Обични луѓе

Обични луѓе

Download on the App Store

All Обични луѓе episodes

  • Од „Не лути се човече“ до „Катан“: светот на друштвените игри

    Не се само за деца. Ниту пак само за забава. Друштвените игри се сериозно поле за културен натпревар меѓу играчите. Тие градат карактер и те учат дека може да се губи и да се добива. Како во игрите, така и во животот.

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    (звуци на фрлање коцка и играње)

    Ова е снимка од домашно играње Катан. Комбинација на стратегија и среќа, таа е одлична илустрација за тоа колку човек може да се занесе играјќи друштвена игра, дури и во мало, но одбрано друштво од тројца.

    (уште тече во позадина играњето)

    Друштвените игри беа популарни и пред пандемијата. Но во текот на карантините почнаа да се вадат старите и одамна неотворени комплети „Ризик“ и „Монопол“, или да се редат сложувалки. Некои од нас значајно ја збогатија колекцијата, разменувајќи игри со пријатели и комшии. Други почнаа да играат борд гејмс онлајн, со нетрпение очекувајќи го моментот кога повторно ќе може да се игра во живо.

    (музика Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот Обични луѓе ќе зборуваме за оние кои играат, продаваат или создаваат друштвени игри, попрецизно „борд гејмс“, или игри што се играат на табла односно на маса. За тоа дали кај нас постои играчка заедница, и за убавината на игрите, за дружба, за учење и за одмор.

    Книгата „Хомо луденс“ на историчарот Јохан Хојзинга дефинира неколку карактеристики кои треба да ги има секоја игра: во неа се учествува доброволно; таа не е „обична“, секојдневна активност; подлежи на прецизни правила, и не е поврзана со каков и да е материјален интерес. Играта значи е сериозно лежерна работа, која се прави од ќеф.

    Ќефот од играњето е уште поголем ако тоа се прави во друштво, дури и со непознати. Токму така ја запознав Андријана или Ади, сериозен играч на друштвени игри. Еве што вели таа околу дефинирањето на терминот

    [Андријана]

    Верувам дека сите различно сфаќаат што е тоа друштвена игра. Нели сега повеќе можеби асоцира на борд гејмс, или на игри што се играат на „даска“, на рамна површина, на маса, но за мене тоа е поширок поим. Еве последно пред да фати коронава мислам дека бевме некое поголемо друштво, 7-8 души и наместо да седиме и да пиеме и да збориме за политика и колку чинат или не чинат работите ние игравме пантомима на наслови на песни и супер си поминавме.

    Јас лично не сум фанатик или, не знам, колекционер, натпреварувач по турнири, меѓутоа сум љубител на дружба и на играње, на игри генерално. Мислам дека тоа е најдобар начин да поминете квалитетно време со луѓе. Што за создавање познанства, најдобро може да запознаете некого, во некакви услови дали е тоа работа или некаква задача која мора да ја завршите заедно, така да и во играњето најдобро може да ги запознаете и другите и себе.

    Игрите според неа сепак не се само за забава и комуникација, туку се симулација или аналогија за нешто многу покомплицирано – животот. За тоа најубава илустрација е евергринот помеѓу игрите – Не лути се човече.

    Практично, сите овие игри се и воспитни или градат карактер како би се рекло тоа. И пак тука зависи дали сакате да бутнете некого или не, дали ќе се изнервирате кога ќе губите, така да не може да помине без „Не лути се човече“.

    Мислам дека во каков амбиент ќе почнете, што прво ќе ви каже тој што прв ќе ви ја покаже играта, таков играч и вие најверојатно ќе бидете понатака. И во игрите, и во животот.

    Игрите кои таа ги спомнува ги вклучуваат Тикет ту рајд, Каркасон, Сенчри, како и Уан најт, што е всушност верзија на попознатата „Мафија“. Тоа зошто таа не и баш омилена повторно има врска со аналогија со животот.

    Не ми е омилена затоа што вештина којашто ја развиваш на некој начин треба да е соушл меѓутоа всушност е лажење. И така, не сметам дека тоа е нешто во што треба да стануваш подобар. Но па од друга страна има убавина во тоа што можеш да го подобриш сопственото расудување за тоа кој лаже, како лаже, што прави кога лаже, или пак да заклучиш дека не можеш да разбереш кој те лаже и зашто и да си преземеш некои безбедносни мерки.

    Други игри пак влијаеле врз нејзиниот интерес за серии или книги. И уште повеќе – ја мотивирале да навлезе во светот на креирање таканаречени Eскејп румс, тимско решавање загатки во одредено време, за да се излезе од затворена просторија.

    Има доста игри но јас сум класичен носталгичарски пример на играч и за мене омилена би била и ќе биде мислам дека Клуедо или Клу. И тоа прв пат ја имам играно во основно оригиналната верзија. Сега играме на една хоум-мејд од неа направена верзија, кајшто си ги правев и картичките и ги имам цртано и човечињата. И навистина ја сакам таа игра пошто има тука многу елементи дидактички сеа некои викаат дека е среќа јас не се согласувам со тоа. Оваа игра има направено навистина влијание врз мене па и понатака во ете стварање некоја зависност од криминалистички серии, Ци-ес-ај, детективски некои романчиња и може ќе спомнеме понатака за ескејп соби играње и креирање.

    Пред некои 4-5 години прв пат се запознав со овој феномен и за тоа навистина станав веднаш фанатик. Многу брзо искреирав ја оформивме нашата соба Case Closed, тогаш бевме четврта понуда во Скопје. Сега ќе ги спомнам и другите, бидејќи тука не се работи за конкуренција, сепак зборуваме за луѓе коишто сакаат да играат. Ескејп рум Скопје, Кјуб којашто мислам сите ја знаат, тогаш имаше една понуда, втората соба всушност се затвори така да значи после се отвори во Кисела вода тие имаа две понуди и Кјуб со уште три понуди. Значи пред пандемијата имаше. Сега за време на пандемијата да се чудиш се отвори една кај Три Бисери мислам дека имаат две понуди. Значи сеа тоа се со некои мерки значи не знам како точно, не е истото, но сепак еве за играчи, советувам тоа е значи најдобро поминато време во друштвена игра која ја играте во реално време, затворени сте во соба, треба да решавате загатки, морате со заеднички сили тоа да го правите. Исто така она што го спомнав колку повеќе играте толку подобри станувате, тоа е игра на комуникација на вештината на подобрување на тимот а нормално тука се и тие когнитивни способности и загатки и асоцијативности итн.

    Друштвените игри таа ги поврзува и со уште едно нејзино хоби – Ултимејт фризби, чии темели ги има удрено во Македонија.

    Има повеќе спортови со летечки дискови, со фризби, оној којшто јас го практикувам е тимски и се нарекува ултимејт. Доста е распространет низ светот, еве се бори за место на Олимпијадата во Лос Анѓелес 2028-ма, за Париз веќе нема шанси, брејкденсингот ќе биде во Париз. Но се бори велам за таму, има доста збиднувања и се уште се игра на еден начин специфичен што го нема во други спортови. Една од дисциплините е миксд, каде тимовите се составени и од машки и од женски играчи. Тоа е можеби една од најинтересните дисциплини и за таа дисциплина се очекува дека би била интересна за ТВ преноси и за самите Олимписки игри за она што тие го носат како вредност. Но меѓу другото во овој спорт постојат некои пет принципи и за овие пет принципи екипите веднаш штом ќе заврши натпреварот си се оценуваат едни со други. Прават еден spirit circle го викаат тоа или круг на духот каде што се собираат сите играчи и капитенот или тој што сака да зборува кажуваат што мислат за одиграниот натпревар во однос на тие некои пет принципи – фер плеј, познавање на правилата, комуникација на играчите, дури има и еден принцип којшто вели да се забавуваат значи колку се забавувале, и тоа го коментираат на крајот на натпреварот со еден фидбек меѓу себе. И често се случува додека трае ова неколку минути а некогаш трае и подолго, 20тина минути, ова се случува на секој натпревар особено на секој официјален натпревар, тоа се ивенти со по 2-3 илјади луѓе. Се тргаат двете екипи и си го прават овој „сркл“ и се случува значи после дискусијата да се прават спирит гејмс или игри за духот и тоа се баш игри-игри, интересни, социјални и обично се прават и на тренинзите и така едноставно се разбива и се сузбива таа можеби некоја тензичност.

    (музика, Claim of Thrones)

    Самоил и Владимир се двајцата сопственици на Гоблин, единствената специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија, која оваа година слави убав јубилеј – 20 години постоење. Ги прашавме за нивните почетоци, и дали ја отвориле Гоблин како љубители на игри, или како можност за заработка.

    Ова е Самоил:

    Самоил: Многу интересно… почетоците наши се многу интересни. На луѓево им се чудни дека така може нешто… дека нели сите кажуваат у цел свет нели оние не знам од Бил Гејтсови до чуда како почињале и за такво… Него ние како сме почнале. Ние дека почнавме во гаража беше „Гоблин“. У суштина (се смее) беше првиот „Гоблин“ во гаража. Значи гаража изнајмивме кај Цветен пазар порано што беше „Авто-Македонија“ доле во гаражите што се спушта позади. И во гаражата ја спремивме доле со теписон, околу беше со онаков… онаква хартија тврда хартија напраена уметнички на другаров татко му ја работеше, уметник еден. Такво нешто и он напраи ко данџин внатре да биде. И залепивме постери, теписон внатре и викавме луѓе, така доаѓаа таму. И се соблакаа кондури надвор и се седнуваше внатре на теписончето (се смее). И после некое време стана толку гужва и толку смрдеше што не се влагаше внатре веќе (се смеат). И тогаш сфативме дека мора да напраиме изгледа продавница да отвориме.

    Владимир: Нормално дека за егзистенција но пред сè сме почнале значи ние сме биле ептен тогаш деца да не кажам за вакви работи, не сме ни размишљале за бизнис туку сме размишљале баш онака као знаеш што ни е на нас интересно и сме си го почнале ради тоа. И после некое време испаднало, со дугачко време знаеш, со запознавање на луѓе и се створила некоја… некоја заедница во Македонија со која што ни било интересно. На крај сеа можеби е малце попопуларно него порано. Мислам во последно време и ние пробуваме да го популаризираме. Во последно… ние сме пробувале одамна да го популаризираме ама едноставно може не било времето. Да кажеме ние сме иделе цело време на саеми на книга цело време, сме иделе на новогодишни саеми ама едноставно не било времето за тие работи, не дека не сме пробуваме. А сега да кажеме можеби со 5 посто труд од тоа што сме го вложувале, сега има многу поголем фидбек. Особено со социјални мрежи каде што многу луѓето знаат. Да кажеме ја у Скопје сум си мислел дека кој не те знае. Ама испадна уствари дека многу не нè знаат. Особено сега со коронава тоа го дознавме коа луѓето… откога се затворија моловите и луѓето почнаа да бараат алтернативни продавници дека не можеа да си купат све у мол веќе.

    Разликата којашто Владимир ја забележува во последниве неколку години е надминувањето на стереотипот дека друштвените игри се само за деца. Сега има се повеќе муштерии кои се добро информирани, точно знаат која игра ја бараат и не се чудат за цените, кои за наш стандард се релативно високи.

    Владимир: Веќе не е она – као ајде што е ова? Сега сите сакаат веќе да играат игри не е како… она као детска работа порано тоа беше големиот проблем, како да го надминеме ние тој комплекс. Демек играва… игрите се за деца. Сега веќе не е воопшто тоа муабетот и сега луѓето доаѓаат и нè прашуваат која игра можеме да им ја препорачаме, која може да ја играме со деца, која можеме да ја играме у друштво, парти гејм. Значи веќе друг е муабетот. Порано беше као што – ааа, деца, да за деца, добро. Или да речеме втората работа што беше бариерата беше цената. Пошто порано беше све да кажеме не-оригинал и луѓето имаа некоја претстава дека кога ќе купам јас за 100 денари за плејстејшн игра, а кога некој ќе ми понуди две и пол илјади денари игра друштвена, голема е разликата. А сега едноставно ко ќе просурфа ќе види дека игрите се мање-више тука цените, сфаќаат дека е тоа. Коа ќе дојдат кај нас веќе не реагираат – ууу леле колку е скапа играва. Знаат, тоа е тоа. Значи не е нешто поразлично кај нас. Сеа може ради помалиот пазар може нешто да е поскапо, може нешто поефтино ама тука некаде е мислам, со одредени работи тука е. Малце сме ние мислам поограничени зашто не сме во Европска унија, па имаме некои подруги давачки и така ама генерално е тоа. Значи и сега е многу попопуларно, значи луѓето да кажеме доаѓаат и бараат игра. Порано беше – што ќе ми понудите. А сега веќе доаѓа, има дури бараат игри што се… што искочиле сега во последниве пет дена да ви кажам, сакам оваа игра да ја добијам. Тоа порано не постоело. Тоа порано било „Риск“, „Монопол“ евентуално ако нешто побарале и толку.

    Самоил: Сега е многу помалку така. Порано па беше ептен. Порано ме прашуваа – кај да го ставам цедето? Им викав – ова се друштвени игри. (се смеат) Не, најискрено. Ова не е шега. Ова е анегдота. Порано кога продававме игри…

    Владимир: Не, не, тоа беше – кај да ги ставам картите во плеј стејшнот? Коа им кажувавме за „Меџик“.

    Самоил: Кај да го ставам цедето? Да. Коа ги учевме за „Меџик“ за овакво, викаа – кај да ги ставам во плеј стејшнот или во компјутер, кај влегува? Нигде, викам, не влегува, кај може да влегува, друштвена игра. Порано беше синоним за игра беше плеј стејшн и компјутер. Не… вакво нешто беше онака, значи не му паѓа на памет дека ние нешто такво продаваме, разбираш. – Кај да го ставам цедето – беше муабетот. Сега многу поинаку е.

    За некој кој никогаш не навлегол во светот на друштвените игри, изборот од каде да се почне, а да не е тоа домино или карти, е прилично тежок. Терминологијата, жанровските одредници, категориите, правилата знаат да бидат збунувачки, па во рамки на самата заедница има такви кои се ограничуваат на полесни игри а постои и, така да ја наречеме, гејмерска елита. Кои се релевантните информации по кои човек може да познае дали некоја игра е за него или не?

    Самоил: Па на секоја игра… на секоја игра обележано си го има возраста за која е играта, за колку играчи и колку времетраење. Тие три се како референци кои што секоја игра… на секоја игра ги пишува вака као мал дел во ќошот или на страната. Тие се основно нешто што би почнал да гледаш. Значи ако сакаш некоја покомплексна игра, таа подолго трае, пишува, одредувањето на возраста е од 8+, 10+, 12+ и 14+ да речеме. Сега 8+ се за општа публика, тоа не значи дека се само за деца, него и за возрасни се, меѓутоа тоа се оние да речеме „Монополи“, „Тикет ту рајд“ најпознатите светски игри и некои на тоа ниво шо се основни, бејзик, шо немаат долги правила, шо не треба… ти треба саати да прочиташ и да ја поставиш играта и така натаму. Како оди нагоре тоа за возраста, така покомплексна е обично играта. Сеа не мора да значи, има… некои игри не се ни добри. Ако пишува 14+, не значи тоа… не гарантира дека играта е добра, него чисто е дека комплексно. Исто и бројот на играчи. Значи обично парти гејмс, тие шо се за забава, шо не се баш стратешка игра, се со многу повеќе играчи за да може да биде баш парти гејм. Значи има „Диксит“ што е најпознатиот парти гејм, дури до 12 играчи може да се игра. И такви слични се со повеќе. Стратегиите, мислам и другите обични борд гејмс се играат од два до пет, два до четири играчи, така. Најчесто е така. Ние што гледаме, мислам, ја у последно време не сум ни играл нешто посебно многу комплицирани игри, ако не се собереме вака… Нема веќе собирање у последнава година, ја најосновните ги играм дома со фамилија. (се смее) Тие со 8+ шо си се, тие ги играм и тие се враќам онака да кажам, шо порано сум ги играл, се враќам пак на истите. Некој круг се направи у моево играње на игри, сеа пак почнав на тие основни да се враќам, со син ми, он почнува да ги учи и ја пак си се враќам и многу ми е ќејф затоа што гледам дека стварно не мора да значи дека ако играта ете не е 14+ или не е некоја си којзнае што, дека е лоша или досадна ќе ми биде. Баш ми е интересно и многу забавно. И такви основни игри се супер.

    Ако комплексноста се одредува од 1-5, нашите домашни игри стигнуваат максимум до тројка. Тие најсложените практично и најретко се играат. Многу важно за секое друштво е да постои човек кому не му е мрско да чита правила. За среќа во нашето семејство има таков, a тоа не сум јас.

