касино кое работеше до покасно сабајлечки, не до четири. И имаше еден кој пред да оди на работа, ќе дојде, ќе изигра и ќе изгуби. Еднашка дојде, изгуби и рече – требаше да идам да им ги купам книгите на децата, вие ми ги зимавте парите. И тој да го жалам? Па не го жалам.
Дури се случувало да утредента ќе излеземе во кафич преку ден обично искачаме нели, бидејќи навечер сме на работа и во некој кафич ќе го сретнеш играчот на кој вчера си му земал многу пари ама сеа ќе си… те псуел, те колнел претходната вечер, ама сеа ќе си седне со тебе и ќе се напие кафе, ќе те части кафе. Сосема… сосема пријателски однос.
(Илина)
А дали таа самата некогаш била играч во казино?
(Гордана)
Тогаш и мене ме фаќаше таа еуфорија дека си од оваа страна и дека ти можеш да го затвориш касиното – сега ќе му идеме на тој и тој да ни купи кондури и на крај обично идевме од едно касино, ќе земевме плата, идевме во другото кое ни беше многу блиску и викавме – е сега идеме у неговото касино, ќе му ги земеме парите да си купиме кондури. На крај си одевме дома со пола плата. Ќе изгубиш (се смее). На крај ние му купувавме на него кондури.
(Илина)
Кога е во прашање среќата, таа е превртлива и поврзана со суеверија, амајлии, ритуали. Некои од нив се познати во светот на коцката, но други имаат и личен печат.
(Гордана)
Никако не смееме да кажеме – со среќа!, бидејќи нели тоа е лоша… лоша желба за комарџиите, тие се многу суеверни. И обично кога добиваат, обично знаат самите да дадат бакшиш и тоа некои знаат да дадат и поголем бакшиш.
Има, има, има. Тој што го зборам „нананаесет два, два“ е тој имаше… тој е страшно суеверен. Ако почне да губи истура кока – кола по тепихот, врти кругчиња околу оската, ни вика – дај плукни ми ја мастиката во рака… си праеше некои си… не знам. Тој е суеверен. Има и многу други. Имаат амајлии си носат, се фаќаат за уши, – не ми ја ставај чашата од лево – на конобарката ќе и каже – не ми ја ставај од лево, тоа ми е лош момент, не сакам таму, не ми носи ништо, ти си крив, шо ми се насмеа… и така, има. Има мали милион такви приказни.
(Илина)
Кога и зошто одлучила да престане да се занимава со оваа професија?
(Гордана)
Девеесет и четврта се омажив, девеесет и петта ја родив ќерка ми. Имаше тој период некаде околу година и пол, две кога не работев во касино меѓутоа после се вратив и ми беше многу поедноставно што работам во касино додека беше ќерка ми мала. Се разведов многу бргу по раѓањето на ќерката и остана ќерката јас да ја раснам. Живеев и со мајка ми тогаш и многу ми беше поедноставно тогаш навечер у девет саат да ја заспијам, осум и пол ќе ја заспијам и ќе отидам на работа, кога ќе се вратам у пет, у шес, она уште спие. У седум ќе ја разбудам, ќе ја односам во градинка. Од осум до три саат јас спијам, ќе се одморам од вечерта и после попладнето цело го поминувам со неа, така да тоа ми беше… во тој момент тоа ми беше најоптимална професија. На луѓе кои не можат да останат будни ноќе, кои сакаат сон навечер, тоа им беше несфатливо, не можеа да ме разберат. А мене буквално тоа ми беше најдобрата професија што можев да ја работам во тој момент.
(Илина)
За сите оние кои никогаш не влегле во казино, ниту пак играле каква и да игра на среќа, таа има еден совет.
(Гордана)
На некој ако му се буди желба да оди да изигра комар, никако да не оди на апарати. Апаратите се механика која се штелува како што се сака, а не знам јас досега не сум чула некој да добил освен оној во Куманово пред некоја година кога на апаратот почна да свири многу, па му излезе шес, седум, осум милиони требаше да му се исплатат, не знам дал се сеќаваш. Тоа е веќе кога ќе се преполни апаратот, сѐ е тоа штелувано и му дошло моментот и да почне… и да се расипе… ама тоа на колку луѓе… колку луѓе се толку среќни баш во тој момент да седнат кога ќе му дојде крајот на апаратот. Значи јас како некој што бил инволвиран во таа работа не би препорачала никогаш да се оди на апарати. Многу повеќе луѓе губат на апарати, на спортски обложувалници губат многу пари. На ситно губат многу пари. Јас мислам не би препорачала ни на жива игра да иде затоа што сепак финансии се во прашање, посебно не во ова време кога егзистенцијата на сите ни виси на конец, економска криза, секаква криза. Меѓутоа ако веќе некој толку многу има желба да види како е, како изгледа касино, што е тоа касино, што се случува внатре, да, нека отиде, нека види, нека си одвои од заштедата, од своите пари, од што ли, пеесет евра, доволно му е да земе да си помине два саати полека на блек џек. На рулет не, ама на блек џек да си помине една вечер супер. Ама тоа тука да заврши.
Имало моменти кога мене многу близок човек ми кажува – дојди со мене, треба да се извадам и кога ќе направам толку и толку, да ме фатиш за уши и да ме извлечеш надвор. – Важи. Одевме таму заедно, дојде до толку и толку и продолжи. Ја му викам – ајде стани да си одиме. – Не, чекај уште малце. Тогаш бевме заедно со мојот бивши сопруг. Заедно со него и двајцата му викаме – ајде стани човече, доста беше. Нели рече до толку. – А бе тргнете ми се! На крај нѐ опсу, нѐ исколна, ние сами си отидовме, он остана и ги изгуби сите пари што ги ќари.
Уште нешто. Бројките не рулетот се поделени на три дузини. Има значи од еден до триес шес и нула. Нулата е на посебно поле, а овие другиве бројки се поделени во три дузини по дванаесет броја. Збирот на сите броеви, еден плус два плус три плус треис четири плус триес пет плус триес шест, дава број шест шест шест.
(Илина)
И покрај ваквата морничава симболика, Гордана е задоволна што имала можност да ја работи оваа професија.
(Гордана)
Значи таа професија ја сметам за една од поинтересните, ама таа мене ми е интересна. Многу сакав… многу сум задоволна во животот што ми се пружила прилика да работам како крупие затоа што таа работа е всушност баш игра, како кога ќе седнеш со пријателите да играш бриџ гледаш да победиш. Истото се случува и во касино, ти против нив и гледаш да победиш. Не затоа што ќе им ги земеш парите. Парите се… ние како крупие не размислуваме за тоа, него како ќе ги победиш. Ти си победникот и им се смееш затоа што изгубиле. Затоа што ти си… навистина ја сфаќаш таа работа како игра и ја мислам дека е тоа една од поубавите професии во светов.
Музика: Johnny Cash – The Gambler
(Илина)
Никогаш немам влезено во казино, но преку приказната на Гордана се чувствувам како да сум минала многу часови делејќи карти или редејќи чипови. И сведочејќи ја старата вистина, дека најлесниот начин да си ги удвоите парите е да ги превиткате и да си ги вратите в џеб.
Jaс сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа Бојан Угриновски. Целосен транскрипт на епизодата можете да најдете на нашиот сајт obicniluge.mk.
Февруари, поради бројот на своите денови, е редок месец. Токму затоа е прогласен за месец на ретките болести. Но секоја дијагноза значи една човечка судбина, и најмалку една животна приказна.
Ова е Ивана, која е многу повеќе отколку нејзината болест. Всушност, од нејзиниот став за животот можат да учат и многумина кои се здрави. За списокот нешта кои треба да ги направи секој човек за да знае дека живеел со полни гради. И кои не треба да се одложуваат.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е1 – Транскрипт
Mузика
Nina Simone – “Feeling Good”
Илина
Ивана ја запознав кога беше моја студентка на Институтот за етнологија и антропологија. Не знаев ништо за неа, исто како и за другите студенти од нејзината генерација, тазе излезени од средношколските клупи. Беше редовна и внимателна, но постојано кашлаше.
Во еден момент, изнервирана од постојаните прекини, ја прекорив.
„Ивана, ако не си ок, па немој да доаѓаш додека не оздравиш“.
Ме погледна без лутина, и најсмирено рече – „Професорке, не се секирајте, мојата болест е поинаква“.
Кога дознав дека боледува од цистична фиброза и дека кашлањето е еден од симптомите, се засрамив. Во текот на студирањето имав прилика и да ѝ се извинам, но и седејќи на клупите пред долната зграда на ПМФ, да дознаам повеќе, и за ретката Ивана и за нејзината ретка болест.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Оваа прва епизода од третата сезона на подкастот Обични луѓе ја емитуваме во февруари, кој традиционално е Месец на ретките болести. Но тоа е само повод. Вистинската причина е животната приказна на Ивана, од која и здравите, и оние со нарушено здравје, можат многу да научат.
Ивана
Родена сум во Прилеп девеес прва година, во јули сум родена, така да детството ми помина во Прилеп. Моите си живеат во Прилеп сѐ уште. Јас патувам, номад сум сега, Скопје, Прилеп зависи кој како најди работа. Детството во глобала ми беше како на секое нормално здраво дете, немав некои поголеми потешкотии да речам во однос на трчање, на некои активности… како сите други деца можев со исто темпо да ги следам и игрите шо се играа на улица, по цел ден бевме излезени, лето, зима, со снег, со прскање со вода во лето… Така да немав да речам некои поголеми здравствени проблеми тогаш, освен нормално контролите шо морав да ги прам во Скопје.
Илина
Обидувајќи се да сфатам каква болест е Це-еф како што скратено се нарекува, наидов на интересен текст објавен во стручно медицинско списание. Во него се вели дека иако самата болест била препознаена дури во 1938, тоа не значи дека таа претходно не постоела. Децата низ светот веројатно боледувале од неа уште од древни времиња, но нивниот многу краток животен век бил толкуван како последица на други несреќи и болести. Во средниот век постоела и поговорка: „Тешко на детето чие чело е солено кога ќе го бациш“. И денес, еден од тестовите за утврдување на присуството на цистична фиброза е токму со одредување на количеството сол во потта.
Ивана
Првите симптоми мене ми се јавени уште како бебе. Сум имала некои проблеми со столицата, така моите сфатиле дека нешто не е во ред со мене и почнале оттогаш испитувањата по болници… Прво нормално во примарна здравствена установа, матични лекари, после до Клиника се стасало и до дијагнозата цистична фиброза. Обично кај пациентите кои се како мали откријани со CF, како јас што сум била на два месеци кога сум имала, се јавуваат проблеми најчесто со столицата и покрај внесувањето на храна, бебето да не се развива добро во килажа, во раст и така. Така да тие биле првите симптоми и после следувало процес на тестирања со потен тест тоа го викаат, тоа значи дека се проверуваат хлоридите во потта и ако се покажи дека во потта има голем број на соли тогаш станува збор за… најчесто за цистична фиброза односно за дете болно со CF. После та дијагноза нормално следуват постојани контроли, надгледување на детето затоа што станува збор за болест која си има многу последици зато шо е и прогресивна болест, состојба и животозагрозувачка и постојана. Не можи… не можи да се лекува нормално и мултисистемска.
Илина
Повеќето родители на ваквата дијагноза би реагирале со страв, забрани и прекумерна заштита. Но оние на Ивана одлучиле да следат поинаква логика.
Ивана
Така да детството некако… од мала мојте ме научија да бидам спортски активна, мислам дека то беше многу добро за мене и во делот на социјализација посебно, но и во делот да стекнам ете така некој да речам имунитет, да не ме држат како во стаклено ѕвоно или нешто туку да се мешам и со други деца. Од три и пол години почнав да скијам, татко ми пошто е и професор по спорт некако ми беа форсирани тие работи, да одам на некој спортски активности. Од три години исто почнав и со пливање, мислам дека и на четири години Прилепското езеро го имам препливано, така да во делот на спортот бев многу активна. Бев исто така запишана на гимнастика, возев ролери, еден куп така спортски активности што ме одржуваа во добра физичка здравствена состојба и мислам дека тоа допринесе и за денес на мои триесе години да бидам да речам со колку можи добро здравје, на некој начин.
Илина
Цистична фиброза е генетско нарушување, а се наследува само ако двајцата родители се носители на дефектниот ЦФ ген. Тоа не значи дека тие се болни, но затоа е висок процентот на веројатноста да биде болно нивното дете.
Ивана
Баш поентата на цистична фиброза е двајцата родители да имаат мутиран CF ген. То значи дека… постојат над две илјади мутации на тој ген и секое дете добива по една различна мутација од двајцата родители. Има пациенти кои родителите му имале иста мутација на генот па имаат пример дупла делта F 508 таа е една од почестите мутации кај пациентите со цистична фиброза, така што кај секој пациент мора наследувањето да биди од двата родители по еден дефектен ген. Меѓутоа и двајцата родители да имаат еден дефектен ген дваесет и пет посто шансите да добијат здраво дете се исто како и дваесет и пет посто шансите да добијат и болно дете или пеесет посто да добијат дете кое би било здраво но би било носител на генот. Така да јас сум од тие двајс пет посто (се смее).
Болеста е релативно да речам нова, не се знаело порано за цистична фиброза толку многу, така што дури и да имало некои предци да речам со CF не би знаеле. Дури и моите родители кога им кажале за цистична фиброза толку биле слаби информациите за болеста, толку многу малку се знаело шо немале од каде да се информираат, да стапат во контакт со други пациенти шо биле повозрасни. Еве во Македонија конкретно највозрасниот пациент е четириесет и нешто години.
Илина
Фактот дека ЦФ е наследна болест е голем хендикеп за планирање родителство, па оттаму болните до скоро ретко се решавале на ваков чекор. Но генетските тестови, како и раниот скрининг во текот на бременоста, сега им даваат храброст на младите парови да го сторат тоа.
Ивана
Сега првпат во Македонија имавме баш пациентка со цистична фиброза, девојка која… жена во суштина, која го роди првото бепче и бебето е здраво бидејќи таткото не е… сопругот на девојката со CF не е носител на ниеден ген. Тоа значи дека бебето е најверојатно само носител и е сосема здраво. Така да, да, ја и мојот сопруг ако решиме да имаме дете можи најпрво би го провериле него преку МАНУ преку крвна анализа дали е тој носител на генот и потоа да, да видиме дали има шанси да имаме здраво воопшто дете или… бидејќи тој ако е носител на генот педесет… седумдес пет посто би биле колку што знам шансите детето да е болно и дваесет и пет посто да е носител.
Илина
Формирањето семејство и имањето потомство се деликатни и интимни теми и за здравите. Но Ивана нема проблем да ни раскаже за тоа како почнала нејзината врска со сегашниот сопруг, и како тој ја прифатил реалноста на животот со човек со ретка болест.
Ивана
Ние со Дамјан се знајме… во исто друштво практично бевме, така да пред да бидиме во врска бевме осум години другари од исто друштво. После тоа почнавме врска четири години, па еве сега во брак сме мислам три години, од две и осумнајста… Четири годинава (се смее). Четири години брак, четири години врска, осум години другари. Така да во друштвото мое сите знаеја дека имам цистична фиброза и можи никогаш не беше така конкретно зборувано – јас имам цистична фиброза, ама не знам како јавна тајна беше и плус јас сум човек шо се зафркава многу на моја сметка, онака си почитувам црн хумор, така да се смејме на некој такви работи кога имам лоши резултати така, им пишувам порака – „дотако сам дно живота“ и некои слични работи (се смее). Така да сите беа информирани за мојата здравствена состојба посебно па делот дека голем дел од другарите ми се и медицински образовани, медицински лица се и Дамјан мојот сопруг е стоматолог по професија така да учени им се педијатријата, позната му беше и болеста.
Инаку да, имавме разговарано конкретно дали… нормално знае дека и животниот век на пациентите со CF не е како на некој човек кој е здрав, засега, но бевме решени да си бидиме заедно бидејќи ни е убаво. И двајцата имаме слични сфаќања за животот дека битен е квалитетот не квантитетот. Па крај краева дури и кај здрав човек ништо не е гаранција дека ќе живее долго, посебно сега времињава како шо се стресни со пандемија, со сѐ, ништо не е гаранција. Така да имаме слични сфаќања за животот во тој дел и немавме некои потешкотии, нормално тешко е кога треба ете да се одделиме, јас да бидам на болница две недели… ако сум триесе години секое одење на болница ми е многу стресно. Порано пример како мала во среда одевме на контроли преку еден месец или секој месец, не можам да се сетам како. И тогаш ми беше страшно боцкањето, земањето крв, спутум земање, такви работи, сега ми се страшни резултатите (се смее) како голема. Ама стравот си останува, само за различни работи се плашиме. И секое одење на болница онака за да примам терапија две недели кога треба да лежам ми е искрено со плачки така… Многу сум емотивна и ми е… го чувствувам како време кое го губам на некој начин, не во смисла… знам дека е тоа за мое здрав… за мое подобрување на здравјето и одржување на кондицијата меѓутоа го чувствувам како време кое не можам да си го поминам со семејството, со друштвото и го чувствувам како да го губам тоа време некако дури сум на болница и од тој аспект ми е многу стресно.
Илина
Ивана е претседател на Здружението за цистична фиброза, и често истапува во медиумите, залагајќи се за правата на сите со ретки болести. Во едно од нејзините неодамнешни интервјуа прави паралела на она низ што минуваат болните од Ковид и секојдневниот живот на пациентите со ЦФ.
Иван
Многу од луѓето сега сфатија шо значи да кашлаш цела недела, да не можиш да спиеш од кашлање, да имаш слаб апетит, да имаш болки во телото, не знам одредени симптоми ете така на болест. Кај нас посебно делот со кашлањето е постојан. Јас од ко знам за мене кашлам постојано. И сега некако сакам да дадам до знаење дека тоа што гледавме да се изолираме едни од други за време на пандемијава, кај пациентите со CF е нешто што го знајме од мали, дека не смееме едни со други да се дружиме заради крос-инфекции, мора да држиме дистанца, треба да одбегнуваме е така јавни превози, гужви. Меѓутоа јас како мала искрено… ете на моите родители можеби му било многу побитен делот ете со социјализација, не ме скратиле од одење на тренинзи, од такви работи. На факултет гледав да не бидам во студентски дом заради условите, реално се лоши. Затоа живеев во стан ама пак некој баланс да се направи меѓу тоа и јас да имам живот, а да бидам на некој начин позаштитена во еден дел. Така да мислам дека добри одлуки донесов во тој дел за моја и заштита, но и за да влезам во живеењето, во реалниот свет, да влезам во општественото живеење, да бидам дел од случувањата.
Илина
Енергијата на Ивана е неверојатна дури и за здрав човек, и за разлика од нејзината болест, заразна. Но раното сознание за тоа дека може да умре порано од нејзините врсници не било лесно.
Ивана
Некаде околу крај на основно или почеток на средно, една вечер си седев на компјутер, разбарував по интернет, не знам како ми текна во врска со мојата дијагноза и тогаш видов една статија каде што пишува дека животниот век на пациентите со цистична фиброза е дваесетина години. Тогаш јас бев четиринаесет години, така отприлика и ми падна навистина многу тешко. Ги скорнав мајка ми и татко ми од спиење, мислам дека еден часот навечер беше, дванаесет, не знам колку беше. Ги скорнав со плачење мајка ми и татко ми да им кажам шо прочитав. И тогаш моите ме седнаа и демек… ми кажаа дека нормално животот на никој не е… неизвесен. Можеби сега дваесет години е животниот век стандарден ама по десет години можеби тој животен век ќе биде многу подолг. Медицината оди напред секој ден и крај краева то е само еден стандард земен од најмладиот и најстариот пациент кој како починуваат да речам… не е дека стриктно на дваесет години сите починуваат и дека секој си има своја иднина.
И тогаш татко ми баш ме праша дали јас досега сум задоволна со мојот начин на живот и дали сакам да се сменам, не знам, со некој мој пријател или нешто… дали стварно сум задоволна од начинот на кој што го живеам животот. И тогаш сфатив дека… без размислување дека не сакам да се сменам со никој, некој друг, ниту од моите пријатели, ниту од некој шо познавам дури и за сметка на тоа да бидам здрава. И некако сите дома сме со иста премиса дека многу е побитен квалитетот на живот отколку квантитетот. Нормално убаво е секој да си доживее старост, да ги види сите промени во животот кои се случуваат меѓутоа ете баш можи сум се родила во точно време кога медицината оди напред па не знам, никогаш не можи да се речи дека можи нема да доживеам старост. Така да се надевам на најдоброто сценарио.
Илина
Тоа најдобро сценарио не е неостварливо. Од пред десет години во светот постои модуларна терапија за ЦФ која во голема мерка го олеснува животот на пациентите, го продолжува нивниот животен век, а кај раното дијагностицирање може и целосно да ги отстрани симптомите. За жал таа се уште не е достапна во Македонија.
Ивана
Модуларната терапија е нешто најблиску шо е до генетска терапија. Во суштина таа го променува протеинот на генот. Кај нас… кај пациентите со CF има како пет групи во зависност од тоа во кој дел не функционира нешто. Некаде има прекин во РНК, некаде има проблем со протеинот и не добра размена на солите со водата, така да оваа модуларна терапија го корегира протеинот кој не функционира и таа размена со солите и водата ја прави функционална. Со тоа се добива во организмот да не се ствара леплив густ секрет на сите органи туку протокот да си оди нормално како кај здрав човек.
Ако почне да се зема од мали години терапијата голем дел од пациентите нема да имаат толку влошување на состојбата, прогресијата многу се намалува и можеби нема да стигнат дури ни до земање на панкреасни ензими. Така што колку порано се почне со терапијата, толку се запираат некои процеси кои болеста сама си ги носи.
Приватно воопшто ја нема да се купи оваа терапија бидејќи мора на почеток да се зема под надзор на Клиника бидејќи има јаки нуспојави и мора да се испочитуваат одредени стандарди кај пациентите кои треба да ги имаат за да се подобни за таа терапија. Така што сега јас да сакам да си земам терапија, јас можеби знам која ми одговара мене терапија но јас не смеам да земам таква терапија самостојно.
Илина
Објаснувањето зошто оваа терапија не е овозможена кај нас има врска со бројот на пациенти. Иако болеста е ретка, сепак не станува збор за еден-двајца туку за над сто пациенти. Модуларната терапија е скапа, и мора да се прима во континуитет. Но вистинското прашање всушност треба да биде не колку се скапи лековите, туку колку чинат овие човечки животи?
Ивана
Пациентите со CF не се во групата на сите други кои имаат ретка болест можеби затоа што сме да речам во поголем број од другите пациенти. Другите болести се со три – четворица пациенти во Македонија, десет… Кај нас имаме сто триесет пациенти со цистична фиброза и претпоставувам дека заради паричните средства кои би требало да се издвојуваат сме некако на некој начин игнорирани во барањата.
Илина
Ивана денес има триесет години. Никогаш не мислела дека ќе доживее толку. Како во филмот „Бакет лист“ со Џек Николсон и Морган Фриман, и таа имала свој список нешта без кои не сакала да го напушти овој свет. Задоволна е што ѝ се исполниле.
Ивана
Баш кога го спомнав тој делот кога го доживеав тој шокот во почеток на средно, тогаш си посакав желба барем да стигнам до тие триесет години кои тогаш беа стварно невозможно изгледаа. И имав желба да… барем да се заљубам и да возам со мотор, многу имав љубов кон мотор, да летнам со параглајдер, да прошетам колку можам дел од земјите во Европа. И ги направив голем дел од тие работи искрено. Дури и сега пред пандемијата бевме и во Франција на скијање и на Алпите се качив на 3330 метри надморска висина и тоа што ми го видоа очите навистина ми ја полни душата да речам и ми дава смисла на живеењето. Положив за кола, за мотор, летнав со параглајдер… Навистина доживеав многу работи кои сакав да ги направам. Единствено проблем ми беше тоа што многу сакав ете да студирам на Факултетот за драмски уметности и да бидам актер, во крај на средно сфатив дека тоа е невозможно да речам, со мојата дијагноза. Тогаш некако многу… многу голем пораз почувствував бидејќи сфатив колку може да ме кочи мојата здравствена состојба во остварување на соништата ама работите некако гледав да ги направам пак да одат во моја полза и да го извадам максимумот од секоја ситуација. Така што крај на средно ми се случи едно многу убаво искуство, бидејќи имам многу голема љубов кон театарот, одев на проби во Прилепски театар да ги гледам глумците како ја спремаат претставата. Нормално ми беше тоа дозволено, прашав дали смеам да присуствувам. Ми беше дозволено од режисерот и по неколку денови од пробите… читачки проби беа на почеток, една од глумиците доби некои здравствени проблеми и мораше да отсуствува и режисерот дојде до идеја – дали ти би сакала да ја играш лисицата во „Малиот принц“? И некако така си се наредија работите, јас со професионалниот ансамбл на Прилепски театар играв во „Малиот принц“, бев лисицата и можам да кажам дека ете можеби не се запишав на драмски ама тој сон да глумам во театар ми се оствари.
Ивана
Гледав во споменарите пред некое време кои ги имав, многу сум сакала да појдам во Дизниленд, некоја животна неостварена желба ми била да појдам во Дизниленд и моите родители на два пати ме носеа во Франција по болници, така да и тоа го видов (се смее). Успеавме покрај болниците да појдиме и во Дизниленд. Така да од некоја страна сите желби си најдуваат некое ќоше каде што ќе се протнат и да се остварат на некој начин без разлика дали сум била за по болници па се оствариле соништата. И од моите сум научила дека ете и кога сме оделе и на контроли во Скопје колку и стресно да ми било тоа, гледале да ме однесат и во зоолошка после контрола или на „Златно славејче“, така да, да се извади некој максимум од сето тоа, да не бидат спомените поврзани само со болница и со креветите таму.
Илина
Ивана нема проблем да зборува за својата состојба, затоа што како што вели тоа е најдобриот начин на болеста да ѝ се даде човечки лик. Но не се сите болни од ретки болести подготвени јавно да истапат. Дури и обратно – некои од нив се кријат дури и од своите најблиски.
Ивана
Голем дел од пациентите ја кријат состојбата не само… не само од нас, од другите пациенти, туку си ја кријат и во фамилиите, не споделуваат. Искрено многу ми се чудни тие мене работи, како човек кој растел во заедница која не криела ништо во однос на состојбата ниту со пријателите, ниту со роднини кои сум ги имала. Сите знаат за мојата здравствена состојба. Баш мислам дека напротив, тоа е нешто шо кај пациентот може да му даде една сигурност да оди понатаму и да се вложи во животот баш онака да направи максимум од тоа што го има. И не знам како можам да помогнам на таквите пациенти за да увидат дека ако не се крие состојбата можат навистина да имаат убав и исполнет живот. Искрено како човек мислам дека тоа мене ми е суштината на постоењето. Мислам дека треба да… само не знам што точно да направам за да им дадам до знаење дека животот може да биде убав и да бидеш прифатен дури и да си со одредена здравствена состојба.
Во еден дел ја разбирам таа потреба од кријањето заради начинот на кој се стигматизираат одредени групи на граѓани. Еве… не знам би тргнала од личен пример, еве јас завршив пред четири години на факултет за етнологија и антропологија и оттогаш не можам да најдам работа. Океј, во приватен сектор е стварно потешко заради мојата здравствена состојба затоа шо то се коси со… да речам, со бизнис идеологијата, со помали загуби, поголеми профити. Меѓутоа државата не ни подава рака да застаниме на свои нозе, нѐ држи да бидиме во одредена економска зависност од родителите, од сопружниците и мислам дека тоа е можеби едниот аспект заради кој голем дел од пациентите кријат за здравствената состојба.
Од друга страна имам слушнато дека пациенти кријат и од сопружниците, од пријателите за својата здравствена состојба ама во тој дел не знам која е причината бидејќи еве и кога се склучува граѓански брак ве прашуваат – дали сте запознаени со здравствената состојба на идниот сопруг? Така да најверојатно тоа е можи и казниво со закон ако не си запознаен со здравствената состојба и ми изгледа многу логично секој при… да речам со здрава одлука, со добро обмислена одлука да стапи во брак, со знаење на здравствената состојба на пациентот.
Така да, не знам, дел од овие работи ми се некако… можам да ги сфатам зошто се случуваат, меѓутоа да, во странство е поотворено… поотворено се зборува за овие работи, за пациентите било да се со цистична фиброза или друга болест, се поприфатени дефинитивно. Мислам дека и самото тоа што добиваат посовремена терапија нормално им дава некој ветар во грб да речам, бидејќи стануваат поздрави, поработоспособни. Кај голем дел од пациентите сега, посебно кај девојките многу во странство останаа трудни после новата модуларна терапија. Така да се опуштаат во однос на создавање на семејство и во тој дел, да, модуларната терапија би помогнала меѓутоа мора и сами да си помогниме и да се прифатиме за да може да бидеме прифатени и од другите.
Музика: Alabama Shakes – “Hold On”
Bless my heart
Bless my soul
Didn’t think I’d make it to 22 years old
There must be someone up above saying “Come on, Brittany
You got to come on up!”
You got to hold on
Hey, you got to hold on
So, bless my heart and bless yours too
I don’t know where I’m gonna go, don’t what what I’m gonna do
Must be somebody up above saying “Come on, Brittany
You got to come on up!”
You got to hold on
You got to hold on
Yeah! you got to wait!
Yeah! you got to wait!
But, I don’t wanna wait
I don’t wanna wait
So, bless my heart
Bless my mind
I got so much to do, I ain’t got much time
So, must be someone up above saying “Come on, girl!
Yeah, you got to get back up!”
Илина
Се вели дека пандемијата нè направи посвесни за сопственото здравје и нè потсети на старата латинска изрека – Memento mori. Запомни дека си смртен. Но дали ќе нè направи и посочувствителни и солидарни со оние на кои не им е потребно потсетување дека можат набргу да умрат? Дали наместо да губиме време, ќе се фатиме да ги остваруваме желбите на нашиот список? Запомнете – најважно е да се заљубите. А потоа заедно со саканиот да ги искачите Алпите.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа Бојан Угриновски. Прекрасни фотографии од досегашните авантури на Ивана, нејзината еко-свадба и миленичињата за кои се грижи, можете да видите на нашиот сајт obicniluge.mk.
Бевме генерација подготвувана да блесне, во нешто за што се веруваше дека е најдобриот од сите можни светови. Преку ноќ тој се распадна, а ние поминавме добар дел од животот обидувајќи се да се прилагодиме на новите околности. Што мислевме а што се случи? И што во следните 50 години?
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(А-ха, Анплагд верзија на Take on Me)
Илина:
Веројатно е 1983. Имам 12 години и сум најбогатото дете во градот. Роднините од Австралија ми испраќаат нов модел Сони Вокмен. Има мазно тело, испакнати копчиња за „плеј“ и „стоп“, портокалови перничиња на слушалките и држач за на појас. Во пакетот има и една касета, „Трилер“ од Мајкл Џексон. Со навежбан потез ја лизгаш во лежиштето, затвораш и пушташ. Музиката те поткрева неколку сантиметри од земјата и така лебдејќи чекориш низ градот, додека сите те загледуваат.
(продолжува истата музика)
Веројатно е 1985. Со Наталија сме во исто одделение во Песталоци и комшивки во Капиштец. Броиме колку чекори има од нејзината до мојата зграда и ја одредуваме средината, за секогаш да се наоѓаме на таа точка, кај едно поткршено дрво, каде што сега е Беверли Хилс. Од таму одиме до најблиската трафика по германското „Браво“, од кое не разбираме ни збор, но си ги делиме л’скавите постери. По кој знае кој пат ја вртиме видео касетата од Лајв ејд и на памет ги знаеме репликите од комедијата Топ Сикрет.
Подоцна стануваме даркерки, излегуваме во „Лондонче“ на Картерот и секогаш се дружиме со постари.
(музика)
Веројатно е 2021. Вокменот одамна се распадна на делови и заврши во отпад. И Југославија ја доживеа истата судбина. Мајкл Џексон умре на 50, обвинет за педофилија. Наталија не дочека 50, погина во сообраќајка. „Лондонче“ одамна не постои. Во светот владее пандемија.
А кога се сеќавам на минатото, не ми е сосема јасно дали замислувам, измислувам или додавам, така за да делува поубаво отколку што е. И да боли што веќе го нема.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа последна епизода од втората сезона на подкастот „Обични луѓе“ зборуваме со луѓе од мојата генерација, 1971, која оваа година наполни половина век. Што мислевме, а што се случи со нашите животи? И колку сме поврзани со оние родени во истата година?
(песна Дисциплина кичме, Taта-мама)
Драган Тошев – Рада:
Мислам дека тој систем во кој што ние егзистиравме со сите можни критики и дефицити кои што може да му ги залепиме беше идеален. Некако многу блиску до идеалот да создаде едно друштво во кое што немаше големи социјални и економски разлики и во кој што идеалите беа во голем дел идеалистички.
Илина:
Драган беше 8Б, а јас и Бојан, монтажерот на овој подкаст, 8В. Го викавме Рада и дури сега, кога го снимавме разговорот, сфатив и зошто. Кога бил мал го терале да ја пее „Ајд идемо Радо“ од Тозовац, и го частеле сладолед. Не е ни чудо што подоцна стана панкер. Се дружевме на кеј и на свирки во Дом на млади. Но кога завршивме основно го загубивме од кадар. Неговите сакаа тој да се запише во средно медицинско во Штип, се гледавме само за празници и викенди. И тој и ние им се лутевме и едвај чекавме да заврши средно и да се врати во Скопје. А потоа…
Драган:
Тоа беше последната година на Југославија. Почна судирот во Словенија во тој момент и ете ја бев во касарна во Загреб, бев санитетец благодарение дека имам средно медицинско и имав некако привилегирана позиција да излагам секој ден надвор, бев многу послободен во споредба со другата војска. Али почна проблемот у Словенија и ја бев у касарна за војна полиција у вод за интервенција нажалост. И се деси целото тоа срање околу Книн и требаше да ја пратат целата наша касарна директно да отиде таму. У меѓувреме со среќа, нели Македонија прогласи независност така да татко ми бог душа да му прости, ја запали старата застава од Скопје и не знам, направи највероватно рекорд као Ники Лауда да дојде од касарна да ме собере затоа што старешината на касарната им дозволи на сите Македонци да се повлечат, да си излезат надвор доколку не сакаат да учествуваат во конфликтот и јас ја искористив таа опција.
(музика од бендот Плавајс)
Илина:
Драган се враќа дома, свири во групата „Плавајс“ и во првата постава на „Сет“ заедно со Владан, Доријан и Пацерот. И повторно на сечие изненадување, запишува – Богословски факултет! Ова го држи две-три години, но потоа слушаме дека заминал некаде низ белиот свет.
Драган:
Се десија сите… почна нели граѓанската војна и целата структура почна да се губи. На извесен начин може да кажам дека нашата генерација… ни го тргнаа тлото под нозете буквално преку ноќ. И ја вака персонално некако се најдов у една хаотична ситуација во која што гледајќи наназад и гледајќи ја некако сегашноста, реалноста која што нè опкружуваше у комбинација со еден персонал… личен немир, лична љубопитност, личен глад за живот после многу високи и ниски и после многу соочувања со самиот себеси некако ми дојде спонтано идејата да ја напуштам некако Македонија, да се така фрлам надвор у свет, да тргнеме и ние страдалници од век. Ако може да парафразирам (се смее).
Илина:
Приказните за „Радавиденијата“ беа чести, иако не секогаш сигурни. Наводно свирел бубњеви на улиците на Рим. Други велеа дека виделе човек што личи на него во Амстердам. Да ни кажеа дека е на брод за Африка, и во тоа ќе поверувавме. Но сега го најдовме во – Швајцарија, во како што вели, последното поглавје од својот номадизам.
Драган:
Живеам во Швајцарија, работам во една клиника, работам на одделение онколошко-палијативно одделение. Тоа се онколошки случаи, луѓе со различни верзии на рак кои што ги имаат направено сите можни терапеутски пристапи, нажалост без успех и се наоѓаат во фаза во која што треба да излезат од овој тродимензионален реалитет. Значи луѓето умираат. Одделение кое што е специјализирано за да ги сузбие сите негативни симптоми во оваа ситуација. Ако има страв, параноја, болови… Не е куративен пристап, него е пристап да се отпрати човекот на најдобар можен начин, да излезе од неговата многу болна и невозможна ситуација.
Илина:
Оваа можност за достоинствена смрт Швајцарија ја нуди на секој свој граѓанин. Но просечниот престој на пациент во болницата кадешто работи Драган е само триесет дена. Дали ваквото секојдневно соочување со смртта влијае врз неговото сфаќање на животот?
Драган:
Во голем дел да, ми се смени затоа што… затоа што кога си сведок на такви тешки завршувања знаеш, затоа што целата таа работа не е само ако некој си замислува ете има пациент во кревет, сето тоа не е толку асептично. Мислам ти си сведок на људски, фамилијарни драми. Значи чоекот умира, умира татко, околу него се две ќерки, мајка, тоа е процес што ќе трае две, три, четири недели. Фамилијата ѝ е дозволено да остане во собата на пациентот и ѝ е дозволено да живее со него, така да ние сме дел од целиот фамилијарен процес. Не е мислам асептична работа, доаѓам, му ставам морфин у вена и излагам надвор. Значи доаѓам, воспоставувам контакт со луѓето и после многу краток период… тоа се многу интензивни емоции, стануваш стварно дел од фамилијата.
И.Ј: Дали те мачи тоа?
Да. Да. Во голем број на случаеви те мачи меѓутоа во секој случај ти е тригер некаков филозофски да почнеш да ги обработуваш тие стимули што се многу јаки. У секој случај е позитивно дека го цениш животот повеќе. Дека не се… не си кршиш толку многу глава за така секојдневни лапалии и ситници што порано те… комплетно излагаш самиот од себеси, си викаш – добро, сè додека немаш што да правиш со смртта или било каков нејзин аспект, све ова што ти се дешава околу тебе е добро.
Илина:
Драган денес има семејство, сопруга и две ќерки. Дали се уште им се лути на своите родители, и покрај тоа што сега живее од професијата која тие на нејќење му ја одбраа?
Драган:
Па тоа е супер, многу интересно прашање. Ова беше исто… твоето прашање практично ги потврдија зборовите на моите родители кои што после сето ова време што помина, јас целиот живот ги обвинував дека на извесен начин мојот живот беше уништен со овој акт дека ме запишаа во друго место кое што јас воопшто не го ни калкулирав зашто би требал да одам таму. Меѓутоа иронија на случајот сакаше повторно после сите овие перипетии и синусоиди животни, да се вратам во оваа професија која што иницијално јас воопшто не се ни осеќав повикан за неа.
Илина:
Што мисли како ќе изгледаат следните 50 години?
Драган:
Тешко прашање. Не знам како… Добро, светот се менува. Ако се свртиме наназад да видиме што све не се исподеси кога бевме 20 годишњаци до сега, разбираш. И се менува некако многу брзо, многу брзо оди у некоја насока што ете мене персонално, субјективно не ми се допаѓа многу како ќе биде. Веќе сега се осеќам некако лост ин транзишн, ако може така да се наречам. Осеќам некое ладно чувство околу срцето. Осеќам дека доаѓа една… една нова ера во која што ќе ми биде уште многу потешко да се привикнам на новите правила на игра. Некако така… така се осеќам..
И.Ј: А кои би биле тие нови правила? Во смисла на социјален дарвинизам она што спомна?
Д.Т: Па имам некое чувство дека некаде од 90-те години се работи активно да се промени социјалното ткиво во Европа и на глобално… некако на глобално ниво. Мислам дека се гледа апла се обидува да се уништат светли идеалистички идеали како фамилија, пријателство, право пријателство во смисла на филија, не пријателство базирано на интерес и на профит, како што кажа ти, зашто не сме ги сочувале тие фотографии, зашто не сме се фотографирале аутоматски. Затоа што можда потсвесно си знаел дека тоа е фетишизам, ништо друго, ме сфаќаш. Затоа што ти било важно, затоа што секоја наша конверзација меѓу нас беше како еден ритуал. Еден ритуал сакрален у кој што си растел заедно, си давал, си примал, разбираш. Нема појако и подобро од тоа, според мене. И гледам дека иднината не е во таа дирекција. Иднината го нема тоа како објектив.
Илина:
А дали се чувствува стар?
Драган:
Да и не. Зависно… добро малку сум постабилен, постанат сум постабилен во животот, значи не сум веќе под доминација хормонална во извесен случај… донесувам можда многу позрели и позрели решенија. Во секој случај се осеќам стар. Али стар… стар, постабилен, во таа смисла.
И.Ј: Позрел значи.
Д.Т: Да, во секој случај позрел, да. У Римското царство околу 50 години за легионарот е време на пензија. Значи империјата му дава парче земја у Македонија која што е провинција римска и он се посветува на отчелнички живот, медитативен, романтично во стилот на Цицерон и така натаму, каде што не е веќе доминиран од желбите на телото него се посветува да сфати како ќе заврши филозофскиот аспект на човечката егзистенција. Тоа на нас ни е одземено. Тоа право. Значи немаме право ни како римски легионери.
И.Ј: А доаѓаш ли често во Македонија?
Д.Т: Не. За жал не. Дека имам малку многу интензивен работен живот и секојпат кога ќе се вратам некако во Македонија се осеќам многу некако… не знам како да го кажам… исколачено. Се осеќам како да сум на погрешно место али не го кажувам тоа од позиција на супериорност него не успевам да го препознаам градот што го имам меморизирано. Пошто сум долго време надвор, мојата меморија е многу светла, многу различна од она што го гледам сега како реалност и некако ми е многу проблематично да се навикнам. Се осеќам многу страно. Малку нервозно. Да.
И. Ј: Сепак самиот факт што го праиме муабетов и што со љубов се сеќаваш на минатото значи дека си носталгичен ваљда.
Д.Т: Да! Да! Зашто да не. Можам да си го приуштам тој луксуз (се смее).
(премин „Ходен же“ – Мизар)
Илина:
По некоја хронолошка логика, Драган и нашиот следен соговорник можеби се разминувале во ходниците на Богословскиот факултет. Но Сотир Илиевски, пред да стане отец, а потоа и владика Пимен Европски, учел нешто сосема друго.
Отец Пимен:
– Ти учеше средно или гимназија?
– Средно насочено, математика-физика.
– Значи таман за тоа што потоа студираше, а тоа е машински најпрвин.
– Да. Меѓутоа, после тоа не испадна ништо од тоа.
– Нечии планови биле поинакви.
– Па да.
Илина:
Средното насочено, карактеристично за нашата генерација, според отец Пимен се покажал како неуспешен проект. Исто како и тој, малкумина останале на она што замислувале дека ќе бидат во средношколските денови. Но има нешто поважно, особено за машкиот дел од неа.
Отец Пимен:
Друго, исто она што е карактеристично особено за машката наша генерација, тоа е што бевме во таа последна генерација на ЈНА, кога многумина од нас и ја осетија војната на свој грб. Некои ете имавме среќа да неколку дена пред да заминеме на фронт да се вратиме дома и (да го избегнеме) тоа искуство воено и сите оние синдроми кои потоа се јавуваат. Но ние сме таа генерација, на нас се скрши тој товар.
Јас по некоја случајност требаше да одам во Загреб во војска, па потоа некако во последен момент променив датум на одење во војска и отидов во Струмица. И останав во Струмица долго време затоа што дадов стража таму и сите кога добија откоманда ретки бевме тие што останавме во батаљонот во Струмица. Кога веќе започна војната во Словенија и во Хрватска ние бевме интервентен батаљон. Јас на 3 септември заминав од војска затоа што немав искористено редовно нешто, ме оставија на стража. А веќе на 13ти целиот мој батаљон замина за Бања Лука и од таму по фронтови. Така да, затоа реков дека некои успеавме…
И.Ј.: Да, и самото тоа што си бил во Струмица било необично затоа што од една република ако си обично те праќаат во друга, не во иста.
Па да. Малкумина бевме ние што така се погаѓаше да бидеме блиску. Не беше со врски секако, гарантирам то, туку некоја случајност што сепак нема случајности според учењето на православната црква, но ете.
Сепак бевме таа некоја генерација „чурук“ шо се скрши на нас голем терет, што нè натера да пораснеме предвремено особено оние што одеа на фронт, но и сите ние што бевме во очекување постојано дека ќе заминеме негде.
Илина:
Со осамостојувањето на Македонија се подигна националното чувство, а тоа пак се поврза со православието. Многумина се свртеа кон верата, црквата како да доживеа ренесанса, манастирите заживеаа. Ова се почувствува и во музиката и во уметноста, која почна да црпи инспирација од старословенското и византиското културно наследство. Дали ова било мотив тој да се одлучи за теологијата?
Отец Пимен:
Не ме повлече мене тоа. Но сепак бевме луѓе коишто е кога се распаѓа државата во којашто си живеел, во која си верувал, во која си се чувствувал згрижен и поистоветен со неа, ти се распаѓа и влегуваш во една несигурност и многу луѓе гледаа некоја сигурност во некоја институција – црквата. Сепак тоа беа 20 века традиција која опстанала и некако беше сепак наш национален симбол МПЦ, тогаш се омасови црквата навистина. Едни луѓе почувствуваа слобода дека конечно можат послободно да доаѓаат во црква. Макар што, рака на срце, никогаш не сме имале таков строг комунизам или социјализам кои ги санкционирал нешто посебно луѓето што доаѓале во црква. Можеби во другите социјалистички земји тоа било многу понагласено, но кај нас не беше така. Сигурно затоа што како што велам во моја фамилија секогаш се чувала верата. Свештеник доаѓал 3-4 пати годишно, за водосвет, пред слава итн. Некои луѓе го сфатија тоа да се биде во црквата особено преку она што го спомна ти, особено во прв план музиката и филмот, преку „Пред дождот“, Анастасија и Мизар што ги реафирмираа тие вредности на старословенскиот јазик, на византиската музика, што ја направија така, подостапна и поинтересна за слушање. Сето тоа сме го немале со години и како ново нешто навистина ја разбуди верата и црквата се омасови.
Меѓутоа секогаш во историјата, да речеме уште во 4 век кога се омасовува црквата, кога станува надземна институција после Миланскиот едикт, омасовувањето значи секуларизирање на црквата. Така ни се случи и овајпат. Толку луѓе влегоа во црква наеднаш што..многу луѓе и од помодарство, многу луѓе и за да ја покажат лојалноста кон партијата што ја избрале како демо-христијанска и дека мора по дифолт да бидат верници. Малку се знаеше за верата во тоа време, навистина немавме ни…94-та година излегува од печат Библијата комплетно издание на македонски јазик во превод на архиепископот Гаврил. Тоа беше година може порано. Сме ја немале значи ни комплетната македонска Библија како извор на верата, а камоли дополнителни книги со толкувања или поуки некои од светите отци преку кои може да се расте во верата.
Илина:
Покрај гордоста што бил дел од онаа генерација што учествувала во овие промени и заживувањето на верата, отец Пимен е критички настроен кон она што се случува денес со она што во времето на осамостојувањето го доживуваме како остварување на идеал.
Отец Пимен:
Карактеристично за нашата генерација е тоа што ете првото наше гласање како полнолетни луѓе, ја имавме таа чест да гласаме за тие први повеќепартиски избори и да ја замислуваме нашата татковина како некоја супер-нација. Тој патриотизам што го имавме од старт, дека ете ни тежеше нешто од Југославија па не можевме да се развиваме како што треба и сега доаѓа до таа ситуација да имаме своја земја, своја татковина што толку си ја сакаме, за еве денес да се види дека џабе сме се надевале не било до Југославија туку до сите нас како чинители на тоа општество.
Илина:
Што е со иднината?
Отец Пимен:
Мислам дека најголема промена што ќе се случи во наредниве 2 декади дека ќе е враќањето кон едноставноста. Премногу нè убива ова темпо на живот што се случува сега. и премногу се групира народ со овие модерни емиграции, не зборувам само дека од кај нас се сели народ. Во Европа и во целиот свет ги има тие миграции и значи не само од малите земји кон поголемите туку воопшто, од малите места кон поголемите градови таму се создава цела концентрација. Сето тоа создава еден толкав хаос и толкави едни непотребни трошоци на кои човек е изложен, што сметам дека ќе се презасити човекот од сето тоа и ќе бара нешто многу по „бејзик“, да живее повторно во природата, да ги одгледува децата негде подалеку од таа џунгла. И дека луксуз да се живее во голем град, ќе остане само на сиромашните кои ќе немаат кај да се вратат, додека богатите сите ќе се оддалечат ќе ги напуштат поголемите градови, враќајќи се на еден многу нормален живот, на животот на нашите дедовци и прадедовци кога можеле и сами да се прехранат со одгледување на разни култури на мал простор.
Илина:
Се погоди разговорот со Пимен да го водиме на денот на неговиот 50-ти роденден, 3 октомври. Како го доживува минувањето на времето?
Отец Пимен:
Можеби не е толку до годините, сигурно дека не е дека си наполнил 50 и сега нешто наеднаш се случило во твојот живот, но навистина еве последниве две години многу помирен живот имам. Но пак ќе повторам, не верувам дека тоа си го направија толку годините колку што пандемијата што го направи со отсуството на патувања, па некако имам повеќе време и за себе и за оние што се околу мене да се посветам. Но како и да е и после тоа сметам дека и мудроста но и силата, мудрост доаѓа веројатно кога едноставна проценка ќе направиш дека ако си требал да патуваш 70-80.000 километри годишно дека сеа мудроста е во тоа што ќе ти светне мисла дека ќе треба барем на 50 да скратиш.
Илина:
Во 2017 со отец Пимен почнавме преписка, онаква старовремска, со подолги писма како кон непознато другарче, која се надевавме дека би можела да прерасне и во фељтон или книга. Ова никогаш не се случи, но нешто од сето тоа остана. Еве што ми напиша на мојата забелешка дека преписката би била помеѓу владика и етнолог, и верник и атеист:
„Кога спомнуваш дека си атеист да ти ја кажам една прикаска за еден мој повозрасен драг пријател, атеист веќе второ колено. Ми вели знаеш дека сум комунист атеист, а сепак редовно те читам и наоѓам вистина во твоите писанија. Веројатно поради тоа што стареам. Како на човека му се ближи смртниот час, така се зголемува стравот од неизвесноста, па ете човек си бара одговори на некои за него непостоечки прашања некогаш.
Ти си уште релативно млада, но баш би сакал да видам на повозрасни години дали и ти како деклариран атеист ќе ми го напишеш истово. Така и историјата ќе биде сведок на едно преумување, а и кај мене белким ќе се пише еден плус на Небесата дека сум нашол една загубена овца.“
(Arhangel – Uber Makedonishe)
Дарко Митревски:
Па мене ми е супер шо го прифатив ова интервју затоа што ме натера да се замислам за некои ствари на кои не сум се замислил порано. Да, точно е, кога ме праша да зборувам на оваа тема мене тоа малце ми звучеше како да ме прашуваш… некој шо не следи фудбал да го прашуваш кој му е подраг, Вардар или Работнички. Една тема која што никогаш не ме интересирала и у која никогаш не сум се пронаоѓал и интересна провокација, да видиш зошо не си се пронаоѓал во тоа и зошто сè уште не се пронаоѓаш.
Илина:
Преговорите за учество на Дарко во оваа епизода почнаа во три и пол наутро по негово, а поради мојата немарност околу временската разлика помеѓу Скопје и Лос Анѓелес. Почна со резервираност околу темата, за потоа да излезе најдолгото интервју за оваа епизода. Тој и Пимен се запознале неодамна, и сфатиле дека се родени во ист ден. Веднаш почнала дискусија околу тоа кој е постар и кој кого треба да го вика „оче“. Дарко свртел кај мајка му и резултатот е – постар е за три часа.
Тој е речит, со јасна мисла која е невозможна за сечење, лепење и монтирање, и талент за дефинирање на работите. На пример за дефинирање на она што точно значи „генерација“.
Дарко:
Кога фатив да се преиспитувам и спремам за овој муабет фатив малце да бидам… да размислувам како devil’s advocate ајде да видиме што… дали е баш навистина тоа толку небитно, генерациската припадност. И луѓето со кои си се дружел, страствено си се дружел, неволно си се дружел, си се дружел од шо мораш или ич не си се дружел туку си ги избегнувал, сите тие биле твои генерациски врсници, дали е тоа битно за остатокот од животот и дојдов до еден заклучок дека не само што е битно туку во нашиот случај е и клучно. И можеби само во нашиот. Зошто? Затоа што колку што јас се сеќавам од муабетите со постарите, пред сè моите постари братучеди кои што некои од нив беа баги постари, по некој 10-15 години постари од мене. Генерациите кои се раѓаа пред нас, не се раѓаа во такви услови како ние, како нашата генерација. Годините после Втората светска војна се години на тешка беда и немаштина и на глад. Ако погледнеш филмски журнали од тоа време ќе видиш дека луѓето се неухранети кои се појавуваат пред камера таму. Таа некоја економска ситуација се стабилизира педесетите но сè уште децата кои се раѓаат педесеттите се деца кои се раѓаат во скудни услови.
Шеесеттите почнува да се поправа стандардот на живеење но мислам дека кога зборувам со моите пријатели кои се родени шеесет и пета да речеме, сè уште има големи разлики помеѓу нив и мене и тоа како тие се сеќаваат на своето детство и како ние се сеќаваме на нашето детство. Генерациите кои почнуваат да се раѓаат ајде да речеме у некоја шеесет и деветта, седумдеста година па натака се генерации кои… за кои сите се убедени вклучително и ние самите така бевме убедувани и воспитувани дека сме родени во совршени услови. Никогаш претходно на Балканот не постоеле такви перфектни услови за воспитување и развој на децата. Не требаше да имаш многу пари бидејќи сите имаа… или немаа подеднакво количество на пари. Класните разлики, имотната состојба не беа така големи како што се денес и воглавном многу нешта беа достапни за сите. Јас бев ваљда првата генерација која што е родена во стан на своите родители. Мислам татко ми кој е роден на село не е роден ни во куќа, туку е роден на нива. Немало амбуланти, немало болници. Најблиската болница била на пеесет километри и така натака. Мајка ми која што е од градско семејство е родена во куќа во која што живееле 3-4 генерации истовремено. Ние бевме она прва генерација каде што во станот на кој што на врата пишуваше… ги носеше името и презимето на мојот татко и моја мајка живееше нуклеус од татко, мајка, син и ќерка. Толку. Четиричлено семејство кое што одеднаш почна да живее по некои стандарди кои што беа горе – доле европски стандарди на тоа време. И тоа се случи првпат. Значи одеднаш за разлика од не знам можеби само десет години претходно сега веќе не е реткост да јадеме тропски овошја за Нова година, не е веќе проблем да се оди секоја година на летовање и зимување. Летувањата и зимувањата не се веќе нужно поврзани со одење во Охрид или на Јадранско Море, туку веќе се оди и во странство, па така не знам јас се сеќавам дека научив да скијам на шест годишна возраст во Села Невеа во Италија, а секоја година одевме да кампуваме во Грција. Тетка ми со братучедите отидоа на турнеја низ Шпанија 78-ма година. Во тоа време се сеќавам дека стандардот на Шпанците не беше нешто многу повисок од стандардот на просечното југословенско семејство.
Ние сме таа генерација на која почнуваат да ѝ купуваат примамливи подароци за родендени и за крај на учебна година, не знам точаци, ролшуи, вокмени едно време се појавија. Одеднаш прва генерација која почнува да има некои работи во своите соби. Прво имавме соби. А второ во самите соби имавме нешта кои што тие што беа малку постари од нас ги немале кога растеле. И ни се потрефи и сè некако ни се поклопи. Се појавија некои нови работи кои ексклузивно како за нас да се појавија, не знам, од тоа дека… ја мислам дека бев првата генерација која што имаше тоа задоволство да ужива во собирање сликички овие фигури на Панини. Мислам дека овие претходно тоа го немаа. Денес го имаат сите деца. За да собираат сликички од Европско првенство. Е тоа се појави јас кога тргнав во училиште ми се чини. Не знам. Процутот на југословенската музика од 78-ма, 9-та, па до некоја 84, 5, 6-та се случи некако како за нас да е правен. Како точно да е темпиран да се појави, да се случи тоа во оние години кога ние влегувавме во тинејџ периодот. Немаше… секогаш се разбира има потреба од прогрес, но инфраструктурата во која што ние се родивме веќе беше изградена за нас. Значи немаше како во времето на татко ми да нема амбуланта. Не. Амбулантите беа тука, болниците беа тука. Горе – доле многу пристојно здравство. Мала смртност, мал морталитет на новороденчиња, успешно справување со детски болести, градинките, школите сè тоа беше тука, на пет минути чекорење од зградата во која што живеевме. Јас одев сам… тргнував на училиште три минути пред да заѕвони ѕвончето. Толку блиску беше училиштето до мене. И некако се… И беше безбедно. Супер безбедно беше. Немаше некои големи пороци. Кога бевме тинејџери најголемите стравови на нашите мајки беа да не ни стави некој дрога во кола-колата во кафич и да не дуваме лепак ваљда. И тие кафичи некако како почнаа да се отвараат како токму темпирани за нашава генерација. Порано ги немаше. Порано луѓе одеа пред „Ванила“ стоеја. Ние бевме тие кои го паметат „Ани и Бони“ не знам Камел – мамел, пирамиди и така натаму. Во турска чаршија сите кафичи кои се отворија. Некако сè како да се редеше за нас. И навистина бевме уверени и воспитани и родителите така мислеа дека ние сме родени сега во најубавиот од сите можни претходни светови. Јас се сеќавам дека мајка ми и татко ми не беа единствени во тоа. Слушав и други мајки и татковци како тоа го викаат на своите деца – сè ви е наредено, ваше е само да учите. И навистина некако сè ни беше наредено. Сакаш да се бавиш со спорт, постоеја спортски клубови. Сакаш да учиш инструмент, ќе те пратеа во не знам… или пионерски дом „Карпош“ или во нижо музичко. Сакаш да се занимаваш со техника, ене ти ја Дом на народна техника, ене ти го Дом на младите. Постоеја кино клубови, театарски групи, сè постоеше. Сè беше одеднаш наредено како во некоја претстава во која што ние сме главните глумци и само од нас се очекува да се појавиме на сцена и да блеснеме. И кога дојде тој момент да ние матурираме и да се простиме од она шо ни е генерација и да веќе почнеме да се дружиме со некои луѓе кои се постари или помлади од нас, не веќе генерациски да се дружиме, туку да се дружиме според интереси професионални, значи да тргнеме на факултет и да запознаеме некои други светови се случи комплетен распад на тој систем.
(Филм – „Дом“)
Д: Првите војници на ЈНА кои загинаа пред… Сашко Гешоски од Кавадарци кој загина пред сплитската касарна беше припадник на токму мојата генерација. Ние кои запишавме факултет таа есен 91-ва година се криевме по некои роднини по шкафови, под кревети да не нè соберат да нè пратат во ЈНА, а тие кои што немаа среќа да се запишат на факултет, веќе беа… да запишат факултет, веќе беа регрутирани и имаше еден мој пријател со кого се дружев во средно кој заврши како тенкиста на вуковарскиот фронт.
И се распадна… не само шо се распадна сказната, се распадна системот. Значи ние бевме како генерација подготвувани да блеснеме во тој најдобар од сите можни светови. Светот го снема и не беше заменет со нов. Тој свет во кој што преку ноќ се разбудивме беше свет во кој малтене беше глупо да се сонува.
Илина:
Дарко не се откажал од сонот. Дел од него се филмовите „Збогум на 20 век“, „Балканкан“ и „Трето полувреме“, како и антологиските документарни серии „Уа шнајдери“ и „Досие Скопје“. Сепак и тој во еден момент одлучува да замени еден сон со друг. И во тоа не е единствен.
Дарко:
Конкретно во мојот случај јас мечтаев да станам филмски режисер и станав филмски режисер ама Југославија беше една од битните кинематографии во Европа. Буквално преку ноќ ти се будиш во една земја која што нема кинематографија. Тоа беше Македонија. Југославија имаше прилично напредно здравство. Тоа можам да го тврдам одговорно бидејќи сите во фамилија ми беа бели мантили, од мајка, татко, преку чичковци, тетки и така натаму. Имам аверзија према бели мантили просто затоа што бев опкружен и одраснат меѓу нив. Кај нас дома на ручек се дискутираше за некои латински термини кои што не ги разбирав. Доаѓаа на… кога ќе се соберат роднини и збореа за рецепти, за лекарства, за пациенти. Тоа беше грозно да се слуша кога имаш 16 години и слушаш за болести. Но знам дека беа сите врвни професионалци во еден систем кој што можеше да се справи со ситуации со кои денешниот систем не може да се справи. На пример тетин ми беше епидемиолог кој беше дел од екипата која успешно се справи со епидемијата на вариола вера во 70-те, каде што се покажа дека постои систем кој што е на две нозе поставен.
Без обзир… без оглед на идеолошките и политичките компоненти на тој систем. Сега зборам за она што е секојдневие, она што е инфраструктура во која се одвива нашето… се одвиваше нашето секојдневие, тоа пуф! Го снема. И беше… мојата сегашна сопруга во тоа време, во 90-те студираше медицински факултет и од денешна перспектива тоа изгледа како да се обучувала да биде дел од еден систем кој 10 години после тоа или 15 ќе се распадне сосема. Мислам го гледаме денес здравството во Македонија на што личи. И мислам, веројатно тоа може… ова што го зборувам за медицина и за филм, може да се примени на десетина, дваесетина или педесетина други професии или индустриски гранки. Индустријата која што постоеше во Македонија која што беше апсолутно видлива. Нас нè носеа во средно училиште на праска во „Металски завод – Тито“ кој што беше еден гигант непоимлив, за денешниот Балкан непоимлив. Го снема! Мислам физички го снема тој… тие згради во наредната декада се претворија во урнатини, онакви сталинградски урнатини. И тоа е нешто што ми се чини дека и ден – денес го немам преболено и е нешто што ќе ме следи како проклетство, генерациско проклетство сè додека сум жив. Не губењето на една држава, стекнувањето на друга, туку губењето на систем кој што функционираше и кој што требаше да се доразвие. Ние не бевме во тоа време… јас се сеќавам кога имав 17 години ја не бев задоволен со системот во кој живеев, но работев и веројатно бев најмладиот член на редакцијата на „Млад борец“ која што беше тогаш центар на демократската преродба во Македонија. Секој кој имаше било што вредно во главата доаѓаше во „Млад борец“, беше интервјуиран за „Млад борец“, пишуваше за „Млад борец“, се муваше или барем купуваше „Млад борец“. И ја бев дел од таа приказна и бев многу горд што сум таму и имав чувство дека сега допрва ќе се случи нешто феноменално. Сега ќе… овој… овој ригиден еднопартиски систем кога ќе падне, а се гледаше дека ќе падне, ќе дојдат некои времиња кои што се фантастични! И тие времиња веројатно дојдоа во Полска, во Чешка, во не знам Унгарија, во некои други земји тие времиња и дојдоа. Кај нас никогаш не дојдоа. И затоа што тие времиња никогаш не дојдоа таму, многумина од нас си заминаа од таму. И кога денес се сеќавам на лицата на луѓето со кои одевме на домашни журки во средно бидејќи тоа беше многу популарно да се оди на… родителите ќе отидат на викенд, тој шо е сам дома неделата вика на журка и доаѓаат сите останати. Од таа екипа што се дружевме и што малтене секој викенд одевме некаде на некоја домашна журка, на прсти на една рака се бројат луѓето кои што сè уште живеат во Македонија. Сите други сме во некои Америки, Канади, Германии, Австрии и така натаму.
Илина:
Вели дека Лос Анѓелес личи на големо Тафталиџе, кое пак личи на американска субурбија. Не му недостасува географијата, ниту домашната кујна.