    Владимир: Глеј, ја исто не сакам да читам правила ама сега е многу полесно ради јутјуб. Тоа исто многу смени во заедницата за играње игри. Пошто да речеме многу од луѓето го имаат тој проблем, исто и ја. Да речеме мене ме мрзи да читам правила, секогаш имало кај нас во групата некој што сака да чита правила и што сака да објаснува игри. Тој ќе отиде напред. Сеа ја дека нема да прочитам, нешто ќе прочитам ама у секој случај сега на јутјуб ќе пуштите и за… како видео ќе си го изгледате и е многу супер. Значи многу е баш едно… Тоа викаат, дека сега нивото за да влезете во играта е многу полесно. Ем има едноставни игри, имате на оваквото, на јутјуб кајшто може да си ја видите, да ви ја објасни некој, уопште да не се ни замараш… да читаш и супер. Сега многу полесно се влегува во игра дури и воопшто никад да не сте играле игра. А може да навлезете у некоја игра и што е потешка, не мора да биде некоја едноставна. Се случило кај нас луѓето да почнат и со некои потешки игри, никој не го тера да почне со основни. Ние им кажуваме дека е подобро. А иначе едноставно има луѓе што доаѓаат и ја зимаат „Гејм оф тронс“ пошто сакаат, се фанови на тоа и си ја зимаат таа игра. И таа ја играат и ништо не им смета. Може ќе им треба два-три дена, пет, да ја научат поише него основната ама ако се компактно друштво и таа ќе ја играат не е проблем.

    (музика, Claim of Thrones)

    За тоа дали некоја игра ќе биде атрактивна, популарна и продавана играат улога повеќе фактори. Но еден од најзначајните е нејзиниот дизајн. Тхе Мичо е нашиот најпознат домашен и извозен стрип цртач, илустратор но и дизајнер на борд гејмс. Број на креирани до сега – над осумдесет. И колку и да звучи чудно, од нив има изиграно – нула.

    ТМ: А бе види јас на неќење се најдов во овие друштвените игри и на пример, иако имам напраено бајаги игри, сеа ова го кажвам сегде нормално, неам изиграно ниту една. Значи буквално неам изиграно ниту една друштвена игра. Не знам ни како се играт, ни како се поставуват, ни ништо. Еднаш за малку пробав една, сега не ја именувам која пошто сепак се многу, ама некако не ми одеше пошто многу сум кнап со време обично, пошто му кажувам и на пријателите и на соработниците, за да ги играте овие игрите, некој мора да ги сработи. И обично така… бајаги работам. Му кажувам и на пријателчињава и на колегите дека буквално знајш онака освен во ретки ситуации, викенди и слично, ручеци ко ќе прајме заедно со фамилијата ама најчесто на компјутер… ја… да ти ја покажам сега тастатурата, полна е со чудни работи. Мислам јадење сеа, имам јадење и од брадата влакна шо би се рекло.

    Како и да е. И случајно влегов во тој светот на игрите. Јас претходно, си цртам јас од порано, отсекогаш сум сакал да цртам пошто единствено за тоа, да речиме ме бивало. Имав среќа во тој некој минат систем да сум задоен така со стрипој. Пошто имаше и стрипој се продаваја, и луѓето многу читаја стрипој, значи немаше врска то некоја класна структура, дали работници, дали интелектуалци туку баш онака стрипој имаше многу. И јас го фатив тој период и стварно сакам стрип, значи јас буквално цело време само за то зборам, само за стрипој, за игри и за филмој. И реков значи само за то ме бива, ќе си цртам и си цртав. Нормално сеа и ден-денес е така за жал, дури можда и малку претерват денеска, не сметаја околината дека е ова професија шо знајш, би била супер за живот. Ама случајно заради то шо стварно сакав да цртам, пошо цртав цело време и ко ќе мислеа мојте дека учам, си цртав, и на училиште цртав. И пробав на ликовна академија да се запишам, не се запишав, па на друго се запишав ама си продолжив да си цртам јас, значи нон-стоп. И то баш буквално многу! Значи со некоја желба дека некоаш ќе успеам во некои така дисциплина за цртање. И преку то си почнав да си работам стрипој, илустрации, па учебници, па „Студентски збор“, па на нејќење се запослив во во „Идеја плус“ во Скопје, па поживејв малку Скопје, поработив малку за тие агенции. Сè уште работам за голем дел. Поработив на некои списанија. Па си се вратив во Битола пошто и во Скопје ко живеев, работев од дома. Пошто тогаш све шо дојде АДСЛ-от во Македонијава и имаше значи онаков брз интернет и не мораше да одам со цедињата ко… така да носам по фирмиве. Па си работев од станот, па констатирав – сега шо ќе седам тука во Скопје во стан, ко можам да си седам во Битола. Плус то Битола беше помало место, знајш излегваш на кафе, не мора да се договараш баш до толку, ќе се видиме не знам ти каде. Ќе си седам во Битола, па си работам то шо си работам, па едно време залауфав со сториборди цртање, така да мислам дека секој ден работев на неколку реклами или шо и да е.

    Додека пред три-четири-пет години ми се јавија, ќе го спомнам тој… да речиме првата игра шо ја праев и праев знајш шо, дали… пошо јас и покрај то шо работев сториборди, илустрации, овје ги користев социјалниве страници шо се за уметност, за арт, тие девијант арт и слично. И клаваш цртежи нали како портфолио, пошто мојата работа треба да ја видат луѓето. Ако цртам јас само за мене мислам, која е поентата. То ти е исто ко Гинисот шо го пиеш, да си го прат дома и да си го пијат сами. Сфаќаш, глупо е. Нема да го споделиш ќефот со другите. И луѓево ѕирнале шо сум работел, прашаја дали можам да изработам игра, јас реков – океј. И ја напрајвме та првата игра и некако убо помина… мислам не помина убо, туку преубо помина таја првата игра. И значи јас обично му кажувам на луѓево шо работиме дека не е играта само цртежот, туку играта е целокупниот производ значи… Најбитно е играта да е уба. Пошто како филмојте сега шо ги прат, ако ти речи дека филмот, фотографијата е преуба или специјалните ефекти се преубај, значи реално филмот не чини, значи една… најбитниот дел, целиот производ не чини, само еден дел ако чини.

    Како оди процесот на изработка на една борд гејм?

    ТМ: Обично оди на то шо ќе ми пратат меил да речиме – здраво, – здраво. Јас сум фиљан чоек од не знам, Белгија, сакам да прам игра, дали си зафатен или не си зафатен или од кога си слободен. Пошто периодов сум така тро позафатен. И јас ко ќе му речам – океј, нема проблем. И обично на сите му викам – океј, нема проблем и после ко ќе ми заглават од сите страни и паничам. И зато не можам да играм. Не можам да играм борд гејм, на плеј стејшн можам да играм. И обично барам да ми испратат најкус можен список на то шо му треба и евентуално некој примери од то шо му треба. Со то шо потенцирам да речиме, дека јас работам така како шо работам, мојот стил е тој шо е, значи можат да видат на мојте пејџови и слично, како работам – шо работам… Пошто ако барат да цртам нешто во некој друг стил мислам дека е онака фер да спомнам дека не можам то да го напрам и дека то не би бил јас. Така да стварно покушавам да… да… најпросто и нај онака… најбрзо да се договориме. Од ко ќе… констатираме колку пари треба да ми платат, јас… ко ќе речиме – да, – да, – прајме, – прајме, неќам да ми плаќат унапред пошто после имам некако како обавеза дека мора да завршам до петнајсти, оти после ќе ми спомнат. Вака барем и да закаснам онака – шо ако каснам, немате платено вие, шо? Ко ќе напрам, ќе ми платите. И покушавам многу така симпли да ги напрам. Сега една игра шо ја праев за „Оспреј“ на пример, та има околу триста печеес илустрации, ме прашаја дали можам да ја напрам за три месеци. Јас му реков – океј, ќе ја напрајме. Ми пратија список од илустраците и то беа баш онака кратко и јасно напишани. Шо знам, секира и со цртичка знајш она, линк до некоја секира шо можда тие би сакале да биди, да ја нацртам. И то би било то, начелно. Значи  обично му кажвам и нив и се смеат и зато ваљда соработваме дека шо ќе се заебаваме сеа ние вака ќе седам јас на состаноци, па ќе состаночиме. Значи има исклучоци. Некогаш можи ќе треба така да заглавиш, али начелно покушавам пошто сепак прајме игри, шо би се рекло прајме магија и забава некоја, да е најпросто и најзабавно за сите. Значи да не губиме време во многу договарање и тупење, туку баш онака.

    ТМ: Имам една табла толкава, сега да не ја вртам камерата да ти покажам и си работам на таблата. Значи јас работам дигитално и обично ќе речат сега така некој – а бе шо дигиталното. Класика. Нема то класика. То да го изјавиш треба да не си вака свесен со работните текој, значи професионално работење. Јас имам на пример обврска да завршам икс количина на илустрации за некој период. И реално се стига тоа и рачно да работиш и слично ама и да работиш рачно значи пак ќе речам, хартијата и таблата се исто, алат. Ако не знајш да црташ на хартија, нема да знајш ни на компјутер да црташ. Значи компјутерот ти е само површина. Значи буквално имаш виртуелна хартија и да работиш ти на хартија, после то треба сето да го скенираш, па да го токмиш и така натаму и треба да го пратиш на меил. И сеа реално со дигиталново добиваш многу време шо мојш да го искористиш во јадење пица или играње друштвени игри или играње на плеј стејшн или на крај краева ќе си седам со фамилијата, ќе си гледам филмој пошто ќе го заштедам то времето. Ааа… и значи… и на рака да црташ, пак идиш до онај делот шо ќе треба електронски да го поминиш то и така да голем дел сечиш од процесот. Со тоа шо да речиме имаш миљарда опции дека ако згрешиш можиш да го избришиш.

    И тој има интересно толкување на тоа што се друштвени игри и како тие се разликуваат од гејмерството воопшто:

    ТМ: Овај светот на друштвените игри баш си го носи она… супер му е името. Значи друштвените игри ти се игри шо се играт со луѓе, иако и ова плејстејшн и слично се играт со луѓе али овие друштвените игри се во… без присуство на електрична енергија, освен за сијалица евентуално и ако има некој покушаи сеа пратам вакви знајш да ја даунлодираш апликацијата, па нешто да ти поможва… Мада тоа не функционира. Али друштвените игри се уствари за… сеа не сум баш сигурен дека богати е изразот… на луѓе, али друштвените игри се за олабаени луѓе. На пример ко ќе ти е сè релативно погодено, значи… мојш да замислиш колку е тешко то кај нас, мислам знам колку е тешко, знајш и ти колку е тешко. Ко ќе си олабаен на пример од работа негде или од… така од стресој и слично и ко ќе си дојдиш дома и да си седниш да си играш, да си наместиш таму со јадења, со пиења… Јас имам гледано како си ги прат тие соби шо си ги имат дома и стварно се спектакуларни. Али стварно знајш она треба време да седниш, да се организираш, па јадење – пиење, пици ти шо викаш, пива, сокој и слично. И стварно се убај пошто онака ај шо те спојват со најблискиот, туку ти кажвам, преку работата моја, стигнуваш до луѓе шо најверојатно не си планирал никогаш дека во животот ќе стигниш. Значи од различни професи, не знам од филмски ѕвезди, до популарни автори на книги на пример, и така натаму.

    Самоил се надоврзува со интересно толкување за тоа што друштвените игри се повторно „ин“, без оглед на пандемијата.

    Самоил: И сега луѓето уствари бегаат, сите сакаат да избегаат од тој екран. Скроз е друго расположението на луѓето како гледаат спрема тоа. Сега више не го гледаат као нешто застарено, нешто такво. Значи тоа е… сапиосексуалноста е многу поразвиена сега од порано. Значи сега… не е сега срамота да си гик или да си нрд. Порано беше сфаќаш, мачо типови беа фраери. Сега се овие што се интелектуалци се фраери. Сега сè повеќе тоа доаѓа до израз. И заради тоа и ваквите видови на забава или сеедно, мислам стануваат сè попопуларни и пофраерски.

    И.Ј.: И за интелектуалките важи?

    Самоил: Да. (смеење)

    И.Ј: Да знам. За другарка прашувам.

    Самоил: За другарка прашуваш. (смеење)

    Самоил: Исто и другари, другари сеа ми зборат другари вика – леле човече – вика – идам по гости, по луѓе – вика – ми вадат друштвени игри да играме човече. Дај ракијата бе, ало! Значи незамисливо било ова за мене порано – вика. Шо напраивте? Он така ми вика. Сеа чоеков не е некој шо игра игри, очигледно по муабетов е, нели. Не е битно, него ми праи муабет – шо напраивте на луѓево сите бе. Сегде идам – вика – сите нешто игрици нешо да играат. А бе шо ви е, дајте мезе, ракија нешто – вика – шо ви станало на сите – вика – со игриве еј.

    Во земјава постојат неколку фирми кои издаваат игри, Архона Гејмс, Фајнл Фронтир и Деванчи гејмс, кои собираат средства преку платформата Кикстартер. Ако добро избројавме, до сега се издадени 9 игри од кои 2 имаат доживеано експанзии поради огромниот интерес. Најочекувана за 2021 е Monsters on Board, дизајнирана од Самоил, Иво и Микиќ. Се работи и на друштвена игра инспирирана од документарецот „Медена земја“, која се планира да се воведе во основните училишта.

    Уште една игра има таков, огромен образовен потенцијал. На 13 април 2019, на Меѓународниот ден на Скребл, во скопското борд гејм кафе „Само“ (интервју со еден од сопствениците види тука) организирав ден за тестирање на македонска верзија, првично дизајнирана од мажот ми. Неочекувано, се појавија голем број одлични познавачи на оваа игра на составување зборови, нешто слично на крстозбор. Врз основа на нивните предлози за правилата и бодувањето дечките од Вудиз изработија верзија за продажба. Токму на тој настан ја запознав Адријана.

    [Андријана]
    За мене Скребл е игра за секоја прилика затоа што едноставно нема зошто да не ви се допаѓа оваа игра. Треба од неколку букви што ги имате да составите збор и да освоите поени.

    Оваа игра дефинитивно треба да се вметне и општо мислам дека и други игри треба да се вметнат во образовниот систем кај нас за полесно и на поинаков начин да се учат некои работи. Не сите деца исто учат. Мислам дека игри треба во се’ да се вклучат кога станува збор за учење.

    И Тхе Мичо се согласува со важноста на играњето друштвени игри за растењето и формирањето на детската душа.

    ТМ: И то би било супер пошто сметам дека и… значи децата како такви ако растат во некое така општество шо ќе… кај шо ќе има стрипој или… мислам дека можда ќе бидат поарни луѓе. Е сеа заебанцијата е то шо обично стрипојте, игрите и такви работи се многу скапи и тие се значи онака знајш… ќе ви посочам сеа… праењето игри не е баш толку битно колку да си доктор сеа. Сеа реално стварно имаме потреба од доктори, како пример во ситуацијава во која шо… И ова играњево игри и стрипој мислам дека на тој крајниот дел од општествово, пак ќе речам кај шо се сите задоволни, сите ќе бидат среќни, па ќе дојдат знајш она олабаен… Оти сега  на пример Битола да дојди некој од Кромберг и Шуберт, со маски онака, изнервиран в крај, не вервам дека тој знајш… или ќе игра или ќе му дозволи на некој од фамилијата да игра. Така да се надевам… значи се надевам дека ова… од ко ќе заврши сето ова, тие препукавања кај нас ко ќе завршат, некогаш ко ќе станиме релативно нормални во сите тие погледи од животот дека ќе почни и малку вон Скопје и во другите места да се развива ова култура.

    (Комон Пипл музика)

    Со надеж дека новата нормалност ќе дозволи да се седне со луѓе и да се игра, макар и Не лути се човече, ќе продолжиме да вртиме Катан. Ќе изградиме патишта, крај патиштата населби, а во населбите луѓе, кои освен за жито, камења, глина, дрво и овци ќе имаат и потреба и ќеф за игри.
    Коцката е фрлена.

    42 min
  • „Сакам да бидам“ – во потрага по македонските осмоодделенци од 1965

    Во 1965 од печат излегува книга која содржи состави на 125 деца од цела Македонија. Во нив тие кажуваат што би сакале да бидат кога ќе пораснат. Каде се тие сега, и дали нивната желба им се остварила?

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    (музика, „Вули Були“)

    1965-та.

    На врвот на светските топ листи е Вули Були на Sam the Sham and the Pharaons.

    Во американските кино сали почнува да се прикажува „Доктор Живаго“, со Омар Шариф и Џули Кристи.

    Умира Винстон Черчил.

    (Rolling Stones – I can get no satisfaction)

    Ролинг Стоунси имаат прв број еден хит во САД.

    Битлси го изведуваат првиот концерт на стадион во историјата на музиката, пред 60.000 луѓе.

    Премиерно се емитуваат цртаните со Том и Џери.

    Почнува војната во Виетнам и масовните протести. Со нив и хипи движењето и сексуалната револуција.

    (Зоран Георгиев – „Америка“)

    На сингл издаден за тогашен Југотон, нашиот Зоран Георгиев пее за Америка. На децата од Македонија, во тогашна Југославија, таа им е далечна и непозната, исто како и нивната иднина. Но иако тие се уште не знаат што ќе бидат, знаат што САКААТ да бидат.