Дарко:
Она што ми недостасува се луѓето затоа што се сеќавам колку… една Мира Фурлан еднаш рече – не можете од по ново да си направите стари пријателства. Старите пријателства се вредни токму затоа што се стари и затоа што со тие луѓе имате некакви спомени и имате некаква… некаква… најмал заеднички именител кој шо е некаде во минатото. Новите познанства кои шо ги правам овде го немаат тој квалитет. Имаат други квалитети. Но го немаат тој.
Некогаш имам потреба да напишам некои реченици кои што само на македонски можам да ги напишам и веројатно никогаш нема тие реченици да имаат своја публика.
Илина:
Дарко вели дека верува во статистики, и според нив ние нема да бидеме таа генерација којашто ќе ги доживее наредните педесет и ќе слави стоти роденден. Смешно му е што закопот на Тито го гледал на Кертинг телевизор кој имал осум канали од кои програма имало само на два. Денес е комплетно зависен од апликации, и одамна не мора да моли некој да му донесе стрипови од Трст или од Лондон.
Дарко:
Сè е на магично стапче. Она што го посакуваш, праиш чирибу-чириба и се појавува пред твоите очи. Не постојат веќе желби кои што се…желби од тој тип, кои што се неостварливи.
Ми е страв дека оваа огромна благодет која што ја уживаме не ќе да е на арно. Шо викаат во Босна – да је боље не би ваљало. Мислам дека ние сега сме дојдени во тоа… во таа фаза, дека е боље и дека нема да ваља.
(Бранко Коцкица – „У свету постоји једно царство“)
Гордана Војнеска:
„Јел си био члан библиотеке? Јесам био сам члан библиотеке. Имао карту, вика. А које боје? – Специјааалне! Два прста, вика, вири из џепа. Мого сам да уџем у библиотеку сред бела дана, попијем, поједем. И демек изаџем. И оваа му вика – тата,тата, али тебе су звали у полицију. Секао си слике из књига.
Па слике су за ѕид, нису за књиге, јебо те Бог.“
Илина:
Ова е мојата најдобра пријателка, Гордана. Прв пат проговоревме на час по ликовно во средно, кога ми побара гума. Секако, само таа се сеќава на ова, како и на уште куп работи, со тоа претставувајќи наша подвижна и скапоцена архива. Кога ја прашав, на пример, дали бевме низ Југославија во средно таа ми одговори со цела страница факти и спомени, меѓу кои и дека сме виделе змииче на оградата од хотелот во Херцег Нови! На одмор во школо често ја глумеше Радован Тречи, и фалеа само бркови за да биде Зоран Радмиловиќ. Како дете од мешан брак, таа на свој начин го доживеала распадот на Југославија.
Горде:
Па види сега, дека тоа беше некое малце чудно чувство, беше чудно чувство. Од една страна, страв дека мојата мајка нели е Србинка, дека е од друга држава ќе биде веќе од друга држава, и како ќе бидеме прифатени. Бидејќи во тој период имаше така еден националистички набој во Македонија. А од друга страна па, мислам мајка ми има огромно чувство на припадност кон македонскиот народ бидејќи овдека работела, живеела. Многу поголем дел од својот живот живеела во Македонија отколку што живеела во Србија односно во таа Југославија. И некако цело време викаше – не се секирајте, ќе се среди. Можеби затоа ни даваше малце така, не’ смируваше. Од друга страна, Македонци сме, татко ми е Македонец, зошто би се случило нешто лошо, а плус и фамилијарно сме од фамилија во којашто има војвода, Смиле Војвода од Охридскиот крај ми е прадедо, припадници сме и ние на тоа ВМРО и на Македонија. Измешани чувства, измешани чувства.
Илина:
Таа често раскажуваше анегдоти за прилагодувањето на мајка и’ на новата средина.
Горде:
Тоа беше првото што мајка ми беше изненадена…мислам тоа и било прво што го запамтила и цел живот го кажува. Кога дошле во Србија доаѓа во прилепско ја носи татко и сите и’ викале да јаде нешто, да касне нешто. А во српскиот касни е доцни. И сите и’ викаат касни, касни, абе касни малце, касни. И она му се свртела на татко ми и „Извини Благоја, где ми каснимо, где треба да идемо?“
Илина:
Сепак, кога ја прашав кој настан би го издвоила како специфичен за животот на нашата генерација, таа одбра еден кој не го спомна ниту еден друг соговорник, и кој како да го имавме подзаборавено.
Горде:
Мене нешто што ми остави впечаток беше хаваријата во Чернобил кога се случи тоа, 86-та година. И тоа одѕвони на сите, кажаа дека не смееме да излегуваме надвор бидејќи е можно да има голема радиоактивност, да не се движиме, посебно децата, ова-она, и тоа така малце го доживеав, хаварија, знаеш…
Илина:
Како се чувствува денес, со полни 50 години?
Горде:
Јас дали се осеќам старо? Никогаш! Веројатно треба во главата да се осеќаш. Стварно не се осеќам. Годините ги живеам онака баш како што мислам дека треба. Сеа еве имаме 50 години и мислам дека баш така треба да се живеат годините. А дека треба глупости да правиш во животот, дека тие те оддржуваат млад, треба. Хумор да внесеш во својот живот, да се гледаш со пријателите, па и некогаш да направиш нешто што е вон твоите ај да речеме години, да се однесуваш помладо. Не се чувствувам старо, може и на сто години нема да се чувствувам старо.
Илина:
И пак Радован и неговиот визионерски хумор.
Горде:
„Ти не читаш новине.
У новине много брзо пише па не могу да прочитам.
А шта читаш?
Па читам само оно ко је рикнуо, знаш. У новинама све исто пише, само промене датум, и опет исто.“
Ко ќе видиш, стварно, историјата се повторува.
(EKV – Kao da je bilo nekad)
Надица Таневска-Јанева:
Сеќавањата од детството и младоста генерално ми се поврзани со ете првиот збор или првата асоцијација на детство ми е навистина безгрижност. Еден таков светол и топол дом, со многу сонце и светлина, секогаш музика и убави мириси од кујната на мајка ми.
Илина:
Надица е наша соученичка од Јосип Броз, денес наставник по социологија и во контакт со некои нови клинци и нивните соништа и стравови. Иако разликата во години помеѓу неа и нив не е кој знае каква, генерацискиот јаз е сепак голем.
Надица:
Кога се сеќавам на периодот на детството и младоста и кога се обидувам да пренесам дел од тие сеќавања на моите ученици денеска, некако имам чувство дека не било тоа пред еве три-четириесет години, туку често пати на учениците кога им евоцирам некакви случки од мојата младост се смеам и им велам дека се чувствувам како бабата од Титаник затоа што имам некакво такво субјективно чувство дека тоа е многу многу одамна. Веројатно тоа се должи на големите промени и наглиот развој на општеството во сите сфери од животот. И кога се обидувам да им објаснам разлика во години од триесетина години, значи во однос на еве мојата помала ќерка или во однос на моите ученици со кои сум сега разлика околу 34-5 години, некогаш мислам дека тоа е триесет светлосни години, затоа што разликата во начинот на живот во однос на тогаш и сега ми се чини многу драстична. Има некои технолошки пронајдоци или помагала кои ние сме ги користеле, видео камера или касетофон или класичен телефон коишто тие ги имаат и прескокнато како генерација со коишто воопшто не се ни сретнале. Од таков некој аспект разликите се навистина огромни.
Не сум југоносталгичар, но низ животот ми беше голем предизвик да се навикнам да живеам во мала и не толку позната држава или земја во светски рамки а сум се родила и младоста сум ја поминала во една економски, воено и на секаков начин силна држава. Тоа ми е да кажам една битна промена којашто ми се случила во младоста па претпоставувам ми оставила некаква трага, затоа што често пати знам да кажам дека ако се распаднала една таква држава, сè може да има неславен крај.
Илина:
Ако нашето бреме беше пред се резултат на политичките турбуленции, какво бреме им оставаме на идните генерации?
Надица:
Ако се обидам да размислам што гледам следните 50 години, на што се надевам а од што се плашам, се надевам дека човештвото и науката ќе најдат начин да ги надминат сите предизвици коишто луѓето ги оставија да речам во едно неблагодарно наследство во однос на еколошката ситуација, а се плашам дека тоа нема да се случи.
(Леб и сол – „Као какао“)
Ели Џукеска:
Jас уствари имав најголема желба да станам археолог и тоа и денес ми е желба нели, така си замислував кога бев мала, а и денес кога сум мала си викам – сакам да бидам археолог. Дури и размислував кога се запишав на класични студии во трета година да… паралелно ете да се запишам на археологија, меѓутоа во текот на студиите се разбира се профилираа моите интереси и се определив за археологија на јазикот, односно за историја на класичните јазици. И да, тоа ме исполнува целосно, не би го менувала сега тој избор сигурно. Но се подразбира дека кога повторно би се вратила со овој памет сега на почетокот пред 25 години, многу работи би ги направила поразлично што се поврзани со професионалниот живот.
Илина:
Јас, Горде и Надица во средно бевме во тројката, а Ели во двојка. Веројатно најдоследно на културолошката насока на којашто припаѓавме, учејќи три таканаречени мртви јазици – латински, старогрчки и старословенски, таа по гимназијата се запиша на класични студии и денес предава на Филозофскиот факултет. Интересна е нејзината споредба, не на нашето детство и она на денешните млади генерации, туку на ставовите на нашите родители и денес нашите.
Ели:
На пример по однос на однесувањето нашите родители биле многу загрижени за нашето однесување, како се однесуваме и што правиме. Денеска мислам дека по однос на однесувањето сите ние имаме различни па дури и спротивставени ставови. Дали е тоа добро или лошо е нели прашање за поголема дебата. Исто така мислам дека нашите родители со голем ентузијазам да речеме гледаа на стекнувањето на образование, нели особено високо образование затоа што тоа беше некако клуч за добар живот и удобен живот. Вработувањата беа прилично извесни и можеше да се живее нели од платата. Ние денес се разбира исто како родители многу сакаме нашите деца да завршат факултет меѓутоа факт е дека вработувањата се повеќе неизвесни отколку извесни. А и факт е дека денес не ни мора да имаш завршено факултет за да заработуваш добро. Просто се сменети условите за живот и ние на тоа гледаме едноставно поинаку. И една исто така важна работа, мислам дека нашите родители веруваа во државата и во институциите, така и нас нè воспитуваа, дури можеби и слепо веруваа во голема мера. Ние денес не можеме да се пофалиме со такво нешто бидејќи нели никој не може да верува во заробена држава и заробени институции. Но од друга страна пак, ете ние денес прилично активно учествуваме и во креирањето на државните политики и во работата на тие институции, колку што можеме.
Илина:
И покрај разочараноста од спороста на посакуваните промени на подобро, Ели е сепак оптимист или поточно реалист, фокусиран на сегашноста.
Ели:
Па секогаш… секогаш се надевам на подобар живот, а се плашам од полош живот. Но главно сега погледот ми е фокусиран на тоа што се случува сега и овде. Не размислувам за иднината како што можеби сум размислувала кога сум имала 18 години и едноставно се трудам да го видам тоа што е и во мене и околу мене сега и овде, во овој момент и да се допрам колку што можам повеќе до убавината.
Не. Не. Се осеќам секогаш како да сум на почетокот на животот. Имав некоја таква криза кога наполнив 40 години, меѓутоа мислам дека тоа беше тогаш, последен пат. Сега се чувствувам сосема солидно.
Илина:
Шест различни соговорници, шест различни а сепак блиски приказни. Соништа, потраги, носталгија, спомени. Мило ми е што сум иста генерација со овие луѓе, кои и покрај сите предизвици денес звучат зрело и стабилно, како некој кој успеал да си го најде патот.
Епизодава, која е последна за втората сезона, сакавме да им ја посветиме на оние од нашата генерација кои прерано нè напуштија. Сепак, таа ќе биде за новите генерации. Ја посветуваме на Нора и Катја, на Оливер, на Филип и Кики, на Ана и Марија, на Матеј, Иван и Јоан.
Се надевам дека ќе бидеме заедно и во следните педесет години.
(песна „Еј гулаби гулаби бели“ – Златно славејче 1972, Билјана Дамјановска)
Ја викале нана Наде. Била физички силна и одлучна жена, која поради животните околности морала да ги земе мрежите и веслата в раце и да се отисне од брегот на домот под Канео. Денес нејзиниот глас можеме да го слушнеме благодарејќи на сочуваните архивски материјали. Но и преку спомените на нејзиниот внук, Ирак.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
(звук на бранови)
„На двајс години јас се м’жив овде. Кого го барав овде во водава?“
(брановите продолжуваат)
Илина:
На жените од минатото често се гледа како на понизни, пасивни жртви на едно време и на неговите обичаи. Денешната приказна е малку поинаква – таа е за една жена која соочена со тешка животна ситуација ги зела работите во свои раце, и пред повеќе од 70 години почнала да вади леб за семејството од една типично машка професија.
(Common People)
Jaс сум Илина Јакимовска. Оваа епизода од подкастот Обични луѓе ја посветуваме на Нада Мешурева Каневчева, првата жена-рибар од Охрид. Со неа во 2004 разговараше Ана Ашталковска Гајтановска.
Нада Мешурева, родена сум во Ресен илјада деветсто двајс втора година. Во земјоделска фамилија. Имавме имот, башчи, нивја со жито, шо немавме. Имот имавме ногу. Работав ногу како момиче. Да ти кажам прасина, волој, крави, кокошки… Од работа бегав, да се м’жам негде за полесно. Имав и момчина шо ме бараја тука, не сакав Ресен да се м’жам. Сакав некаде подалеку, да не работам. Се омажив в Охрид. Овде фамилијава беше рибарска фамилија. Ко се м’жив ми беше ногу убо овдека. Најдов свекрва, девер неженат, две золви нем’жени, две м’жени, м’жот ми и јас. Ногу бевме радосни и весели овде во куќава. Со гости секој ден имавме. Риби фашчаше м’жот ми, си беше газда, имаше свој влакој, чуној, со аргати работаше. Аргати идаја. По банка на ден на аргатите на сите му даваше, си идаше… идаја аргатите.
А.А: Тие ловеа? Како беше то со аргатите?
Н.К: Со влакот, со чунот ќе дојдеа аргатите ќе одеа, ќе ловеа, а ко ќе си одеа аргатите, по една бакна му даваше. Секој ден по една банка! А ко ќе фатеше риби појќе, по три риби на прстите ќе му закачеше. Чорбалок.
А.А: Чорбалук?
Н.К: А, чорбалок му даваше.
А.А: То се викат чорбалук, рибите?
Н.К: Чорбалок.
Илина
Со мажот ѝ, Ирак, се запознале како што било тогаш редот, преку стројник, Поп Јонче од Ресен. Ама првиот пат младиот рибар од Каневчеви некако не ѝ фатил око, како да поткуцнувал на едната нога.
Н.К: И идат попов со еден Турчин, јас и пречекав, му бацив р’ка, влегоја вн’тре, му пушчив вино една чинија. Шо имавме, шо дал господ и почестив и попов стана, си ојде. Му пушчил телеграма – како да знајш да дојш. Демек да се видиме. Се видовме, дојде со Димитри Точко заедно Ирак. Јас не го бендисвав првиот пат.
А.А: Не, а?
Н.К: Не го бендисав.
А.А: Шо не ти се бендиса?
Н.К: Не ме бендиса, некако ко… не знам. Не ме бендиса. Уше еднуш дојде и решив, се м’жам за овдека. Така било писано, шо ќе прајш.
А.А: А како гледаше вака, шо… шо не ти се бендиса на пример, како…
Н.К: Не ме бендиса, не знам така, не ме бендиса чоеков.
А.А: Како изгледат вака, каков е? Или?
Н.К: Не ми се свиде некако како да беше… вака како да се валеше и јас реков – не сум куца за куц да се м’жам.
А.А: Аха, аха.
Н.К: А тој не беше куц, туку од влакојте шо и тргале и така се валеше понекога… Се валкаше во одејнето. Не беше ногу демек, ама така ми се виде нешчо. Али било писано, ето вторпат дојдоја, тој рекол – уше еднуш барем да ја видам. Дојдоја уше еднуш со Димитри. Јас излегов надвор, везев една бошча, уште ја имам за спомен бел вез и – добар ден – ми рекоја. – Добар ден! Ме испули тој убо, и јас го испулив и је реков на сестра ми – нека бидит!
Илина
Животот на Нада првите години по мажењето бил добар. Дома имало разбирачка, охриѓани ја прифатиле. Наскоро добиле и деца. Но еден настан ќе смени се’.
Н.К: Рибарска посла, знајш како е. Живевме убо, се родија три деца. Првиот Филип… првата До… прва Добринка се роди ќерка ми, после Филип, после Јаким. Три деца родив. Седумнајсет години живевме со м’жот. Од срцето умре в ен час. Апанцас умре. Срцето го стегна, не знам шо… Пешчани беа со влакот, фашчаја риби таму. Дојде, р’ката му отрпна, бргу-бргу ојдовне, рече – книшкава да ја потпишам на рибарница. И таму падна, умре. Дур ојдовне кај Шорка нишчо, умрен беше. И останав со три деца и свекрва ми. Девер ми се жена, си се дели, во друга куќа ојде бидејќи немавме овде место. Овдека беше тесно во куќава да се женит и тој. Си си ојде со кирија, ние останавне овде. Јас видов – не видов, к’ј да одам. Немавне имоти нешто. Имавне од м’жот ми сиве алати, мрежи, ова – она. Кога имаше со блинкерот риби и јас почнав да си одам на риби со син ми Филип. Дејна – ношја… ношја фрлавме мрежи мрејци, дејна одевме на блинкер. Фашчавме риби ногу.
А.А: А колкав беше син ти тогаш?
Н.К: Син ми заврши… заврши осмо… осмо оделение заврши. Се уписа… ќерка ми беше поголема една година и три месеци. Таја заврши осми клас, тој за економски се записа… не. Таја се записа за гимназија, тој се записа за економски. Јаким беше мал, трето оделение беше ко умре м’жот ми. Најмал беше.
Илина
Наде морала да се прилагоди на новата ситуација. Со најстариот син Филип или Фило почнале да ловат риби, од три наутро до седум вечер. И така 20 години.
А.А: Значи ти ловеше со Филип со…
Н.К: Јас одев со Филипа на блинкер. Дејна и ношја. Ношја со мрежи, дејна на блинкер.
А.А: А како научи да ловиш?
Н.К: Знаев и со м’жот ми одев ко беше жив, му поможвев, знаев. Веслав! Сега имаме мотори три-четири. Тога немаше мотор. Одевне со веслајне. Од сабајле од три сатот, до вечер до седум, со веслајне по езерово веславне и фашчавне риби. Рибите ко ќе дојдевне навечер и носевне… девер ми беше во рибарница работаше, ојде Скопје, со зет му отворија дуќан на ангро железара. Дојдоја партизаниве, комунистиве, му го зедо дуќанот. Се врати назад. А дур беше тој Скопје рибите ми и земаше Ѓоре Дуко во Палас. Беа со м’жот ми пријатели, таму и носевне. Јас ќе одев со кајчево со детево, али Јаким али Фило, во зимбилот рибите, десет кила, петнајсет, ќе му и однесевне на Ѓорета, тој работаше во Палас, шеф беше. И рибите ќе и туреше во фрижидерите и ќе го опиташе Фила – мајка ти и трга рибите? – И трга. – Колку кила беа? – Олку. Парите в р’це му и даваше на детево. Ако Фило нешчо не беше тука, Јаким и носеше рибиве, ако беше Фило негде на друго место на работа, Јаким и носеше рибите. Јас со кајчево ќе го подносев онде пред Палас. И така срце, години ногу, двајсет години одев дејна и ношја на риби. Дејна и ношја.
А.А: Само то го работеше.
Н.К: То работав.
А.А: А другиве жени ловеа риби?
Н.К: Никој не одеше. Прво јас ојдов. Прва жена јас ојдов на риби.
Илина
Мажите пак ја почитувале. Не и барале ни дозволи, кои тогаш биле обврзни.
Н.К: Нишчо, шо ќе реагирет! Можит му беше м’ка, фашчав многу риби. Имаше еден… едно бротче. Во бротчето беше Наумче, Спиро и Круме. Тројца беа куманданти во бротчето. Никогаш не се добраја до мене. Али му беше жал, али му беше страм. Понекогаш ќе ме поздравеа од бротчето, јас жена со детево ловам риби, на албанска граница дури одев. Ќе ме поздравеа со усул и бегаја од мене. Му беше можит и жал и страм. Мирко ќе дојдеше и Цветко беа колџи. Цветко нишчо не велеше, м’лчеше кутриот. А Мирко ќе ми речеше – Наде, шо пр’јме со тебе? Јас ќе му речев – Мирко, дури имам м’ка, ќе одам. Ко ќе немам м’ка и дозвола да ми дајш, не ќе одам. А пред мене одеа сите на риби. Море адвокати, море чиновници, море рибариве и плата земаја и одеја. Кој не одеше на риби! Грабевме риби. Риби имаше бабе. А јас вдојца жена со три деца не ќе одам на риби? И јас одев. Секој ден! Секој ден! Од сабајле од три сатот, до седум јас ќе бев во вода.
Н.К: Дозволи… јас не земав дозволи никогаш. Само во недела земав зашчо струшката контрола ќе дојдеше, нашава не ме гонеше. Струшката контрола. Еден ден ојме со Јакима, а дозвола зедов тој ден, недела беше. Идат струшката контрола и ми велит – имаш дозвола? – Имам. Ми ја грабна дозволата и си ојде. Останав без дозвола. Идат Цветко и Мирко – имаш дозвола? – Имам – реков – ми ја грабнаја струшкава контрола ми ја зеде. И тие по ними, ојдоја, му ја зедоја дозволата, ми ја донесоја в р’це. Така беше. А инаку не ме гонеа нашиве колџи и милиција никој не ме гонеше. Никој! Никогаш. Кузнајт, али жал му беше, али страм му беше, али… многу ме уважаваја. Ногу бире. Чес ми праеја. Не знам з’шчо-како, м’жот ми можит беше добар, се носеше со сите… Не знам.
Илина
Најчудото во сето ова е што Нада никогаш не научила да плива!
Н.К: З’шчо не знаев и да пливам. И да се удаев… не знам… не знаев да пливам. И ден-денеска не знам. Ево остарев.
А.А: Стварно? Не пливаше.
Н.К: Не, не.
Илина
Рибарењето сепак не ѝ била единствена обврска. Во дворот под Канео пречекувала туристи, како што вели „отмени“ гости за кои подготвувала домашна храна, со кајче носела леб за печење на фурна, перела по цел ден боса во езерото. Ногу убав живот, вели, ама м’чен.
Н.К: И така сум проживела многу м’чен живот. Многу м’чен. Али ипак, пак бериќатверсан, децава порастеа, ми се изучија, со свекрва ми од ко умре м’ж ми двајсет години живив со неа. После син је двајс години живе со мене. Многу ме сакаше.
А.А: Да? Убо живеевте?
Н.К: Ногу убо живевне. Ногу бире, убо. Ногу ме сакаше. Бог да ја прости. Многу беше добра и ме сакаше. А девер ми беше делен, на друго место живеше. Јас со неа живеев. После двајс години умре таја по м’жот ми. И така, децата ево се изучија, си се женаја. Куќа напр’јвме.
А.А: Од риби то све.
Н.К: Шо и берев парите од рибите децата и изучив, куќава е напр’јвме, све.
А.А: А лето-зима одеше, секој ден.
Н.К: И лето и зима. И зима одев. И зима.
А.А: И низ дома, низ куќа и…
Н.К: И дома и… гости клавав. Многу гости клавав во куќата стара. Ми идаја, не одев да чекам. Ми идаја сами. Самите си идаја. Многу гости, ногу убај луди клавав, отмени луди. А и по некој сакаја да јадет к’ј мене. Му праев, му готвев. Перев, леб месвев! Лебој месвевме. Шес – седум сомуни кај Ставрета ќе и однесевне со кајче. Имав едно кајче, едно помало, едно големо имавме за на риби и чун имавме и кајче, за на риби шо одевме.
А.А: Со чун одевте на риби?
Н.К: Со чун м’жот ми одеше. Од ко почина тој, одевне ние со кајчето. А уше едно кајче купивме мало за лебот да го носиме. Сиве комши ќе ме опитвеја – кога го меси лебов? Го месвевме сите заедно. Ко ќе го размесвевме лебот, сите заедно ќе го размесеа и овде се чекавме сите, во кајчето ќе и кладевме шес-седум шчици и ќе и однесевне кај Ставрета онде фурнаџијана. Кај Ставре Маркоски ондека, имавме на Сараишче фурна. И тамо ќе го однесевне лебот. За земање лебот, ќе и пушчевме децава. Филип големиов син ми, Благовеста, Јаким, Наумче, порастени беа, некој децава ќе и пушчевме али пак ние ќе одевме, една-две жени ќе и кревавме шчиците и ќе и донесевне лебојте, цела недела леб ќе јадевме. По шес-седум сомуни месвевне. Леб никогаш не купвевне. Сиве си месвевне дома жениве. Перевне, ар’нија ќе кладевне, корита имавме две. Едното да периме, другото да и клаваме плачкиве ко ќе и цедиш, ко ќе и клаваш. Во двете корита перевме. Ако беше зима Потпеш одевне ондека да периме под каменон, зашчо дуваше, немаше кај да периме.
А.А: Како се викат местото?
Н.К: Потпеш, овде Потпеш. Тука под каменот ќе ја кладевме аранијата и коритата, цел ден ќе перевме. Свекрва ми ко ќе и жулеше плачките, и жулевме, ко ќе дојдеше за плавејне, ќе ми речеше – Наде, јас скапнав, ќе легнам горе, оди ти сега плави и. Јас цел ден боса ќе и плавев плачките во езерово. Цел ден до вечер! На три недели се слеквевме. Трипата ќе се слеквевме и еден ден цел ден ќе и перевме плачките. Имавме плачки за преслеквејне. Имав јас све. И така по цел ден ќе плавев до вечерта. Ноѕеве олкавај потечени црвени од во вода. Имавме… и м’жот ми имаше чизми. Ако чизмиве му и наквасев, имаше и вал ко ќе перев некогаш, ќе ме караше зашчо вечерта тој требеше на риби да ојт, а немат други. Сега имаме и јас имам и сиве деца имет чизми. Купвиме. И тога боса цел ден ќе плавев, вечерта и јас скапната леле мила мајко! Плачките цела недела, ако врнеше ќе стоеја по телојве. Немаше кај да и сушиме. Ни печка имавне ко сега Лепа ќе и клајт под стреа горе на балконон на печка, ќе ги испајт…
Илина
Јазикот на којшто зборува Наде е живописен, сочен. И низ овие извадоци за некого може да има непознати зборови. Спомнатата аранија на пример во којашто переле е бакарен котел. „Жулење“ е триење на алиштата, со сапун или со пепел. Колџии кои ја застанувале кога ловела се чувари на езерото, контролори. Сепак охридскиот дијалект таа на почетокот тешко го совладувала.
Н.К: Ќе речев ортома, ќе се насмееја. Овде викале фортома. Ќе речев стис, тие ќе се насмееја, џис викале. И така јас клавав дикат, младо бев, клавав. Ама тро и сум дикатчија, клавам дикат. И така сфатив, како зборвет тие и јас така зборвев. Го менав зборот од Ресен. А пак ко се м’жов мајка ми ми велеше – одавде све да заборајш. Шо ќе прает таму, шо ќе чинет таму, така да прајш. И така праев.
Илина
Во разговорот со Наде Ана забележала и неколку рецепти за подготовка на риба, ѓомлезе и домашна алва. Еве што вели за тоа како се прави манџа со риба и кромид: „Рибата летница ќе ја земиш, ќе ја расцепиш, ќе ја исечиш на парчиња, големи. Ќе здробиш кромид. Свекрва ми понекогаш и малу праз ќе клашје за полезет да е. И пиперка црвена ќе здробиш. Полезет да била манџата. Ќе го испржиш убо кромитчето. Ќе му туриш малку вода, македанче (магдонос) ќе му фрлиш. И запршка. И ќе ја пикневме под сач. Леле ко ќе ја изваевме! Прсти да скиниш! Да јајш прсти да киниш! Со тиган со рачки на огниште и тиганот на стред софра ќе го клаеа и сите макај од тиганот од манџата. Многу лезет је. Многу!“
(музика)
Илина
Во интервјуто од 2004 баба Наде често го спомнува својот внук кој го носи името на деда си, Ирак, син на нејзиниот Филип. Дури и кога имала седумдесетина години тој ја земал на риба со себе.
Н.К: И сега пред печес години Ире ме земаше мнук ми да фрлиме мрежи. Секој ден одев. И ношја. И ношја ме земаше. – Ај нане, ќе дојш да ми поможиш? Јас ќе влезев в кајче, ќе му поможев. Една вечер ме зеде онаму кај присовјанине, онаму Лабино потака, кај присовјанине. Леле, леле! Имаше мрежи фрлено. Еден ветер север дуваше, јас никогаш не ме болеле р’цеве, не ми студело толку. Јас возам, ветрот назад ме врашчат. Јас возам, ветрот… тој и берит мреживе. – Леле – му велам – Ире, фашчај веслава ногу ми студит срце, ногу, ми отрпнаја р’цеве од студ. Тој со едното весло го фати и со другово јас возам, и бериме мреживе, едно кошаре преполно риби собравме од мрежите! И донесовне овдека. А овје м’живе сиве, син ми беше со другари, фрли мрежи онаму и мрежите не и најде… не фати риби и мрежите не и најде. А ние едно кошаре риби фативме со Ирета, преполно! Ко дојдоја се почудија. – Ние – рече – и мрежите и изгубивме, ни риба, ни мрежи, а вие – рече – една табла риби.
Илина
Ова лето Ана го најде Ирак и ги сними и неговите спомени за баба си, која починала во 2011. И за начинот на кој животот се променил од нејзино време во идиличниот залив под Канео.
Ирак
И.К: А та беше легенда. Со сите и се држеше и муабет имаше, кафе, локумче, све. Џек, џек беше.
А.А: Многу шармантна жена стварно.
И.К: Да, да. И ја љубеа сите, беше за то посебна.
А.А: Посебна, да. А ти… цело време во интервјуто тебе те спомвеше: Ирак, Ирак…
И.К: На два-три пати да, ме имат – и со внук ми – кај шо е и едно-друго. Памтам. Додуше сите ги имаше та…
А.А: Те спомвеше често.
И.К: Памтеше ногу. Сите ги имаше спомнато али и мене на два-три пати така.
Илина
Тој ја продолжува традицијата на пречекување гости во дворот на семејната куќа и готвење за нив. Иако начинот на спремање може да е различен, рецептите се истите од време.
И.К: Добро, го презедовме од стариве за рибиве значи со… порано и чадеа. И чадеа на скара, на ќумур, така беше. Сега ево види со плотниве сме појќе, фритези, све, али сепак горе-долу се трудиме да бидит истиот рецепт. Истиот рецепт да е и… значи рибата… едно е најбитно за рибата да се знајт. Најбитно е кога ќе ја фатиш или да ти ја донесет, ко ќе ја купиш, одма да се исчисти, да се изгуши, да се расцепи рибата и така да се дади или во фрижидер ама да биди чисто вака спремена, дотерана, исчистена, изгушена, све. И тога е ногу тазе и добра за јадење све. А иначе ако фатиш риба па та ти отстојт пола ден, па ја замрзниш цела како шо прават осумдес посто можам да кажам, не е то – то. И тогаш замирисува од цревата, од све. А вака исчистена, дотерана и тазе фатена, како да ја напрајш и ако си мајстор добар како шо ми е сега сопругава можам да кажам, исто та го презеде занаетот, исто добро готвит ногу. За риба е…
А.А: Кој ја учеше нејзе?
И.К: Мајкава и бабава. Мислам бабава беше овде, заедно живеевме и гледаше од неа, нормално. Од баба ми.
Илина
Ирак има три ќерки, Maрина, Ангела и Елена. Сите се одлични пливачи, но средната, Ангела изгледа ќе ја наследи баба си во познавањето на езерото.
И.К: Наследник можам да речам, на баба ми наследник ми е таја. Исто добар пливач е, добар веслач е, познавател е на езерово ногу и викам… ми се лутит малу али ѝ викам – ти сакам Хидробиолошки завод да ми работиш.
А.А: Па не е лошо.
И.К: Зато шо е вистина добра и мислам дека знаење имат многу повеќе од овје шо се мештани други, м’шки можам да речам, да.
И.К: Па ево една случка ќе кажам. Овдека ѝ дадов и та… едно мало плашичарниче така, едно три-четири метра и та го фрлила околу брегов, околу циментава. Е овде околу циментава многу зми имат, овде овје водни. И сабајлето ко ојт да берит, креват, шо бе, пет плашици, двеста зми, шо е зборот, дваесет зми имаше. – А бе тато, ти мене плашичарник или змијарник ми даде – викат – да фрлам? (се смее) И така, знајш и комшиве ја знает вака ко мала, интересна е.
Илина
Многу важно за еден рибар е да ги знае природните процеси – кога дува од каде дува, кога се облачи дали ќе врне, дали ќе фати невреме. Во времето на Наде луѓето главно се потпирале на сопственото искуство.
А.А: И кажи ми еден ден вака на риби ко ќе тргниш како ти изгледат. Ден. Влегвиш в кајче и?
Н.К: Ќе се опулев прво во Галичица. Ако имат облак згора, ќе вејт. Ако немат, ако е чиста Галичица, јас тргав на риби со детево, одев. Ако имаше облак, ако се наоблачеше, јас ќе му речев на детево – веслава ќе ти и пушчам ако не и бериш блинкериве. Ќе фатит невреме. Знаев за невремето. Невремето знаев ко ќе фатеше з’шчо како шо кажвеше м’жот ми и сиве, и јас сфатив за времево какво ќе е – шо ќе е. И ќе видеше – не ќе видеше, ќе и береше блинкерите и бргу-бргу ќе бегавме од невремето.
Илина
Денес генерацијата на Ирак може да ја види прогнозата на интернет. Но се уште добро ги познава различните видови ветер и ги чита знаците на небото.
И.К: Вака, сега со интернетов е ногу полесно и апликаци имат многу јаки шо гледаме сега и на него, нормално. Три дена, четири, до пет. Четири – пет дена можиме унапред да видиме. Ама за ден-два останаја истите. Ако имат на Галичица облак, ако е горе над Галичица е за ветар. Ако е под… облакот под Галичица, под планината, тогаш за дош. Тука тие не со сто посто, со илјада посто, за ден-два. Значи тие морат да ги гледаш. З’ш знајт да бидит и ненадејно или облак… на облак ако идит голем низок, ќе фатит она страшно невреме, то шо е кратко, сметање шо го викаме, за петнајс-двајс минути. Тие се стандарди. После шо викавме од јамата ако дуват западен ветар ако темнит, нормално идат… тие си останаја. Ама викам е поле… Таја ги слушаше хрватски вести ногу ден за ден зашо Хрвативе ко ќе речат, за ден-два идаше кај нас. А иначе сега со интернетиве пак реков е… мојш да видиш три-четири дена унапред. Али овје локалниве шо си ги гледаме, тие ни се пак број еден.
И.К: Па имат ветар… југот најопасен за нас овдека. Тој знајт до три метра значит до куќиве све да поплавит. Стрмецот западен, западен ветар стрмец го викаме. Источен – сточен, северен – север. Ова шо ти реков на облак шо идат овај сметање, тој наеднаш од сите страни се прајт. Беличник – тој е овај северен али голем, она со големи браној. Е тие се горе-долу овје главниве ветрој шо се.
Илина
Ирак ни откри уште нешто. Никој на старост не ја викал Наде „баба“ туку „нане“. Жена која имала љубов за сите.
И.К: Не баба Нада, него нане ја викавме сите. И немаше чоек значи и стари и млади и внуци и кој да беше – нане. Бабо не ја викаја. Бабо јас… за неа бабо не рече некој. Све нане ја викаја. Така остана. И внуциве ние, и ко ќе дојдеше друг ко ќе видеше како ја викаме нане и тие – нане како е? (се смее) Пак ко се роди малечково, најмалечково викаше – јас сум нана стара. Демек нана стара сум. Нана стара. И така. Во секој случај ја сакаја сите и ги сакаше сите. Таја значи не делеше. Имаше љубов према сите подеднакво. Дали овје мојве внуци, дали јас како внук, дали другиве подеднакво имаше љубов за сите. Моеше све вака да поделит еднакво можам да кажам. Алал да и е за то.
А.А: Алал да и е, вистина.
И.К: Ево видиш после толку време ево пак да зборвиме за неа то е многу јако. Интересно. Значи оставила! Оставила впечаток, оставила… со својве дела шо викаме… Борец! Борец жена беше.
Илина
Ако сакате да го посетите домот на баба Наде тој се уште е таму, под Канео. До таму може да ве донесе катамаранот на Ирак, Ангела ЕМ. Како отмени гости ќе бидете пречекани со старите рецепти и со звукот на брановите.
(звук на бранови)
Common People
Јас сум Илина Јакимовска. Разговорите со нана Наде и со нејзиниот внук Ирак ги направи Ана Ашталковска Гајтановска. Аудио монтажа Бојан Угриновски. За фотографии и целосен транскрипт постете го нашиот сајт obicniluge.mk. Се гледаме следното лето под Канео!
Додека во Битола е во тек 42-рото издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, ја раскажуваме приказната за фотографот Трифун Карабатак, низ оригинални автобиографски снимки и интервјуа со оние кои го познавале.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
Илина:
Минатата епизода од подкастот Обични луѓе беше посветена на Нил Фолберг, американски фотограф кој во далечната 1971 неколку месеци престојувал во тогашна социјалистичка Македонија. Од тука заминал со 400 ролни филм, прекрасни фотографии на земјата и нејзините луѓе. Тие неодамна, по дури 50 години, прв пат беа издадени во форма на книга.
(влашка народна музика)
Но назад во Америка тој не понел само неразвиени црно-бели фотографии. Во неговата архива од тој период има и снимки на жива музика од прославите на коишто присуствувал. И интервјуа со интересни луѓе кои ги среќавал по пат, а со кои зборувал на српско-хрватски.
Еден од нив е главниот лик на нашата најнова приказна.
[Нил ]- Како се зовете?
– Ја се зовем, моје је име Трифун Карабато. Ја сам роѓен ту близу Битоља, једно романско село. То село је…
– Како се зове село?
– Маловиште. Одма, 25 километара од Битоља даље.
А тачно кад сте роѓени?
– Ја сам роѓен 1910 године. Сад имам 60 година. Па добро изгледам затоа што волим, идем у планине, планинар сам, и тако волим високе планине, још данас идем свуда.
Илина:
Ова е гласот на битолскиот фотограф Трифун Карабатак. Разговорот со него Нил го водел во Битола, една од многуте станици на неговите патувања низ Македонија. Иако двајцата ги спојува фотографската професија, Нил, кој студирал и антропологија, се интересира за поширокиот контекст на животот на неговиот колега: минатото на Маловишта, влашката култура и како дошло до тоа Трифун да стане фотограф.
[Трифун]
То село је велико, раније је било по 800 куќа.
Иначе бавили смо се трговином, комерцом, сточарством, наши други људи пред једно вако 100 година радили смо кад није био воз овде у Југославији онда смо имали наши дедови и каравани. По 12 коња ишли су за Солун, Софија, Букурешт, Виена у Аустрији, у Загребу, Београду, по свим овим местима. И продавали су највише кашкаваља, који су сами произведували од свои сопствене овце, белог сира, биеног сира и многе друге ствари.
Илина:
Интервјуто коешто ни го испрати Нил од таа далечна 1971 беше наша прва средба со приказната за Трифун Карабатак, на кого повозрасните жители на Битола се уште се сеќаваат, но за кого има скудни податоци во историската литература. И оние кои го има главно се поврзани со неговиот многу пославен учител по фотографија, кај кого го печел занаетот – Милтон Манаки.
[Трифун]
Ја сам цело време волео сам фотографију, учио сам и неку школу, техничку, и онда сам се дао уметничкој фотографији. Радио сам свуда овако, кроз целу Југославију, у почетку сам радио у Битољу код 2-3 фотографа врло старих фотографа који су били први пут овде фотографи, те фотографије обавили свој занат у Паризу. Први који је имао камеру овде на Балкану је био Милтон Манаки, ја код њега сам радио.
Илина:
Еден од ретките текстови посветени на фотографската дејност на Трифун Карабатак е на Арети Сидовска, некогашен советник во Државниот архив во Битола. Под наслов „Осврт на фотографите браќа Карабатак“, тој е објавен во зборник „Битолските фотографи и фотоателјеа“, од научен собир одржан во Битола во 2012.
[Трифун]
Имам четворо браче и петоро сестре. Сви живи и здрави. Они живе, једна је у Букурешту удата најстарија, једна у Крагујевцу, две у Скопљу и једна овде у Битољ. А ми брача смо троје у Битољу и један у Америци, Охајо.
– А имате деце?
– Ја немам деце моментално. Ја сам се касно оженио. А мој брат који је у Америци он има деце. И ове сестре имају, имам пуно унучади, имам фамилију велику.
Илина:
Христаки, Филип, Трифун и Наум Карабатак, последниот со прекар Уни. Четворица браќа од кои дури тројца фотографи. Родени во влашко семејство, од мајка Атина – Нушка и татко Анастас, по професија бербер. Номадската судбина на нивните предци ќе влијае и врз онаа на некои од браќата. Трифун почнува да се занимава со фотографија уште од мали нозе, кога со својот апарат 15х10 почнал да слика настани и личности во родното Маловиште. Но подоцна патот ќе го однесе во Крагуевац, кај постарата сестра. Се вработува во фабрика за оружје каде се истакнува како технички цртач. Но по окупацијата на Кралството Југославија, Трифун е интерниран во Германија. Таму останува околу две години работејќи по фабрики, но и како фотограф. Токму по враќањето заедно со братот Филип работат кај Манаки, а тука некое време ќе го учат занаетот и нивните сестри Даница и Заха. Наскоро Трифун во Битола отвара свое студио, ФОТОТЕХНИКА, а тука своите први фотографски чекори ќе ги направи и најмалиот брат, Наум, кој во таа 1971 кога е снимано интервјуто е во Америка.
Во потрага по соговорници кои лично ги познавале членовите на семејството Карабатак, наидовме на една нивна блиска роднина.
Јас сум Лидија Достовска од Битола, вработена во Националната установа Завод и музеј.
Илина:
Нејзините спомени на Трифун и на неговите браќа и сестри се преплетуваат со оние на сопственото идиличното детство. Кога во дворот на семејната куќа имало студена вода од пумпа и се пиеле по пет-шест кафиња наутлии дневно, со роднините кои често доаѓале на посета и на муабет.
[Лидија]
Значи овај, моите сознанија на пример, за фамилијата Карабатак, поконкретно за Трифун Карабатак, неговиот помал брат, Филип Карабатак, посебно најмалиот брат, Наум Карабатак, сите фотографи. Значи тие често доаѓаа кај нас дома, дури беше жива баба ми и тетка ми Ана која живееше со нас, овај… така да… како да кажам, Трифун Карабатак, јас уште ко се родив, тој ни беше како фамилијарен фотограф за било каков повод. Дали беа тоа на пример ете моето раѓање, на сестра ми ко се роди, па околу сликани со… покрај елка, така некако… И често тој доаѓаше со својата сопруга кај нас. Јас го запамтив… првите сознанија веќе беше кога веќе тој… мала, поретко… возрасен веќе, поретко се бавеше со фотографирање.
Илина:
Нејзиниот впечаток за карактерот на Трифун се поклопува со оној од текстот на Сидовска, во кој се акцентира неговата умешност да комуницира со секого и на тој начин да стекне голем број клиенти. Постојано бил присутен на Корзото и бидејќи зборувал повеќе јазици брзо воспоставувал контакт со странците.
[Лидија]
Мозокот му работеше стотка на сат шо би се рекло (се смее) и речит, разговор можеше да води со секој, во смисла без разлика на… и најпростиот да речам во наводници и најучениот, значи тој можеше да најди и заеднички теми… така да пријатно беше да се слуша вака од страна вака јас како најма… како мала во собата ко ќе дојдеа со неговата сопруга тетка Калиопи и му одеше муабето и со тетка ми и со баба ми посебно. Баба ми како најстара во фамилијата – тета, тета… И така да… да речам пријатни сеќавања имам за него.
Како туристички водич работеше… работеше не, него онака сакаше да му помогни на… посебно на туристи без разлика од кај се, шо се, пријатна душа, воопшто не наплаќаше за тоа шо на пример ќе ги водеше низ Битола, за историјата на Битола, за архитектурата али… Така да беа прилично задоволни. Верувам дека имаше некоја така надокнада пошто не беа баш многу имотни.
Илина:
Сопругата на Трифун била модистра, она што денес би го нарекле модна дизајнерка и шивачка. Живееле во строгиот центар и постојано биле опкружени со луѓе.
[Лидија]
Вака, значи… овај… тие живееја во една куќа пред крај на… да речам од тука деветнајсти век, национализирана и тоа… тие го имаја првиот спрат и тоа се од онај тип на куќи, значи овај, високо приземје и уште еден спрат. Така да тие шо живееја на втори спрат ја имаја таја привилегија цел спрат да биди нивни, а Трифун… Трифун Карабатак живееја на први спрат и тоа се… Огромен салон, две соби од лева и десна страна, меѓутоа тој беше пролазен за да можат семејството кое живееше на горниот спрат да стаса до нивните простории. И таму живееја значи во две соби од една страна и две соби од другава страна сè додека не почна онај… не се донесе законот за денационализација на имотите кои што беа конфискувани. Така да многу… тие мораја да бидат принудени да се преселат во… порано таму беше ателјето на Трифун Карабатак, тоа доаѓа негде… исто во центарот на градот зад моментално НЛБ Тутунска банка. Значи тоа ателје беше адаптирано во простор за живеење. Меѓутоа тоа беше многу краток период, неколку… четири – пет години од кога се преселија од куќата таму живееја и после… прво почина тетка Калиопи, па после и Трифун.
Илина:
Желбата на Трифун да замине за Америка кај брата си не му се остварила, но затоа пак 19 години помладиот Наум се вратил во Македонија. Во Битола неговото студио Уни станало познато особено по изработката на таблоа за средните училишта, а за тоа помогнал и дискретниот ретуш на портретите, техника претходник на денешниот дигитален фотошоп, која ја научил во текот на престојот во Америка.
Но односите помеѓу браќата не биле секогаш хармонични, а во сето тоа како да имало и професионална конкуренција.
[Лидија]
Не можеа да најдат заеднички јазик реков, значи Уни порасна, созреа во Америка по други услови и начин на живеење. Овие двата имаа други… други проблеми во преживување… Трифун не толку, али Филип… Филип на пример ја догледа и нивната мајка, тетка Нушка. И сите си имаја свои проблеми, секој за себе си мислеше дека е најдобар фотограф во однос на другите двајца и сакале или нејќеле, за некој конфликт требаше многу малку, една мала искра и после мораја сестрите да ургират па да се смирват така да…
И: Значи како конкуренција или нешто и политички можда било?
Л: Па политички… појќе како конкуренција, во начинот на фотографирање, па да не речам во начинот како светлото од кој агол треба да падни… Требаше многу мала причина, нешто така и така да на крајот Уни Карабатак си отвори едно така ателје во неговата куќа.
Илина:
Во потрага по повеќе податоци, ни беше укажано на документарна радио драма под наслов „Првата камера“ на Божидар Зечевиќ, емитувана на Втората програма на Радио Белград во јуни 1980. Во неа со автентични гласови се присутни Милтон Манаки, киноапаратерот Михајло Зега, битолскиот слаткар Петар Пешка и нашиот Трифун Карабатак. Целата драма е објавена во списанието „Кинотечен месечник“ број 21, издание на Кинотека на Македонија од 1980. За жал Радио Белград поради авторски права не ни овозможи да ја користиме самата снимка, но пренесуваме делови од самиот текст, во кој Трифун зборува за својот учител.
[глас]:
Беше многу голем уметник, ми зборуваше како треба да работам, како треба да го поставувам светлото спрема луѓето. Такви луѓе, вели, кога сликаш, треба импозантно да ги сликаш, одоздола да го фатиш нивното величество. Зборуваше за фотографијата, како треба да се чува историската фотографија, бидејќи е тоа убава работа за архив, за картотека, да ги конзервираме тие плочи, да ги миеш што подолго во вода за да траат подолго, да ги чуваш убаво, на суво место и каде што нема влага. Така беше и така правевме.
Илина:
Истовремено тој ги споделува своите спомени од отворањето на киното на браќата Манаки, „Корзо“, во 1922, кога имал 12 години.
[глас]:
Тука, во киното имаше свирачи, музичари, тие свиреа, тој им плаќаше по нешто. Го гледавме Чарло Чаплин, оние филмови, многу филмови. Многу луѓе и деца се буткаа, влегуваа без пари, со протекција. Џон О’Браен, Тарзановите филмови со мајмунот, па Чаплин по два-три пати ги гледавме и ни беше многу интересно.
Илина:
И самиот Трифун во 1956, веќе средовечен, посакал да се занимава со подвижните слики, и тогаш бил дел од екипата на првиот македонски аматерски филм. Неговиот наслов е „Првиот оџак под Пелистер“ а е снимен од слушателите на киноаматерскиот курс во Битола, меѓу кои е и Трифун. Едночасовниот филм го прикажува целиот технолошки процес во битолската фабрика за кожи „Борис Кидрич“. Од него е сочувана книгата на снимање, но за жал не и самиот филм.
(музика)
Илина:
На надгробниот споменик на Трифун пишува дека починал во 1995. Велат дека имал вешти, клавирски прсти, око за фотографија и мерак за дружење. Уште во интервјуто од 1971 се насетува дека е задоволен од својот живот. На еден од ретките сочувани портрети е шеретски потпрен на камерата, со поглед во далечина, можеби меркајќи некој добар кадар.
[Трифун]
Кроз мој цели живот увек сам фантазирао, увек сам мислио да будем здрав, волео сам да идем по свету, да видим људи, тако ми био циљ, да завршим неки занат. Овај исти занат који сам га имао, волио сам фотоапарате уметничке који лепо и фино, да имам нешто своје једну радњу, студио, да снимам, да правим лепе слике. Па сам добро постигао са том.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Ја слушавте осмата епизода од втората сезона на подкастот „Обични луѓе“. За целосен транскрипт и фотографии направени од Трифун Карабато посетете го нашиот сајт obicniluge.mk.
За изработката на оваа епизода придонесоа навистина голем број луѓе. Голема благодарност до Симе Алушевски за контактите со соговорниците. На Арети Сидовска и на соговорничката Лидија Достовска. Како и на неуморните истражувачи на фотографската и филмска историја на Македонија, Роберт Јанкуловски и Илинденка Петрушевска.
На првата годишнина од подкастот „Обични луѓе“, епизода број 17 која раскажува приказна која долго чекала да биде обелоденета. За американскиот фотограф Нил Фолберг, кој во далечната 1971 поминал неколку месеци во Македонија, и од тука понел повеќе од 400 ролни филм. Дури сега, педесет години по нивното создавање, тие се објавени во форма на книга.
Верзија со македонски/англиски титл на Youtube
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е7 Транскрипт
Intro
Васка Илиева – „Ајде ред се редат кочански сејмени“ (од компилацијата „Билјана платно белеше“, ЛП, издадена 1971 oд Југотон)
[Neil Folberg]
Folk music always spoke to me. This is how I came to Israel too. It’s the same thing. I loved the music, it spoke to me, it tells a story. And it gives the spirit of the people in a way no other music can. It is not contrived; it comes from the people. And it was that music that drew me to the Balkans in general and to Macedonia in particular. There was something about the Macedonian music that was so strong and vital that I felt there had to be something deep and beautiful there to see. And I go by my feelings.
[Ilina]
Ова е Нил Фолберг, денес 71-годишен американски фотограф, кој живее во Израел. На неговите прекрасни фотографии од Македонија од 1971 неодамна налетав случајно, на интернет. Првата помисла беше – како е можно никој тука да не ги видел, цели 50 години? Зошто до сега немало изложба, студија, каква и да е промоција на постоењето на една ваква вредна збирка?
(Common People)
Jaс сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот Обични луѓе ќе се обидеме да ја раскажеме оваа долго одложувана приказна. Останете со нас.
(музиката продолжува)
[Ilina]
Пред педесет години Нил бил млад студент по општествени науки, со силен интерес кон уметностите. Но во тоа време не било баш лесно да се мешаат дисциплините.
[Neil]
I was a student already at the University of California, at Berkeley, I’d been studying sciences and I’d decided to switch to, essentially, photography. But as I described, it was an academic University, this wasn’t a place to study art. But it had other strengths, it had a…like a good department of Slavic studies, including an excellent instructor in Serbo-Croatian, not Macedonian, but аn instructor in Serbo-Croatian, of course Macedonia was at that time a part of Yugoslavia. And I got interested in the whole region through folk music, I always liked folk music.
[Ilina]
Нил го имал посетено Балканот претходно, престојувајќи месец и пол кај семејство во Сплит, Хрватска. Со пријател патувале низ регионот. Maкедонија го маѓепсала – за него тоа било земја на едноставни, чесни луѓе, каде сакал да се врати. Но за тоа морал да смисли добар план.
[Neil]
When I decided to move to photography I was looking for a project. I felt that the best thing you could do is to do a project. And Berkeley at the time was in a midst of a student revolution, you know about this, they were interested in radical politics. I was not interested in radical politics, but I was interested in sort of a comprehensive view of education where it wasn’t just one thing that you studied, but everything together, to make connections. So, when I decided that I was to make a photographic project, my first thought was, okay, I’d like to do something in Macedonia.
Тhe University opened up a program where you could make your own individual curriculum. It wasn’t even an individual major within a specific college, you could actually, essentially create a college. And something that wasn’t part of a university discipline. And I’d heard about that course, I signed up for it and by that time I was connected with, I’d been studying privately with an American photographer Ansel Adams, he is very famous, very well known, and there was another photographer, of tremendous stature, less well known, at Berkeley, within the department of architecture and design: his name was William Garnett. So I said why don’t we make a proposal, that I should do a series of photographs in Yugoslav Macedonia, differentiating it between the parts that were in Bulgaria and Greece. I wasn’t capable of dealing with so much at one time, and that would’ve been politically difficult as you could imagine.
[Ilina]
Со комбинација на добар предлог, солидни референци и чиста среќа, проектот на Нил е единствениот од педесет кој е одобрен. По долга административна процедура на добивање работна дозвола, преку тогашниот југословенски конзулат во Сан Франциско, тој се качува на авион, најпрвин до Белград, потоа до Скопје. Во тоа време кога се слетувало на скопскиот аеродром, пистата најпрвин морала да биде расчистена од овци.
[Neil]
The first thing that I did when I got there, I had met a family the first time I was in Macedonia, I had met a family there and Kosta Bozinovski, who picked me up hitchhiking. He was a government driver and he had a government car and I was hitchhiking I think from around, we come down from the mountains from Galichnik, and we were on the main highway and we were heading towards Skopje. And he picked us up.
[Ilina: With a government car?]
With a government car, which I think he was not supposed to do. I guess we looked interesting and he was a very friendly man, so he took me to Skopje and he invited me to stay there and he said if you ever come back you can come to stay with us. He gave me the address and I think I must have stayed. I don’t know where I stayed for the first couple of nights, but then I went to look for him and asked if I could stay a while till I find a more permanent place to stay, so the Bozinovski family took me in.
[Ilina]
Семејството Божиновски живеело во пост-земјотресна барака, во која немало многу место. Сепак како добри домаќини му ја дале спалната а тие се преселиле во кујна. Подоцна Нил изнајмува соба со помош од некој „од горе“, веројатно за властите да го имаат полесно на око.
Во фокусот на Нил се нашле луѓето врзани за земјата, селата и малите градови. Списокот на места кои ги посeтил ги вклучуваат Битола, Кратово, Струмица, Делчево, Прилеп, Демир Капија…Галичник, Булачани, Маврови Анови, Косоврасти. Импресивен список дури и за млад патник низ мала земја. На времето ова значело многу возење со автобус, но и многу пешачење, како искусен етнолог.
[Neil]
From there I started just to explore the area, wherever I could get to on bus or by walking. I did a lot of walking and a lot of riding the buses. Everything was an adventure, I mean you could start anywhere…I had specific goals, I tried to get inside people’s homes, I was trying to photograph at least some representative sample of the population and I was interested in speaking to just ordinary people.
I wanted to make a coherent statement, a visual statement and so I came back to that idea that I started with, the idea of people on the land and I sort of neglected the photographs that I made in a more urban setting, in Skopje, which was of course the only real city in Macedonia. And I went and visited also all of the little towns, and I didn’t develop everything as much as I would have liked to, but I was fascinated by the relationship between the villages and the market towns where people took their produce, where they purchased the things that they couldn’t grow or create for themselves, and I probably, if I had been there longer, if I had more time, I would have followed that connection little bit more closely.
[Ilina]
Бирократијата и надзорот од властите продолжиле. Сепак, Нил не го доживеал ова како малтретирање.
[Neil]
The thing that was nice about all of Yugoslavia was it was a very human, easy place and people were basically hospitable, even the officials, even when they became very difficult, never lost that human touch. So, sometimes I had very humorous encounters, sometimes they were difficult, and even occasionally a little bit scary, but that humanity was never lost. So, I had to have permission. You know in those days you had to have permission to photograph everything. If you wanted to photograph ‘spomenici’, what they called cultural monuments, then you had to have permission from the Government. If you wanted to photograph in the churches, you needed permission on the religious basis, and you had to have permission from each of the different administrative authorities. And, if I wanted to photograph people on the street, thеn I had to have permission from the Government to be photographing. They expected tourists to go and photograph tourist sites, and you could make photographs of people in, maybe, Bit Pazar, and you could make photographs here and there on the street, but if you started getting too serious about it then the police started asking questions. Usually, they didn’t ask questions they just shouted “Zabranjen” and told you, you can’t do it. Or told you “Verboten”, more often, more likely, assuming that every tourist with a camera is a German spy.
[Ilina]
Ова е приказната од аспект на властите. Но што е со „обичните луѓе“? Каков впечаток имал странецот за секојдневниот живот во тој период, за кој денес во Македонија не е можен консензус?
[Neil]
That’s a very interesting question. Because you know I was an outsider, sometimes an outsider has an advantage, not a total outsider, I was familiar with the culture, I’ve studied some anthropology, I’ve studied some history, I spoke at least one of the languages of Yugoslavia, and I picked up some basic Macedonian. So, I was an outsider with insight, I’d like to think, and I can tell you that despite the fact that it was little bit oppressive, that the state security agencies were a bit heavy-handed with me, and I imagine they were more heavy-handed with citizens of Yugoslavia. So, I can’t say it wasn’t a little bit oppressive, but I didn’t see that people were too intimidated in general.
Maybe if you were a very political figure, and your whole life was politics and human relations, or if you were a Macedonian nationalist, and I met several Macedonian nationalists, then maybe you would’ve found it very oppressive. But in general, I didn’t feel that the state, the SFRY at that time, in 1971, was all that oppressive. It was open, it was comfortable, the standard of living in Macedonia was somewhat lower than Serbia and Croatia, but I didn’t feel it was bad. It was very pleasant, everything was easy. There was abundance, there was plenty of food, I didn’t see that people were starving, you know you walk down the streets in the USA and there are people on the streets. I didn’t see that in Macedonia. The standard of living was not at that high American standard that I was living more or less, I was a student but we had everything, my parents were fairly well off, there wasn’t that almost ridiculous abundance, but everything that was necessary was there. And people were outspoken, people told me what they thought, they weren’t afraid to speak to me.
So, I felt like Yugoslavia was a nice place. I was sorry when it broke apart, I was sorry when it broke apart because I was sorry for the Serbians and the Croatians that got into that terrible war, and there were so many atrocities, I couldn’t dwell on it, I couldn’t imagine it, it hurt me so much to see it from the side, I shut it out from my mind. And I was glad that Macedonia managed to stay, it seems, mostly out of it.
[Ilina]
Категоризирани, сликите на Нил од Македонија во 1971 покриваат неколку теми: селани и стопански активности, пазари, празници и прослави и портрети. Сите се во црно-бела техника. Зошто?
[Neil]
Sometimes the two-dimensional object, the artistic creation, has a good deal more power than the original item, or event or subject. And I don’t know exactly how that works. It must be something about the way that, as if art or a photograph can take the essence of an experience, or a place, and translate it into something that’s more easily accessible to the human imagination. So, without trying to analyze that, there’s something about black and white photography which is more abstract, that places something on a level where it’s just tonalities of black and white and gray. And it sometimes allows the essence of something to come out better than color, which might be in some ways distractive. So, at the time, I mean I worked a lot in color, I haven’t exclusively worked in black and white, but I felt that black and white was suited to that subject. There’s also an American tradition of documentary photography from photographers like Dorothea Lang or Walker Evans, and it’s a long list. And that tradition carries over into other places as well. But I think I was connected to that tradition as well.
[Ilina]
Технологијата на тоа време, како и опремата со која располагал, го одредила и фотографскиот и човечкиот пристап кон луѓето на сликите. Фактот дека камерата била впечатлива и подобро функционирала на статив, значело дека Нил не бил невидлив.
[Neil]
I was a student. I didn’t have a lot of equipment. I couldn’t have a big budget. I brought one camera, one lens, it’s what I had. I started out with a Practica 6×6, I like the medium format, I couldn’t afford anything better at the time, I bought this East-German camera, it had good optics, but mechanically it was not so nice. I started out with that, I had trouble with it.
So I went to Thessaloniki, and looked for a better camera and ended buying a Rolleiflex. It’s a medium format camera, it’s big, it has a presence, it requires… it’s better with a tripod, so it wasn’t just a camera that you just snap away with and make thousands, and thousands, and thousands of photographs. It requires some kind of thought process. Pre-visualization, where you anticipate what you want to photograph, you concentrate on it and instead of making a hundred or fifty photographs, now [for] people with the digital there’s no limits, people can, they can put thousands of pictures on a card – I had 12 pictures on a roll of film. And I had to make that count. One, because it was expensive, and two, because you can’t take that many photographs. You have to think about it, it’s a contemplative process, making photographs with a larger format. That meant that when I approached a person they were well aware of me, I wasn’t just sneaking around making candid photographs. I was a presence. And look, I was a strange presence, I looked different. Everybody could see that I wasn’t from there.
I would be in a public place, I wouldn’t be invisible, people saw me, and often I would set up a tripod in a public place and just wait for something to happen. Just wait to see who came to me. Who wanted to talk, who was curious, and there were people who couldn’t be bothered, and the police were always there. But I thought, at the time, that I was making photographs that were objective. I was looking at the Macedonian society,and I was doing my best to give a balanced, objective view of it. If it wasn’t comprehensive, it was because I didn’t have enough time to delve into it, as deeply as I would have liked to.
[Ilina]
Мојот контакт со Нил се случи во интересен момент, кога долго одложуваната книга со фотографии од неговиот проект во Македонија е во подготовка конечно да ја види светлината на денот. Во преговори сега е издавање и на верзија на македонски. Насловот на книгата е симболичен.
[Neil]
I was trying, as I said, to be objective. But in the end, I look back at those photographs from 50 years ago in Macedonia, I’m not only looking back at Macedonia, I’m looking back at myself. And that was an amazing discovery. I thought that these were photographs of the Macedonians, of the land, and that it was somehow divorced from me or at least removed from me, like I was a window onto the culture, the land, the place, the people and I was doing my best to make myself invisible. But for myself, when I look back 50 years, and I look at these photographs, even though I am not the subject of the picture, I can see myself looking back from this mirror. And that’s why I call the book “А Мirror in Macedonia”. Because, I discovered that it was me looking back. And just like those photographs are frozen in 1971, these people are from 1971, the scenes are from 1971, the physical culture is from 1971, and I too, I’m frozen in those 400 rolls of film, somehow I’m pictured there, kind of like a specimen that’s been preserved.