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа прва епизода од втората сезона на подкастот Обични луѓе, ќе ја раскажеме приказната за тие деца од цела Македонија, кои во 1965 биле осмо одделение, а денес се пензионери. Нивните состави се содржани во книга издадена истата година, под наслов „Сакам да бидам“.

    Што сакале да бидат овие деца, а што навистина станале?

    Останете со нас.

    (продолжува музиката)

    Книгата „Сакам да бидам“ случајно стигна до мене пред неколку години. На нејзината корица нема никаква друга информација, освен насловот и цртеж на момче задлабочено во читање. Како издавач е наведен Републички завод за запослување на работниците на Социјалистичка Република Македонија, а уредници се Вангел Јанкуловски и Михајло Видоевски.

    Од воведот се дознава дека ова е всушност второ вакво издание, во склоп на проект со ученици од 8-мите одделенија во основните училишта, и 4-тите класови од гимназиите, кој започнал претходната, 1964 година. Низ него, преку раскази, есеи, поезија или цртежи, тие требало да ги искажат своите мисли за идната професија.

    (музика)

    Во книгата се застапени дела на вкупно 125 деца, очигледно внимателно бирани и подредени според професијата која ја посакувале. Најбројни се поглавјата за техника, медицина и просвета, но има и такви за уметност, авио-космонавтика, народна одбрана, како и едно под наслов „неопределени“. Интересно е и поглавјето „космополити“ во кое има два состава. Одбраните професии често се ставаат во контекст на самоуправниот социјализам. Внимавано е на половиот и на етничкиот состав, како и на односот село-град. Покрај претставници на сите градови, има и деца од основни училишта во селата, меѓу кои и со имиња кои прв пат ги слушнавме, како Селокуќ, дебарско или Трооло близу Пробиштип.

    (музика)

    Каде се сега овие деца? Кога книгата прв пат стигна до мене, идејата беше потрагата по нив да биде преточена во документарен филм. Но по четири години неуспешни обиди тоа да се оствари, сфатив дека работата веќе не смее да се одложува.

    Ова е приказна за шестмина кои успеавме да ги пронајдеме и за нивните детски соништа.

    (музика)                                                                                                                     

    Најголем број деца во своите состави посакуваат да бидат лекари. Во воведот самите уредници поставуваат прашање (цитирам) – „Дали ваквата масовност се должи на хуманоста на занимањето или авторитетот на името „лекар“ пред нашиот човек? Познато е дека на оваа возраст кај децата преовладуваат топли и хумани чувства, алтруизам, социјабилност, самопоузданост, истрајност“ (затворен цитат).

    Помеѓу составите во поглавјето „медицина“ е составот на Даница Тановска, денес Тасевска од училиштето „Мите Богоевски“ во Ресен. Неговиот наслов – „На детското лице го немаше руменилото“.

    Даница: „Знам дека со учење секоја тешкотија се совладува. Потоа ме чека нова тешкотија, но јас сум поведена од желбата и на тешкотиите не им давам никаква важност. Ќе бидам лекар. Сонувам како да се наоѓам во голема сала. Облечена сум во бел мантил. Претчуствувам дека во болницата ќе се случи нешто. И навистина. Вратата брзо се отвори и влегува една жена велејќи – докторе спасувајте! Моето девојче е тешко болно. Влегува еден човек и во рацете носи едно девојче. Го земам девојчето. Колку е бледо. На неговото лице не се забележува ни трага од детско руменило. Го ставам на креветот и почнувам да се припремам за операција. Возбудена сум. Тоа ми е прва операција. Девојчето има запаление на слепото црево. Мојата возбуда се претвора во храброст. Операцијата завршува успешно и јас сум среќна. Ми пријдуваат сите и ми се заблагодаруваат. Горда сум што постигнав успех. Тоа ќе се повторува секој ден. Се разбудувам. Дали тоа е сон? Не. Тоа е мојата желба што ме носи кон мојата иднина. Нас нè чека иднината. Ние ѝ припаѓаме нејзе, а таа нам. Ние сме листови на нејзината гранка. Ја дишиме и осеќаме нејзината миризба.“

    Како се чувствува Даница сега кога ги чита овие редови?
    Д: И сега… и сега ќе се расплачев. Многу возбудено. Ево сега солзи ми идет. (плаче) Озбилно. Многу возбудено. После пеесет и шес години.

    Kaко изгледало учењето и дружбата помеѓу децата во нејзино време?

    Д: Сите бевме еднакви, то сакав да кажам. Униформи носевме на училиште. Имаше и некој… една-две богати што беа, од богати фамилии меѓутоа ниту се истакнуваа… ниту се истакнуваа, ниту пак им се љубомореше на нив или завидуваше. Носевме униформи, на училиште бевме сите еднакви. Се дружевме, игравме игри, народна топка, со топка само, игра беше тоа… И за денешниве деца тоа е непознато и невидено. Дружењето беше во нашето училиште идеа деца од околните села. „Мите Богоевски“ се викаше училиштето. И за зимите… ви раскажав и претходно… зимите беа сурови, долги, снег до колена, патот родителите им го пробиваа додека дојдат од село во училиштево во Ресен, назад не можеа да се вратат. И ние ќе се распределевме, ќе ги распределевме учениците по другарки секаде. Една другарка да земи едно девојче, машките – машки земаа. И се случуваше да остануваат и по два вечери, два – три вечери да спијат кај нас и да се дружиме и да живееме, јадење-пиење сè заедно да го правиме. Значи немаше разлика во однесувањето, во дружењето, во сакањето. Се сакавме едноставно. Без љубомора, без злоба.

    После во нашето училиште имаше турска паралелка. Турски учениците… имаше дечиња, ученици од турска националност. И ние… баш се сеќавам јас бев осмо В, то беше другото А, Б, В, Г. Г одделение и учевме со нив. Толку бевме братски поврзани што не ни сметаше апсолутно дека тие се Турци или друга националност имаше, меѓутоа турско… турско… турски паралелки во ова училиште имаше. Не албански. Турски. И дружењето со нив остана и до ден-денес. На пример за Бајрам одевме кај нив на гости. За Велигден тие доаѓаа кај нас на гости. Контактираме уште со нив. Имам другарка во Охрид, Кадрије мажена, живеет во Охрид. Контактирам со нејзе, имаме одење-идење. Факизе, Ралиде, Сумер. И други имаше ама веќе сум ги заборавила, сега кој се странство, кој… не ги гледам. Со овие контактираме само. И то е. Мислам, другарството беше на ниво.

    Даница успешно го завршила основното и гимназијата. Но во остварувањето на нејзината желба да се запише на Медицинскиот факултет во Скопје се појавила една неочекувана препрека.

    Д: Со татко ми отидовме во Скопје да се запишам на факултет со… на факултет прво желба беше моја за лекар, меѓутоа на татко ми беше за стоматологија. И ајде, општа медицина се учит две години, ајде реков, занает било стоматологијата била занает и татко ми настојуваше викат – занает си е занает. Секогаш ќе ти притребат ќерко, во животот. Ајде добро, да го послушам. И отидовме да се запишувам на факултет меѓутоа и еден случај имаше со смртен случај го вадеа, покрај капелата поминавме тука и многу се возбудив, многу се исплашив и се нажалив, натажив. Ги гледав кај што плачеа, сигурно се работеше за млада особа и да ви кажам толку се разочарав, толку се разочарав и јас му реков на татко ми – не ни покушавај да одиме да се запишам во деканат да влезиме да се запишам. Зашто еден негов пријател нè чекаше, ние не знаевме каде треба да се обратиме. И се вратив… јас не можам да одам на овај факултет, да се вратиме назад. Вознемирена… отидовме кај тетка ми и сега размислуваме каде да се запишам. Пак да имат нешто, да е поврзано со медицинава. И размислувавме, размислувавме и одлучивме на… на Природно-математички факултет, на група биологија. Пријателот на татко ми ми предложи тоа. И отидовме горе на Гази баба, се запишав на факултет и редовно го завршив факултетот, мислам точно колку што требаше. Дипломска имав теренска, за сите четири годишни времиња, земав проби од Преспанско езеро некои планктонски алги на Преспа имав, од реон од Сирхан до Отешево и така… Не. Од Перово до Отешево. Сирхан ми беше пристаништето, затоа… оттука ќе влезевме со чамец и после со планктонска мрежа земав узорци, ги фиксирав со формалин, па ги… проби од сите четири годишни времиња, па после ја работев дипломската во Скопје кај Љубица Петровска професорката и дипломирав нормално. На крајот на седумдес трета година дипломирав, на тринајсти јануари ја одбранив дипломската со успех и така. Веќе бев мажена тој период и во април месец ми се роди првата ќерка и после пет години другата ќерка. Значи имам две ќерки, имам четири внуци, три женски… две женски од големата ќерка и машко и женско од малата ќерка.

    Сепак, белиот мантил како да ѝ бил судбински.

    Д: После дипломирањето две години седев без работа, не можев да најдам работа. Секаде конкурирав кај што имаше меѓутоа не можеше… немаше… тешко се бараше мојата струка. Пошто имаше наставници, професори. И после тоа ми испадна една прилика се запослив во „Агроплод“ во Ресен. Е да ви кажам горда сум и среќна што се вработив во та работна организација. И едино од желбата да носам бел мантил од докторската, лекарската желба ми остана што мантилот бел го носев цел работен век до пензија. Затоа што работев во прехранбена индустрија, бев во контрола, во лабораторија, се занимавав и со индустриска микробиологија, па после ми дадоја, ме определија, ми дадоја погон и таму успешно работев на две линии, на линијата за флипс и линијата за бони топ. Меѓутоа сум многу среќна и горда што бев запослена во „Агроплод“ затоа што „Агроплод“ беше фирма на ниво на цела Југославија поранешна, со претставништва и стоваришта во Љубљана, Загреб, Сараево, Белград, Подгорица, Титоград тогаш беше нели. Се работеше за извоз…

    Каква е разликата помеѓу тогашните и денешните детски години?

    Д: Нашите родители гледаа да нè прехранат и да нè пуштат да учиме. Додуша учењето беше бесплатно во мое време. На факултет без приемни се запишувавме зошто не одеа сите на факултет, не можеа да ги пуштат децата. Немаше вакво изобилство и живот. Со стипендии… и јас сум земала стипендија. Со стипендии, со све, па ако ја враќаш назад, ако не исполнуваш услови, ако исполнуваш услови не ја враќаш стипендијата назад и така со скромно. Скромно се живееше. Меѓутоа сегашниве деца живеат во изобилие. Не можам јас… ги гледам, мои ми се ама задоволени се со сè. Со телефони, со компјутери, со гардероба, со шетање, со сè. Значи разликата е многу голема. Меѓутоа од нас… станавме луѓе. Со скромно, со помалку…

    (музика)

    Даница сакала да стане лекар, но не станала. Приказната на нашиот втор соговорник е обратна. Михајло Баламовски од 8б одделение во училиштето Крсте Мисирков, Гевгелија, сакал да стане машински инженер, но наместо тоа, станал доктор. Ова е дел од неговиот состав, под наслов „Техниката и животот се неразделни“:

    М: „Јас искрено им благодарам на сите мои советувачи. Со овие совети се согласуваат и моите родители за идното занимање, мој иден животен позив. А јас што да сторам? Да одлучам уште сега, се плашам да не погрешам. Време за размислување нема па затоа одлучив да завршам гимназија, а потоа да го завршам техничкиот факултет, да станам машински инженер. Сметам дека ова занимање би ми причинувало најголемо задоволство во животот. Како машински инженер јас најмногу би придонел за заедницата.“

    Илина: Кажете ми како се чувствувате денес кога после толку време кога ги читате овие зборови, кои чувства ги имате?

    Михајло: Па како се чувствувам? Тешко е да се опишат тие чувства затоа што ова беше размислување на едно 15-годишно момче, тогаш толку години имав, и се занесував дека како машински инженер би конструирал машини би правел нешто што би му го олеснил животот на човекот и би бил продуктивен како личност. Меѓутоа, таа моја детска желба не се оствари по завршувањето на гимназијата се запишав на Медицинскиот факултет. Го завршив факултетот, подоцна завршив специјализација по трансфузиологија и еве сега сум пензиониран трансфузиолог.

    Како дипломиран доктор сум работел во сите селски и градски амбуланти на тогашна општина Гевгелија или сегашна општина Гевгелија, општина Богданци, општина Дојран. Од Миравци до Дојран, од Гевгелија до Стојаково, сите селски и градски амбуланти првите две-три години сум ги прошол како лекар практикант или најмлад лекар, дури да стасам до кандидатура за специјализација и избор на доктор специјализант. Така да моето прво лекарско искуство е амбуланта од најмалото село каде постоела амбуланта во поранешната општина Гевгелија па до општата болница во Гевгелија. Сум ги прошол сите скалила на постепено качување во мојата струка.

    Но освен неостварената желба за машинството, тој имал уште една, поамбициозна.

    А едно време додека учев гимназија се издиференцира таа моја замисла да бидам инженер, се профилира како да сакам да продолжам не во машинскиот дел, него во микроструктурата на материјата, да ја проучувам физиката. Се воодушевував од пронајдоците на Никола Тесла, од теоријата на Макс Планк, теоријата на Ајнштајн, и сакав да се запишам во тие години, 3-4 година гимназија кога уште не бев определен за медицина, да бидам инженер по атомска физика или некое друго звање. Атомската физика мислам дека би ми била уште поголем предизвик од инженерството и би бил како човек, како граѓанин на тогашна Југославија би бил многу попродуктивен од идната моја професија што ја избрав да бидам доктор. Меѓутоа, ете така, тие мои детски фантазии завршија со определбата да станам доктор, и така го завршив тоа мое детско фантазирање и патешествие во соновите.

    (музика)

    Следните две стории покажуваат колкава е понекогаш упорноста да се остварат соништата. Составот на Марија Пачаразлиева, денес Кундурџиева од Богданци, има дециден наслов – „Учителка ќе бидам“.

    Марија: „Учителот е оној кој не учи на писменост, оној што прв ни го покажува патот што води во огромната ризница на знаењата – книгите. Сето она што учителот им го доставува на малите, тоа е огромното човеково искуство. Тоа е човековиот труд и пронајдоците собрани од многу столетија. Учителот е тој кој ги поведува младите по прекрасниот пат на вистината, по патот што води во тајните на науката и природата, зборувајќи за минатото на нашите народи, за тешкотиите, ропските денови, за сиромашниот неподнослив живот….

    Затоа, јас би била среќна кога некогаш би се нашла меѓу учениците како нивна учителка. Би била среќна, кога од малите немирни дечиња би направила вредни граѓани на нашата татковина. Дали оваа моја единствена желба ќе се оствари, не знам. Но сепак во животот не треба да се губи надеж. Сега треба да знам дека во животот се се постигнува со учење, со работа.“

    И покрај нејзината решителност, остварувањето на желбата морало да почека.

    Желбата за учителка се роди од најраното детство. Често и самата си играв учителка, а ученици ми беа разни предмети. И од одделение во одделение таа желба се разгоруваше. Во осмо одделение преку проектот професионална ориентација мојата желба ја преточив во писмен состав со наслов „Учителка ќе бидам“ сместен во книгата „Сакам да бидам“. Но многупати желбите не се остваруваат или се одлагаат. Така се случи и со мојата желба. Таа 1965 година се укина средната учителска школа што ја имаше само во Скопје. Најприфатливата опција за моите родители и за мене беше Гевгелија, средно економско или гимназија. Јас се определив за гимназија за потоа да студирам нешто од просветителската дејност. По завршување на гимназијата повторно многу патишта и дилеми. За моите родители беше претежок товар да ми овозможат студии во Скопје. Јас и моите две-три соученички ја прифативме најевтината опција во тоа време – виша економска школа во Прилеп. Замислете, јас толку го мразев економското училиште, и за да не останам само со гимназија ја прифатив таа опција. Тоа беше 1970-71 учебна година. За жал по една година морав да се вратам дома поради финансиски колапс на семејството и здравствени пролеми на мајка ми.

    Во 1972 Марија се вработува во МЛАЗ Богданци, во книговодство. Согласно работното место продолжува да студира вонредно на вишата економска школа. Во меѓувреме се мажи и добива две деца, ќерка и син. Паралелно, со сопругот, кој е наставник, работат и земјоделие. Но мислата за учителка не ѝ дава мир.

    Работата во Млаз буквално ми беше измачување. Не гледав никаква перспектива, тоа беше спротивно од моите таленти. Додека уште бев на Вишата економска не ја довршив за три испити, 1985 година се запишав вонредно на Педагошка академија Штип. Буквално учев без здив, без одмор. Со огромна сила ентузијазам, сега знам и Божја помош дипломирав октомври 1986 година. Ми се случуваше по 20 пати да ја отворам дипломата и да препрочитувам дека сум одделенски наставник. Ете тоа значи голема желба.

    Првото нејзино вработување во просветната струка се случува една година подоцна, во ОУ Петар Мусев, подрачно училиште во с. Ѓавато, општина Богданци. Тогаш, како што таа вели се случила нејзината „ренесанса“.

    Почна ренесансата во мојот живот, исполнет со детски џагор љубов да му се помогне на секое дете. Да се утеши она што послабо напредува, да се инспирира нанапред да оди оној што полесно учи.