I can’t tell you how deeply this experience affected me. You know, what happens is that when you step outside of yourself, you do this all the time, this is your profession, you step outside of yourself, and you’re going into somebody’s else’s world, and trying to imagine what it’s like for them, what they are thinking, what they are seing and you know, I think we’re are capable of doing it. I think you can step into somebody else’s world, you can’t ever leave yourself entirely, but you can use your imagination and know what it feels like to be in that person’s place. And I don’t think that’s impossible. That’s the essence of communication.
[Ilina]
Значењето на овие фотографии сепак не е само историско, етнолошко или естетско. И не е интимно само за нивниот автор. Родена сум во 1971. Стара сум исто колку и овие фотографии. Јас и тие истовремено сме се нашле на овој свет. Така, гледањето во нив поттикнува чувство на изминатото време. А освен фотографии, Нил сочувал и голем број други материјали, белешки, писма. И аудио фајлови. Еден од нив е снимен во Лазарополе на Илинден, мојот именден и роденден.
(архивска музика)
[Ilina] I’m kind of jealous of your life, you know (both laughing) Really, I don’t know if you are aware that you had, from my perspective, you had a very rich artistic, I don’t know about private of course, but in terms of artistic life you had very interesting company first of all, context, and also opportunity to travel. So I think it’s amazing, the whole story of it. Especially because it relates to Macedonia, of course, but not only.
[Neil] Well, I feel like my life has been very, very special in that sense because I was able to get out, look around and see other people. And the camera is an interesting tool, because it kind of puts you in another status. You can walk into other people’s lives and they accept you, you can walk into other people’s culture and they don’t think anything weird about you being interested, making photographs, if you [would have] started poking around and asking questions they might get a little bit suspicious, but people are used to [the] camera and it is a kind of entry tool. And if you’re curious and you have an imagination, then the possibilities are sort of limitless.
[Ilina]
Во изминатите 50 години Нил Фолберг самиот ги има поместувано уметничките граници, испробувајќи се во други светови. Неговите дела вклучуваат фотографии од пустините и духовните наследства на Израел, Египет и Јордан. На историски синагоги низ светот. Поврзувања со други визуелни уметности, како францускиот импресионизам. Книга со наслов „Небесни ноќи“, пак, ги претставува небесата и ѕвездите, и претставува промена на фокусот на неговиот интерес – од луѓето и нивните земски преокупации, кон огромниот космос. Ова има врска и со едно негово хоби.
[Neil]
Ever since the period when I was at Berkeley I’ve been sort of interested in astronomy, so I think that’s my hobby. I am an amateur astronomer, I have a small observatory in my house, and I go out and look at the stars. That’s my escape now especially during this year of Corona, which we’d experienced all over the world, we’ve all been confined to the places where we live and maybe inside, not outside so much. So I can walk out on my porch, open up my observatory and go 15 million light years away to some galaxy in ten minutes.
[Ilina]
Ако погледнете во галаксија која е оддалечена 2 милиони светлосни години, вели Нил, вие всушност гледате 2 милиони светлосни години во минатото. На истиот начин, ако гледате во фотографија која е стара колку едно трепнување во небесно време, би можеле да видите не само какви биле нештата вистински, туку и како можеле да испаднат.
(Common People music)
[Ilina]
Јас сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа – Бојан Угриновски. За целосен транскрипт и фотографии посетете ја нашата страница, obicniluge.mk. Верзија со англиски титл е поставена на јутјуб каналот Обични луѓе.
Апдејт: По објавувањето на подкастот, книгата на Нил Фолберг беше преведена и издадена на македонски од страна на Арс Ламина. На 19.06.2023 авторот и сопругата беа присутни на нејзината промоција во МКЦ, каде неочекувано се појави и внукот на жената на насловната страница.
Зоки, Билјана и Љубен се доставувачи, на онлајн нарачки, брза пошта, пици. Секој ден го шпартаат градот и излегуваат на крај и со најнервозните помеѓу нас. Кога следниот пат ќе дојдат на вашата врата, дајте им бакшиш. Затоа што го заслужуваат.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е6 – Транскрипт
[Зоки]
Оваа работа е многу понапорна во однос на тоа што изгледа од страна. Би ја препорачал ако некој нема буквално што да работи подобро и ова да го работи отколку да седи дома. А до кога би ја работел најверојатно до пензија, бидејќи имам скоро 59 години.
[Билјана]
Многу ми е убаво. Така ко ќе си излезам на терен ми е многу убаво. (се смее)
[Љубен]
Да пошто ја студирам музика, јас сум музичар и нема настани, нема свирки, нема ништо и ми беше предосадно и не знам почнав да барам работа и ми текна, викам чекај ај да пробам деливери никад неам работено да видам шо се дешава таму, у тој свет и искрено не зажалив.
(Илина)
Ова се Зоки, Билјана и Љубен. Она што ги поврзува е што сите во моментов се доставувачи – на онлајн нарачки, брза пошта, пици. Сервисите за достава имаа работа и пред пандемијата. Седиш дома по пижами, те мрзи да излезеш по храна, а и зошто, кога храната може да стигне до тебе. Во скопскиот сообраќај повеќе се исплаќа да платиш достава отколку да бараш паркинг. Но во актуелната пандемија доставата престана да биде каприц и луксуз туку стана потреба, а доставувачите знаат и буквално да им го спасат животот на оние во изолација, кои не смеат да излезат од дома.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Оваа епизода од подкастот Обични луѓе им ја посветуваме на доставувачите кои секојдневно го шпартаат градот, пренесувајќи нарачки, храна, подароци. Останете со нас.
Илина:
Зоран доставува производи кои се продаваат онлајн. Користи автомобил, и не е на процент, туку на плата од која вели дека се живее просечно. Бакшиш има, ама така-така. Со него разговараше Наталија.
[Зоки]
Еден од најголемите проблеми во оваа работа е што голем дел од испорачувачите на пратки се несериозни, непрофесионални па дури и преваранти и фантомски фирми коишто се служат со превара и ги лажат муштериите со лажни слики со лажни реклами и со нереални цени и она што треба државата да направи е да направи строга контрола кој може да се занимава со онлајн производи.
[Зоки]
Најлоши моменти се кога луѓе кои се незадоволни од производот мислат дека доставувачот е виновен за тоа. Кога немаат доверба во доставувачот и мислат дека им подметнува лош производ. Одбиваат да примат производ заради тоа што не им е испорачано тоа што го нарачале. (Караници?) Караница имало зошто да плати 150 денари достава ако смета дека не треба. Или ако врши замена на производ зошто да плати услуга а смета дека е вина на испорачувач. Или зошто сум му доцнел со испораката. Или зошто е оштетен производот. Разни типови на проблеми.
[Зоки]
Значи одредени приматели на роба се малку препотентни, одредени и сметаат дека треба точно во време кога нив им одговара да им се однесе пратката. Или ако не се на адресата која е означена на пратката ја треба да им ја однесам 10 км понатаму, или ако е пратката адресирана на домашна адреса, а тој е на работа, смета дека ја треба да одам кај него на работа. Слични ситуации.
(Илина)
Ова се според него најголемите маани на неговата професија. Но има и моменти кога се чувствува дека неговиот труд се исплател.
[Зоки]
Кога тој што ќе ја прими пратката е задоволен, и кога ќе рече дека сум му ја доставил доста брзо и експедитивно и кога сум почувствувал дека е навистина среќен што ја примил пратката. Познанства нема затоа што не остварувам блиски контакти со тој што ја прима пратката и нормално најубаво е кога ќе рече задржи го кусурот (смеење).
(Илина)
Зоран вели дека пандемијата го зголемил бројот на нарачките, и тоа многу. Ризикот за зараза на доставувачите е голем, затоа што тие се постојано во допир со производи, со готовина, постојано допираат кваки, копчиња на лифтови. Но и во нормални околности има различни предизвици. На пример – ако си осум часа на терен, каде да одиш во Ве-це?
[Зоки]
Сабајле кога доаѓаш во фирма прво што правиш си ги распределуваш пратките и си ги делиш со колегите, кој во кои реони оди, и кој по кои улици треба да се движи. Товарење, преземање на роба со документација, и тргаш на улица, според адресите коишто ги имаш. Додека не ги поминеш сите пратки. Кога ќе ги завршиш сите пратки се враќаш назад во фирма, тоа што не е испорачано го враќаш назад, се раздолжуваш финансиски. (Кога пиеш кафе?) Скоро и да не пијам кафе. Евентуално наутро пред да се натовари робата и пред да се распредели може да се напиеме имаме кафемат на работа. А друго, кафе во кафиќи или на кафемати низ град, тоа не. (А каде одиш во тоалет по цел ден?) Тоа е веќе парола снаѓи се, дали е бензинска пумпа или грмушка, тоа е многу релативно.
Оваа работа е многу понапорна во однос на тоа што изгледа од страна. Би ја препорачал ако некој нема буквално што да работи подобро и ова да го работи отколку да седи дома. А до кога би ја работел најверојатно до пензија, бидејќи имам скоро 59 години.
(песна, Delivery Man – Cruel Sea)
[Билјана]
Истовремено беше тоа, возев точак активно, многу активно, и така ми дојде идејата. И почнав у 2016 таа идеја ми дојде и нели после искуството у приватниве сектори повеќе години си реков па зошто да не се занимавам јас со свој бизнис. А да има и бизнис цел и да придонесам у нели заштита на средината, загаден воздух. Скопје е доста загадено ние сите ако нешто правиме тоа ќе биде супер во заштита на животната средина.
(Илина)
Билјана е необична доставувачка по најмалку две основи. Прво, затоа што иако е сопственичка на фирмата за брза пошта, до ден денес не се откажува од излегувањето на терен и разнесувањето пратки. Второ, што во нејзината фирма најголемиот број доставувачи се девојки и жени, прилично необично за наши услови. Нејзиниот став во однос на доставувачката работа е сосема спротивен од оној на Зоки – весел и оптимистичен. Просто да посакате да работите за неа.
[Билјана]
Да, да. Тоа е секојдневие кај нас. Мислам дека тоа е заслуга на доставувачите, затоа што тие се фини, комуникативни, така ја тераме целата приказна на фирмата и мислам дека тоа е заслуга на целата фирма, ако се они среќни така барем е мојата филозофија, среќни ќе излезат на терен и убаво ќе се понашаат со клиентите. Има многу познанства, многу пријателства и клиентите се задоволни, нашите се задоволни, сите се задоволни.
(Илина)
Ако има проблем, тоа не е толку со клиентите, колку со лошата инфраструктура и сообраќајот.
[Билјана]
Тоа е еден како голем проблем што немаме ние доволно инфраструктура во велосипедските патеки. И тие што ги има не се доволно безбедни, затоа што не сме ние како народ едуцирани каде треба точаците, каде треба пешаците, каде колите. Тоа е најголемиот проблем во оваа работа.
Многу е тешко, еве пример на Рузвелтова, нема никаква патека за точаци, има на тротоари коли, точакот мора на улица. Еве мене ми се десило, јас идам со точакот вршам достава, идам на улица ме застанува полиција и ми вика зошто возиш на улица. Јас викам господине, те молам кажи ми кај да возам затоа што немам кај да возам. Па добро не може да возиш на улица, епа немам кај, преку колите не можам да возам, морам на улица. И сега и он се наоѓа во небрано, не може да ми пише казна, не може да ме кара, не може ништо.
(Илина)
Како изгледа еден вообичаен работен ден?
[Билјана]
Од сабајле се доаѓа на работа се пие. Се кажуваат искуства од претходниот ден кој како поминал, што му се десило, секој има некоја случка да раскаже. Се распоредуваат пратките по реиони по приоритет нормално има приоритетни ван неговиот реон на некого што ќе однесе. Ги доставуваат пратките со комуникација меѓусебна цело време нормално. Се враќаат во канцеларија, се пие кафе пак, се распоредуваме се организираме за следниот ден и тоа е тоа.
(Илина)
Што се однесува до тоа зошто ретко се среќаваат девојки-доставувачки, ова е нејзиниот коментар:
[Билјана]
Мислам дека тоа е од нашите традиционални сфаќања, дека не треба да има девојка доставувач, дека она не може да го работи и не треба да го работи тоа. Ние сме имале случка, еден период имавме некои достави за Охрид и отидовме таму цел тим да ги завршиме тие достави за еден ден и да се вратиме. И таму не’ гледаа сите како ние да сме од некоја друга планета симнати. Не’ прашуваат вие кои сте шо сте, ние кажуваме, а не вика не може, нема женски поштари (се смее). Ама ние не сме поштари, ние сме доставувачи. И на нив им беше баш чудно и мислам дека тоа е од традиционални сфаќања дека едноставно девојче не смее и не треба да биде доставувач. Ама еве со нашата теорија и практика се надевам и другиве фирми ќе почнат го практикуваат тоа, да ги разбиеме тие стереотипи наши.
(Илина)
Генерално, секој доставувач, без оглед дали е машко или женско треба да ги има следниве квалитети:
[Билјана]
Физички да биде издржлив, да биде по природа активен и динамичен и да знае да се носи со проблеми, да решава проблеми. Затоа што на терен може све да се деси. Да има проблем ете со клиенти, да има проблем со велосипед, се дупнала гумата, го удрил некој не дај боже. Се дешавале и такви случки со кола да го удрат. Да можеш да изреагираш во моментот така како што треба да изреагираш. Без паника и да се средат сите тие работи.
(Илина)
А про по познанства со клиенти, Билјана има и една интересна приказна.
[Билјана]
Имаме дечко и девојка што се земаа, што се запознаа (се смее) сега веќе имаат и дете. [Браво, значи кој бил доставувачот?] Девојчето беше доставувачот. Тоа беше баш интересно. Се запознаа се земаа, сега среќно си живеат, имаат бебенце. Чекаме да порасне малку бебето да ни се врати девојчето на работа. [Баш убава приказна]
(Илина)
Љубен работи само неколку месеци, на достава на пици. Работата ја нашол преку другар и вели дека за студент е измислена – си седиш во кола, си слушаш музика, се движиш низ град цел ден. Подобро отколку работа на шанк или пред компјутер. А има и интересни дешавки. Со него разговараа Андреј и Ангела.
[Љубен]
Љ.М.: Па најлошо ни е за викенд пошто премногу полиција има и секад не застануваат пошо сакаат да јадат пица.
А.Т.: Дa?
Љ.М.: Да.
А.Т.: Шо викаат?
Љ.М.: Па ништо, ќе не застанат и ќе почнат сеа ќе најдат нешто за да се фатат пример не знам не работела сијаличката, колата немала полномошно, не знам, не сум дал жмигавец, сум свртел полукружно и нормално тоа се глупости шо значи дека сакаат да јадат пица.
А.Т.: Аха. И те застануе и шо вика?
Љ.М.: И ништо ќе почнат прво и така меѓу редови ќе пробаат да ти кажат демек да, да се напраи нешто и ќе им кажам да ве почастиме пица, сакате ли? Одма – сакаме.
А.Т.: Даа. А ти ја носиш таа пица за достава негде.
Љ.М.: Па да. Ќе ми кажат пример ке ви оставам бројче и ќе кажат таму и таму сме или се има десено и да дојдат да ги земат пример.
(Илина)
Се случувало нарачката да се врати, или луѓето да не сакаат да ја платат затоа што задоцнила. Бакшиш најмногу се остава на почеток на месец, или ако пицеријата има некаква промоција, кога се делат гратис производи. Се случува да остане и цела дневница, од седумсто денари. За наоѓање адреси се користи Гугл мапс и апликацијата Османд.
[Љубен]
Љ.М.: Караници со муштерии имало да.
А.Т.: Се дешава значи.
Љ.М.: Се дешава и тоа. Че пр…
А.З.: За што најчесто?
Љ.М.: Паа зашо чекале пример многу ако у гужва ќе ти се јави, сите гладни нели нервозни, ќе ти се јави „до кај си, шо праиш, убрзај, ајде те чекаме!“
А.Т.: Мхм.
Љ.М.: Ама не знам немало некоја таква апла караница караница со муштерии. Мене еднашка ми се има десено сабајлечки да ме изнервира еден муштерија. Ми нарача пица и му ја носев и му се јавив да прашам кај е поточно локацијата пошо не ми ја даваше на мапа и чоеков почна да ми се дере по телефон чекале саат време не знам шо. Среќа водиме евиденција кога е нарачано.
А.Т.: Мхм.
Љ.М.: И у ствари чекале само пола саат.
А.Т.: И шо, како испадна случкава?
Љ.М.: Ништо искочи чоеков му ја дадов, не ми кажа ни збор. Му ја дадов пицата ми дае пари и си отидов.
А.Т.: Мхм.
Љ.М.: После тоа цел ден нервоза ме биеше.
(Илина)
Се случуваат и изненадувања – оној кој нарачува да му е всушност познат.
[Љубен]
А.З.: А ти се случило да носиш некаде и да ти излезе некој шо го познаваш и шо не си го видел кузнај од кога?
Љ.М.: Да. Ми се има десено. Ми се има десено бивши да ми нарачуваат.
А.Т.: Хахах.
А.З.: Хахха.
Љ.М.: Појма сум немал дека се они и другарки другари.. шо појма сум немал кај шо и ќе тргнам да вртам на телефонот оп глеам ми искача у контактс.
А.Т.: У контакти го имаш ахахах.
Љ.М.: Да хахха.
А.Т.: И како е приемот коа ќе се видите?
Љ.М.: Нишо се смееме шо праиш како си, ќе испушиме по една цигара и тоа. Ќе се договориме демек ае да се видиме деновиве у ствари никад нема да се видиме.
А.Т.: Обично имаш време меѓу нарачки?
Љ.М.: Па зависи. Ако е турбо немам.
(Илина)
И најсмешната случка за крај.
[Љубен]
Љ.М.:Пази шо ми се деси. Еднашка носам нарачка на еден тип, беше викенд мислам дека и му ѕвонам на типов да го прашам пошо немаше остаено ни стан ни, вакво, ни кој влез и му се јавив да прашам кој стан, кој влез за да му ја однесам пицата и му ја остаив пицата, му наплатив све супер. После пола саат ми стига порака на телефон, морам да ја најдам за да ја прочитам, секунда.
А.Т.: Хахахах.
Љ.М.: Еве ја. Прво ми стигна порака „остани молим те коа ќе си одат бар на пола саат, ја ќе те однесам дома после“
А.Т.: Хахахаха.
Љ.М.: Хахаха. И ја му вратив на поракава „грешка број имате“ хахаха.
А.Т.: Хахахха.
Љ.М.: И после тоа типов ми пиша на Вибер, чекај тие пораки да ги прочитам, да ги најдам само. Еве ги. Ми прати „кул“ стикерче и „фати такси“.
А.Т.: Хахаха.
Љ.М.: И нема везе, не му вратив ништо на вибер и стигам ја, после работа искочив, доаѓам дома и накај два и пол три саат ми ѕвони телефонот, вечерта ова, сабајле у ствари
А.Т.: Добро.
Љ.М.: Ми ѕвони телефонот и го глеам бројов дека е од типов и му спуштам еднашка, ми ѕвони пак. И му кревам, викам „да здраво“и овој „Ивана?“.
А.Т.: Хахахха
Љ.М.: Викам не, викам грешка број имате. И ми спушта и ми вика „а океј“ и ми спушти. После две секунди пак ми ѕвони типот и почнуе да се расправа со мене како он у ствари на овој број зборел со Ивана, кој сум ја и зашто го имам нејзиниот број.
А.Т.: Аа ајдее…
Љ.М.: И ми се дере, едно добри две минути ми се дереше и ја му викам абе друже абе пица ти донесов прееска пица, грешка број имате. И се изнасмеа типот, извини извини и тоа.
А.З.: Хахахха
(Common People)
Илина:
Jaс сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа Бојан Угриновски. Во оваа епизода ѕирнавме во светот на доставувачите и нивните секојдневни предизвици. Следниот пат кога ќе ви дојде некој од нив на врата бидете љубезни. И…оставете бакшиш!
Поранешен библиотекар на катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет. Син на македонистот Крум Тошев. Роднина на револуционерот Пере Тошев. Но сето ова не е ни од далеку доволно за да се долови ликот и делото на гроф Љубимир. Гостин-уредник: Ѓоко Здравески.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е5 – Транскрипт
Илина:
„Љубимир Тошев е македонски раскажувач, полемичар и есеист.“
Вака гласи првата реченица од монографијата „Книжевници: наставници од Филолошкиот факултет“ во која е застапен главниот лик на нашата нова епизода. Од 1983 па до неодамнешното пензионирање работел како библиотекар на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Објавил три книги проза, а познати се и неговите полемизирања со македонски лингвисти и критичари објавувани во весникот „Дело“ и во „Нова Македонија“. Син е на македонистот Крум Тошев и роднина на револуционерот Пере Тошев.
Сепак, сето ова не е ни од далеку доволно да се долови ликот и делото на гроф, или маестро Љубимир, кој фала богу е се уште подвижна, неофицијална и сочна историја на македонистиката. Со него разговараше нашиот гостин-уредник, Ѓоко Здравески, поет, преведувач, некое време и самиот библиотекар на истата катедра, денес лектор по македонски јазик во Париз.
Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода со задоволство му го предавам микрофонот на Ѓоко.
Ѓоко:
Кога ја слушнав првата епизода од поткастот „Обични луѓе“, прв на памет ми падна Љубимир Тошев. Си реков, мора и за маестро Тошев да направиме една епизода, и тоа ѝ го предложив на Илина, па еве нѐ неколку месеци подоцна.
Љубимир Тошев-Кент или гроф Тошев, како што го викаат некои, или маестро Тошев, како што си го викам јас, го запознав пред петнаесетина години, кога јас студирав книжевност на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а тој беше библиотекар или библиотекарин, како што вели тој, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Кај Љупчо во библиотека не можеше да седи секој. Ќе те измерка уште од врата и ако не си добредојден за седење, многу бргу ќе го дознаеш тоа. И јас ги поминав тие иницијации на меркање и проверка во вид на провокативни прашања преку кои домаќинот бргу сфаќа колку ти сече и дали си достоен да делиш астал со него. Денес, петнаесетина години подоцна, седиме, сега како двајца пријатели, во библиотеката во која тој го помина целиот свој работен век, а и јас кратко работев како прв негов наследник.
(Common People)
Јас сум Ѓоко Здравески, а оваа епизода од поткастот „Обични луѓе“ е посветена на Љубимир Тошев-Кент, константа што еволуира. Подгответе се за политички некоректен разговор помеѓу двајца пријатели. Муабетот е природен и непосреден, па во него улетува и понекоја пцост и понекој србизам, а и некои други зборови што некому сигурно ќе му се чујат навредливи.
Ќе вреѓаме во интервјуво? М? Ќе вреѓаме, викам? Ќе пцуеме? Е, сега, шо ќе пцуеме? Ние сме добри луѓе, многу сме културни.
Љубимир Тошев е роден во Скопје на Богојавление, или како што велам јас, на Љубиморојавление, 1952 година. Првиот прекар му е Гајга…
[Љубимир]
Првиот прекар ми е Гајга. Изгледа како мал не сум знаел циганка да викам, сум ја викал гајги. Зашто мајка ми се чудела, нормално и татко ми, само татко беше тогаш во Германија, лектор, прв е, во Гетинген. Никој не го споменува тоа. Која година е тоа? Јас сум 52-ра, тоа 54-та било. Колку што знам, има и статија. Гетинген и… Се чуделе како детево на, а сум се родил на пет кила сум бил. Прво одделение, а? Картал, картал, у пичку материн. И не сум зборувал. Со заби. И мислеле дека нешто… Ти си од тие што не зборувале, а? Не зборуваа. Нешто сум видел, ама тоа не се сеќавам да ти кажам. И потоа прозборев. Тоа е интересно, деца што не зборуваат… За Ајнштајн викаат дека доцна проговорил. Добро, јас не сум Ајнштајн, далеку од тоа… Без разлика… Ама немој да мислиш дека се потценувам, тој не ми импресионира…
Ѓоко:
Роден е карши ЦК, кај прочуената кафеана „Зора“, според која Димитар Солев го пишува романот „Зора зад аголот“. Првите сеќавања му се поврзани со баба му Љуба Иванова Бојаџиева, првата скопска акушерка, по која го добива името.
[Љубимир]
Јас сум роден, инаку, значи карши ЦК сега… Карши Владата. Тука е таа прочуена… Во дворот на прочуената кафана „Зора“. Зора зад аголот. Имено. Ај, тука кажи ми малку сега. Зора зад… Сум ти кажувал мислам тоа… Имаше… Е, тоа ми се… Едно од првите сеќавања. Прво сеќавање ми е кога се роди сестра ми Марија. Марија е помала од тебе, така? Да, штом ти е сеќавање, мора да е помала. Таа е 54-та, јас сум 52-ра, таа е во ноември некаде. Се сеќаваш на тоа, а? Знаеш зошто се сеќавам? Бидејќи, со пајтон, веројатно пајтонот ме возбудил, и породилно беше сега шо е Градска оваа црвената, така ја викавме црвената беше породилно. Бидејќи баба ми беше акушерка. Јас, баба ми ме извадила од мајка ми и брат ми. Тогаш веќе ѝ се треселе рацете Маре кога дојде, таа од 19-ти век жена беше, акушерка инаку, првата акушерка. Како се вика? Љуба Иванова Бојаџиева. Љуба Иванова Бојаџиева. Скопјанка.
Ѓоко:
Кои се најстарите скопски маала? Зошто е Дебар Маало сељачко маало и кој е првиот збор од тешките зборови што ги изговорил?
[Љубимир]
Љуба, Панкова е. Позната фамилија. Тие се први што имале, како да ти кажам, имало некој клучар ми кажуваше таа, сега кај шо е Гранд, пред Ново Маало… Имале двор со онакво, и некое куче, и доаѓале Албанци… Албанци, двајца без тројца и проселе за леб. Би парче бух, викале. Две парчиња леб. Ова е пак триесетти некаде, а? Ова е турско. Ова е турско, ова зборуваш сега за баба ти. Баба ми, турско е. Баба ми беше негде, постара од Тито беше. 1880, да речеме. А кај имаат живеено, во Ново Маало, тука? Тука. Мајка ми е новомаалка родена. Е… Иако Ново Маало е влашко маало, ама овие се први. А Дебар Маало е 1912 напраено, тоа сељачко маало е. Затоа ти викам, многу работи се во Скопје, овие… Ај, кажи ми, зборувај ми малку за Скопје… Кое е најстарото? Значи, Ново Маало е старо маало, практично. Старо е. Најстари се овие од оваа страна. Чаир, Чаршија, Карадак Маало. Каде е Карадак Маало? Кај (нејасно)… Крњево. Кај хотелот. Континентал е Крњево? Да, да, да… Ова Маџир од другата страна, Пајко Маало кај Пиринче, тие се маалата. Топаана. А ова Циган Маало шо го викаат? Малку знам. Малку знаеш. Тоа е ваму кај Беко негде ваму. Циган Маало тоа е пак, знам, Циган Маало имаше Цигани, знам, ама тоа е аматерска работа. Тоа е Циганите кога се доселувале и затоа го викаат Циган Маало. Ги бркаа потоа Циганите во социјализмот. Неколку, две-три фамилии останаа, околу школото Гоце Делчев. Ленин бившо. Така, така, така. Неееее, Ѓоко… Ти си растен кај ЦК. Кај Зора зад аголот, тоа рековме. Е, тука, тие сеќавањата мои. Јас знам дека тебе тие работи те интересираат. Имаше, а тие веројатно му беа деца на тој Фрањо, знам, газдата. Фрањо. Од баба ми, пак ти викам, тоа сѐ се… Не сум зборувал, ама сум впивал. И ти викам, ова не е од некој што ми го кажувал отпосле. Иначе така не сакам да зборувам. Значи, мал си, ќутиш, не зборуваш, сѐ снимаш? Да, сум снимал. Сум снимал. А нешто вака сум праел, бидејќи децата беа слепи. На овој Фрањо? На Фрањо. И знаеш, ти си окат и гледаш некои немаат очи деца. И веројатно нешто акушерката, нешто сум… некоја гестикулација сум праел и тогаш ми е останато, сифилис сум го слушнал првиот збор. Сифилис прв збор? Прв збор ми е вака од овие тешкиве зборови.
Ѓоко:
По мајчина страна е скопјанец, а по таткова е прилепчанец. Љубимир Тошев е син на Крум Тошев, македонски славист и македонист, универзитетски професор, и потомок на револуционерот Пере Тошев. По таа линија, по скопскиот земјотрес се селат во Прилеп.
[Љубимир]
Значи, по земјотресот сте преселени… Колку време живееш во Прилеп? Година. Ваму во куќава што ви е останата, сега што делевте нешто? Да, да. Таа куќа е на Наум Тошев. Кој е Наум Тошев? Татко на татко ми. Татко на татко ти. А тој на Пере што му е? Пере му е чичко нему. Пере му е чичко на Наум? На Наум. Пере немал деца. Нели, Блаже го пишува… Само тој е близок со… Ама, па, Пере млад умира, колку години има Пере? Не е многу млад, 45-6. Ааа, така… Утепан е. Знам, де, знам. Во заседа е фатен, така, некако на пат е? Го наместиле.
Ѓоко:
По таа една година во Прилеп повторно се враќа во Скопје.
Кажи ми сега, одиш Прилеп и потоа се враќаш… Се враќам во Скопје. Нели, по земјотрес. Се враќаш на истово место, кај што си бевте? Кај се враќате? Ти си роден ваму кај… Зградата се реновираше. Ќе ти кажам. Не падна зградата? Не, со жолто беше. Жолто значеше дека може да се поправи. Зелено беше непипната, црвено за рушење. Така.
Ѓоко:
Прво привремено живеат во Тафталиџе, што за еден дебармаалец е далечна периферија.
[Љубимир]
Од Прилеп кога се вративме, види ќе ти кажам што, живеевме едно два-три месеца, тоа е едни бараки, бараки значи сега некаде кај каналот, Тафталиџе.
Тука седевме два-три месеца. Потоа на татко ми му дадоа за, како се вика тоа, за привремен престој, престој, ебати српскиот збор. Како ќе биде македонски? Не знам, нема. Најверојатно. Или ќе го преведе Корубин, ќе направи како од кафиќ – кафуле. Не заебавај. Тоа беше убаво. Тафталиџе, во тие швајцарски бараки. Или италијански. Тие постојат уште или беа привремени? Сега се згради, сега се палати сигурно. Е, таму учев во Песталоци. Во Песталоци? Бидејќи Песталоци е наследник на Гоце Делчев. Ама, чекај, Песталоци не е сега ваму кај што седиш зад Буњаковец? Не, Песталоци, во Јан Амос Коменски. Извини ме. Зашто е, како се вика овој, Јан Амос Коменски, даскалите од Гоце Делчев… А кај било Гоце Делчев? Кај Јоле тука, пред Јоле, кај Комунист што беше. Тука имаше школо, а? Најубавото школо беше. И тоа падна со земјотресот? Да. Се викало во српско мислам Цар Душан. Во српска зграда. Тоа беше Његош, е Песталоци е алтернатива на Његош, тие беа две школи најотмени. А и Скопје беше 120 илјади жители, нека не…
Ѓоко:
Потоа се враќа кај Пионерски дом Карпош.
[Љубимир]
Кај Пионерски дом Карпош, значи една година таму, значи да речеме 63-та, 64-та, 65-та. И потоа сте тука? Сѐ тука додека не отиде сѐ у бестрага. Значи, до 2008. Го продаде тоа? Па, да. Јас не го продадов, снајка ми и зет ми. Да го продадев јас тоа, ќе ги земев парите. Ќе бев на коњ.
(МУЗИЧКО ИНТЕРМЕЦО)
Ѓоко:
Крум Тошев, таткото на Љупчо, е роден 1912 година во Прилеп. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот јазик, коавтор е на првиот Македонски правопис со правописен речник, човекот што во 1945 година го одржал првиот универзитетски час на обновениот Филозофски факултет во Скопје. За време на Втората светска војна заедно со Димитар Митрев од Бугарија се враќаат во Македонија. Кој е Крум Тошев и што работи пред Војната и како добил десетка кај легендарниот белградски професор Александар Белиќ?
[Љубимир]
Пере Тошев викаат дека бил Бугарин, ама овде е претставен за Македонец, нели така? Јас тогаш, не знам за кого зборувавме, кога те прашав, тој Бугарин е или Македонец, ти што ми рече? Прилепчанец е. Прилепчанец, бе… Сеа гледај, татко ми земи го. Татко ми, татко ми, а бе, чекај. Татко ми завршил, кај Белиќ има десетка. А татко ми има бугарско име, Крум. Нели, тој ханот. Белиќ го прашал, Александар Белиќ, го прашал, бре, мислејќи дека ќе го фати дека не знае, какво е тоа име, му рекол бугарско, Круме му рекол. Десетка му пишува, не му се реванширал. Значи, бил професор. Татко ми потоа е во Иванград уволнет. Не уволнет, туку во Иванград го пратиле во Црна Гора. Таму да предава? Да предава српскохрватски. Која година е татко ти, батко? Дванаеста. Кога е ова? Ова е триесет и некоја? 35-та, 36-та. Потоа од таму во (нејасно) војната фаќа, таму може и поеќе да се сеа, не ме фаќај за збор, од 41-ва во Струмица предава бугарски. И му се скурчува, доста сега српскохрватски предавам таму, сега бугарски предавам, Бугарите го бркаат во Бела Слатина, уволнет. И заедно со Митрев доаѓаат 44-та во… А и татко ти доаѓа со Митрев од Софија? Од Софија. Тој бил во… Татко ти бил во кружокот во Софија? Не. Не бил, со Вапцаров? Не, не, не, не… Татко ми бил во Бела Слатина, ама се запознале, заедно иделе. Знам дека, Круме ми кажуваше, кога се уплашил некој магнетофон носеле, од горе почнале да паѓаат бомби, овој се уплашил Митрев, го фрлил тоа магнетофонот во река некоја. Дали во Крива Паланка, кујзнае каде. А веќе дојдени кај нас? Навака дојдени, да. Ахааа… Ова првпат го слушам за татко ти. Еееее… Па, во Струмица, во Струмица… Ја не сум бил, студентите, гимназистите направиле протест кога го избркале Бугарите од гимназија, напраиле… А зошто го избркале? Бидејќи не сакал да предава на бугарски. Протест направиле.
Ѓоко:
Како почнува професорската кариера на Крум Тошев на Факултетот, кои професори предавале на тогашниот Филозофски факултет, дали биле блиски со Блаже Конески и од кого, според универзитетската професорка Вера Стојчевска Антиќ, најмногу се плашел Блаже Конески.
[Љубимир]
Круме беше левичар. И како влегува на Факултетов потоа? Како влегол? Со декрет. Со декрет? Со декрет. Сите. Што години има тој, млад е тогаш, триесет и нешто, колку има? Ама од Блаже е многу постар. Од Блаже е многу постар. Единствено постари од него се тука Поленаковиќ, сета работа е Поленаковиќ, и Ѓорѓи Шоптрајан. Ѓорѓи Шоптрајан шо предавал? Француска литература. А Димче Левков? Димче Левков, и тој е. Тој е, помлад е од татко ми. Што е тој? Помлад е од татко ми година-две. Прилепчанец е. А Блаже и татко ти односот? Блиски? Не многу. Не многу, а? Не многу, ама… Поголем егзибиционист беше Блаже од Круме. Во која смисла поголем егзибиционист? Па, и… во кажување, во тие некои имаа… Сцена сакаше, да го слушаат? Да го слушаат, иако не беше Гане Тодоровски, сега да се разбереме, знаеш… Ќе те чепнам малку за тука кои се собирале. Знаеш, знаеш што дека… Круме беше бајаги затворен чоек. Само, не многу затворен. На пример, чичко ми Димче беше илјаду пати позатворен. Не моеш ништо. Добро. Ја пишувам текстови, ми вика, ти да престанеш да ги пишуваш текстовите. Зошто, бе, да престанам да ги пишувам текстовите? А што беше? Ми рекоа така. Кој ти рече? А бе, овие полемикиве што ги праев во Дело. А што бил Димче? Професор, хемија предаваше, декан на Хемиски факултет. А, декан на хемиски… Чесен до крај, ама ѕвер, у пичку материну. Братучед ми го туркаше, негов внук го туркаше на испити, не знаел хемија. Со петокраката на чело, а? Не беа активни комунисти. Татко ми, е, со Блаже! Не се дружеше фамилијарно, му идеше по погреби Блаже вака… Блаже многу ја почитуваше мајка ми. А и Вера Антиќ кажува тоа, највеќе Блаже се плашел од мајка ми и не знам, оваја… Усикова. Рина? Рина.
Ѓоко:
За првиот универзитетски час на македонски јазик:
[Љубимир]
Првиот час татко ми го има на македонски јазик одржано. Така? Крум? Никој пред него. Првиот час, универзитетски зборувам. Татко ми. Во друга земја да беше, ќе се правеше јубилеј. Овде… Јас татко ти многу малку. Па не моеш… Во сенка е. До крај. Јас да не бев… И дури јас ме знаеш каков… Јас не сакам за мои да се зборува. И тоа ќе го битисаа. Како да не постоел. Тоа е од сенката на Блаже. А чоекот е постар од Блаже. Сеа, еби му мајката. Таа поделба на србомани и Македонци. Татко ми беше Македонец, никогаш не рекол дека е Бугарин. Тоа… Далеку од тоа. Значи, си се декларирал како Македонец? До крај.
(МУЗИЧКО ИНТЕРМЕЦО)
Ѓоко:
Како го добива прекарот Кент и што вели за тоа неговиот пријател, драматургот Братислав Димитров.
[Љубимир]
Гајга ти е прв прекар и потоа Кент? И потоа Кент. И толку се? И толку се. А зошто Кент? Бидејќи единствен пушев Кент. Тогаш што се пушеше? Југославија? Југославија, Сто еден, 57, тие словенечките. А овие кога излегоа МТ, Партнер, тие, подоцна излегоа? Ги имаше и тие. Драва. Морава. Е па, ене го и Бато Димитров тоа, сите кога, нели… има текст напишано. За тебе? За мене… Ме споменува… Бато! Вика, додека ние пушевме Драва или максимум Дрина, Љупчо Тошев Кент пушеше Кент како Стане Доланц.
Ѓоко:
Како се запознава со својата драга пријателка, професорката Лилјана Минова-Ѓуркова и каква е врската на професорката Минова-Ѓуркова со неговиот прекар Кент.
[Љубимир]
Со Лиле Минова, Лиле Минова, не ја ни знам, не ја ни познавам, јас сефте овде кога дојдов, ја гледам, у пичку матер која е викам оваа, пичка ѝ материна нејзина. Не ги сакам, да им ебам мајката.
Ѓоко:
Љупчо кога те пцуе, тоа многу често значи дека си му многу близок и драг.
[Љубимир]
Чекај сега, ти кога пцуеш знае да биде и убаво, од што те воодушеви, ти беше убава или? А бе, се разликуваше од другите, не беше тетка. Добро. Гледам Кент пуши, а ја динарџија. Ти оставила впечаток. А ти динарџија… Тоа уште појќе ме… Што значи динарџија? Авионче! Леташ, динар немаш у џеб. Немаш динар у џеб, тоа се вика… Динарџија. А што е авион? Зошто авионче? Бидејќи си лесен. Аааа, така, леташ. Тоа изгледа преку Белград е влезено добро, де. Ова првпат го слушам, не го знам. Да, да, да. Или, еве, во Прилеп викаат дупнати ти се џебојте. Или тантела, има и тоа е таков збор. Бучка, на пример, тантела викаше, тантела си. Кој е Бучка, кој беше Бучка? На Баркли брат му. Кум сум му, старосват сум му на свадба. Уште е жив тој, фала Богу. Брат му умре тој, Баркли Томче. Овде е тетовиран четири кеца. Идризовци се.
Ѓоко:
Но, да се вратиме на приказната за неговото вработување како библиотекар, за првата средба со професорката Минова и за прекарот Кент.
[Љубимир]
Претходно, тоа беше Нова година, за случајот со Лиле. Претходно имаше состанок на Катедра. Јас дојдов, не зборам збркано, концентрирано зборам, на 15-ти или 16-ти декември 82-ра, така. Тазе вработен тука. Сефте. Влегувам тука, овде. Ме пречекаа, не ги знаев, ни Пандев и Емилија Црвенковска.
А, Лиле… И глеам, викам, која е оваа, викам, мајку ѝ Божја, гледам вотки пијат и ја гледам со мене сака муабет да праи, нов чоек, љубопитна. Тогаш почнавме прв муабет. Драва пушам, таа Кент пуши. Лелеее… Мене… Од 5 динари до 50 динари, големи разлики имаше во… Многу скапи Кент, а? Десетоструко во однос… Не е како сега… Шије ми га Џура, у пичку… Сакате цигара? Како да не сакам. Викам, тргни ги од астал овие, да им ебам цигарите, жолта етикета кумановска, кумановска Драва. Маму ѝ ебам нејзина. Ама вотки, так, так, так, и се отвори муабети. Па-па, па-па, па-па, па-па. И ми вика, од сега, вие и јас сме на ти.
Тоа ми е една… едно од најдрагите пријателства.
Ѓоко:
Лилјана Минова Ѓуркова, жената што била џентлмен, ама не е лесно да го честиш Љубимир Тошев.
[Љубимир]
Жената беше џентлмен, ама не било така. Таја, е сега, првите денови… Вика, ја имам поголема плата од тебе… Кој вика тоа? Лиле. А бе, викам, ти имаш поголема плата, ама јас ќе честам, јас сум машко, ти си женско, ти ќе молчиш и јас честив. Го прифаќаше Лиле тоа? Како нема да го прифати? А бе, растена, таа 39-та беше, бе, чоеку, во еден свет, сама студирала со маж ѝ македонски овде, сама. Ти сфаќаш во кои ситуации? Пушти ги овие алапачи, вака било, онака било. Мене и до ден-денеска, не сега Лиле што ми рекла, до ден-денеска, не сакам женско да ме черпи. Допуштам сега, не сум толку, кога немаш динар во себе…
Ѓоко:
Да се вратиме кратко кај кафеаната „Зора“.
[Љубимир]
Со Зора е многу поврзана професорката Минова. Таа кафана до кога постои? До земјотресот. Аха, ти не ја фаќаш. Зашто Лиле, Лиле учела во Женска гимназија, во ЦеКа. Лиле е скопјанка родена или? Таа е во Прилеп родена, ама на две години е дојдена, значи… Еписибир. Шо значи еписибир? Сеедно. Таа е гимназијалка. Женска гимназија, кај ЦК. На каршија. И оделе таму, таа е постара, таа 39-та, јас 52-ра, нели? И оделе таму во таа и објаснуваше со тие зелените пенџери, зелените… Пенџери ќе ти каже тебе, иначе прозорци ги викаше, ај сеа. Нели? Шо не се гледаше ништо. Ѝ биле тие… Мистериозни. Зашто се такви. А бе, девојче. И таа, пак е поврзана таа, многу… „Зора зад аголот“ кога ја напишал овој… Солев. Димитар.
Ѓоко:
Што го нервира најмногу во кафанскиот живот во Скопје денес?
[Љубимир]
Те нервира сега, има кафичи во градов, кафани нема. Да, најмногу, најмногу тоа ме нервира. Знаеш, нема да се раскомотиш. Да не внимаваш. А и газдите не чинат. Газдите не се еснафи? Не се еснафи. Не се кафанџии самите. Да, а и сакаат да заработат пари. И не сакаат постојани, да не речам стални гости. Бидејќи им ги знаат постојаните гости цените. Не можат сега нас да нѐ украдат, треба некој курбан да дојде да го сечат, да ги наострат сабјите, така ли е, бе, батко? И ти не си вчерашен.
Ѓоко:
За Шар во Чаршија и за покојни Бристол.
[Љубимир]
Најубава бавча беше Шар. Последна кафана мене што ми остана беше Бристол, и таа ми ја укинаа. Дааа, ти во Бристол седеше. Дааа… Јадеше чорбички. И многу гулаш јадев, да ти кажам. И многу ракии пиев, да ти кажам. И многу пива испив.
Ѓоко:
А легендарниот Јоле и Друштвото на писателите?
[Љубимир]
А Јоле? Јоле беше одличен човек додека не се ожени, на стари, на 60 години се ожени. Ама како кафана сега јас не за… А бе, тоа е, тоа е со овие… Си им терал иле таму на книжевнициве? Тие им ебав мајката, на сите. Така? И… послаби беа од мене. Им беше трн во око. Па, како да ти кажам, трн во око можеби е и малку банално, повеќе од тоа.
Ѓоко, сите овие што сум ги видел, особено во овие општествени науки таканаречени, јазик, не знам што, полоши биле од мене, батко.
(МУЗИЧКО ИНТЕРМЕЦО)
Ѓоко:
Љупчо Кент често е контроверзен за своите соговорници кога зборува за теми од историјата, а тој тврди дека ништо не измислува, дека за сѐ си постојат документи. Фантазијата постои, ама само во книжевноста. Ич не му е гајле нему за идеологијата во книжевноста, многу поважна му е формата од содржината, важно му е да му биде убаво.
[Љубимир]
Знаеш, кога им го кажуваш тоа, се вадат од памет. А еве го, секаде, тоа е напишано, јас не сум измислил, јас ништо не сум измислил. Јас имам фантазија, ама во раскази се употребува. И да ми биде поубав текстот, ќе се заебавам. Ќе ги извадам од памет и реченици и сѐ. Нек иде у пичку материну, мене повеќе ме интересира формата од содржината. Да ми биде убаво. Ми е гајле која идеологија, дали била фашистичка, дали била комунистичка, ме заболе курот. Кога читаш книга, тоа не гледаш, гледаш како е напишана? Апсолутно. А бе, како сега? Крлежа ми се допаѓа и Селин ми се допаѓа. А и на Крлежа Селин му се допаѓа. Едниот е ленинист, другиот е тотален фашист. И ја имам идеолошко влијание од Крлежа. Да, да, знам дека го сакаш Крлежа. Го сакам и сета историја македонска преку него ја научив. Од Заставе.
Ѓоко:
Кои му се омилените писатели, и каков бил односот помеѓу Крлежа и Андриќ.
[Љубимир]
Крлежа, Селин… Друго што имаш влијание? Рускиве? Рускиве многу ги сакам. Андреј Бели, Борис Пилњак. Борис Пилњак има еден… Верност се вика. Прекрасен расказ, мислам најубав е во сета светска… За мене сега. Во сета светска литература за мене е најубав, Верност се вика. Што станува веднаш по Октомври руски. Слободна љубов, сѐ тоа, како хипи покрет. Пилњак му е и на Киш омилен, тој од него зема. Жилник шо праеше, режисерот? Ќе ги фати… Киш е… ученике од нив, од руската авангарда. Да, да, да. Тој тука ги спомнува, од Југословениве, исто Крлежа го спомнува, Црњански и Андриќ. Да, ама овие двајцава се медиокритети, се удвараат на четничката власт. Андриќ и Црњански? До крај, па и двајцата сакале да ги нема Шиптарите од Косово… Во власта се, проект имаат напишано и тоа е исто ко меморандумов шо го напраи Добрица Ќосиќ, уште 41-ва да ги нема Албанците, да се префрлат во Албанија. Тоа се четнички фигури, Крлежа што вика Андриќ, Црњански енд компани. А каков им бил односот на Андриќ и на Крлежа? Многу негативен. Многу негативен? Се нејќеле, а? Не. Само Андриќ не реагира, Црњански реагира и утепан е од Крлежа. Крлежа на полемика нема… мислам во свет нема појак. Нема.
Ѓоко:
Уште малку за Крлежа, за Толстој, Гомбрович и за функцијата на книжевноста.
[Љубимир]
Нема општествена функција. Само естетска. Па, само приватна, бе, тоа е мое, бе, духовно е, бе, батко. И Толстој и Крлежа и Гомбрович, бе, сите најпаметни луѓе го велат тоа. За мене тие се најпаметни. Не ми е Ајнштајн. Јас сум од таа бранша. Крлежа што вика. Еве го, вика, се апострофира како поет. Одакле је? Одакле је дошао? Ме разбираш? Гомбрович вика… Прво вика, терминот писател е неразбирлив. Секој што пишува е писател. Туку, како се пишува. Знаеш, има тука цаки. Е, тие необичните. Крлежа не е необичен, тој е ленинист, ама Гомбрович е индивидуалец тотален. И Крлежа е, ама анархистички, ленинистички.
Ѓоко:
За хероите од детството, за Гаврош и Козета в клозета и за тоа што пиел Жан Габен, францускиот актер што го играл Жан Валжан, главниот лик од „Клетници“ на Виктор Иго.
[Љубимир]
Џејмс Џојс. Сега јас не знам англиски, дај Боже, ама Даблинци ми се… Мртви ми се допадна. Знаеш, има некој… Жене Гомбрович го воспева. Селин, ти викам, да бев помлад, ќе учев француски заради Селин, не за некој друг. Е, го сакам Виктор Иго, ама, нормално, ко дете Гаврош, Козета в клозета, тие се убави работи. Козета в клозета? Бугарите така викаат. Козета в клозета. Жан Валжан. Тие ми беа херои. Робија за парче леб. А бе, Жан Габен го глумеше. Во некоја серија француска кујзнае од кога, а ти знаеш, тој Жан Габен, колку… Е па, затоа, кога ме прашуваше ти за овие разговори, многу сакав, е, така, го гледав тој Жан Габен, тој е умрен одамна… Си пуши цигара и кажува, Реноар, тој режисерот, не сликарот, како правел ова, она, како им ги менувал самиот глумец репликите. И вика, ќе се согласеше. Вика, јас сум сељак, не сум од Париз, во близина, ама се согласуваа со мене. Знаеш, си пуши тој, веројатно апсинт пиеше, маме му ебам. Ама одличен глумец. Жан Габен.
Ѓоко:
И за крај, најважното кредо на Љубимир Тошев Кент.
[Љубимир]
Ѓоко, вистината преди сѐ. Мислам, вистината како јас што ја чувствувам.
Никогаш, батко, не лажам. Освен. Знаеш.
Освен полиција, војска и администрација.
Ѓоко:
Ова беше само една од многуте можни средби со Љубимир Тошев-Кент, единствениот анархист што го познавам, мојот омилен drunken master, човекот што во еден од своите мигови на изменета состојба на свест за себе ми рече: Батко, јас сум подобар и од себе.
(Common People)
Во оваа епизода зборуваме за набљудувањето птици, или птичарењето, хоби или дел од професијата на нашите соговорници. За нејзино следење ви се потребни само двоглед, тефтерче и нешто за јадење.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С2Е4
ТРАНСКРИПТ
(музика)
Грозда Стојановска – „Билбил пее во планина“ (народна)
Орел змијар, белонокта ветрушка, црнокрила блатна ластовица, славејче и грлица. Им завидуваме на супер-моќта да летаат, сакаме да ги слушаме кога гугаат, пеат и црцорат. Знаеме додуша и да им ги рушиме гнездата, да ги заловуваме или на друг начин да се замешаме во нивните инаку спокојни животи.
Птиците се моќен симбол во човечката култура. Но сепак најубави се во живо, кога само ги гледаш, без да знаат дека си тука.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода ќе зборуваме за набљудувањето птици, или птичарењето, хоби или дел од професијата на нашите соговорници. За нејзино следење ви се потребни само двоглед, тефтерче и нешто за јадење. Ама гледајте да има за сите. И за луѓето, и за птиците.
[Илија Дуковски]
Со интересирање кон животните и природата воопшто започнав многу рано. Беше некаде можеби 5-6 години кога си игравме во дворот во Цетинска Кула во Тетово каде што живеевме една мала заедница на главно луѓе бегалци од граѓанската војна во Грција. Имаше едно другарче Танас кој… со кого така собиравме бубачки по дворот и од тука почна некако интересирање за природата.
Ова е гласот на Илија, физичар, кој живее во Бостон, далечната Америка. Таму, како птица преселница свил гнездо пред повеќе од 20 години. Но животните и посебно птиците ги засакал најпрвин во родната Македонија.
[Илија]
А за птиците конкретно влијателна најповеќе беше една книга на Алфред Брем. Тоа е некаков класик од 19 век за животот на животните и имаше онака интересни илустрации во стилот на 19 век. Нарочито една птица зимовка со многу интересна боја и не знам зошто, што ме привлече толку кон таа илустрација. И онака, мечтаев да ја видам таа птица и ми се случи. Значи некаде почетокот на осумдесеттите значи имав едно можеби 11-12 години кога ја видов случајно во парк птицата, зимско време беше во Тетово и онака останав зинат. Значи тоа е кога… можеш да замислиш кога некој мечтае за нешто што мисли дека е недостапно и одеднаш онака случајно го наоѓаш тоа. И од тогаш почнав да се интересирам. Можеби можам да видам уште птици од таа книга. Некаква цел ми беше да го видам брадестиот орел кој е исто така импозантна слика, беше претставена во книгата, кој сè уште го немам видено. Брадестиот орел живеел пред, не знам, дваесетина години во Македонија. Мислам дека веќе го нема во Македонија. Мислам дека е исчезнат. Ама се надевам еден ден ќе го видам некаде. Дали во Шпанија или во Азија (се смее).
Таа книга и тоа искуство го поттикнало да продолжи да птичари и во тинејџерските години и на студиите во Белград. Но кога слетал во Америка му се отворил еден цел нов птичји свет.
[Илија]
Во првите денови, значи штом стигнав во Америка целта беше не само да се ужива во природата или да се набљудуваат птиците туку и да се видат што е можно повеќе видови, нови видови. Сега веќе овај… мислам дека ги имам видено скоро сите видови кои се чести тука во Масачусетс, во областа во која живеам, во државата во која живеам, така да тоа веќе не е случај. Постојат луѓе кои тоа им е целта, значи постојат луѓе кои на некој начин… тоа им е еден вид на такмичење, еден вид натпревар, кој ќе види повеќе видови на пример во текот на една година, во текот на еден месец, кој ќе види повеќе видови на едно место, кој ќе види на некоја локација. Или кој ќе види повеќе видови и ќе привлече повеќе видови во својот двор. И знае да биде целата работа, знае да биде и доста компетитивна.
Аматерските познавања за птиците успеал да ги прошири со финта – да се приклучи на јато орнитолози на својот универзитет и да следи таков предмет.
[Илија]
Да, кога бев на Јума во Амхерст тука во Америка, студирав постдипломски студии по физика меѓутоа се приклучив на еден курс кај професор по орнитологија и тој ми дозволи да се шлепам со нив. И тоа беше скоро онака како… ми ги отвори навистина очите за тоа како… како се врши добра идентификација и како се наоѓаат местата каде што може да се набљудуваат птиците. Бевме на една екскурзија како филд трип на Плам Ајленд, тоа е мeсто тука во Масачусетс кое е резерват специјално посветен само на птиците и навистина тоа беше едно неверојатно искуство кога се запознав со таканаречените свиркачи. Тоа се мали птички кои живеат по блатата и по плажите. И тогаш почнав да ги идентификувам. Затоа што се многу слични и нивната идентификација е исклучително тешка. И тогаш разбрав дека постои систем и постои начин како полесно да се идентификуваат сите видови и навистина ми се отвори нов свет на некој начин за целата работа.
Сепак, за него најинтересните локации за птичарење се тропските, поради големиот обем на птици и најразличните видови, кои не можат да се сретнат на други места.
[Илија]
Најинтересните места каде што сум бил се тропските. Мислам тропските предели се неверојатни затоа што таму биолошкиот диверзитет е огромен. Значи ако вие не знам, во Масачусетс или во било кој дел на Северна Америка годишно можеби ќе видите стотина, можеби две стотини птици, таму во третиот ден веќе имате сто или две стотини. Мислам луѓе одат во Костарика со добар водич и после една недела можат да видат по четири стотини, пет стотини видови. Тоа се вкупниот број на сите видови птици во Европа на пример. Значи тоа е неверојатна работа. Тоа како што велат Американците во тропските предели птичарите се чувствуваат како kid in a candy store. И таа една екскурзија што ја направив во Костарика ми значеше навистина многу. Беше неверојатна… неверојатна… неверојатно искуство. Претходно бев во Мексико, исто во Мексико беше многу интересно, во Јукатан каде што најголем број на птици се ендемични за Јукатан, значи ги има само таму и никаде во светот. И на Карибите мислам исто така е јако добро да се… И Јамајка на пример, навистина многу ми се допадна трипот таму. Од птиците кои нај… кои се најинтересни што сум ги видел… Па некои од птиците кои се најинтересни сум ги видел всушност тука некаде каде што живеам. Така галебот на слонова коска или ivory gull е една птица која живее на крајниот север на Антарктикот… на Арктикот, се извинувам, која една година се појави тука во Масачусетс и имаше огромни групи на птичари кои доаѓаа од далеку да ја видат таа птица. Исто така северната јастреб, сова ми беше една птица која сум ја видел исто така од далекиот север, која е необична. Други, од тропските птици во Доминиканска Република на пример тоди, тоа е мала… мало птиче, во Костарика имам мислам… сум видел на пример трокресна ѕвонарка (Three-Wattled Bell Bird, Procnias tricarunculatus) која е навистина фантастична птица заради начинот на кој пее. Значи нејзината песна е нешто необично, звучи буквално како некакво… звук на ѕвонче кој е направен од некаков синтисајзер, буквално така звучи.
[ЗВУК ОД ПТИЦАТА]
Мотмот во Мексико, тоа е птица која ја ниша опашката како не знам некаков саат, навистина е интересна. Калифорнискиот кондор во Гранд Кањон во Колорадо е навистина импозантна, навистина интересна птица која е фасцинантна. Меѓутоа и во Македонија сум видел. На пример карполазач, птица која живее во… на големи висини, значи во планините, една зима ја имам видено на поштата во Тетово. И тоа беше навистина изненадување (се смее).
Пред правењето на оваа епизода ми беше препорачана американска комедија The Big Year, во која ревносни птичари се натпреваруваат кој ќе види повеќе птици во текот на една година. Го прашав Илија дали сето тоа навистина изгледа така, возрасни луѓе да си ги напуштаат работните места и да си го жртвуваат семејството за да гледаат некакво пиле.
[Илија]
Стварно така изгледа. Добро тоа е комедија една направена на комичен начин… на претеран начин. Меѓутоа системот е тој, значи системот е правилно претставен во филмот. Значи постои e-bird онлајн портал на кој луѓето објавуваат дека е видена таква и таква птица и доколку таа птица е ретка, голем број на луѓе одат таму да ја видат птицата. И она имате случај кога едно птиче на некоја гранка седи и си работа тоа шо си го работа, а на сто метри од таа птица имате на пример две стотини или три стотини луѓе со двогледи, со објективи, со апарати. Најинтересно ми беше мене во… значи ја спомнав северната јастреб, сова, тоа е птица која живее во крајниот, далекиот Арктик, значи на самиот север на Северна Америка и се појави една година тука во Њу Хемшир. Значи тоа е едно стотина, две стотини километри од каде што живеам јас тука во Бостон. И отидов да ја видам птицата наутро, значи некаде во осум часот бев таму и ја сликав и ја гледавме, имавме онака интересна седенка со луѓето кои исто тука дојдоа. Одеднаш се појавува автобус. Автобусот е полн со Британци. Значи луѓево букирале авион, дошле до Бостон (се смее), букирале автобус, дошле да ја сликаат птицата и ја исликаа за едно саат време колку што си беа таму, се вратија на автобусот и назад за Британија. Значи тоа е навистина така (се смее). Не е измислено.
Зошто баш набљудување и фотографирање птици а не броење слонови, снимање брзи антилопи или ловење риби?
[Илија]
Па мислам дека две причини се. Една е, птиците се навистина мили суштества значи, се некаков симбол на некаква убавина и на добрина јас би рекол. Нели и ангелите имаат крилја со пердуви нели и изгледаат како птици. И ние често сонуваме дека летаме, нели летот ни е некаков сон. И нели легендата за Дедал и за Икар, се работи за летање. Потоа и заради… како се вика… заради сексуалната селекција. Птиците се исклучително шарени нели и заради тоа се интересни исто така да се набљудуваат. Исто и пеат убаво. Додека на пример животните, цицачите се океј, тоа е сè супер, меѓутоа најголем број на цицачи се ноќни, ноктур… така да тешко да се набљудуваат цицачите.
Како реагираат семејството и пријателите на ова по малку необично хоби?
[Илија]
Мислам кај мене дома моите деца се воопшто незаинтересирани (се смешка), веројатно затоа што многу сум се трудел да ги навлечам на тоа, меѓутоа никогаш не сум успеал. А жена ми како оди времето, сè повеќе и повеќе се интересира и сè повеќе заедно фактички одиме на набљудување птици. Исто во фамилијата, мислам. Имам случка кога сестра ми беше дојдена и отидовме на брегот на морето и она не е нешто многу заинтересирана за птиците, меѓутоа баш тука се случи северни ганети да ловат. А северните ганети имаат еден спектакуларен начин на лов, кога летаат на пример сто до двеста метри над површината на водата и потоа нуркаат, фактички како ѓулиња во водата. И тоа е навистина импозантно и спектакуларно да се види. И навистина ѝ се допадна.
Би помислиле дека човек што набљудува птици не може да западне во големи невољи. Што може да му се случи на некој вооружан само со двоглед, фото апарат и млеко за сончање, заинтересиран само за пердувести објекти што летаат? Ама…
[Илија]
Па сум се наоѓал во чудни прилики. Најчудни… најинтересен настан кој ми се случи беше, се обидував да видам нов вид за мене, тоа е Вилсонова шлука, шљука, на некое поле, во некаква нива која беше онака оградена и многу ми беше битно да ја видам шлуката затоа што тоа би било првпат во животот. И отидов, влегов внатре, тоа беше некаква фарма со некакви штали и имаше некаква пријавница. И одам на пријавницата и прашувам дали можам да влезам во фармава да ги видам птиците. И во пријавницата стои полицаец, ми вели – господине, ова е затвор. (се смеат) И јас… каков затвор. А јас не го разбрав, или дали не го перцепирав на правилен начин, му велам – па добро, нема врска, јас ќе ја видам птицата и ќе си излезам назад. (се смее) Инсистирав да влезам во затвор. Он ме гледа вака демек – ама ова е затвор! (се смее) И после сфатив дека тоа е некаков поправен… дом за корекција на затвореници…
И.Ј: Поправен дом.
И.Д: Да, поправен дом каде што затворениците фактички работаат на фармата и на тој начин не знам, се ресоцијализираат и така. (се смее) Тоа беше доста онака…
И.Ј: Богами ќе си направел доста голема жртва за една птицата.
И.Д: Ќе сум направел доста голема жртва. (се смее) Да ме задржат како резидентен птичар.
И.Ј: Не знам за жени дали си правел жртви, ама за птица очигледно си спремен.
И.Д: Сигурно, да. Тоа не станува збор. (се смее)
Следната приказна вклучува малку поинакви и поопасни животни, што не летаат туку живеат во вода.
[Илија]
Тоа беше во Костарика во национален парк Карара, отидов на пријавница и човекот што… значи шумарот таму на пријавницата, ренџерот ми вели – ааа нема да можеш ти да одиш во националниот парк сега затоа што е доста касно, ќе те фати мрак и така натаму. Јас му велам – добро, може да пробам. И тој ме гледа вака, ме мерка, вели – каде ти е колата? И јас му покажувам каде ми е колата и ја гледа колата вели – а имаш кал на колата, добро, океј си ти. (се смее) Значи тие што имаат кал, тие се значи авантуристи и ќе преживеат. А ако ми беше чиста кола, тогаш ќе проценеше дека не сум за националниот парк. Елем влегов во националниот парк и ги видов птициве меѓутоа навистина почна мрак да ме фаќа и тоа е неверојатно колку брзо се стемнува нарочито во тропските предели значи, во шес саатот како некој да го исклучил светлото. Одеднаш почна да се смрачува и сакав да пробам на пократок пат низ… да навлезам во една рекичка, не беше многу голема река, меѓутоа требаше да бидам некаде до колена во вода. И во тој момент се сетив дека всушност на влезот на таа рекичка во морето е едно од чувените места каде што се собираат крокодили. И заради која причина не би имало крокодили и тука во оваа мала рекичка. (се смее) И така, тоа беше момент кога навистина онака ме стрефи, се исплашив на некој начин. Ама добро, успеав на крај да излезам од шумата иако беше мрак.