    Бев учителка на повеќе генерации, денес многу од нив успешни во своите струки, мајки и татковци.

    Последната генерација ученици на Марија (2013), сега матуранти

    Во 2014 се пензионира но до ден денес комуницира со своите ученици. Одржува врска со нејзините соученички, кои се исто така вклучени во книгата – Магдалена Стратрова, сега Стојановска и Тена Каракамишева, сега Танчева. Обете во  своите состави велат дека сакаат да станат медицински сестри. Иако биле одлични, како што објаснува Марија, не успеале поради лимит на ученици од провинција кои можеле да се запишат во средното медицинско.

    Марија денес е благодарна што нејзината детска желба се остварила.

    Сепак, од мој христијански начин на вера, сета благодарност е на Бог и затоа ќе завршам со една библиска изрека. „Размислувањата на човековото срце се многу, но се остварува она што Бог го планирал за секого.“

    Тоа е.

    (музика)

    Слична е приказната на Василка Прочкова, денес Петрова, од основното училиште Страшо Пинџур од Неготино, која денес живее во Демир Капија. Насловот на нејзиниот состав во рубриката Уметност е „Денот е на зајдисонце“.

    Василка: „Денот е на зајдисонце. Го гледам заоѓањето. Жолто-црвената светлина се губи зад хоризонтот, чиниш пожар се гаси. Во пејзаж се оцртува мала куќа засенета од разгрането дрво и обградена со прекрасна околина. Силните зраци од сонцето продираат низ младите гранчиња и им даваат свежина. Глетката е прекрасна и сакам засекогаш да остане со мене. Мислите се претураат во мене. Што сакам да бидам? Што ќе бидам? Јас ќе бидам уметник, сликар. Ќе го нацртам хоризонтот и реката зад него и градот и сè ќе соберам во еден пејзаж и ќе го донесам во собата… во мојата соба. Мозаикот парче синило од небото, зеленило од земјата и илјада хоризонти.“

    И покрај талентот за сликање и уметност, животот ја однел Василка на друга страна. Под влијание на родителите се запишала во гимназијата во Неготино, а потоа од практични причини како што самата вели, го завршила Економскиот факултет во Скопје. Сепак, и во нејзиниот случај, со вонредно студирање успеала барем да се приближи до посакуваната струка.

    В: Тогаш се ценеше нели, економијата беше просперитет и економските науки беа потреба и нели за работа и за онака, а јас велам имав така дарба, можев секаде да се снајдам и така ајде се запишав заради тоа на економскиот факултет. Меѓутоа остана во мене така нели таа мисла за учител. Кога се омажив дојдов во Демир Капија и тука (во Специјалниот завод во Демир Капија) имаше потреба од воспитачи. И вонредно завршив воспитачки смер и така почнав да работам како воспитач. И така цел мој работен стаж помина со таа стручност.

    И: Така. Дали сега кога ќе се навратите дали мислите дека добро сте одбрале? Дали сте задоволни?

    В: Да. Да. Тоа ми беше во основа правата желба. Македонскиот јазик, еве поезијата, прозата нели ги сакав. И другите општествени така науки ми лежеа тоа психилогии, педагогии… Фактички бев ете повеќе за таа професија, како наставник, како учител.

    Животот во Неготино во нејзините адолесцентски години бил интересен.

    В: Ооо имавме ние тогаш и матинеа, имавме за средношколците нели во тие времиња и имавме разни забави. За сите празници имаше секакви забави. Во Неготино имаше и… матинеата беа нели попладне, навечер имаше други журки. Па правевме журки после во средно, во основното веќе не, јас не. Барем јас… и така беше, сите бевме…

    В: Да, да, прилично баш бев така и јас присталица на… мислам на разни… секаква уметност и по спортот и така. И сакав и да играм и сè сме играле, и рок, и твист и тие работи беа во тоа време.

    В: Многу. Убаво ми беше. Навистина беше убаво и не бевме спутавани така од родителите. Јас па и живеев во центарот таму и тука ни беше и кино „Култура“ и филмови гледавме, и… културата беше на повисоко ниво.

    (музика)

    Трајан Божинов во 1965 учел во осмо в одделение во училиштето „Мануш Трновски“ во Ново село, струмичко. Неговиот состав е дел од поглавјето „Неопределени“, затоа што во него тој вели дека не може да се реши помеѓу три прилично различни професии: инженер, геолог и поет. И дека затоа најпрвин ќе се запише во гимназија, одлука што подоцна се покажала како исправна.
    (музика)

    Со Трајан комунициравме по писмен пат, но неговите зборови ќе ги прочита наш соработник.

    „Како се чувствувам сега кога ја разгледувам книгата? Како да држам фотографија, стара, пожолтена од времето, помалку извиткана, ама сепак, драга.“

    Почетокот на неговата професионална определба се случила токму во гимназија. Во четврта година станал надворешен соработник на Институтот за фолклор. Тогаш успеал да транскрибира односно да отчука на машина фолклорни материјали снимени на ленти, за што добил и пристоен хонорар. Ова го поттикнало да напише и матурска задача на тема „Версификацијата во народната поезија“.

    „Во 1969 една година по 1968 кога се разбранува светот се запишав на Филолошкиот факултет на групата Македонски јазик како главен предмет и Југословенска книжевност под „б“. Релативно лесно ги завршив студиите и малку пред време, а потоа на вториот конкурс за упис на постдипломски студии по македонски јазик бев почестен со изборот меѓу пријавените четириесетина кандидати, од кои бевме одбрани само четворица.“

    Наскоро почнал да работи на магистерски труд под наслов „Лексиката на струмичкиот говор“. За да го забрза и поедностави процесот, почнал да ги совладува и тогаш новите техники.

    „Со големи амбиции ја совладав информатичката технологија, Речникот го изработив, но кога требаше да се внеси во компјутерот (повеќе од 1000 страници ракопис), ентузијазмот полека го заменив со утеха дека научив многу работи кои за мене се добри, иако сакав пред другите да се докажам.

    Не магистрирав, Речникот (еве под масава ми е), само ми е жал што многу ретки зборови, изрази ќе останат заборавени. Младиве не ги знаат, тие и онака не пишуваат, само користат емотикони.“

    Трајан станал професор по македонски во средното училиште Никола Карев во Струмица. Неговиот фејсбук профил, како и авторскиот блог којшто неуморно го полни со содржини, покажува голем ентузијазам и љубов кон професијата. На почетокот на пандемијата и карантините предничел со споделување на наставни видео содржини и презентации. Името на неговиот блог е Трајан-Вапцар – како млад бил бунтовен и имал надеж за промени, а посебно ја сакал поезијата на Никола Јонков Вапцаров. Иако е загрижен за судбината на денешните млади кои често бираат да заминат од татковината, тој не се откажува. Во пакетче испратено по пошта ни стигнаа бројни изданија на творби од литературната секција во училиштето, меѓу кои и неколку минијатурни книги, долги само еден прст.

    (музика)

    Животот на оваа генерација е огледало на сите историски премрежја карактеристични за втората половина на 20-тиот век: последиците од Втората светска војна, подемот и распадот на Југославија, формирањето на независна Македонија. Професионално најповрзан со сите овие настани бил нашиот следен соговорник.

    Јас сум проф. д-р Владимир Ортаковски. Меѓународно јавно право е мојот главен предмет. Во пензија сум веќе три години.

    Неговиот некогашен состав е еден од само двата содржани во поглавјето „Журналистика“ а неговиот наслов гласи: „Мојата желба е посилна од се’“.

    Владимир: „Најголема желба ми е да бидам новинар“, сум напишал. Како таков сакам, и ќе се трудам, со моите написи и информации во печатот да го запознавам граѓанството за многу настани во странство и земјата. Сакам да доживеам еднаш како пред продавачот на весници во редица чекаат многу читатели да купат весник за да го прочитаат мојот сензационален напис за некој настан. Го сакам новинарството и затоа што е блиско на литературата, која ги запознава и ги приближува луѓето. Зарем сите ние ќе го чуевме името на Хемингвеј, Толстој, Џек Лондон, Андриќ, ако не ни ги дадеа своите прекрасни дела. Не, желбата моја е посилна од сè и ќе победи.“

    Новинарството за тогаш младиот Владимир се надоврзувало на неговата жед за читање. Сепак, нештата и во неговиот случај не оделе баш праволиниски.

    Запишав гимназија во Гевгелија после основното, добра беше гимназијата, солидна, но интересно математичка насока одбрав, бидејќи и математиката ми одеше исто така добро колку и македонскиот јазик со литература, филозофија, логика, социологија. Факултетот за политички науки во Белград го запишав кога ја земав матурата. Иначе за матурата ја земав од литературата од Борис Пастернак, „Доктор Живаго“. Го запишав факултетот за политички науки во Белград бидејќи тогаш само таму можеше да се изучува журналистиката. Значи се уште кога го запишував факултетот се водев од желбата да бидам новинар, журналист. Беше карактеристично тоа што првата година на факултетот за политички науки (иначе во Скопје значи немаше журналистика), првата година на тој факултет беше иста за сите насоки, а од втора насоките се разделуваа, и тоа беше покрај журналистиката исто така и дипломатија и општествено-политичката насока. За таа една година јас ја модификував мојата желба од журналистика се пренасочив кон дипломатија. Тоа е она што велам, дека не одат праволиниски, желбите и реалноста, и остварувањето на желбите, со тоа што во овој случај сакав да одам, онака како што тогаш го сфаќав, за едно скалило погоре.

    Првите шест години по завршувањето на факултетот ги поминува во тогашниот Секретаријат за односи со странство, уште во времето на Југославија. Подоцна, во независна Македонија, бил дел од делегациите при приемот на Македонија во голем број меѓународни организации, како УНЕСКО или Меѓународната атомска агенција. Сепак, и покрај предизвиците на дипломатијата, следело уште едно скалило, науката.

    Се насочив после магистратурата и докторатот на Правниот факултет во Белград исто така да бидам професор на Факултетот за безбедност тука, на Универзитетот тогаш Кирил и Методиј, а сега Св. Климент Охридски. 

    Резултат на оваа негова работа се 13 учебници и студии. За една од нив, „Меѓународната положба на малцинствата“, ја има добиено наградата Гоце Делчев (фото). А неговата книга „Малцинствата на Балканот“, издадена на македонски и англиски, претставувала одговор на барањето на тогашниот претседател Киро Глигоров пред Советот на Европа, да се направи споредбена анализа за положбата на малцинствата на Балканот.  Неговата работа подразбирала и многу патувања, на изворот на настаните:

    За да бидам подобро вооружан со знаење сум сакал „да пијам вода од изворот“, да бидам блиску до причината на случувањата. Така, со овие примери тоа ќе го појаснам, така сум бил да речеме во Њујорк четири пати, во ОН, сум бил во Женева десетина пати во комплексот на Друштвото на народите на ОН сегашна, тоа е истиот комплекс. Прв пат есента 92-ра година, на таа конференција за поранешна Југославија, како член на една од комисиите. Тогаш сум бил доцент на факултетот за безбедност. Сум бил во Стразбур неколку пати. Така да таму е изворската вода што се пие, таа е најбистра. Сум бил во Сан Франциско каде што била Повелбата на ОН донесена. И таму кадешто е донесена. Сум бил на Перл Харбур, на Хаваите, каде што нели Америка е принудена да влезе во Втората светска војна откако е бомбардирана од Јапонците. Таму на бродот Аризона, тогаш потопен а сега претворен во музеј, сум можел да се вратам во тоа време, да бидам на изворот на настаните.

    Денес, по три години во пензија, тој се сеќава на една анегдота од пораното детство:

    Ако видовме што во осмо одделение сум размислувал, јас ќе кажам што сум размислувал во четврто одделение, четири години пред тоа. На прашањето што би сакал да бидеш, сум кажал сакам да бидам кога ќе пораснам – пензионер. Ова што сум сега. Кога ме прашала наставничката зошто. Затоа што нема ништо да работам а ќе добивам плата. Тоа е таа анегдота што навистина се случува само што во реалноста е демантирана дефинитивно, бидејќи јас сум работел цел работен век, напорно и со задоволство сум ја работел работата што ја сакам. А сега кога сум пензионер ми недостига повеќе работа.

    Тоа би било и некоја моја порака до сега до младите коишто се амбициозни и имаат капацитет. Работа, со работа знаење и со натпревар. Не мора секогаш со борба.

    (музика)

    Ова беа само шест животни приказни од над 120-те состави содржани во книгата „Сакам да бидам“. Нивното пронаоѓање не беше секогаш лесно. Поради возраста повеќето од нив не користат социјални мрежи, жените по мажењето ги имаат сменето презимињата, некои од нив се иселени, или за жал веќе починати.

    Им благодариме на некогашните осмоодделенци Владимир, Даница, Михајло, Марија, Василка и Трајан. Тие доживеале остварување на нивните детски желби, или пак истите ги реализирале низ други професии. Но како би одговориле на прашањето „Што сакате да бидете кога ќе пораснете?“ денешните деца? На шесте состави од 1965 спротивставивме изјави на шест деца на слична возраст во денешната, 2021:

    Иван:

    Добро вечер. Јас сум Иван. Јас не знам какви ќе бидат условите во иднина, или пак од шо ќе заработувам пари. Или што ќе ми биде моја професија. Ама јас моментално имам интереси за лингвистика, интереси за уметност и за музика.

    Ведрана:

    Здраво јас сум Ведрана. Имам 13 години. Во иднина јас би сакала да бидам аниматор на компјутерски анимации, или да правам видео игри, да ги програмирам.

    Марко:

    Здраво, јас сум Марко. Кога ќе пораснам сакам да бидам ракометар.

    Војдан:

    Здраво, јас сум Војдан и имам 12 години. Кога ќе пораснам сакам да бидам астронаут, бидејќи сакам да истражувам различни планети и да откривам различни вонземјани.

    Петар:

    Јас сум Петар и имам 14 години. Кога ќе пораснам сакам да бидам електричар и енергетичар за висок напон.

    Софија:

    Здраво јас сум Софија. Имам 12 години и кога ќе пораснам би сакала да бидам уметник кој се занимава со дигитално цртање.

    (Common People)

    На oвие и на сите други денешни деца им посакуваме да си го најдат патот. Можеби за педесетина години некој друг ќе направи слична емисија во која ќе дознае што навистина станале. Ние само се надеваме дека што и да одберат, ќе бидат среќни.

    (музика)

    Јас сум Илина Јакимовска. Интервјуата и транскрипциите ги правевме јас и Ана Ашталковска Гајтановска. Аудио монтажа: Бојан Угриновски. Благодарност до Матеј кој пред неколку години ни ја откри книгата, „Сакам да бидам“.

    52 min
  • „Барајќи ја Јоана“

    Шест години од детството поминав во Атина. Јазикот го научив на школо, но и слушајќи песни со стихови од славни грчки поети. Најдобра другарка ми беше Јоана, со која ја делевме клупата.
    Ова е интимна епизода за нашето, и за други македонско-грчки пријателства.

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    S1E10 ТРАНСКРИПТ
    For a fully subtitled Mac-Eng version click here/За целосно титлувана македонско-англиска верзија на Јутјуб тука

    Песна: Dromi Palii (Стари патишта)

    Маргарита Зорбала со стихови на Манолис Анагностакис (музика М. Теодоракис)

    [Илина]

    Teковната пандемија поремети многу нешта. Страв, несигурност, вознемиреност, лутина. Но за голем број Македонци ништо не можеше да биде полошо од тоа што ова лето границата со Грција остана затворена. Патиштата кои водат до Платамона, Вурвуру, Неа Мудања, до Средоземното море, ќе мора да почекаат до следната година.

    (песната продолжува)

    Мојата врска со Грција не е сезонска. Не е поврзана само со гиро, Икеа или со морето. Живеејќи шест години во оваа земја како дете, мојата врска со неа е длабока и постојана. Како болката која ни ја нанесуваше кирија Елени, учителката со обелена коса и џиш црвено лакирани нокти, кога ни ги тегнеше ушите ако бевме немирни. Како мирисот на спржените борови иглички и шишарки на ридот Пентели близу Атина, кога сонцето лете е во зенит. Или киселоста на салатата од краставички која комшијата ја делеше со нас, децата од населбата Агија Параскеви.

    За жал, не се сеќавам на името на овој стар ѕидар. Но знам дека ќерка му се викаше Асимина, Сребрена, како бојата на неговите мустаќи, натопени во узо. Тој е виновен што претерувам со оцетот во салати до ден денес.