(музика)
[Александар Сани Јосифоски]
Као мал, тогаш нели немаше многу информации кај нас, ни ништо и гледам седев на некоја тераса имаше двоглед и тогаш онака гледав со двоглед и случајно видов птица.
Александар или Сани е малку поинаква птица, тип африканска. Неговите службени престои како информатичар во Уганда, Танзанија и Гамбија ги искористил меѓу другото и за набљудување и фотографирање птици. Но приказната, исто и кај Илија, почнала во детството, во Скопје.
И после само цело време седев со двогледот зјапав некоја птица да не пројде да ја следам, да ја видам. И тоа ми дојде како момент… знаеш моментален беше тој пошо немав дома двоглед. Кај шо бев таму имаше и ми беше интересно. И нема везе. После тоа немаш нити информации, нити ништо тоа време без интернет, без… ништо немаше, мали бевме. И вториот момент беше пред не знам колку… пет-шес години кога отидов у… мислам се интересиравме за птици, фотографиравме и тоа све ама не толку озбилно. Нели имаш врапче, чавка, гулаб и орел (се смее). И све друго е орел. И отидов у Уганда кога отидов и преку недела нели работиш и на викенди одевме во некој парк. И сега по пат кога се возевме со возачот и гледам низ прозор од колата гледам толку многу птици и толку различни птици до патот… Мислам кај нас нема толку многу птици као количина. И тогаш така ми дојде по овакво и имаше он книга тука у колата таа шо е за идентификација на птици и тогаш ми светна.
И тука више ми почна тоа интересот и кога се вратив одма купив книги, нарачав од тие Сollins Bird Guide, такви некои и почнав да се интересирам поише и тука влезе и Гален средниот син шо ми е, со неговиот интерес и почнавме заедно да ја бркаме работата и да шетаме нон-стоп, ја фотографирам, он глеам ги познава многу убаво. И така. Тимски.
А еве го и срамежливиот Гален:
[Гален]
Знам сипка, знам врапче, знам орел, златен орел и црн мршојадец, знам. Перегрин фалкон знам, знам гулаб, знам чавки пуно. И тоа. Знам многу појше тоа не можам сите да ги кажам премногу има.
Приказната на Сани од Уганда се сели во Танзанија, со поинтензивно набљудување и фотографирање на за нас егзотични видови. Сани споделува и совети и раскажува зошто е најтешко да се сликаат мали птици.
Во Африка значи 2017-та кога бев у Аруша. Значи првата недела нели доаѓаш, се сместуваш и све тоа и после работа, четири саат, пет, искачам со апаратот околу куќата кај шо живеев во радиус ај да речам… ајде петсто метри, максимум километар радиус, првиот ден исликав не знам може пеесетина видови. Значи толку многу птици, толку разновидни… од тие малине love birds… Сега не ми текнува шо све… ама имам фотографии од сè. Има едни како mouse bird или така нешто, со дугачки опашки, многу интересни. И тоа е да речеме едниот аспект у населено место. Многу птици и многу различни. И нели за нас егзотични бои, интересни. После кога отидов исто таму во национален парк таму Тарангире, таму па уште поише… поголеми птици. Значи ова зборам за мали до средни птици, прво. Второ, поголеми птици, до орли. Секакви орли.
Батлер игл интересен е многу, многу убави бои одозгора… пошто коа го фотографираш обично треба да бидеш на исто ниво како што е птицата, тоа се смета нели за квалитетна фотографија, не одоздола да го фотографираш, па со сенка, со сè, него треба да најдеш убаво светло и да бидеш на исто ниво со очите на птицата. И ако е убаво осветлена и те гледа или се гледа окото убаво, тоа се рачуна квалитетна фотографија од птица. И затоа се качуваш обично на некое повисоко место и кај што вратат таму имаше баш во тој Тарангира паркот се вика, можам да ископам фотографии некои.
И.Ј: Тоа во Танзанија, така?
А.Ј: Во Танзанија, да. И околу таа… да речам ридот, вртат, кружат од мршојадци, до орли, до разни други птици и ти седиш одозгора и само со фотоапаратот ги ловиш.
И си праиш интересни игри, возбуди. Многу е интересно на пример да фотографираш ластовички. Тие се мали, брзо летаат и не можеш да ги фотографираш. И сега тоа е предизвик. Кои сетинзи да наместиш, па светлото дали ти се погодило, па врнело, неврнело, па облачно ако е, не можеш овакво брзо да ја фатиш во лет и да направиш добра фотографија е многу тешко. Само да начекаш да стои некаде, тоа е океј. Ама финтата е во лет. Така да така си праиш некои игрици, предизвици да ти биде интересна таа игра и ги гледаш како летаат. Исто и овие маливе соколчиња се интересни. Они се добри зошо лебдат цело време у исто место и после наеднаш се спуштаат. И сега кога лебдат, лесно е, ќе го сликаш, си лебди од ветерот нели, си стои. И кога ќе почне да се спушта ај сеа фати го ти од не знам колку, од 200 километри на саат надоле, фати го со апаратот надоле како се спушта. Ќе успееш да фатиш едно до две слики, па која матна која нематна. И така. Такви игрици некои праиме. Интересно ми беше во Танзанија една игра, идам фотографирам… тоа се вика black-shouldered kite на англиски. Кај нас би било не знам како треба сега да барам, да не прекинуем. Е можам да ти пратам фотографии од овие шо ти ги кажувам. И black-shouldered kite е бела птица, исто така лебди над ливада и гледа доле нешто глувчиња, шо ќе види и наеднаш се спушта и го фаќа глувчето. И сега јас фокусиран на ова, чекам да се спушти, се спушта надоле, сликам, сликам, сликам и гледам коа сликам, одозгора доаѓа они го викаат Tawny Eagle. Тони во смисла као бојата, оваа тони, као костенлива некоја боја као таква. Таков орел доаѓа, се спречкуваат тука доле околу јадењето и тревата, му го собира јадењето на кајтот и си иде. И кајтов иде го брка.
И.Ј: Ајдеее.
А.Ј: И го имам тоа исфотографирано и многу интересна приказна е. Мислам не очекуеш сега ја онака сум се фокусирал на едно, а глеаш се отвара друг филм пред тебе. Такви некои ситуации после ти е многу интересно, многу убаво, знаеш, као филмче некое мало.
Неостварена желба на Сани му е да види еден посебен вид орел, и тоа поради…специфичниот отсјај на пердувите.
Коа бев у Танзанија и бев у… тогаш беше лето, мислам таму беше сезона, како да кажам, измеѓу тие дожд и сува сезона некоја беше измеѓу и не беше сезона за тој орелот… Има еден орел се вика Vero eagle. Тој е црн… црн значи орел и е многу убав, нели као форма, као силуета, као… И коа ќе удри сонцето на него, на пердувите се прави као виножито, боите… На пример како гавран ама гавранот е по… пердувите не се така стринглајнд, како да кажам, силуетата. Ова е орел, ова ти е машина за убивање, нема екстра ништо фичрс (се смее), сеа ја јазиков. Многу е убав. Го неам видено, ми раскажуваше тој што ми беше таму другар водич. Е тоа ми е желба.
И тој како и Илија има анегдоти за птичарење, во „дивата“ Македонија и за пријателства со питомите и прилично амбициозни локални африкански набљудувачи.
Е егзотично нешто шо сум видел во Македонија а битно е osprey. Osprey е орел рибар, така мислам дека се преведува кај нас, орел рибар и тој во Македонија не живее, само проаѓа кога се сели. Пошо он се сели горе на север таму Скандинавија па после у Африка иде. Се храни со риби така да го има околу езера, реки. И тој го видов у Македонија на дојава. Ми се јави Огнен Поленак, он е исто по птиците многу и вика… ми прати видео уствари, некој го сликал на тоа езерото Мавровица шо го спомнав кај шо бевме со Илија. Го видел некој, дента пред тоа се спуштил, го снимал како фаќа риба и летнал знаеш. И го снимил од брод со вакво… од чамец со мобилен. И утре сабајлето ајде сите рано се спремаме, цела фамилија, Ирина трудна беше тогаш. Идеме на езерото и цел ден таму сокапавме и се појави али беше многу… високо многу леташе, го сликав. И тоа имам слики како врши нужда горе у овакво… (се смеат). Лета и само глеаш некои бели – шу, шу, шу, шу, позади некои бели линиички (се смее). Викам лелее кај го фатив тоа, ваљда шо јадел дента пред тоа (се смее).
И.Ј: Јасно го искажал своето мислење за вашите сликања.
А.Ј: Да, да. Одамна… мислам од далеку беше. И не се спушти. Го чекавме цел ден. А у меѓувреме пошо… да речам околу пладне, тие саати не е многу… не се активни. Или сабајле или навечер пред да се стемни. Тргнавме пак накај тоа селото да видиме таму на карпите случајно да не има некој орел. И сеа гледам ја на ова гугл мапс, вака топ, три километри е линија, супер знаеш. Идеме со кола, обична кола, како се вика, градска знаеш. И доаѓаме на некој пат тракторски шо не е користен цела сезона. Значи имаше дрва пораснати на него. И ја возам, сеа сум тргнал и нели машки инат, Ирина вика – застани да се вратиме. – Не бе, викам, три километри е, ќе појдеме. Знаеш… и возиме, возиме, дрво, газам колата отстрана изгребана целата и доаѓаме до една као рекичка малечка и сеа не си сигурен да не заглавиш, знаеш. И ја зимам залет (се смее) Ирина ќе ме убие. Тогаш се каравме знаеш, ја инат, децава позади ќутат, страв им е дека се караме. И пројдовме на дупката и стигнавме до селото. И влегуваме у селото и двајца нè гледаат вака – од кај дојдовте вие? Викам – по тој тракторскиот пат шо е стариот. – Па како пројдовте? – вика. А бе има нов пат, асфалтиран сеа – вика. Знаеш… И онака, тоа ми беше лекција. Ама не ги видовме орлите. Не беа таму. Не… ги нема со години.
Е сеа, еве ти анегдота интересна, да. Ова пак од Танзанија е. И сега викенд беше, сабота, искачам од сабајле, викам – не ме барајте – на моите – идам… знаеш. И сега пешки од кај шо живеев и шетам по околината колку шо можам далеку да стигнам и фотографирам птици по патот. И видов таман едно буфче, тие бисерни буфчиња и кај нас ги има, малецки се. Како со точкици као бисери. И го сликав и се враќам по патот идам и иде еден дечко Африканец и ме прашува – еј, као, шо праиш? Викам – еве сликам птици. Н’деге, на суахили е птица, н’деге. Знаев и фрази тогаш. И вакво… и вика – ја се интересирам за птици. И почнавме муабет, идевме пешки по патот и викам – ај другиот викенд ќе идеме негдека у некој парк, можеме заедно. – Може. И го земав другиот викенд со мене, доаѓа дотеран бај д бук, у брдрс (birders) облека, со книга за брдинг (birding) со каверот онака знаеш како оние военине платна шо се, така заштитено убаво, све цакум – пакум. Со двоглед имаше, со опрема, све знаеш. И – шо работиш – коа го прашав, он носи тури на Килиманџаро ги искачува, знаеш, ќе дојдат туристи и тоа му е работа, главен инкам да речам. А птициве си сака. И ги знаеше пуно, имаше некои ретки гулаби зелени, не знам какви шо му… знаеш ќе го видиш ама не знаеш сеа ти дека тој е редок. Па го видовме. И такви некои финти ми кажа. Така да, тоа е. И сега до ден – денес се допишуваме, онлајн сме другари. Ете тоа е.
Сиво февруарско утро, 5 наутро. Девојка стои на зборно место, во целосна птичарска опрема. Кафето во термосот е уште топло, а колачите грижливо завиткани во салфетки. За Ксенија ова треба да биде прво одење на терен како волонтер на Македонското еколошко друштво или МЕД. Почнува да се разденува но не никој. Подоцна и велат дека тоа е стандарден начин на тестирање на волонтерите, дали навистина се подготвени да работат. Шест години подоцна, таа е вработена во МЕД, задолжена за комуникации. Но во меѓувреме многу научила и за луѓето што сакаат животни, и за птиците.
[Ксенија Путилин]
Јас почнав околу 2005-6 година да се интересирам за птици. Тогаш имав еден… запознав еден Британец во Скопје кој што беше брдвочер и неколку пати со него, му помагав да наоѓа некои локалитети во Македонија за да оди да гледа птици и мислев дека е најглупото хоби за кое што сум слушнала у свет (се смее). Пошто си замишљав океј, рибари знаеш барем ги фаќаат рибите, а овие… овој иде и ги глеа птиците. И ми беше, мислам, незамисливо што има интересно у тоа хоби. И тогаш еден друг другар Британец почна повеќе да ми збори околу неговото хоби. Сè уште бев на ставот дека е многу глупаво хоби сè додека еден ден… додека не се враќав… на пауза од работа се враќав и пред мене прелета пупунец. Е сеа пупунец е помаранџесто-бело-црн, не можеш да го утнеш, птицата е многу маркантна и има лет сличен на пеперутка. Значи не е како… различен е малце летот, повеќе е како на клукајдрвците, не е како на обична птица. И застана до мене на ограда. И паднав у несвес. Никад не сум видела таква птица и сеа за среќа нели имам веќе неколку луѓе шо можам да ги прашам шо е тоа. И оттука почна сè. Почнав да сфаќам дека неам појма што лета у Скопје, дека не знам какви птици има околу мене. И мислам дека тука ми се уклучи нишката дека цел живот ме интересирале детективски приказни, составување на сложувалки, такви работи и брдвочинг ми изгледаше како такво хоби. Значи така ме заинтересира. Бидејќи треба да видите форма, однесување, локација, па да склопите што може да биде птицата, која може да биде. И така почнав да загризувам сè подлабоко и подлабоко и среќа имав неколку птичари околу мене поискусни кои што ме наведуваа што ми треба за добро да се подготвам, за добро да уживам во хобито, нели. Дека треба одма да најдам книга, значи водич за птици, дека ми треба добар двоглед и дека треба прво да знам како се користи двоглед. Иако сите мислиме дека знаеме што е двоглед, како се користи ама прво да ми објаснат каков двоглед ми треба за ако одам да гледам птици, како да го држам, каква книга е добра книга за птици и сето тоа. И мислам дека климаксот беше кога отидов во Англија конечно со другар ми на птичарење и тука веќе ептен, ептен бев загризана затоа што ја видов една цела супкултура која што постои таму. Значи друштва, постојани апдејти која птица била видена, подвидови на птичари…
Значи ние си се викаме птичари ама во Англија имаат као седум термина за каков вид на птичар си ти. И веќе почна да станува интересно како да сум дел од некоја заедница и тогаш веќе длабоко бев загризана во хобито. И во Македонија се осеќав многу осамено затоа што не знаев никој друг кој што го интересираат птици. И оваа приказна стопати ја имам раскажувано ама мислам дека сè уште ми е интересно да си ја раскажувам. Седевме во паб во Кембриџ и се жалев на другар на другар дека не познавам ниеден птичар во Македонија. И он ми рече – а бе има еден Мето и треба да го најдеш него. Е сега Македонија е мала ама пак не беше лесно да најдам еден Мето. И како што бива нели кај нас, на една журка друштвото ме заебаваше дека пак сум била да гледам птици и еден другар на другар вика – еј, а бе ја имам еден другар шо глеа птици, се вика Мето. И тука се споивме и тогаш сфатив дека Мето не е само птичар како мене, него дека е орнитолог и дека всушност тоа му е работата и дека се работи за Македонско еколошко друштво.
Ксенија ја запознав кога во градскиот парк во Скопје се организираа тури за птичарење. Ни дадоа двогледи, мапа со птици кои требаше да ги заокружиме доколку ги видиме, и не’ поделија во групи со водичи. Од тогаш имаат поминато три години, но се уште се сеќавам на чувството на откривање на цел еден нов свет кој до тогаш сум го игнорирала. Веќе никогаш не прошетав низ паркот без да ѕиркам по гранките и да ги наслушнувам звуците.
На сличен начин птичарењето за Ксенија значело запознавање на сопствената земја.
К: Мене би беше све ненормално интересно пошто прво Македонија не ја знаев, како типична скопјанка понасочена бев на шетање на светот него да си ја откријам државата и ги имав видено Охрид, Маврово, Преспа, толку. И одеднашка открив цело… Овче Поле го открив, Мариово, планините. И бев забезекната што не сум знаела. Така отприлика се развиваше моето хоби.
И Данка е вработена во МЕД, но за разлика од Ксенија која е англист со диплома и од бизнис менаџмент, таа е биолог, односно еколог. Нејзината љубовна приказна со птиците е по малку необична и има врска со мршојадци и смрдливо месо. Уште еден тест и волонтерска иницијација.
[Данка Узунова]
Мојата љубовна приказна беше малку потрадиционална пошо доаѓам од екологија насоката од ПМФ. Мислам јас као дете отсекогаш бев со сите животинки шо може, буквално мислам сè шо може да се фати, да се види од поблиску, сакав да биде… да го имам во раце и да го видам. Така да знаев дека како-така некако ќе завршам, ќе работам со… или ќе имам, некаков дел од животот ќе посветам на биологија. Отидов на екологија смерот и веќе во втора година имав интерес за… си мислев веќе шо ќе ми биде дипломска и бев воодушевена од идејата за еволуција и мислев дека е многу интересна тема за допломска да напраам тема за како еволуирале боите на птиците низ цел свет. Сега тоа е многу голема тема шо за дипломска не се опфаќа (се смее), и знам дека кога ѝ спомнав на професорката шо работи еволуција и ми вика као – ако сакаш има едно друштво, ова е друго едно друштво шо работи со птици, ако сакаш види дали ќе се пронајдеш таму. Отидов во тоа едно друго друштво што работеше со прстенување на птици, ме примија, отидовме на прстенувачки кампови во Езерани. Интересно беше бидејќи реално можев да ги фатам птиците во рака.
И после тоа буквално се сменија приоритетите на тоа друштво и јас вака останав као човек шо на почеток веќе му дале нешто интересно убаво, дека ќе може да работи и наеднаш ти го одзимаат и си ваков као – шо ќе праам сега? Ама па за моја среќа на портата на еден од главните мои професори на смерот на екологија видов еден оглас кај шо пишуваше – Македонско еколошко друштво, програма за зачувување на мршојадци во Македонија, бараме волонтери. И јас ваква као – готово, кај да одам, кај да се обратам, знаеш влегувам, прашувам кај професорот. И за моја среќа професорот е сегашниот претседател на друштвото, тогашен мој асистент и секретар на друштвото, така да ме упати пак кон истиот човек кој шо го спомна Ксенија, кон Мето. Се запознавме, почнавме да одиме на терени и почнав исто како волонтер, првенствено во оваа програма за зачувување на мршојадци која шо подразбираше одење на терен и следење на мршојадците шо се среќаваат на веќе познати локации. Покрај тоа шо одевме за да набљудуваме кои видови се среќаваат, колку често, колку се на број, шо прават дури се движат во нивните територии, имавме и активност за прихрана. Значи буквално носевме, одевме во кланици во Велес па ги носевме на местата кај шо знаеме дека се собираат да јадат. И така. Беше прилично интересно искуство шо мислам дека не секој можеби би… ако не стварно сака да го работи тоа, би се нафатил и би продолжил да го работи. Ова од искуство го кажувам пошо знам дека дури јас почнав како волонтер во МЕД со оваа програма, неколку луѓе пројдоа низ истите тие фази као волонтери и заради една или друга причина или можеби единствено заради мирисот кој шо беше малку специфичен не останаа да волонтираат.
Во англиското говорно подрачје има богато развиена терминологија. И за птици кои ги нема во Македонија и за кои се мачиме да најдеме превод, и за различните активности поврзани со нив. Твитчери се на пример луѓе на кои им е битно да видат што повеќе видови, да ги штиклираат на списокот, без детално да ги проучуваат. „Обичните“ птици за некоја територија навредливо се викаат trash birds. MOB е кратенка за many observers и се користи кога на одредена локација по дојава пристигнуваат голем број набљудувачи. Како стојат работите во македонскиот?
[Kсенија]
Не само што недостигаат зборови за видовите на птиците, недостигаат и зборови кои што нас ни се потребни секојдневно, поврзани со птиците. Како имиња за делови од перјето, имиња за делови од телото на птицата, имиња за активностите на птиците. Значи дали е… на англиски има три збора за каква фаза има пилето додека е во гнездо. И ние кај нас ги прикрпуваме тие зборови, некако се договоривме кои ќе ги користиме. Сè уште јас не сум сигурна точно кој – кога се употребува, дали баш така се договоривме. Значи недостига организирано работење на проблемот и веројатно би ни требал некој лингвист да ни помогне во целата потрага по вистинските македонски зборови.
За многу од птиците се собрани народните имиња и тие се тие кои што сме решиле дека ќе ги користиме како народни имиња. За некои од птиците сè уште се наоѓаат народни имиња кои што многу добро одговараат на птицата, односно се забележува дека Македонецот кој што го измислил името ја разбирал птицата. Како што порано нашите предци биле многу поблиски со природата и името кое што го дале на птицата многу одговара. Тие се многу возбудливи имиња, такви кога ќе најдеме, кога не се само не знам, преведено латинското име македонизирано. Еден од примерите сега скоро шо го спомнавме во групата беше дека го викаме египетски мршојадец и така ни е заведен како тоа дека му е официјалното име кое што го користиме како народно, а во Македонија си има многу убаво име – кања.
[Данка]
Има позитивен пример со добро име ставено на птица, како шо спомна Ксенија, со пупинецот, што исто го спомна претходно бидејќи буквално го имитира звукот што го прави птицата кога се огласува и баш вака – пу – пу – пу. И пупунец. Мислам луѓето многу едноставен пристап имале во давањето на имињата.
К: Ама и латинското е такво. И латинското е со имитација на звукот.
Д: И англиското исто.
Ксенија има омилено пиле, но и такво што многу ја нервира.
К: Свиларче, тоа ми е едно од најубавите птици која што ја имам видено пошто има неверојатно слевање на боите на нејзиното тело. Не се… ќе ти пратам слика после да ја видиш, многу е интересно како се распоредени боите и е многу интересно пиле и е за среќа од тие што сакаат да позираат па можеш да ги набљудуваш по подолго кога ќе ги начекаш. Двапати бев во Америка, двапати сум на северноамериканскиот континент и двапати утињам да видам црвен кардинал. Тоа е толку честа птица што неверојатно ме нервира, дури ми е тешко да признаам пред други птичари дека немам видено црвен кардинал. Ептен е лесна за гледање, како го утињам не знам ама стварно ме нервира веќе дека ја неам видено таа птица. Пошто многу поретки птици имам видено. А црвен кардинал е многу интересно пошто е едно од пилињата во енгри брд. Црвеното е црвен кардинал. Мислам толку е честа што ете во игра ја има, а ја уште ја неам видено. И таа ме нервира што ја неам видено. (се смее) Има уше неколку птици што ме нервираат шо ги неам видено низ Македонија и им се спремам да им се пуштам во потрага наскоро пак.
А инаку такви интересни забележувања на птици ми беше во Канада само што слетав уште имавме нели сите се прилагодувавме на времето. И наредниот… слетав на пример во 6 попладне и наредното утро, во 5 сабајле имаше организирано малечка тура да гледаме птици. И тоа значи дека ја требаше да станам во 4 сабајле. И сега тука измешани сите временски… сите времиња измешани ми беа и одиме на турата, јас уште не знам ни кај сум, ни дека сум на друг континент, нели возбудена максимално. И гледам ластовичка која шо застанува на дрво. И ластовичката е зелена. И во оваа приказна три работи не смеат да се случат. Ластовички не застануваат на дрво и нема шанси да се зелени. И го гледам ова и си викам, ова ми е најверојатно проблем со временските зони, нели и уште не сум расонета. И после тоа си го отварам прирачникот, уствари можеби некој од водичите кажа, имаат green tree swallow. Значи нешто што лични на нашата ластовичка, не се директно поврзани ама е зелена и стои на дрво (се смее).
Кои се најголемите маки на птиците во светот денес?
[Ксенија]
Значи изненадувачки… јас сама бев изненадена, знаев отприлика дека најголемите проблеми за птиците се уништување на нивните хабитати, местата каде што гнездат, каде што презимуваат или каде што живеат постојано, но не знаев дека на прво место е индустриското земјоделство. Ама тоа многу прави смисла коа знаеме дека една третина од земјиштето на земјата се користи за земјоделие. И не само што земјоделските земјишта уништуваат хабитати, туку и користењето на пестициди ги труе птиците. Заради тоа имаше и неколку извештаи на неколку европски држави кои што ги направија изминатите години дека имаат изгубено дури до 80 % од птиците од земјоделските површини. Така да индустриското земјоделство наспроти традиционалното е број еден закана за птиците во целиот свет ако се гледа глобално. И на второ место е сечата на шуми затоа што шумите… во шумите живеат две третини од сите видови на птици. Шумите имаат… поддржуваат огромен диверзитет на птици. Тие обезбедуваат многу различни видови на живеалишта и услови за живеење и заради тоа имаат толку голема разновидност на видови во шумите. Така да со уништувањето на шуми се уништуваат хабитати на многу видови во исто време. На трето место се инвазивните видови. Е сега кај нас ова можеби толку не е очигледно во Македонија, но во држави каде што преку интродукција на инвазивни видови како на пример што е носењето на глувци, на стаорци на некои острови каде што никогаш не постоеле така се истребени… 70% од сите истребени видови на птици се истребени заради инвазивни видови. Значи тоа кај нас се случува можеби најмногу со интродукција на инвазивни видови на растенија, бидејќи нема толку преселби на животни веројатно, иако има такви примери низ Европа за цицачи кои што се донесени од други континенти тука, па тие ги уништиле локалните популации. И потоа следи проблемот со илегалниот лов, илегалното убивање на птици. Тоа е огромен проблем за кој што долго не бевме свесни колку само е голем, додека не почнаа да се прават глобални истражувања за ловењето птици. И ова убивање на птици се случува со различни цели, со различни побуди но веројатно тоа што сега сме станати многу подобри во убивање, го прави ловот многу помасовен од порано и проблемот станува многу поголем од порано. Значи сега се лови на многу повисоко… на многу поголемо ниво. Многу поголем обем на птици се убиваат во исто време. И зависно од каде се случува убивањето, или кон кој вид е насочено има различни приказни. Во Македонија веројатно најстрашно е заловувањето на песнопојни птици и секундарното труење на мршојадци. И после тоа следат климатските промени.
Голем дел од овие проблеми важат и за Македонија, но ситуацијата според Данка може и да се влоши во иднина.
[Данка]
Но искуствата во Европа што Ксенија ги спомна, и не само во Европа, и во светот дека земјоделска… птиците шо се врзани со земјоделски површини бележат најголем пад на бројност и губење на цели видови од различни региони. Така да за тоа сме сведоци и ние. И единствено нешто што мене лично не ми се… не сакам да се случи ако… ако и кога ќе влеземе во Европска унија е практикувањето на таа common agriculture practice која што претендира кон преоѓање на големи земјоделски површини да се обработуваат униформно, да нема посеви од страна, да нема меѓи каде шо можат да се кријат птици, некои такви работи, туку сè да биде големо, брзо да се обработува, многу да произведува и така натаму. И тоа често носи не само користење на многу пестициди кои што исто, малтене се слични ко отровите во однос на нивното влијание во животна средина и природа, туку и тоа дека нема простор за други хабитати да се развиваат, туку тоа е само еден тип на униформен хабитат шо на англиски се вика polder.
Илија пак го спомнува необичниот и катастрофален случај со њујоршкиот фармацевт по име Јуџин Шифелин, кој несакајќи предизвикал природна катастрофа со тоа што во Централ парк ослободил шеесет сколовранци, увезени од Европа. Ова било дел од негов поамбициозен план, да ја донесе на американско тло секоја птица која се спомнува кај Шекспир.
[Илија]
Секако има проблеми и проблемите најповеќе кај птиците се губење на стаништето, на хабитатот. И секако има нијанси, значи, некои птици фактички ширењето на луѓето и на урбаната средина им одговара. Значи тоа е домашното врапче, тоа е она нашето врапче кое најчесто се наоѓа во градовите во Македонија, фактички се рашири низ целиот свет. Тоа е инвазивен вид кој некаде дури и е проблем затоа што ги потиснува домашните видови. Слично се случува со сколовранецот на пример кој интересно се раширил низ Америка многу брзо. Се раширил со тоа што некој човек кој сакал сите птици што се спомнати во Шекспир да бидат присутни во Америка, ги донел сколовранците во Америка, ги пуштил во Централ Парк во Њујорк, сега имаме сколовранци низ цела Северна Америка. И тоа е значи еден проблем, кој домашните значи нативните видови го имаат, а тоа е потиснување на нивниот вид од странски видови. Тоа нарочито е изразено на пример на Хаваи. На Хаваи е скоро 80-90 проценти од птиците фактички се потиснати со видови кои се увезени на некој начин од луѓето, најчесто од Азија. На Хаваи на пример, глобалното затоплување прави огромен импакт. Значи со доаѓањето на колонистите, значи на луѓето од Европа и од Северна Америка донесена е маларијата, птичја маларија која едноставно ги уништува и се пренесува со комарци. Е сега тие комарци живеат само во топли средини, нативните големи височини на планините на Хаваи затоа што таму е поладно, комарците не можат да достигнат. Меѓутоа со глобалното затоплување температурата на врвовите се покачува и комарците почнаа да се појавуваат и на самите врвови.
Кога македонските орнитолози одат на терен локалното население главно се чуди. Зошто некој побогу би гледал птици, па уште и да го плаќаат за тоа? Со познатата македонска иронија еден селанец вака реагирал на професијата на член на МЕД – „Ваа мојата работа не е лесна, ама ваа твојата…“
За да набљудуваш птици сепак не мора да одиш на оддалечени места м’кнејќи мрши, заглавувајќи во реки со крокодили или на пуст тракторски пат.
[Kсенија] И само низ прозор да гледаш птици, гледаш минимум 20, 30 видови на птици. Значи само низ прозор ако набљудуваш, сигурно имаш 20, 30 видови на птици. И ако за тие ти можеш да ни дадеш на нас податоци што се случува со нив, тоа се многу супер податоци, тоа се ептен солидни податоци.
Сепак во друштво е поубаво.
[Ксенија] Колку што научив што све лошо човекот прави на птиците, толку научив колку прекрасни луѓе се занимаваат со природа. Значи неверојатно друштво наоѓате кога ќе почнете да истражувате природа. Затоа шо сите природњаци се луѓе што го сакаат животот прво. И сите сакаат да јадат, сакаат да зборуваат за секс, сакаат да зборуваат за убави работи што може да ги направи човекот и мислам дека тоа највеќе те задржува во тоа друштво на природњаци. Дали се за птици заинтересирани или за било што друго ама мислам дека не ме натера да ги мразам луѓето само заради тоа што ги најдов сите прекрасни луѓе што ги интересира природата. Пошто тие се луѓе што ги сакаат и луѓето и животот во неговата есенција го сакаат.
Птиците во уметноста ја симболизираат слободата но и припадноста на јатото, она големото јато на живи суштества во кое спаѓа и човекот. За нивна разбирачка е потребно малку. Како што велат и стиховите на Радован Павловски:
„И птица шарена
од далечна земја
заморена и гладна
на мојата трпеза
нека слета,
нека си земе
трошка леб
и нека полета.”