    Сите овие сетилни спомени оживуваат кога мислам на детството во Грција. Но ништо не ме трогнува повеќе од слушањето на одредена грчка музика. Песни кои моите ги пуштаа додека јас и брат ми, роден во Атина, седевме на задното седиште на белата Симка. Моравме да бидеме тивки ако сакавме да го слушнеме стариот касетофон, кој често прегреваше и ги џвакаше касетите. Една сина, со најголемите хитови на Григорис Битикоцис. И една портокалова под име „Балади“ – длабок женски и уште подлабок машки глас, кои пеат сериозни стихови за кои подоцна дознав дека се напишани од поет. Слушајќи ги научив зборови кои беа вон речникот и разбирањето на едно шестгодишно дете:

    „Θα μείνω κι εγώ μαζί σας μες στη βάρκα

    Ύστερα απ ‘το φριχτό ναυάγιο και το χαμό“

    „Та мино к’его мази сас мес сти варка. Истера ап’то фрихто навагјо, ке то хамо.“

    Имало бродолом, вели гласот. Maлкумината спасени се во кајче среде разбрануваното море. „Ќе пронајдеме суво копно, некој напуштен остров и ќе создадеме нов свет“, вели тој одлучно. Ќе изградиме куќи околу голем плоштад и на него – црква. Ќе направиме дури и нов кораб. Преживеаните од бродоломот ќе доживеат длабока старост и ќе бидат среќни.

    Но, предупредуваше тој, нивните деца нема да личат на нив.

    (музика)

    Бев среќна за оние што се спасиле, но постојано се прашував – зошто децата нема да личат на своите родители? Дали траумата на бродоломот некако ќе ги промени? Ќе го избришат ли тие своето минато? Тогаш не разбирав. Но како што самата стареам, така значењето на спомените станува се појасно.

    (музика)

    Се уште ја имам музиката од двете касети во кола, на УСБ стикче. Но морам многу да внимавам кога ги пуштам. Веселите се ок во секое време – Варка сто гјало (Кајче на брегот), Матја вуркомена (Насолзени очи). Но да се пушти Ине мегалос о кајмос (Голем е копнежот на Теодоракис), со стихови од друг славен грчки поет, претставува сообраќаен ризик.  Често се фаќам себеси како не поаѓам на зелено светло, длабоко потоната во стиховите:

    „Είναι μεγάλος ο γιαλός

    είναι μακρύ το κύμα“

    „Голем е брегот/висок е бранот“, вели песната.

    Eίναι μεγάλος ο καημός

    κι είναι πικρό το κρίμα

    „Голем е копнежот/горка неправдата.“

    (продолжува музиката)

    Како да се зборува за вакви чувства кон земја која е сметана за непријателска? Како да го споделиш воодушевувањето од нејзината музика и книжевност, притоа заобиколувајќи ја политиката и проблемот со името?

    Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода oд подкастот Обични луѓе посветена на македонско-грчкото пријателство, ќе се обидам да покажам дека постојат луѓе на „другата“ – јужната – страна, обични луѓе, кои ги споделуваат истите убави чувства за нашата земја и нејзината музика и уметност. Во меѓувреме, ќе се обидам да ја надам мојата некогашна пријателка од основно, со која седевме во иста клупа. Нејзиното последно писмо од пред многу години, пишувано на рака, велеше: „Ти си моја сакана пријателка, и секогаш ќе бидеш…“

    Барајќи ја Јоана.

    (Common People)

    Јанис го познавам скоро дваесет години. Се запознавме во Скопје во 2003, на првото издание на студентска конференција симболично наречена „Преминување на границите“. Тогаш тој самиот донесе 19 студенти од Универзитетот во Лерин. Зборуваме за време на крајно затегнати односи помеѓу двете држави, кога ваквиот чекор беше во најмала рака ризичен, и по неговата професорска кариера, но особено поради фактот што студентите беа сместени во домовите на своите домаќини – студентите по етнологија и антропологија од Природно-математичкиот факултет. Иако првиот ден тензијата беше силна, на последниот студентите буквално плачеа кога се разделуваа.
    Таа прва средба поттикна создавање цела балканска мрежа на студенти и професори по антропологија, а по онаа првата се одржани уште 17 такви конференции во различни земји.

    Денес Јанис предава во Солун. Но поголемиот дел од животот го поминал во родниот Лерин. Какво било неговото лично искуство на живеење на граница?

    [Yannis Manos]

    Y: The idea of being at the border was never really in a sense of a… a… of a problem, because being so familiar with all this different cultures and different groups and different languages and different kinds of music, different dances because I used to dance also… it was very natural. So crossing the border it was very natural, listening to people speaking non-Greek, or speaking Slavic, or speaking Macedonian, or whatever you wanna call them. Having people coming from Albania in the early nineties speaking with my grandmother Albanian was also very natural. My family is kind of mixed through not only blood relations but also with the relatives but… you know… came in to the families through marriages and everything. So we have family members who speak or used to speak, the previous generations arvanitika, others who grew up in village where people spoke arvanitika and dopia. Family members who get married and then migrated to the States… Family members who had migrated to the United States before 1950 and were more like pro Bulgarian ideas of you know, national ideology… And this was never an issue. It was family, it was getting together, it was close ties, it was…

    I.J: They were not arguing between themselves?

    Y: No, no, no. Never.

    Maybe this is a good example to express that, few years ago one of my uncles, he was… he is the brother of my grandmother celebrated his sixtieth, seventieth marriage anniversary with his wife who… they both came from the same village in Northern Greece, they both speak both Greek and Macedonian and arvanitika, they both had families, family members you know covering all this range of ideologies, in Greece in the United States, in Canada. So when they celebrated this, they organized it in the Greek orthodox church in the city where they live having a band, music band of Macedonian… you know… origin, so to say, and people that were invited were both Greeks and Macedonians dancing Greek and Macedonian song and singing Greek and Macedonian in the Greek orthodox church.

    [Илина]

    Вака опишана, целата ситуација изгледа прилично романтично, гледано од денешен аспект речиси невозможно. Кога и зошто таа почнала да се менува?

    Y: I think it has changed over the years but the more I go back to the previous decades, the more I see that the problem started to exist when somebody could be accused of not presenting himself, herself as very Greek because of not speaking Greek, or because of dancing certain dances, or because of participating in certain events or speaking non Greek in public spaces in… you know in the local town. And this was… it has been a problem in certain periods because this then gets the whole issue to a kind of political game which has very immense benefits for certain people and groups. So presenting myself as this or that might give me access to resources.

    [Илина]

    Долги години хоби на Јанис му било членувањето во играорна група, танцувањето и народната музика. Не е случајно што неговата докторска теза, одбранета на Универзитетот во Хамбург, се однесувала на врската помеѓу играњето и идентитетската политика во северна Грција. Дали има омилени македонски народни песни?

    Y: Of course I have. I remember listening to very nice melodies since I was a kid in dance weddings, in dance еvents… I just recall right now that I am very, very fond of the song “Lazhi, lazhi Vere”, very much. I also recall the song which is “Bolen lezhi mlad Stojan”, which has also been… has also come out in a Greek version maybe four decades ago or so. And it was a song which… when my aunt, my mother’s older sister heard of this in the United States, she started crying in the 1980-ties. And then they came back just a few years ago, the whole family with her kids, and grandkids, and we were gathering in our house preparing for a marriage of my cousin who lives in Greece and we were playing this music and some people of the family were singing it in Greek, and then some others were singing it in Macedonian. The same thing! In our house yard. So these are very, very personal moments, emotional moments that of course have nothing to do with ideology, the national ideology.

    [Илина]

    Како сето ова влијаело врз изборот на неговата професија? Дали се одлучил за антропологијата бидејќи таа можела подлабоко да му ги објасни нештата што се одвивале пред неговите очи?

    Y: Yes, I think… I would say that all this experiences of me growing up and living in a place like Florina related to the expression of feelings of people in dancing, in singing, in family occasions, and all these situations I encountered especially after 1990 and all this politization of music and dancing expressions, they were the ones that turned me to try to find answers for this for myself. Because I have learned that dancing is a way of expressing ourselves. And I would see older people in the early 1990-ties being afraid of speaking, of dances or singing anything else other than Greek. And this was very personal for me because it was existential, an existential question for me. I wanted to find answers for myself. And of course I couldn’t really you know, turn myself away from all this personal or family or even broader dramas that people have experienced in previous decades because of all these political situations that relate a cultural expression with national ideology. Which is not a given thing. It’s two different things.

    [Илина]

    Сепак, дали би можел толку слободно да се занимава со вакви теми доколку не заминел на постдипломски и докторски студии вон Грција, во случајов во Германија?

    Y: That’s a very good question. I think if I had stayed at that time in the mid-nineties in Greece I’m not sure that I would be able to… you know take the perspectives I took when I went abroad. Maybe because there weren’t people to supervise this work in anthropology in Greece yet at that time and also something which is sometimes still the case, people, scientists are very cautious or afraid of getting involved themselves into these political issues by supervising something which somehow is perceived as it challenges the national certainties of what is Greek and how is “greekness” expressed. So going abroad it gave me all these perspectives and gave me the chance to distance myself from this and then come back with a different understanding, I think a lot more critical towards myself, my previous past and my role as a local or as a researcher, in order to take the perspectives I took.

    (музика)

    [Илина]

    Александра е исто така антрополог, етномузиколог и музичар. Образувана е во Грција и Британија, и со големо теренско искуство од Иран. Нејзината семејна историја е сепак многу посложена од онаа на Јанис, толку живописна што од неа лесно може да се сними филм. Патот на приказната води од Мала Азија во 1920-тите, преку Воденско, Чехословачка, Узбекистан во поранешниот Советски Сојуз, Топанско поле во Скопје, тогашна Југославија, па назад во Грција, овој пат во Атина. Ја замоливме да нè поведе низ хронологијата.

    [Alexandra Balandina]

    A: OK. So, first of all my father is Russian and this is the simple part of my family history… and I was born in the former Soviet Union in Tashkent, Uzbekistan. This is my father’s history which is related again to my mother, Tashkent is related to my mother and I will explain how. My grandfather, my mother’s father he is a Pontic Greek and he came to Greece from Minor Asia at the age of four with his family during the compulsory exchanges of population between Greece and Turkey in the 1920es. So Pontic Greek this is a Greek ethnic group from the Black Sea.

    When he came to Greece he actually became Greek, he spoke only Pontic which has Greek roots and he spoke also Turkish, he loved also Turkish music, he would listen to classical Turkish music. I tried these days to find the cassettes that he was listening some 40, 50 years ago and see exactly the type of music he liked. So when he came to Greece in the twenties he learned Greek later on and he settled in Ida which in Macedonian is called [Straishta] Vodensko, and it’s the birth place of my mother and also the birth place of my grandmother, my mother’s mother. This is Ida or a small village near Edessa and it’s near the Greek northern Macedonian borders. So my grandmother, her name is Elefterija or the Macedonian name Slobodanka, she was brought up in a Slavic speaking family and she spoke only Macedonian and she didn’t speak any Greek before going to school, like my grandfather, she also learned Greek in school.

    So because my grandparents they were communists during the civil war in Greece which was after the World War Two, and they belonged as communists in ELAS, it is a communist party, they had to flee Greece and they settled in Soviet Union as political refugees. But the family of my mother was at that time separated. So the grandparents they went to Soviet Union and all the children they went to Czechoslovakia because Czechoslovakia it was a socialist country and it was considered safe for the children of the communists. So after living five years in… in… how do you call this… school for small children, the kids they went to Soviet Union to find their parents. And it was there my mother at the age of twenty, she met my father, they got married and this is how me and my brother were born and at the age of three we left Soviet Union and we came to Macedonia. So why we decided to come… why my mother decided to come to Macedonia?

    I.J: Then it was Yugoslavia.

    A: Then it was Yugoslavia, yes, thank you for making that clear. So why my mother decided to come to Yugoslavia? First of all, the Russians they wouldn’t let my father leaving Russia to come to Greece. Whereas Yugoslavia because it was socialist country, my father would get the permission from Soviet Union much easier because at that time Soviet people they need permission to leave the country. This is one reason. Another reason was that my mother felt close to the Greek borders and all of her brothers and sisters they came to Greece but most importantly it was because Macedonia its country… not the country but she felt very… very… how to say comfortable being in a place where her mother originated from. Of course her mother was born in the Greek part of Macedonia but nevertheless she already had some relatives in the… in Macedonia, in Yugoslav part of Macedonia. So she had cousins, she had aunt and yes… and this was easy for her as a choose. Also it was a very good destination for my grandmother and my grandfather because at that time Greece wouldn’t give pensions to Greek refugees who would return from the Soviet Union. Whereas Yugoslavia at that point they would give pensions. So my grandmother Elefterija with her husband Yorgos they came to Macedonia and one of the reasons it was also this. Not only the origins, not only feeling at home, but it was also economic reasons as well.

    [Илина]

    Кога дошла во Скопје Александра имала три години. Кои се нејзините спомени за овој период?

    A: Yes. I came at the age of three and my mother said that I learned to speak Macedonian in one month. I don’t know if it is true or not. And when my father came… because my father came later, after seven or eight months because of the bureaucracy, he said that he was learning Macedonian from me.

    [Илина]
    Дали семејството било трауматизирано што морало да го напушти Ташкент?

    A: No, no, no. Because you know in Yugoslavia at that point we had a socialist state that would provide us everything we needed. We had free housing, we had very good health system, we had free schooling, my mother was employed after a year in public hospital so everything was really, really… in terms of a life it was really good. But also we lived in a neighborhood and in a building where most of the people living there would come…would be also Macedonian Greek refugees from Soviet Union. So we were not really alone. There was a community let’s say of Macedonian Greek refugees that we belonged to by living in the same building with them. So they found each other let’s say in a way…

    A: You know all my friends they were Macedonians, so I never felt very much different

    [Илина]

    Дали и денес одржува контакт со некои од нив?

    A: Yes. Well you know, Facebook helped a lot to establish a communication after many years because when I left in 1988 it was very difficult to keep the communication. And I would come thou every second year to Macedonia in the early nineties and this was the way to keep my relations with my friends. But now the last let’s say ten years Facebook is very helpful. Yes, I do have some very good friends in Macedonia.

    [Илина]

    Во 1988 родителите на Александра одлучуваат да се вратат во Грција. Но не во селото од кадешто потекнуваат.  

    A: No. Nobody returned to my mother’s village because we did had some lands but this lands were bоught by the government and they used that to build some kindergarten, so we didn’t had any lands to return in that village. My mother’s twin sister, she came to Athens and that’s why my mother decided to come to Athens. And her other three brothers they went to Thessaloniki.

    [Илина]

    Тогаш Александра имала 16 години. Како се сеќава на повторно новата ситуација во којашто се нашла?

    A: I remember that all our staff from our apartment from Topansko Pole were put in a truck and I was coming to Greece with that specific truck with all our stuff in the truck. And it was… I felt very sentimental and very sad because I said – how it is possible all my life, thirteen years to fit in a truck. This is what I thought at that time. Obviously is not thirteen years in a truck, it was the material things in a truck which by the way, some of them we also have… a very big furniture, we have also kept them because they are very good quality, and I have kept also the piano from that truck. Yes. So coming to Greece I think it was difficult for me as a teenager because first of all separation from my friends it was a trauma for me. And also it was a trauma coming to Greece and announcing that I am Macedonian or coming from Macedonia, not Macedonian… Announcing that I was coming from Macedonia, people not understanding what I mean. Because at that time Yugoslavia at that time still existed, there was no issues about the name of Macedonian state, so when I would say Macedonia, my friends you know at the school they wouldn’t understand what I would refer to. And in the nineties in Greece there was a wave of Albanians coming also to Greece and you would feel in the air that… you know Greece it was the country where we didn’t have much ethnic diversity. So we would have of course also the refugees, the Greek refugees returning from Soviet Union but first let’s say different ethnic groups coming back… coming inside the country, I am sorry, were Albanians. So I would feel in a way that they would… my friends they would treat me as a foreigner as they would treat Albanians, also… although my mother was Greek. But because I would accentuate my experience living in Yugoslavia, in Macedonia, this is what they saw in me.

    (музика, Вања Лазарова, Што да правам, што да чинам)

    И: Можеби ова е добро место да преминеме на македонски, малку да те чуеме како зборуваш…

    А: Ајде.

    И: Сега после сето ова што го раскажавме, а што е всушност во голем дел твојот живот дали ти можеби си се одлучила да студираш антропологија токму мотивирана од овие процеси низ кои што ти самата си поминала за да можеш и подобро да ја разбереш и сопствената семејна и животна историја? И како се чувствуваш денеска? Дали можеш да кажеш да кажеш дека припаѓаш на една или на сите овие заедници?

    А: Како се вика destiny на македонски, потсети ме, те молам?

    И: Судбина. Судбина.

    А: Судбина.

    И: А користиме и к’смет.

    А: К’смет, да. Турски. Да, да. Види, ја мислам дека антропологија беше мојата судбина. Некако и јас choosed… и јас ја изберев антропологија, но и антропологија ме избере мене. Разбираш?

    И: Да.

    А: Некако се случи така. Затоа што во девеесетите години во Грција немавме толку многу добри информации за што е антропологија, што… што ќе изучуваме, што ќе бидиме понатаму. Па некако така, тоа што го разбирав ја од што е антропологија повеќе нешто можеби сум прочитала една страница негде, значи некако се осеќам дека ми беше судбина, да… дека и антропологија ме одбра мене. Сега како се чувствувам јас… види, мислам дека секогаш зависи и од тоа каде живеам, каде… каде живеам понекогаш. На пример кога си отидов од Македонија, кога дојдовме во Грција се осеќав и Русинка и Македонка и Гркинка. После кога отидов да студирам во Англија и отидов на пример да истражувам за персиската музика во Иран, кога се вратив  од Иран сакав да викам дека се чувствувам културолошки Иранка. Значи сите тие култури што јас ги доживеав во својот живот, јас ги носам во себе. И македонската и иранската и руската и грчката. Сега последните дваесет, триесет години живеам во Грција. Значи грчкиот идентитет, да речеме ми е многу поакцентиран.