(Common People)
Jaс сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа Бојан Угриновски. За целосна транскрипција на материјалите и фотографии посетете го нашиот сајт obicniluge.mk. Доколку сакате да волонтирате во МЕД следете ги нивните повици на нивната фејсбук страница. Фотографии од птици на Илија можете да видите на неговиот сајт, https://ilijadukovski.com/.
* На насловната фотографија: јато полуципни пескари (Semi-palmeted Plover, Charadrius Semipalmatus), автор – Илија Дуковски
Во оваа епизода зборуваме за, и со луѓе кои самите се опишуваат како „нердови“. Што подразбира овој термин, и дали има соодветен превод на македонски? Дали нерд се раѓа или се создава? Кои се предностите а кои мааните на тоа да си „бубалица“?
Специјален гостин: Ѓорче Ставрески, режисер и ветеран во решавање судоку.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
ТРАНСКРИПТ
[аудио од серијата The Big Bang Theory]
“Ladies and gentlemen, our guest of honor, Dr. Sheldon Cooper.”
“Thanks shorty, I’ll take it from here.
All right, you people ready to have some fun?
You have a basic understanding of differential calculus and at least one year of algebraic topology?
Well, then here come the jokes.”
Љубителите на серијата Тhe Big Bang Theory го препознаваат овој глас. Шелдон Купер и неговите пријатели, кои зборуваат за мачката на Шредингер, теоријата на струни и гравитациски бранови, додека публиката се кине од смеење. Благо неприлагодени, опсесивни, но крајно симпатични, тие се сликата која популарната култура ја гради за „нердовите“ или бубалиците.
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе зборуваме за, и со луѓе кои самите се опишуваат како нердови. Што подразбира овој термин, и дали има соодветен превод на македонски? Дали нерд се раѓа или се создава? Кои се предностите а кои мааните на тоа да си „бубалица“?
Останете со нас.
[Ѓорче Ставрески]
Ѓ: Па генерално беше тоа… чудното да кажам, беше љубовта кон математиката. Од… стварно од многу мала возраст бев заинтересиран, некако дедо ми почна да ми дава некои задачи. Многу брзо ја научив азбуката. Знаев да пишувам и да читам веќе на четири-пет годишна возраст, дури и латиница научив. И почна да ми дава некои задачи по математика и сфативме дека… мислам мајка ми разбра дека сум прилично добар во тоа и некако тој н’рдовски да кажам еден мој карактер почна да се вообличува во математиката.
Ова е Ѓорче Ставрески, режисер, чиј дебитантски долгометражен филм „Исцелителот“ собра еден куп меѓународни награди и ни ги освои срцата. Но кога бил мал ништо не најавувало дека ќе се занимава со оваа професија. Неговите блиски мислеле дека ќе биде математичар. А она што тој го сфатил, иако тогаш не се викало така, е дека е – н’рд.
(продолжува)
И почнав да се такмичам во петто одделение, освоив доста награди, имам и 13-ноемвриска награда за достигнувања во математиката и во физиката и така… на таков некаков начин едноставно сфатив дека сум еве да кажеме во денешна смисла, дека сум н’рд. Да, тогаш веројатно поинаку се викаа децата, бев бубалица на пример. Бев скрос одличен, немам ниедна четворка во животов никогаш добиено. Мислам онака во книшка или пак во свидителство, сите ми се петки. И да, веројатно е… добар термин веројатно е бубалица. Меѓутоа тоа беше онака… бев бледо едно детенце кое што беше опседнато со тие некои… си ги имав тие логички опсесии меѓутоа во прва мера тоа беше математика.
Следејќи го својот талент, Ѓорче се запишува во „Корчагин“, гимназија која во тоа време се сметаше за јака во математика. Но нешто ја насочило приказната на друга страна.
Ѓ: …можеби најдобриот професор во „Корчагин“ во тој момент беше професорот Сидо, Сидовски Стефан по филозофија и он некако нè… буквално ни го зема паметот, што се вика, нè направи многу помалку математичари, а многу повеќе сè друго. Почна да ми шета мене паметот по многу други работи, едноставно со него и со размислувањата не знам, за животов, за филозофијата, за… Почнав да сакам да пишувам, некако многу интересно… читав многу. Така што ми го зема фокусот така да кажам, од математика.
Приказната на Ѓорче покажува колку за еден нерд се важни поддршката и околностите. Талентот за една работа може да се пренасочи кон интерес за друга. А ентузијазмот, во отсуство на добар ментор, може и целосно да згасне.
Ѓ: Дефинитивно мора да има менторство во малтене било која област со која што човек се бави. И можам да кажaм дека на пример јас со тоа што се запишав на Драмски после некои си две години студирање на Електро, бев на компјутерска технологија и бев многу добар, мислам стварно, десеткаш сум онака, сè беше некако совршено, меѓутоа едноставно пукнав. Не можев да се бавам веќе со тоа што се бавев затоа што немав јасна насока, немав некој да ме води едноставно, да ми покаже зошто токму тоа треба да го правам. Ми го снема идеализмот некако, ми исчезна под нозе, што се вика.
И затоа се запишав на драмски, сакав да видам… сакав да… едноставно ме интересираше и тој дел од човечката култура. И таму на пример… таму го запознав мојот професор по „Историја и теорија на филм“ којшто суштински ми стана некаков ментор, професорот Владимир Блажевски кој цело време низ годиниве ме враќаше назад едноставно, ми викаше – Ѓорче фокусирај се, многу ти бега паметот, едноставно мораш да дадеш сè од себе и да профункционираш како режисер. Затоа што имам таков еден немирен дух, а особено што одлучив да се бавам со работа која што не е типична да кажам, н’рдовска.
Мада има во режијата, има многу… едноставно во правењето на филм има толку многу компликации, таков еден чуден и да речам еден… Има големи предизвици за еден човек кој што на пример се бавел со некаква интелектуална работа како математиката, половина од неговиот живот. Значи некако како да се пренесе тој еден интелектуален предизвик и во начинот на кој размислувам и за филм. Дали е за конструирање на приказни, значи дали станува збор за конструирање на приказни или формирање на таа некоја реалност која што понатаму ќе послужи… парчињата од таа реалност ќе послужат за правење на филмот, а да не зборуваме колку самата монтажа е прилично н’рдовска работа.
Една од дефинициите на нердовството е дека тоа е комбинацијата на интелигенција, опсесивност и социјална неприлагоденост. Од нив за Ѓорче најбитна е опсесивноста. А историски најголемите нердови се токму во редовите на математичарите.
Ѓ: Без опсесивност едноставно мислам дека нема да постои… не би постоел човек кој што ние го нарекуваме н’рд во таа смисла. Значи едноставно, без разлика на интелигенцијата или на некоја работа каква што те интересира или фокусот кој што едноставно те опседнува во тој даден момент, доколку го нема тој момент на опсесија стварно мислам дека самата дефиниција би се распаднала. Така да дефинитивно мислам дека добро ги опиша карактеристиките н’рдовски.
Ѓ: Јас дефинитивно мислам дека ова е вградено во нашава природа од памтивек, откога, што се вика, откога почнале да се оформуваат првите елементи на тоа ние што го викаме сега човек. Јас сум прилично социјално ангажиран и некако ме боли таа цела сиромаштија која што ја гледам околу себе така што дефинитивно би можел онака, што се вика, би можел да зборувам со саати околу таа цела неправда која што луѓето кои што немале можност да се бават со некоја работа едноставно се оштетени нели од системот и од таа… едноставно неможноста или немање никакви… никаков… немање можности практички да се бават со вакви интелектуални работи. Мислам можеме само да замислиме низ историјава колку Давинчија или Микеланџела имало. Значи луѓе кои што едноставно немале можност да се бават со нешто… нешто што би било соодветно на нивниот мозок па едноставно тој нивни талент исчезнал и морал да се прилагоди. Морале да се прилагодат во некои… да работат нешто што е далеку од нивните… мислам не далеку… далеку под нивните способности. Стварно мислам, господ знае колку луѓе биле далеку поспособни од тие луѓе што на нас ни се идоли низ историјава.
Така да стварно мислам дека нема… Знаеш ако му дадеш ти на некое… на пример токму заради тоа си ги сакам моиве математичари. Математичарите се според мене типични н’рдови и низ историјава многу често инспирирани на пример од… Па дури и на почетокот еве ако збориме за грчките математичари они биле прави н’рдови. Они стварно се интересирале и биле… стварно биле… прво биле социјално стварно биле неприлагодени. Биле опсесивни. Се интересирале за некакви феномени кои другите луѓе не ги интересирале. Питагора на пример имал дури… во денешна смисла имал некаков култ или секта, ги прибирал талентираните математичари околу него, мислам во тој момент тоа било малтене све под капата на филозофија, меѓутоа сакам да кажам математиката е така една дејност која што е прилично н’рдовска. И била… и самата математика била резервирана и тогаш и во… да кажам и овие последниве четири века на големиов бум на наукава и технологијава, математиката била резервирана секогаш за побогатиот слој. За луѓе кои што како што кажа ти, имале време повеќе да се бават со некои… не само што имале време, него имале и можности, нели тоа е првенствено, со такви интелектуални работи.
На пример, интересен е примерот на Ферма, францускиот легендарен математичар кој што бил судија и во тоа време судиите едноставно… значи самиот француски систем им забранувал да имаат многу пријатели и да се дружат со многу луѓе заради тоа… заради потенцијалниот конфликт на интереси кој што можеби би го имале во некое дадено гратче на пример.
Една од опсесиите на логичарот во Ѓорче е решавањето судоку. Ама не обично решавање, туку упорно, долготрајно и брзо. За оние кои никогаш не пробале да го решаваат…
Ѓ: Судокуто е прекрасна една игра, сега не знам колку се… веројатно тие луѓе кои што го решаваат си го знаат и многу се едноставни во суштина правилата. Тоа е една табела од девет на девет полиња која што е внатре поделена на останати девет помали региони со по три на три полиња и правилата се у суштина многу едноставни. Се редат во тие осумдесет и едно поле има вкупно, значи треба да се наредат во секој ред, во секоја колона и во секој помал регион од три на три полиња, треба да се наредат цифрите од еден до девет и да не се повторат ниту во редот, ниту во колоната, ниту во тој регион од три на три полиња. Тоа е оригиналното судоку.
Инаку во суштина нема многу врска со математика, значи може и бројките… мислам дека бројките се тие кои што даваат некаква илузија дека се работи за некаков математички проблем, повеќе е логичка игра. Значи може истите бројки да се заменат со девет букви еве да речеме и ќе го имаме буквално истиот проблем како да не се повторат истите букви во колона, во ред или во регион од три на три полиња. Меѓутоа како логичка игра е неверојатна мислам, како тие… како тој еден принцип на неповторување и многу едноставни три правила предизвикуваат толку голем број на варијации и начини на кои што може да се реши, да е тоа нешто неверојатно. Мислам стварно толку е длабока и убава играта и јас многу случајно некако се навлеков да речам, се заљубив во целата игра.
Здравствените проблеми од тој период, но и опсесивната нарав, довеле до тоа Ѓорче да почне да си поставува, и да си ги руши сопствените рекорди. Решавал судоку неколку часа на ден, а ќефот од добро пополнетото судоку вели дека тешко се опишува.
Видов светски шампион во тоа време се вика човекот Томас Снајдер, математичар… хемичар е инаку, од Америка, Американец и видов како решава едно судоку за помалку од минута и… А јас имав во тој момент некои проблеми со стомакот и така се мачев со некои глупости и чисто за да си земам… за да си го одвлечкам паметот од проблемите што ги имав, почнав да решавам. Викам, дај да видам јас за колку можам да решам едно судоку и првото судоку шо го решив беше за некои десетина минути. И ми беше апсолутно нејасно дали е… мислам, како е можно некој да реши едно судоку под минута. И си зададов задача, сакав да видам дали можам, да речеме, доколку посветам некои си саат – два дневно дали можам да дојдам до таа цифра, да решам некое судоку испод минута. И така тргна сè. Мислам решавав некои си… некои си четири – пет месеци опсесивно решавав… претходно реков дека опсесивноста е дел од некој н’рдовски карактер и за некои си шес месеци веќе бев спуштен испод минута. Мислам дека првиот пробив беше за некои си четири месеци или пет да речеме, не знам, меѓутоа знам дека сајтот не регистрира на веб судоку, на страната едноставно сајтот регистрира резултати од една минута нагоре. Ја уствари тогаш не го знаев тоа, јас мислев дека ко ќе решам на пример за 54 секунди некое судоку мислев дека ќе ми пише – честитки, го решивте судокуто за 54 секунди, меѓутоа ми се јави… ми излезе некој проблем, ми пишаа – се јави некој проблем со вашиот резултат. Си викам… а отприлика знам дека бев негде блиску околу минута и не ми беше јасно, мислам прво ми го зема успехот едноставно на еден начин, не можев да проверам дали сум го решил испод минута, требаше уште еднаш да го решам испод минута за да проверам. Тоа се случи после неколку дена и сфатив дека сајтот не мери резултати под минута.
Многу бев радосен. Мислам стварно онака, не можам… Затоа што ете прозборевме нешто околу тој ќејф на таа репетиција и што точно и какво задоволство носи таа репетитивност и тој некој логички ќејф, ама ја не можам да му објаснам на човек, мислам веројатно среќата се мери во… да речеме во среќата што ја имав кога завршив со снимање на мојот целовечерен игран филм на пример, со „Исцелител“. До толку бев среќен, мислам стварно, не ми се веруваше дека го решив судокуто испод минута. Мислам сега често одам испод минута, мислам решавам… можам да решам судоку испод минута, сум решил судоку за 39 секунди, за 36 на пример имам… едното мислам дека го снимив тоа за 39 секунди. Така да, во некоја смисла, тоа е неверојатен ќејф, мислам стварно е зачудувачки колкав… колку ме… ме… ми е… колкаво задоволство ми носи.
Овој натпревар на Ѓорче бил пред се со самиот себеси затоа што во Македонија не постои национална федерација преку која тој би можел да се натпреварува на светско ниво.
Ѓ: Постојат национални федерации најчесто околу кои што се обединуваат најголемите таленти во една земја и се такмичат на национално ниво, се такмичат, значи има светски шампионати. Ние кај нас немаме, барем тогаш јас кога бев најзаинтересиран немаше никаква судоку асоцијација, мислам дека нема ни сега и токму поради тоа порано мораше да бидеш ти практички дел од некоја национална федерација за да се такмичиш. Можеби сега се сменети правилата, не знам, не сум се заинтересирал последниве неколку години и баш ми е криво, мислам како со сè во земјава нели, едноставно немаме некаква култура, не гаиме некоја култура за да можат не знам младите таленти да се натпреваруваат и да имаат некаков успех затоа што дефинитивно мислам јас сум сигурен дека има голем број деца кои што би можеле нивните да кажам нердовски квалитети да ги истурат врз таа прекрасна игра која што едноставно јас ја обожавам. Така да, да, дефинитивно, мислам стварно мислам дека доколку имаше национална федерација дефинитивно ќе сакав да се такмичам.
Во краток филм посветен на Тецуја Мијамото, изумителот на Кен-Кен, вид аритметичко судоку, тој вели дека може веднаш да познае дали таблицата е генерирана од човек или од машина. За првите вели дека се едноставно – убави.
Ѓ: Па има… јас се слагам со него, мислам судокуата кои што се направени од човек се далеку поинтересни. Имаат некој… значи не е… често не е прашање на тоа колку се тешки. Имаат некој детал кој што е често многу оригинален и треба некаков логички скок. Можеби нешто што не си го направил претходно, наликува на некоја техника што ја знаеш меѓутоа правиш некаков логички скок кој што далеку повеќе те задоволува отколку судокуата генерирани од машини кои што на некаков предвидлив начин да кажам, со многу слични методи човек може да ги реши. Значи тоа е убавината на тие судокуа кои што се стварно направени од луѓе. Еден од најпознатите сајтови, сега додуше не функционира, имаат апликација имаат за ајфон е јапонската организација која што се вика „Николи“. „Николи“ имаат прекрасни судокуа кои што се генерирани од луѓе, од нивни специјалисти и со големо задоволство ги решавам, така што… Меѓутоа на пример имаат… најдобриот веројатно алгоритам кој што го имаат… значи тоа се судокуа генерирани од машини меѓутоа стварно се добри, се на Њујорк тајмс судокуата. Имаат… дневно имаат по три судокуа, имаат лесно, средно и тешко ниво и стварно се добри. Многу се интересни, скоро да наликуваат на судокуа направени од луѓе. Значи имаат специфика која што е стварно да речам, естетска во некоја смисла. Мислам се гледа дека некој… дека имаат некој сериозен напор направиле мислам за да го направат алгоритмот интересен.
Дали сепак светот на логиката и математиката се толку далеку од оној на драматургијата и режирањето? Дали можеби она што им е заедничко е токму естетскиот момент? Ѓорче зборува и за врската помеѓу судокуто и неговото најново сценарио кое е во изработка.
Ѓ: Тоа задоволство кога ќе се спојат сите елементи во едно уметничко дело еве да зборувам за филмот, кога во еден момент ти ќе ја видиш… веројатно затоа од сите уметности највеќе си го сакам тој… си го сакам филмот. Затоа што во еден момент стварно делува како загатка филмот. Од сите тие елементи кои што ги има во еден филм, кога ќе се спои целото тоа, човек добива едно естетско задоволство како кога решава едно судоку. И токму поради тоа тие мои логички опсесии некако рефлектираат и ми даваат некои… едноставно можеби повеќе метафорички меѓутоа ме потсеќаат некои работи од тие мои логички опсесии, ме потсеќаат на филмот и обратно, како да гледам некоја драматургија во решавањето на судоку.
На пример, тоа што ти го спомнав тој X, Y ланец е техника една напредна техника на решавање во судоку во која што има… има ќелии, значи има полиња кои што имаат само две вредности, значи може да имаат само две вредности и тие се поврзани како некаков ланец. На пример да замислиме дека една ќелија има опција да биде само два или три, а друга ќелија може да биде три или пет и трета ќелија може да биде на пример пет или седум. Само по… ако се гледаат меѓу себе, значи ако имаат некаков визуелен… едноставно ако се во ист… едната ако е… првата ако е во ист ред со втората, втората ако е во иста колона со третата, по само така едно логичко дедуктивно расудување, значи размислување, ако ние одлучиме дека… ако замислиме дека едната е на пример… доколку еве првата ќелија е тројка, значи ако не е двојка, доколку е тројка, тогаш втората ќелија која што може да биде три или пет, веќе не може да биде тројка затоа што првата е тројка. Значи таа втората ќелија мора да биде пет. А таа третата ќелија која што е врзана со нив две, преку втората ќелија во некоја колона на пример, која што може да биде пет или седум, таа веќе не може да биде пет, затоа што втората е пет и таа мора да биде седум. Така да имаме еден ланец практички, значи возможен ланец. Значи со други зборови ние кажуваме дека доколку ќелијата… првата ќелија доколку е три, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека таа третата ќелија е седум. Значи не би можела нели да биде пет, значи она мора да е седум. А тој ланец некогаш завршува назад на првата ќелија. Значи некогаш може да заврши назад на првата ќелија и буквално да докаже дека доколку првата ќелија е три, таа не може да биде три. Значи доколку почне човек со некоја тројка на почеток, тој ланец може повторно да нè донесе до таа прва ќелија и да ни покаже дека таа не би можела никако да биде три. Затоа што на крај ќе заврши со некоја што… едноставно ќе заврши со некоја цифра на крај која што ќе биде исто тројка… Значи доколку почне човек со три, едноставно ќе заврши со три и тоа не е возможно. Значи само сакам да кажам дека тој ланец едноставно на… тој ние што го викаме во судокуто тој X, Y ланец мене многу ме потсеќаше на некои елементи од… едноставно начинот на кој што јас го почнав сценариото на кое што работам ме потсеќаше на некои одлуки кои што главниот јунак ги влечеше.
Значи он едноставно има една одлука на почетокот за која што е убеден дека треба да ја направи. Значи тоа е некаква одлука да кажеме која што е со бројче три и некој му вика… Или да речеме, неговата одлука е со број два, меѓутоа некој му вика – слушај… еве Ѓорче. – Слушај Ѓорче, зошто не пробаш, затоа што можеш да имаш и друга одлука овдека во овој момент, зошто да не пробаш ти еве со одлука со број три, на пример. Твојата одлука е, ова е нели хипотетички кажано, што не пробаш ти со број три, да видиш што ќе се случи. И он иде на еден пат. Он вика – добро, океј. Нема да идам со одлуката број два, ќе одам со одлуката број три. Значи ќе го напраам… ќе напраам нешто сосема друго. И оди со одлуката број три и животот него го носи на низа од настани и на крај он повторно доаѓа до заклучокот дека три не е возможна опција. Значи се враќа назад на својата стара одлука дека повторно треба да биде два. Значи сакам само да ти објаснам дека во мојава глава тоа некако многу… многу ми е… мислам едноставно веројатно и едната и другата работа сум ги правел дугачко време и ми се некакви опсесии кои буквално како да се споија. Мислам се спојуваат такви некои рефлексии од едната дејност во другата.
Ќефот од решавањето крстозбор, анаграми, осмосмерки, исто како и на решавањето математички задачи има уште една, би ја нарекле, филозофска димензија.
Ѓ: Доказот е засекогаш. И мене тој… таа формална една цврстина на математиката и на… еве и на судокуто на пример, мене ме фасцинира. Значи ти коа ќе… човек кога ќе го реши тоа судоку, тоа е стварно засекогаш. Мислам има една… ја има таа цврстина, значи едноставно не нагаѓаш ти дали е овдека таа или таа цифра. Ти си апсолутно сигурен дека тоа е решение на тој проблем. И токму тоа е апсолутно спротивно на животот. Знаеш, животот е сè, само не е тоа. Скоро никогаш ништо не е апсолутно точно и апсолутно прецизно. И можеби тука е… тука лежи таа моја опсесија и тој мој ќејф што го имам на логика и на логички игри. Како да ме потсетува дека сум буквално направен од тие две различни, комплетно различни работи. Од комплетен ред и од комплетен хаос.
Таа потреба од создавање ред Ѓорче сега ја исполнува со ново хоби – решавање Рубикова коцка.
Ѓ: Почнав пред месец и пол, значи ми стигна коцката и нормално како што сум eден таков непоправлив н’рд почнав да се прашувам која е таа брзина кај останатите која што е… која што е… вака во некоја смисла која што е импресивна. Значи глеав некои луѓе, видов дека можат да решат коцка испод пет секунди што беше стварно импресивно. И така тргна целата работа. Буквално сакав првин да се запознаам, меѓутоа кај мене тоа не иде така, ете како со судокуто, викам – добро, дали можам… Значи првата работа ми беше си викам – дали можам да се спуштам испод две минути. Прилично брзо се спуштив испод две, па после беше испод минута, па се спуштив за едно месец дена значи се спуштив под минута. И сеа овие последниве две недели, значи еве денеска изиграв… го поправив рекордот, изиграв едно судо… една коцка изиграв за 35 секунди, а целиот просек ми падна на 52 секунди. Значи повторно влагам во некоја компетитивност, особено со самиот себе, сакам да видам до кај ми е тој мој лимит, дали може човек побрзо од тој свој лимит да изигра, колку е… Затоа што често пати луѓево и тоа исто е една прилично н’рдовска карактеристика. Мислам дека често пати луѓето… значи н’рдовите како да веруваат дека тој навидум некој нивни лимит кој што би требало хипотетички да е на една граница, н’рдовите мислат дека… секогаш веруваат дека може уште подобро, (се смее) дека може уште пониско или уште повисоко да биде тој… тој резултат да биде. Мислам стварно тоа е нешто неверојатно колку таа компетитивност особено со самите себе е битна и потребна во таа опсесивност.
Дефинитивно ми е задоволство особено кога сум под некоја… некој голем стрес или ме опседнува некоја голема анксиозност, знае да ми помогне, знае да… знае да ми делува исцелително решавање на пример на Рубикова или ете судоку, така што тоа е само едноставно прашање… јас си го засакав… мислам си го засакав, почнав да си го почитувам тој мој карактер. Мајка ми беше многу уплашена низ мојот живот за сите тие мои опсесии. Еве и сега кога бев да ја видам конечно, затоа што она не е тука, во Охрид е. Кога отидов да ја видам после месеци, значи стварно ја немав видено дугачко време и отидов да ја видам и дојдов со Рубиковата горе (се смешка). И се мачев да се симнам под таа минута што ја зборам и толку многу се нервираше, едноставно онака после некое време, значи после некој пола саат решавање – ама добро, не можам да те разберам – ми вика – сине, зашто, зашто, што е потребата онака упорно и упорно да… За неа… она го глеа тоа како некоја потполно непотребна репетиција. Значи не може да ја разбере, не може… стварно не може, искрено не може да го разбере тој ќејф на репетитивност и на подобрување на резултатот. Добро… И сега кога стигнав конечно, баш бев таму, онака точно за мојот роденден стигнав на испод минута ја решив под минута, горе кај неа и ми вика – добро ова значи… дали значи дека ќе прекине сега опсесијава и дека ти ќе прекинеш да играш? Викам – не. (се смее) Сега имаме нов резултат. Така да во некоја смисла мислам стварно гледа човек дека некогаш некои луѓе го разбираат, некои луѓе не го разбираат воопшто, ама е симпатично мислам. И јас не сум стварно… не да не сум надмен, него едноставно мислам дека толку луѓе имаат многу различни квалитети, различни особини и некои работи ги добиваш во животот на еден начин, некои на друг…
Додека разговаравме на Зум во позадина беа видливи 24-те коцки на син ми, Иван. Повод за онлајн запознавање и испратена коцка на подарок следниот ден. Нердовството како поле за културен натпревар помеѓу сличните. Можеби и почеток на едно убаво пријателство.
Ѓ: Супер, супер. А ги знаеш, сите ги знаеш овие… ги знаеш од пеесет и седумте алгоритми ги знаеш на OLL?
И: Не. Уште ги учам.
Ѓ: Ги учиш, а?
И: Знам едно дваесет и пет ајде да речеме, ама половинка не знам.
Ѓ: Добро, добро. Не и ја не ги знам, ја знам она како се вика 4 look, OLL и PLL шо се, знаеш.
И: Аха, аха.
Ѓ: На двапати… на двапати да ги видиш, до таму сум дојден (се смее).
И: Аха, аха.
Ѓ: Добро Иван, баш ми е драго ете што те запознавам. Супер.
(Иван врти коцка)
Ѓ: Ааааа, многу си брз! Секоја чест! Секоја чест! Ѕвер! Браво! Јас сега се спуштам под минута. На пеесет и… 52 секунди ми е просек сега. После…
И: Со вежбање.
И.Ј: (се смее).
Ѓ: Да па јебига, да, да.
И.Ј: (се смее) Како ти се сити, бе еј.
И: А шо да му речам?
Ѓ: Да. Да, да. Не, па така е, така е. Нема друго. Стварно нема друго чаре.
(Фолтин, „Пипер в уста“ од филмот „Исцелителот“)
Под претпоставка дека научниците се расадник на нердови, искористивме уште една С(ц)иеста, онлајн средба на македонски научници раштркани низ светот, која ни послужи и за снимање на епизодата за афантазија за да ги слушнеме личните искуства на некои од учесниците. А тие имаа и што да кажат. Прв е Никола:
Никола Стиков: Читав наопачки. Значи едновреме многу читав наопачки. Зборував наопачки, значи не ми требаше да читам, туку можев да ги превртувам зборовите во глава. Значи тоа се некои вежби што си ги правиш самиот со себе или во недостаток на друштво или во непотреба на друштво, оти можеш да ги правиш самиот со себе. Има нешто солипсистичко тука.
Необичната приказна на Тања, која денес работи на полето на интернет безбедноста и приватноста, зборува за јазот помеѓу потребата да припаѓаш на одредено друштво и средина, и исто толку големата потреба од практикување на сопственото н’рдовство. Во нејзиниот случај низ вежбање телеграфија и Морзеова азбука, кои ја довеле до прво место во светот и четирикратно рушење на сопствениот рекорд. Била толку брза во примање, дешифрирање и предавање на пораките, што ја завикале – Модем.
Тања: Јас на пример би се нарекла н’рд. Меѓутоа тука сакам да додадам дека многу е битно во каква средина живееш, зошто јас растев во малограѓанска… мислам малограѓанска… Во село практично. Јас сум од Берово кај што ти не можеш, на пример и Илија и Ѓорче спомнаа дека можеле да изберат друштво со кое што се дружеле кај што биле прифатени. Меѓутоа во мала средина, тоа е друштвото. Имаш само еден круг на луѓе кои што или ти пашат за сите контексти или никаде не можеш со нив да се погодиш. И или ќе чекаш додека идеш на факултет или ќе се потрудиш да живееш со нив. И ако си н’рд, не можеш да ги смогнеш силите, значи не иде, не можеш да смогнеш никако сили да заживееш во таа средина ако социјално се осеќаш неприфатен, така што тоа е многу зависно од средината тука. Не е само диктирано од она што си го наследил, и заради тоа јас почнав телеграфија и Морзеова азбука да учам (се смее), што е еден знак на моето н’рдовство. Почнав да се такмичам набрзо со себе со тоа колку брзо можам да примам Морзеови знаци и Ѓорче знае, му имам кажано дека набргу, после една година станав светски шампион, па четири пати си го рушев светскиот рекорд и веќе немав што да правам во Берово (се смее). И за среќа, дојде време да идам на факултет. Така што тоа е мојот знак за н’рдовство, би рекла.
Кирил пак, кој е истражувач на полето на вештачката интелигенција, своето нердовство го практикува низ реално или замислено играње шах.
Кирил Гаштеовски: Ја играм шах секој ден, со години. Уште. Секој ден. Така ми почнува денот. Седнувам и играм шах. Послем седнувам да работам, да читам, шо треба да е, ама првото нешто после појадок е шах. Тоа е еден пример, на пример, за проблем шо нема никаква практична примена во животот, а сум се опседнувал да студирам потези, да студирам отварања, средна игра, затварања, како други мајстори играле, па кој што направил, па каква им е замислата… Значи тоа е еден цел универзум. Мислам ако седнете да го учите шахот во слободно време и цел живот да го учите секогаш ќе имате нешто ново. Значи стварно си е свој универзум сам по себе, но е тотално бескорисен. Ништо не можете да прајте со него.
Илија пак, кој е физичар, загатнува едно значајно прашање – зошто нердовите често се дијагностицирани како лица со некакво нарушување од аутистичниот спектар, и зошто нивната опседнатост не се толкува како упорност или трудољубивост туку како проблем?
Илија Дуковски: Затоа што и во заедницата на луѓе кои се во врска со… кои имаат врска со тој Аспергер синдром, се верува дека беше тргнат тој… таа дијагноза беше тргната затоа што почна да се формира на некој начин општество. Почна да се формира тој… самата таа дијагноза почна да станува некаков badge of honor. И се верува дека не сакаа стручњаците кои се занимаваат со тоа да постои такво нешто. Што е… што е интересно дека постои цел еден шифт на односот барем тука во Америка, а верувам дека во цел свет, пошироко во односот на општеството кон сите тие карактеристики кои дефинираат н’рд или гик и баш Big Bang Theory, постои цела серија која е со огромна гледаност каде што четирите лика се фактички четири карактеристики, значи некакви идеализирани карактеристики на н’рдови. Секој н’рд мислам дека е комбинација на тие четири лика. Стана толку популарна и толку прифатена што е мислам интересно, барем мене ми е.
Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ се обидовме да го истражиме терминот „н’рд“, врз основа на лични искуства на неколкумина соговорници. Лично, не ме бива за решавање судоку, за играње шах или за читање наназад. Им ги препуштам нердовските работи на оние кои се подобри во нив. Но едно можам да посведочам – да ги имаш дома и околу себе не само што е поучно, туку е и ептен забавно.
[аудио од The Big Bang Theory]
– Why did the chicken cross the Möbius strip?
To get to the same side. Bazinga!
(Common People)
Јас сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа Бојан Угриновски. Транскрипција на аудио материјалите Ана Ашталковска Гајтаноска. За целосен транскрипт и фотографии посетете го нашиот сајт obicniluge.mk.
(продолжува музиката)