    (музика од проби на Александра, модална музика)

     [Илина]

    Александра свири на ориентални перкусии – томбак, даф и бендир – и е член на големиот Меѓународен оркестар при Националната грчка опера, кој има 25 членови, меѓу кои бегалци од Сирија, Иран и Ирак. Свират модална музика, од регионот на Медитеранот и на средна Азија. До сега не свиреле македонски песни, но таа има најмалку една на ум.

    А: Да ти кажам право јас македонската музика ја запознав веќе кога си отидов од Македонија во Грција. Значи во Македонија слушавме популарна музика меѓународна повеќе во тие времиња. Па така се запознав со македонската традиционална музика во Грција. Едната песна… една песна што ја сакам многу е на Вања Лазарова, песната на Вања Лазарова што се вика „Кој ти ги даде тие црни очи“. Ја сакам многу, да.

    ….

    (пее)

    Б: Кој ти ги даде море тија црни очи

    Дај ми ги, лудо младо, за мене

    Дај ми ги, прва севдо, за мене.

    Извинете за гласот, јас не сум пејачка (смеење). Јас свирам на удирачки инструменти, така што гласот не ми е толку добар, но ја испеав песната стварно со срце во душа.

    (музика од проби на Александра, модална музика)

    [Илина]

    Слушајќи ја приказната на Александра се обидов да сфатам дали имало момент кога нашите животни патеки можеле да се сретнат. Кога таа дошла во Македонија, јас сум била тука, но набргу сум заминала за Грција. Кога сум била во градинка во Атина, таа била во градинка во Скопје. После јас сум била во основно во Грција, таа била во основно тука. Таа останала до шеснаесет во Македонија, а јас во неа се вратив некаде на десет. Повторно сме можеле да се сретнеме, кој знае, можеби некогаш сме се разминале на скопскиот плоштад, како две паралелни животни приказни кои многу години подоцна ќе се спојат. А сме учеле и во исто средно школо, Јосип Броз.

    И: Кога така ќе ги поставиш работите е многу интересно, знаеш како паралелни животи, а всушност на ист простор и со… сега не можам да кажам со слична судбина затоа што твојата приказна е многу посложена, но сепак знаеш емотивно многу слично стојат работите. Затоа што јас се потресувам кога ќе слушнам грчка музика или кога ќе помислам на Грција, ти сигурно имаш емотивна врска еве како што самата кажа со Македонија, значи ова се некои интересни флуидни приказни кои што се како морето, знаеш, една во друга се… се влеваат.

    А: Јас сакам нешто да кажам, не знам дали тоа можеш да го употребиш или не, но би сакала да кажам нешто што го сакам многу во Скопје и веќе не постои. Јас го сакам многу стариот Камени Мост во Скопје. Еве сега ми доаѓа да плачам (плаче) дека кога дојдов после десет години, јас не бев во Скопје до пред две години. Дојдов после десет години. Последниот пат бев во две илјади и деветта, после ја родив ќерка ми, не можев да дојдам и така дојдов после десет години. И кога го видов Камениот Мост (плаче) што ги сменија камењата, стварно многу ми беше жал. Еве и сега се потсеќам, се осеќам дека нешто ми украдоа (плаче). Нешто од своите спомени, од мојот живот, од мојата култура и стварно многу ми е жал (тишина и плачење).

    [Илина]

    Ѝ се придружив на Александра во плачењето. Таа за Камениот мост, јас за игралиштето во мојата некогашна атинска населба, на чие место најдов мал трговски центар кога се вратив 27 години подоцна, во 2003. За флуоресцентно розевите гумички кои мирисаа на мастика, и за благото што се јадеше со лажиче во студена вода со вкус на мастиха, со х. Звуците на машината за куцање на татко ми и неговото викање по телефон додека диктираше известувања за Нова Македонија. За безгрижното детство и за времето што се менува и нè менува.

    [Илина]

    Софија е најмлада од моите соговорници. Таа нема семејни врски со Македонија, и живее далеку од границата, во Атина. Но пред неколку години патот ја носи во соседна земја во која не била никогаш претходно.

    S: I came here for the first time in 2014 due to love and art. I came in order to participate in the artist meeting that was organized by Fotini Guseti who set this wedding or artwork or both at Krushevo. I didn’t know her back then and this art was crucial for my appreciation of her work in general, and for the friendship that we have developed since then. It was also crucial for the topic of my PhD in social anthropology, and as it seems for my life as well, since I’ve been living between Athens and Skopje in the past two years now. 

    [Илина]

    Пред да тргне сама од Крушево за Скопје стравувала на што ќе наиде. Годината е 2014, а во центарот на градот неколку години претходно е поставен голем споменик на Александар Македонски.

    S: I like traveling alone. I get to talk to people more this way and that’s how I came to Skopje right after the wedding in Krushevo, knowing almost nothing about the city. I only had this impression this fear that people might be hostile because I’m Greek. I was very, very wrong. I got into discussions with total strangers about their seasonal work or their vacation in Greece, their Greek ex-partners or relationships, about Skopje 2014 that was getting build around us..

    I really felt welcomed. Until this day I never had problems, people like to tease me of course, but I have seen that humor is often used in uncomfortable situations. When the country had to change its name people were ironically thanking me and the Greek government for making them ‘north’ and for willingly taking the place of poor and underdeveloped south.

    [Илина]

    Никогаш претходно го немала видено Скопје, дури ни на фотографии. Но населбата кадешто се сместила – во близина на Олимписки базен, необично ја потсетувало на нејзината атинска населба.

    S: I really like the city of Skopje, I find the architecture, the modernist architecture, stunning. And when i came here for the first time I had this strange feeling of familiarity with the city although I had never seen even pictures of it before. When my mother visited me, she said ok now I understand why you like the city. I spend the first years of my life in an apartment that was in a group of buildings that looked very similar to what you can see here. For example those around Olimpiski (Olympic swimming pool). That is, almost identical buildings, not very big with open public s paces in between that allow big parcel of sky to each window where people can gather and children can play.

    [Илина]

    Софија е антрополог која се интересира за современата уметност, но и самата има учествувано на изложби и на перформанси. Многу бргу се поврзала со тукашната уметничка сцена и добива покани за соработки. Паралелно со ова ја работи и својата докторска, споредувајќи ја уметничката продукција на Атина и Скопје.

    S: I’m very glad that I have had a chance to participate in art exhibitions and events in Skopje. First was “Pod zemja polesno se dishe” in Skopje. It is an underground festival, it’s literally underground, and it takes place every year in a parking under Gradski zid. It is organized in a collective and non-institutional way by a group of people that are also friends. In the festival we exhibited a part of a work Indigo. It is a video that was made together with an artist Alexandra Anagnostopoulou, and it was inspired by Greek conspiracy theory, about children born in April 1983. Both Alexandra and I were born in that month, and we were surprised by how a generation was presented by the media as a gifted children generation that will save Greece from some hypothetical enemies. At the same time they are under the threat of some secret powers. 

    [Илина]

    (фото: Ана Лазаревска)

    Прв пат ја видов Софија во уметничка акција на изложба во април 2019 во МКЦ, каде на софра служеше традиционални јадења со ѕидарски алатки. Главен елемент притоа беше белиот сос бешамел, кој како малтер покриваше се – и гравчето и бурекот.

    S: Bechamel is a photo essay. It’s an installation and a performance that draws links between béchamel sauce, neo-classicism, eclecticism, nationalism and patriarchy. Reflecting on the cities of Athens and Skopje, through Nikolos Tselementes cook books, it deals with memory management  as well as forms of silencing and concealing in regards to food, gender roles and the city.

    S: I did this performance also in Athens, and it was…In Athens it was very special because that was presented in a cultural center, about traditional dances and traditional costumes, and people meet there weekly. So, they did not realize from the beginning that this is an art work and that I’m а performer there, because every week they have buffet, so they thought I was this week’s buffet. And they were complaining about how little food we had, about having to wait for me to serve the whole thing with this procedure that I was following, with the tools. Why we don’t have enough plates this time. But when they were realizing that it’s an art work they would come and say ok, this is good, thank you for showing it.

    [Илина]

    Софија вели дека е фасцинирана од приказните и уметноста кои ги доведуваат во прашање фиксираните идентитети. Кои прават луѓето со различно потекло да се чувствуваат поблиски едни со други. Тоа што е во врска со човек кој не е Грк е уште една манифестација на тоа колку е тенка границата помеѓу личниот живот, уметноста и истражувачките интереси.
    Како да се зближат нашите народи?

    S: It is hard not to fall into clichés, but I do believe that it could be done by traveling or by sharing films, literature, music, art, stories, by establishing collaborations and looking for chances to come together. Things like this podcast for example.

    S: I want to thank you for this invitation. It has really been a pleasure and it has also been a great opportunity to reflect on why I like what I like about this city, on what I do here and what position I speak from.

    [Илина]

    Работењето на оваа епизода ме поттикна да влезам во трагата на девојчето кое седеше со мене во клупа во грчкото школо, а живееше во комшии, мојата најдобра другарка од тоа време, Јоана. Ја немав видено од 2003, кога последен пат бев во Атина. Некое време се допишувавме, најпрвин на грчки па на англиски, но потоа ја загубив. Го прекопав интернет, но ниту една Јоана што ја најдов не беше таа. На крај ја замолив Софија да се јави на стариот фиксен број кој го имам запишано во едно прастаро црвено тефтерче, кое во меѓувреме ги преживеало сите селења.

    (автентично снимен телефонски повик; зборување на грчки)

    На телефонот одговори мајката на Јоана. Софија вели дека таа најпрвин се збунила, па се израдувала. Прашала како сум и колку деца имам. Ги поздравила и моите родители. И најважно, ѝ дала телефон од Јоана, која навистина нема ни Фејсбук, ни Инстаграм и Твитер.

    (музика)

    Се слушнавме со Јоана. Таа вели дека нема многу спомени од нашето детство и се чуди на деталите кои јас ги памтам. Изгледа задоволна од животот – има убаво семејство и работа што ја сака. Taтко ѝ починал и ја продале куќата крај морето каде одевме лете. Сакаме нашите деца да се запознаат и да ја знаат вредноста на пријателствата.
    Наскоро ќе се видиме, можеби веќе следната пролет.

    Песна (Маргарита Зорбала), Otan, mia anixi (Кога една пролет)

    “Кога една пролет ќе дојдеш да ми ја стегнеш раката, мој стар пријателе…“

    Јас сум Илина Јакимовска. Продуцент: Бојан Угриновски. Соработник на транскрипција на материјалите – Ана Ашталковска Гајтановска.

    Ова е последната, десетта епизода од првата сезона на подкастот „Обични луѓе“. Ќе направиме мала пауза па ќе продолжиме. До тогаш – чувајте се.

    55 min
  • „Афантазија: замисли како е да не можеш да замислиш“

    Постојат ли луѓе чие умствено око е слепо? Кои имаат проблем со препознавање лица, снаоѓање во простор и кои не сонуваат визуелно? Запознајте го светот на неколкумина од нив – светот без внатрешни слики.

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    С1Е9 Транскрипт

    „Затворете ги очите.

    Замислете си дека сте во шума, на светол есенски ден. Паднатите црвени и жолти лисја и по некое скршено гранче крцкаат под нозете. По едно дрво се искачува верверичка. Сонцето се огледува во блиската река која тече бавно и спокојно, токму како овој момент. Едно ливче паѓа танцувајќи низ воздухот, за потоа да го однесе водата.

    Затворете ги очите. Замислите…“

    Ова што го слушнавте е сценарио за визуелизација, алатка која се користи за медитација и опуштање.

    Но што ако оној кому му се сугерира да замисли шума, верверички, бистра река и шушкави лисја, не може да ги визуелизира? Постојат ли луѓе чие внатрешно, умствено око е слепо?

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска.

    Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе зборуваме за афантастите, сосема обични луѓе кои се разликуваат од останатите само по тоа што не размислуваат, не сонуваат и не се сеќаваат во слики.

    Дали можеби и вие сте еден од нив?

    (музика)

    Терминот „афантазија“ е нов и датира од 2015, кога е објавен текст на оваа тема од неврологот Адам Земан. Но исто како што и гравитацијата постоела и пред да ја „открие“ Њутн, така и неможноста за внатрешна визуелизација постоела и пред за неа да се искова посебен збор. Сепак, самото именување на појавата придонело за нејзина популаризација, и за тоа афантастите да сфатат дека се различни од останатите.

    (музика)

    Кога Никола прв пат ми спомна дека има афантазија и дека не може визуелно да замислува, не му поверував. Станува збор за човек кој предава биомедицински инженеринг и голем дел од својата кариера посветил на визуелно мапирање на мозокот. Важи за голем познавач на филмот, и генерално ич не личи на некој кому му недостасува фантазија.

    Тој да не може да замисли верверичка на дрво? Нема шанси!

    Но откако малку повеќе навлегов во темата, сфатив дека мојата реакција е прилично стандардна. Афантастите, кои се проценува дека сочинуваат 2% од светската популација, велат дека најчестите коментари кои ги добиваат се чудење и неверување. Нашиот внатрешен, но и нашиот практичен, секојдневен живот, изгледа толку длабоко врзан со мислење во слики, што повеќето од нас не можат да замислат како е да не можеш да замислиш – улица од детството, убаво зајдисонце, ликови на сакани луѓе.

    Искористив една од тн. „Сиести“ кои ги организира Никола – онлајн средби помеѓу македонски научници раштркани низ различни земји во светот – за со него и со уште петнаесетина други присутни на Зум да поразговараме на оваа тема.

    Дали тој отсекогаш знаел дека има афантазија?

    [Никола Стиков]

    Дали сум знаел? И да и не, има еден концепт баш кај тебе на Букбокс го слушнав прв пат, се вика хипокогниција. Додека немаш дефиниција на концептот, не знаеш дека тоа воопшто постои. Така што афантазија е релативно нов концепт и веројатно затоа сега луѓе дознаваат за тоа, и јас го имам, епа и јас сум го имал само не сум знаел дека е состојба.

    Знаците по кој детектирал дека е можно и самиот да има афантазија се два феномена кои се спомнуваат како поврзани со оваа состојба – неможноста за препознавање човечки лица или просопогнозија, и проблеми со ориентација во простор.  

    Тежок сум со препознавање лица. Значи кај мене препознавањето лица е повеќе со некоја идентификација на карактеристики на лицето, а не некоја инстант препознатливост. И уште една работа поврзана со афантазијата е неспособност да препознавам места. Значи јас сум способен да се изгубам во највообичаеното место. Јас бев на Стенфорд некои 12 години, и шетав на Стенфорд со мапа. И кога жена ми дојде на Стенфорд после месец-два и викав – ај однеси ме на тоа место кајшто бевме, знаеш кое? Затоа што немам способност да формирам ментална слика за просторот околу мене.

    Или ја возев жена ми со години до дома во Ѓорче, од Аеродром до Ѓорче, и еднаш ја утнав улицата. И таа ми рече ми го утна патот. Јас реков – нема шанси. Абе ми го утна патот, возиш накај Тетово! Викам неее, пошто знам дека има една светлечка реклама и треба таа да ја поминам за да свртам десно. Прегорела рекламата, и јас сум се изгубил. Така што одеднаш афантазијата некако ми ги стави сите тие работи во контекст и тоа е тоа, едноставно сум лош со слики.

    (Ако од вас се побара да замислите коњ, колку јасна ќе биде сликата од 1-6?)

    Дали полето во кое работи, невроимиџинг или визуелизација на мозокот, може да објасни што се случува во мозоците на афантастите?

    [Никола]

    Една работа што како експерт за магнетна резонанса ја знам, е дека сите овие студии за функционална магнетна резонанса се дескриптивни но не се баш како микроскоп што може да каже точно кој дел од мозокот е одговорен. Значи функциите на мозокот се дистрибуирани. И да, се знае дека мозокот кај луѓе што имаат визуелна  имагинација одредени делови се активираат повеќе од други, меѓутоа тешко дека јас ќе ти покажам тебе скен на човек и ќе ти кажам дали овој човек има или нема афантазија.

    [Гоце Симоноски]

    Луѓе со афантазија има поголема веројатност да работат во STEM полето (Science, technology, engineering and mathematics), ова е битно за Никола бидејќи работи во тој дел. Истражувања покажуваат дека кога луѓето не можат да визуелизираат, тоа има придобивки за дејности кои се во техничките сектори. Луѓе со мала способност за визуелизирање има поголема веројатно да работат во научни или математички индустрии отколку во креативни сектори. Од друга страна, хиперфантазијата луѓето имаат живописни ментални слики и изгледа дека е покарактеристично за креативните професии.

    Ова е гласот на Гоце Симоноски, класичен музичар и композитор, кој го направи специјалниот музички прилог, Саундскејпс за минатата епизода од нашиот подкаст. Исто како и Никола, и тој има многу мала способност за визуелизација, препознавање лица или просторна ориентација. Ако е вистина дека афантастите се главно од техничките професии, тој е исклучок:

    И сето ова начнува интересно прашање, конечно дојдов до композиторскиот дел, зошто човек со слаби ментални слики како мене се бави со уметност, поточно со музика а не со некое од STEM полињата на истражување.

    Прашањето е како успевам да компонирам музика без да визуелизирам нешто.

    Одговорот на ова прашање кое тој го нуди се состои во разликата помеѓу два вида музика – еден кој подразбира и поттикнува визуелизации, и другиот за кој таа не е потребна.

    Програмска музика е музика инспирирана од случувањата во природата, настани во историјата, од други уметности како што е сликарството и други појави. На пример Бетовен, во својата Шеста симфонија која ја нарекува Пасторална, бидејќи има програмска содржина, ја отсликал природата и неговата приврзаност кон неа. Ова се вика програмска музика, инспирирана од настан, предмет, природна појава. Или рускиот композитор Александар Скрјабин кој секогаш додека слушал звуци или музика активно конструирал некои ментални слики, но најверојатно затоа што имал друга интересна состојба позната како синестезија.

    Наспроти програмската музика постои нешто што се вика апсолутна музика, или музика која нема врска со надворешниот свет или со некој конкретен настан. Во овој тип композитори веројатно спаѓам јас, бидејќи содржината на музиката се развива по некоја внатрешна логика на авторот. На пример рускиот композитор Николај Римски Корсаков вели дека музиката ја компонирал откако најпрвин импровизирал на пијано, па од тие импровизации ќе одберел некоја што најмногу му се допаѓа па потоа ја развивал во музичко дело. Одговорот е тој дека и јас на овој начин компонирам и ретко додека компонирам креирам ментални слики.

    Eден од проблемите кога се зборува за афантазијата е начинот на кој тоа може или треба да се прави. Дали некој има афантазија, живее со неа или страда од неа? Истражувањата покажале дека отсуството на можност за визуелизација има свои предности. Афантастите ретко или воопшто не се подложни на пост-трауматски синдром, односно од тоа да ги прогонуваат трауматични слики од минатото. Ако мозокот го замислиме како хард-драјв, нивните се помалку оптоварени со графика, бараат помала компјутерска моќ, па оттаму би требало да се побрзи. Од друга страна, убаво е да можеш низ замислени слики да се потсетиш на радосни моменти, или да се проектираш на некое убаво и спокојно место тогаш кога не ти е ниту убаво, ниту спокојно.

    [Никола]

    Што знам, може е предност не дека си немам трауми, ама и тие се некој транскрипт и може тоа ги прави помалку трауматични. Немам гајле со хорор филмови, оти јас кога ќе заврши хорор филмот, толку. Веќе не можам да го видам страшното во хорор филмот. Можам да го размислувам ама не ми е пред очи. Работам со доста брутална технологија. Работиме со животни, па во целиот тој процес има и еутаназија и доста крвави сцени коишто не ми влијаат, значи едноставно не ме трауматизираат. Да, не е убаво кога ќе видиш животно како умира, меѓутоа не ме гони тоа потоа таа слика отпосле. Така што да, веројатно е некоја предност, но сигурно си има и минус некој, сеќавањата се по-мета, како некоја приказна за сеќавањата отколку вистинско сеќавање. 

    Јас кога се обидувам да ги опишам работите, значи моите фантазии, моите соништа, сите тие наводно визуелни процеси за мене се како некој транскрипт. Значи моите соништа се повеќе како некој хај-консепт, сонував – не знам – дека светот се менувал секој ден и имало нова зграда на истото место ама со друга форма. Значи јас можам тоа да ти го кажам, како сон, но едноставно јас не ја гледам зградата, концептот го разбирам. Или на пример јас сум многу добар во читање наназад, дај ми збор ќе ти го кажам наназад. Како? Ги замислувам буквите и ги читам наназад, меѓутоа не ги гледам.

    Чисто за мене тука нема дури ни мистерија, за мене едноставно јас живеам во некој константен транскрипт. И тие што ме знаат знаат дека јас многу брзо читам, одлично работам со текст и се друго ми е некако непотребно. Кога беше прва година, Виктор Иго, Богородичната црква во Париз, Париз од птичја перспектива, 50 страни. Се супер, ама јас не го гледам Париз од овие пеесет страни. Секој опис на лик во книга – џабе ми е. Ако остане нешто, а тој има наочари, ама толку значи јас не можам да си го претставам ликот. И секогаш сум се прашувал зошто толку време  се троши на описи кога едноставно кај мене тие не палат.

    Иако до сега афантазијата ја поврзувавме исклучиво со визуелното, многумина со оваа состојба пријавуваат дека кубурат и со други сетила – не можат да евоцираат мириси, да се присетат на музика или на допир. Тоа сепак не е случај со Гоце.

    [Гоце]

    Мене ми се случува додека го користам само сетилото за вид, визуелниот дел, кога ќе го поврзам со музика значи моментално ми се менува цел свет пред мене. И ми добива сосема нов контекст. Мислам дека тоа е случај и со другите. Ама кога го користам само сетилото за вид светот ми е некако анхедоничен. Кога вклучувам музика и ги спарувам овие два модалитети мислам дека почнува некоја битна фантазија тука.

    И други учесници за кои во текот на разговорот дознавме дека се афантасти ги открија начините на кои памтат и мислат без да визуелизираат. Ова е Ангел:

    Кога мислам на афантазија мислам на тоа како мозокот се адаптира кај тие што имаме нели послаба фантазија или афантазија. На пример доколку некој ми покаже слика од некоја фигура, од коцки составена, со краци или било што, и ми ја скрие и ми рече после тоа како изгледаше фигурата. Немам јас способност да ја видам сликата повторно, туку мислам дека меморирам однос меѓу елементите во фигурата, некакви релации во елементите без да ја снимам целата слика за пак да ја вратам во тоа мозочно око и да ви ја опишам. Доколку некоја релација немам време да ја запишам, потоа не можам од сликата пак да ја опишам, бидејќи ја немам сликата. Мислам дека мозокот се има прилагодено да функционира поинаку скроз.

    Помеѓу афантастите во групата имаше мали разлики, кои укажуваат на тоа дека оваа состојба е сепак спектар а не еднозначна. Но како е да си на другиот крај на оската, да имаш хиперфантазија? Oва е Кирил.

    [Кирил Гаштеовски]

    Интересно. Забавно. Секогаш има забава во главата.

    [Илина]

    Дали некогаш ти било оптеретување, тоа you cannot unsee that, да си преплавен со визуелни дразби?

    [Кирил]

    Па да, Никола тоа што го спомна за читањето на пример, дека тој чита многу брзо. И книгата со Париз од птичја перспектива, истата ја читав и јас, со Ѕвонарот од Нотр Дам, на иста возраст. Јас имав проблем со тоа поглавје и јас тоа поглавје го скокнав. Затоа што беше премногу. Се сеќавам се опишуваше некој студентски кварт, и тука имаше еден куп информации, и јас ги гледам во главата, и ми се трупа мозокот со информации. И како што читам натаму ги спојувам стварите од различни места, можеби било до возраст, јас ја читав во седмо одделение, едноставно беше ту мач и го скокнав тој чаптер. Ја изгубив концентрацијата.

    Друг проблем што го имам, јас читам бавно. И може тоа да е причината, затоа што често пати морам да ги визуелизирам стварите у глава, а тоа бара поголема компјутинг пауер за мозокот, заради тоа што го процесирам текстот, ги процесирам сликите,  концептите, логиката позади сето тоа и тоа ме прави да читам бавно.

    Во текот на Сиестата беа покренати и други необични теми – дали кога слушаш внатрешен глас тоа е твојот или нечиј друг? Дали е вистина дека 40% од луѓето не размислуваат во зборови и реченици? Беа споделени искуства со луцидно сонување. И прашања за тоа дали кога се сеќаваме на некоја ситуација се гледаме себеси во кадарот или гледаме од позиција на субјективна камера. Добро што немаше некој психијатар на повикот затоа што кој знае што ќе заклучеше од целиот муабет. 

    Но една епизода која ни ја раскажа Кирил, како излезена од „Алиса во земјата на чудата“, дефинитивно инспирираше визуелизација, дури и кај оние со афантазија.

    [Кирил]

    Имаше исто една интересна случка. Бев уморен еднаш, возевме ноќно време и во колата сите спиеа освен јас. И само во еден момент, а е прав пат, значи нема ништо, нема ниту кола а нема ни светло, значи беше скроз аут оф ноувер. И само во еден момент претрчуваат зајаци, јас почнувам да ги избегнувам нели со воланот. И имам еден братучед кој седеше позади и ми вика – да не виде зајаци? Јас му викам, да, и ти ли ги виде? Не бе вика, не ги видов, ама знам дека ги гледаш. И тој ми кажа дека кога е уморен и тој гледа зајаци (смеење). И он уствари не спиел бил позади седел, со отворени очи. Ама беше многу чудно, тој претпостави што видов. Може биле коњи, може биле носорози, може биле, што год да е.

    (Ама има логика, за да заспиеш се овци, така бавни, лежерни, за да се разбудиш треба обратното, нешто брзо да замислиш.)

    Не знам ама очигледно и тој ги гледа кога е уморен.

    (Епа, викаш дека сте фамилија, може има нешто).

    Е може, да.

    (музика, се стишува полека до тишина)

    „Затворете ги очите.

    Замислете си дека сте во шума, на светол есенски ден. Паднатите црвени и жолти лисја и по некое скршено гранче крцкаат под нозете. По едно дрво се искачува верверичка. Сонцето се огледува во блиската река која тече бавно и спокојно, токму како овој момент. Едно ливче паѓа танцувајќи низ воздухот, за потоа да го однесе водата.

    Затворете ги очите.“

    Ги видовте зајците?

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Продуцент: Бојан Угриновски.

    За список референци на тема афантазија посетете го нашиот сајт obicniluge.mk.

    Голема благодарност до сите учесници во оваа епизода, која се надеваме ви помогна да замислите како е да не може да се замислува.

    Бонус линкови:

    Eдноставен тест за афантазија (или тестот со црвената ѕвезда)

    Tест за проценка на тоа како стоите со живописноста на визуелната имагинација

    Хумористичен автобиографски текст на Блејк Рос, некогашен програмски директор на Фејсбук и ко-основач на Фајрфокс, за неговата афантазија

    Уметници со афантазија

    22 min
  • „Шшшш!: звуците во македонската книжевност“

    Бебешки плач, авионско брмчење, турбо фолк, прдење…
    Истраживме како звучи македонската проза низ дела на 12 писатели од различни генерации. Врз основа на нив композиторот Гоце Симоноски состави оригинално дело под наслов „Звучни пејзажи“ (Soundscapes).

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    С1Е8 – Транскрипт

    Првата епизода на овој подкаст беше направена пролетта 2020, кога неколкудневните карантини овозможуваа продолжени периоди на необична тишина. Во градот почна да се слуша пеењето на птиците (звук на птици), се нагласи продорниот звук на моторчињата за разнесување брза храна (мотори), забрзаните чекори на малубројните минувачи.

    (полека вревата се засилува)

    По неколку месеци соничниот пејзаж е променет, а уличната врева создава илузија дека нештата се нормализирале. Продолжуваат прекинатите градежни зафати – од зградата до нас сега постојано се слушаат дупчалки, вртење на мешалки, довикување на работниците. Дури и кога нема никој, церадата поставена на фасадата произведува трепетен звук, како крилца од инсект. 

    Работата на аудио подкаст нè направи посвесни за звуците околу нас и како тие влијаат врз начинот на којшто размислуваме и раскажуваме. За нив, не само како за „декорации“, туку како за интегрален дел од нарацијата, во која понекогаш еден звук може да е главен, а невидлив лик. За неговата поврзаност со несвесното на текстот, кое подземно клокоти и бучи, но кое често не успеваме да го слушаме.

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска.  

    Јас сум Татјана Б. Ефтимоска

    Тања продолжува:

    Оваа епизода на подкастот „Обични луѓе“ е прва направена во тандем, а нејзина тема се звуците во македонската книжевност. Одбравме (или нè одбраа) 12  автори, кои припаѓаат на различни генерации и книжевни стилови. Звучниот пејзаж во нив ни се виде, поточно – ни се чу, мошне релјефен, полн со значења заеднички впрегнати во она што се нарекува авторска намера. Тој се состои од звуците на природата, на културата и технологијата и, секако, од – тишината, како најкомплексно отсуство на звуци.

    (музика)

    Сакавме да видиме како БУКВАЛНО звучат нивните книги, романи и збирки раскази. Кои се доминантните звуци? Дали низ нив може да се следи некаква сонична историја, на звуците со кои живееле овие автори и кои можеби несвесно ги вградувале во своите книги? 

    [Илина]

    Како инспирација ни послужи книгата „Врева во американската книжевност 1890-1985“ од швајцарскиот автор Филип Швајгхаусер. Низ неа, тој ги следи звучните пејзажи на американскиот натурализам, модернизам и постмодернизам. Наместо ваквиот хронолошки пристап, ние одбравме да ги детектираме доминантните звуци во прозни дела на 12-те македонски автори и да ги групираме согласно нивната сродност. Потоа, да видиме каква функција вршат во самите дела, односно дали има разлика во начинот на кој авторите свесно или несвесно ги користат звуците во склоп на своите нарации?

    [Тања]

    Вревата е аудитивно контроверзна појава. Или ти се допаѓа, најчесто ако си дел од неа (на плажа, да речеме), или не можеш да ја поднесеш. Ретко предизвикува рамнодушност кај слушателот, а кај читателот, пак, ич. Кај авторите што ги читавме вревата е застапена во повеќе манифестации на нејзиното основно значење – растење, созревање, нов живот. Кај што има врева, таму животот врие.

    (школска врева)

    Романот „Улица“ на Јаневски е билдунгс-роман за момчето Јане Славковиќ, кое според зборовите на оние што најмногу треба да го поттикнуваат растењето и самодовербата – професорите во гимназијата – полека од глагол („оглупавува“) станува придавка („глупав“). За среќа, таквите професори не успеваат во својата намера да смачкаат секаков знак на младешки бунт, зачнување на достоинството кај личноста и нејзина самосвест. Во гимназијата им се случува бунт на постарите средношколци, односно на матурантите. Вревата овде е најубавиот чин на човечкиот исконски пркос, на прометејскиот порив за таткоубиство, се разбира во симболичка смисла – особено пожелен кога тој татко е лажен родител и автократ.

    (звук на барабани)

    Кај Димитрие Дурацовски во Инсомнија се јавува брилијантен пасус за обредните барабанџии во Каланда, родното место на Луис Буњуел. Тие ја оплакуваат смртта на страшниот Велики петок, за радосно да го пречекаат новото раѓање на животот во недела, на Велигден. Мошне торжествено и човечки натприродно напорно прозвучува фактот дека нивното удирање по барабаните трае без престан од Велики петок напладне до утрото на Велика сабота, а потоа од 5 часот попладне во сабота до недела напладне. Рацете на барабанџиите се ишарани со крвави пликови од удирањето, што дополнително го засилува ефектот на нивното симболичко соживување со Божјиот син.

    (црковна камбана)

    Онаму каде што има звук има и живот. Самиот наслов на романот на Димитар Башевски, „Нема смрт додека ѕвони“, укажува на важноста на биењето на селската камбана како знак дека во инаку опустеното село уште има по некој човек. На прашањето „За кого бијат камбаните?“, тој звук како да вели – за тебе.

    [Сенко Велинов, извадок од „Нема смрт додека ѕвони“]

    • Почекајте, сега ќе ја удрам камбаната.

    На половина од ридот што се надвиснуваше над селото, навистина имаше камбана. Ѕвоното висеше насреде едно скеле, или поточно куле, направено од греди. И додека луѓето без збор седеа под сенката или стоеја на широкото пред задружната зграда, од ридот се огласи ѕвон, силен и продолжителен. Се разлеа низ пределот како алилуја, лебдеше во просторот и просто мамеше на излегување, на одење некаде, на собир. Но од куќите не се појави никој, селото стоеше празно, а во неговата шуплина само ѕвонот се гнездеше како јужен ветер.

    Камбаната во Стрелеско често ѕвони. Зошто ѕвони, никој не кажуваше. Луѓето ја биеја камбаната, а велеа: Не знаеме зошто, само ете така! А сепак, тие си знаеја во своите души, во своите срца, дека смртно се исплашени од мирот. И ја биеја камбаната за да веруваат дека се додека ѕвони, нема смрт, нема исчезнување. Тие се плашеа од штамата, а камбаната беше силна и беше спомен, замена за некои веќе исчезнати гласови.

    [Тања]

    Кај некои од авторите постои една друга честа манифестација на ритуална врева – аплаузот. Плескањето со рацете е културолошки знак. Чин на поздравување, одобрување до воодушевеност од страна на колективот при некаков јавен настан, својствен за академските средини и културните институции. Но добро, за да го чуете ова, не треба да читате книги, можеби би рекле. Што е специфично за аплаузот кај некои од авторите што ги зафативме?

    (гужва, скандирање)

    Аплаузот кај Петар Андоновски, во тазе романот „Лето во кое те нема“, се случува во еден коктел-бар на плажа, за време на една забава под маски и е дополнет со скандирање. Маските се земени од култната „Алиса во земјата на чудата“, а целата атмосфера е благо фантастична манифестација на животна радост. Маскенбалот уште од древните времиња на неговото воспоставување претставува ослободување на културните стеги, разуздување на јазикот, телото и однесувањето. Андоновски се држи до тоа значење и овде, а фантастичната атмосфера е благо приподигната од интертекстуалното вплетување на Алиса. Аплаузот е природната заднинска врева на целата сцена.

    (бурен аплауз)

    Кај Иван Шопов, во расказот „Приказна Е“, аплаузот е генијално осмислен. Каков пресврт: На актерите им ракоплеска единствениот присутен гледач, ликот Е, и притоа одлично глуми дека му се допаднала лошата глума на актерите и, воопшто, здодевната претстава без очекуваната кулминација – па поради тоа, тие му возвраќаат со искрен и силен аплауз од сцената. Аплаузот е ехо, огледален и истовремено искрен и куртоазен. Онака како што Горан Стефановски го опиша во 32.-та конзервирана импресија: „Ете, на пример, вечерва – аплаудирав не затоа што претставата посебно ми се допадна, туку затоа што сакав на актерите да им е убаво.“

    (циркуска музика)


    Во еден од најубавите романи посветени на детството што воопшто сум ги читала (Маџун), аплаузот не е баш аплауз, а карневалската сцена на толпа, профана атмосфера и многу кич е сместена во – циркус. Циркусот е место каде што слонови, жирафи и коњи гледаат како луѓето од себе прават мајмуни, ќе рече Емброуз Бирс во својот „Ѓаволски речник“. Поточна дефиниција – здравје. Циркуската скаредна сцена во „Маџун“ на Влада Урошевиќ содржи неколку нивоа на човечко мајмунисување, како звучна торта: анонимни извици на некој од задните редови на толпата, гласни мрморења на незадоволство, смеење, громогласен оркестар и најпосле, изнуден аплауз.

    (слаб аплауз)

    [Илина]

    Иако звучи така, тишината во книжевноста не се сведува само отсуство на звук. Кога композиторот Џон Кејџ во 1951 ја посетил најтивката соба на светот, дизајнирана за истражувачки цели на Универзитетот Харвард, тој очекувал токму таква, целосна тишина. Наместо тоа, за време на целиот престој слушал два звука, еден висок и еден низок. Кога се побунил дека собата не е „глува“, односно целосно тивка, инженерите му објасниле – дека она што тој го слуша се звуците на сопствениот нервен систем и крвотокот. Додека е жив, човек не може да ја доживее совршената тишина.

    (звук на срцебиење)

    Токму такви се тишините во разгледаните дела: полни со значења, такви што можеш да се почувствуваат дури и материјално, како да ги сечеш со нож.

    (нож)

    Иако „Не одам никаде“ на Румена Бужаровска е збирка раскази, секој од нив со различни ликови и дејства, два звука доминираат низ целата книга. Детското пискање и викање. И обидот тоа пискање да се стиши, да се дисциплинира со гласно ш’шкање.
    Во расказот „Цице“, на пример, еден библиотекар на неколку пати се обидува да го смири кенкавото бебе на  пријателката која му доаѓа на посета во Универзитетската библиотека.

    [Сенко, од расказот „Цице“]

    „МА-МА“, гласно и луто викна Ева, наеднаш.

    „Шшшш“, се штрекна Јован и го стави прстот на уста, „Горе се читалните“.

    …Би те однел во депото каде што имаме интересни книги, ама и таму има прашина…шшшшшшшшшш!“, повторно се обиде да ја замолчи Ева, која почна гласно да изразува досада. Нејзиното тенко гласче ја исполни мрачната аула на библиотеката.“

    (бебешки плач)

    [Илина]

    Стишувањето како знак на послушност, но и на табуизираност на она за што се молчи, е присутно и во расказот „Свети Никола“ од збирката „Припитомување на кучката“ на Венко Андоновски. Овде тишината е на трпеза, за време на семејната вечера. Денот е свет, па на ваков ден е уште поважно да се исполни нечија детска желба, која ја бара паричката во лебот како да го бара татковото присуство. Така, тишината станува и алегорија на отсуството на таткото, матно и загадочно како темнината во таа светиниколска ноќ.

    (TV статичка врева)

    На тишината во симболичка смисла, како изолација и можност за свртување кон себеси се однесува цел краток расказ на Оливера Ќорвезироска, од збирката (Со)шиени раскази:

    „Совршено го слушам секое отварање и затворање на вратата што никогаш и не постоеше. Песните стојат во совршено обезвучен ред пред мене, една по една, за да ги сакам одново. Тон по тон. Совршено сум глува со своите совршени слушалки. Каде е вратата?“

    (отварање врата)

    [Тања]

    Во имитирањето на светот околу себе, книжевнoто дело неизоставно ја внесува природата, па дури и кога сетингот е првенствено урбан. Звуците на природата се првите што читателското око, уво де, ги фаќа во звучниот спектар. Кога тетките на детето раскажувач во „Маџун“ го покануваат да ја допре до увото спиралната школка донесена од Солун, тој во неа го слуша морето, она од предисториските времиња, за кои му раскажува дедото. Шумот на школката за него станува телефонска комуникација со минатото во кое времето било непрегледно, рамнодушно и вечно, како и морето.

    (шуштење на школка)

    Во вонвременска димензија е пренесена и раскажувачката-авторка (намерно по овој редослед) Мами, или Јагода Михајловска-Георгиева, во хималајскиот роман „Каменот од твојот ден“. Хималаите се вечни и строги како времето, а на едно место постои прекрасна контрапунктивна поставеност на реката Лангтанг кола: таа е брза, бучна и сета во нескротливо движење. Целата сцена е синестетичка бидејќи во неа се измешани дразбите: влажниот допир станува боја, бучавата станува видлива и обилна пена, затоа е и реката – Млечна. Контрапунктивен е и дијалогот меѓу Хималајците и величествената водена струја: додека таа пее, тие пред неа можат само да молчат.

    (Брза река)

    Една од култните сапунски серии на нашето детство се викаше „Птиците умираат пеејќи“, снимена според романот на австралиската писателка Колин Мекалок. Токму за една таква сцена на смрт на славејот раскажува цимерот од болничката соба на Јане Славковиќ во романот „Улица“ на Јаневски. Тој тврди дека луѓето што ја сакаат природата и птиците умеат да разговараат; додека човекот-дулитл свири на кавал, славејот му се огласува во муабет, се исповеда во својата песна додека „не му пукне малата душичка“.

    (Славеј)

    Во книжевноста на 12-те автори, звуците на природниот пејзаж ги потсетуваат ликовите дека човекот е суштество на природата, дека таа е неговиот единствен храм, а тие се благодарни за таквото потсетување, го прегрнуваат и му се поклонуваат.  

    (Славејот се прелева во роботски, машински звук)
     
    Наспроти природните звуци кои книжевните ликови ги доживуваат како континуум на себеси, звуците на техничко-технолошките изуми низ книгите што ги исчитавме се понекогаш заканувачки, агресивни и опасни. „Инсомниа“ на Дурацовски е мошне интересен постмодернистички текст во којшто нефикцијата има засебна естетика и изненадувачки силен катарзичен ефект, како да е фикција. Во телефонскиот разговор меѓу Димче Дурацовски и југословенскиот авангарден поет и уметник Вуица Решин Туциќ, Вуица ги очекува авионите на НАТО-силите што ja бомбардираат Србија во 1999 и мрачно се радува на перформансот, како што го нарекува. Го изострил својот слух да го препознава типот на авионите според нивните звуци и му се извинува на соговорникот што ќе го прекине разговорот затоа што мора итно на балкон. Реалноста е дистопична.

    (Авионска бучава)

    Авионите што сеат уништувачко семе од својата утроба, на оние оригиналните фашисти, се слушаат и во романот „Маџун“ на Урошевиќ, во една гротескна сцена во која дедото среде дворот, на грамофон го пушта Вагнер не би ли го спречил смртоносниот дожд. И двете множества звуци се свечени и моќни, оние на смртта и на убавината. На едно друго рамниште или во некоја друга димензија, речиси се поистоветуваат.

    [Сенко, извадок од „Маџун“]

    Одеднаш гледам дека дедо ми излегува од „домашниот влез“, го носи, со очигледен напор и бревтајќи, тешкиот грамофон во преграб и додека ние стоиме пред отворениот влез од визбата, вчудовидени и не сфаќајќи ништо, тој го положува на средината од дворот. Се наведнува и става врз него една плоча. Ја врти рачката со која се навива пружината. Има еден миг неверојатна тишина, а потоа низ дворот, среде растрчаните кокошки, одекнува громогласно хор. „Нибелунзи!“ најавува со торжествен глас дедо ми, свртен кон нас. Небото е ведро, зеленилото е мирно, а хорот ги крева своите гласови како да пречекува некого – некого што е добар, голем и благороден. Авионите не можат да нѐ бомбардираат бидејќи сме заштитени од оваа музика. Јас сфаќам дека покрај ваква музика никој не може да прави лоши нешта. Никој не ни може ништо.

    Одделувајќи се од биењето на барабаните што доаѓа од грамофонот, на небото станува сѐ поприсутно бучењето на авионите. Тоа станува сѐ позаканувачко и сите ги креваме погледите кон небото, каде што сѐ уште не може ништо да се види.

    Одеднаш некој свикува: „Еве ги!“ На грамофонот се слушаат труби, потоа заѕвонуваат тасови, оркестарот грми.

    Брзаме во визбата, следени од свечената музика.

    (Музика од филмот „Апокалипса сега“ – Вагнер)

    [Тања]

    Сепак, далеку од заканувачки и насилен, постои еден романтично-носталгичен звук на машина за пишување, во романот „Шрапнел“ на Игор Анѓелков. Нема некогашен сопственик на таква машина којшто не би се разнежнил над специфичниот остар звук со којшто секој а дирка ја отпечатуваше својата буква врз хартијата и магичниот звук на крајот од редот: „пин!“ кој долго одѕвонуваше во ушите.

    (Mашина за куцање, пииин!)

    Носталгичен, дури и успокојувачки тон, кај некои автори има и вревата која доаѓа од превозните средства: рамномерното тропкање – туп-туп – на белите фосфорни плочки на автопатот и штракањето на трепкачот кај Румена; бучењето на старата Застава 101 на Плетвар кај Оливера; возот кај Башевски, кој го илустрира контрастот меѓу старото и новото.

    [Сенко, извадок од „Круг“]

    Возот завиваше и помина преку едно мовче кое го препознав, се чудев како не се урна тоа мовче, а потоа профучи покрај осамена куќичка. Се слушна еден силен вик ееееј! И пак, еееееј! Помислив дека е писок на воз, но овој воз не беше од традиционалните возови, не беше од старите возови на ќумур кои толку карактеристично пискаа, ухууууу! Таквиот писок на воз ние од Маказар добро го знаевме. Кога ќе го слушневме се стресувавме. Тој писок на возовите на станицата наблизу, беше последниот поздрав, збогување со нашите кои заминуваа преку море. Низ фијукањето на возот, сега повторно се слушна оној вик ееееј!

    [Илина]

    Убедливо најбогата категорија звуци во одбраните македонски прозни дела е онаа со музика. Сите анализирани дела содржат музика, иако некои од нив ечат, а во други таа е само суптилна позадина.

    Народните кај повозрасните автори како Библил пее в планина од „Круг“ на Башевски, асоцираат на детството и на барем замислена селска идила.

    Спротивно на ова, „Кажи кажи либе Стано“ кај Бужаровска, е употребена во гротескна сцена во која партнерот на нараторката која не може да има дете ја свири на виолина со насолзени очи пред странски гости:

    (виолинско интро на „Кажи, кажи“)

    Истиот начин на претставување на народна песна се случува и во друг расказ од оваа збирка, под наслов 8 март. Во него професорката Весна е поканета да учествува со своја точка на прославата на празникот, со други „истакнати“ жени од заедницата. По долги години таа ја симнува тешката хармоника од орманот и  почнува на неа да вежба две песни – „Бич“ од Мередит Брукс и феминистичката „Назад назад Калино моме“. Пред организаторката, сопругата на американскиот амбасадор, се обидува да објасни што се случува во песната, на воодушевување на присутните:

    Назад назад Калино моме: Ит из брутал сонг, скандалос. Мен лавр сез то вуман лавр: гоу авеј, гоу авеј. Ши донт уант ту гоу авеј! Мен из мерид, хез чилдрен. Калина сез хим: ај вил…чума како се вика?

    Нејзиниот настап е фијаско

    (звуци од хармоника што издишува, свири Јордан Костов)

    Она што е интересно е дека сосема истата песна е единствената народна спомната во збирката „Сошиени раскази“ на Ќорвезироска, каде одекнува од радио на еден камион со кој авторката и нејзината колешка, Оливера Николова, пристигнуваат до Битола откако кај Плетвар им се расипува спомнатата Застава. А овој расказ се наоѓа непосредно пред друг, во кој главен лик е токму – Румена Бужаровска!

    Еден од современите македонски автори во чии дела музиката е постојан придружник на нарацијата е Игор Анѓелков. За неговиот роман „Крај пат“ тој дури режеше и ЦД-а кои ги делеше бесплатно, во пакет со книгата. Музика има и во неговиот најнов роман, Шрапнел од 2020: Џорџ Мајкл, Боуви, британскиот инди бенд Дотер, Рејдиохед, Бек. Интересно е дека и покрај напредната музичка технологија, и тука, како и во други современи романи, се среќава грамофон и грамофонски плочи, како дел од интимната историја. Оттаму, сцената во која сопругата на нараторот ги фрла винилите низ прозорец е симболична за кризата низ кој поминува нивниот брак

    (крцкање на плоча)

    Во „Инсомнија“ на Димитрие Дурацовски, пак, плочите и рок музиката која доаѓа од нив симболизираат бунт, знак се на придвижување на работите во инаку застојаната провинција. Таа е на за многумина неразбирлив јазик, и зборува за некој друг град, и за некои други деца.

    (If you’re going to San Francisco)

    [Сенко, извадок од „Инсомнија]

    Утредента кај мостот, Господинот случај. Ненадејна средба со Владимир Тунте, колоритен лик од хипи-деновите. Секогаш кога ќе се сетам на тие денови, пред очи ми е и тој. Помислувам тогаш на Хејт Ешбери, на Емет Гроган, на Тимоти Лири и на Боб Дилан. По цел ден ја слушаме песната Ако дојдеш во Сан Франциско на „супрафонот“ во книжарницата среде чаршија, а звучникот е изваден надвор, ечи гласот на Скот Мекензи, кој пее за некоја далечна земја Калифорнија, за некој град, за некои деца. Ненадејно доаѓа отспротива, од својот дуќан, мајсторот Бранко Пинто, кројач за капи и за специјални гаќи за капење со врвца, и вели: „Доста, бре, со тој сан Франциско, ќе ви го скршам грамофонот од глава. Одете на плажа како сите нормални деца, што сте застанале тука, по цел ден нѐ малтретирате со тој Сан Франциско.“ 

    И спомнувањето на музика од поранешна Југославија има носталгичен ефект и е испреплетена со спомени од младоста подтекст. Азра, Здравко Чолиќ кај Оливера Ќорвезировска во расказот „Конфабулација“, исто така свирени на грамофон, Тоска 10, спротивставени на поновите и македонски Т.Б. Трачери и Фолтин. Слична спротивставеност на музички старото, со музички новото, но овој пат со етнички подтекст, има кај Елизабета Баковска, во романот „Пат за Дамаск“. Рибља чорба наспроти Леб и сол и Мизар, последниве како симбол на коренот и културниот идентитет, чие слушање го премислуваат главниот лик да ја напушти татковината.

    (интро од Ходен же – Мизар)

    Музиката е знак на живот и водилка низ премрежја и во „Каменот на твојот ден“ на Јагода Михајловска Георгиева. Додека нараторката ги искачува Хималаите, речиси сѐ е надреално, вонискуствено. Но врвот на таа надреалност во којашто живее Мами е кога во далечината слуша инструмент за којшто не е сигурна дали е халуцинација. Звукот е сирена: ја тера да ги прекрши правилата, да излезе од групата, да се оддалечи обидувајќи се да го пронајде неговиот извор.

    (непалски дувачки инструмент)

    Еден од најинтересните раскази во музичка смисла е оној на Ќорвезироска под наслов „Аспиратор“. Во него извесна д-р Патарова бара стан во Скопје за да специјализира гастроентерохепатологија. Конечно го наоѓа, но бргу сфаќа зошто „имала среќа“. Во соседниот стан живее згоден младич кој дење-ноќе пушта страотно гласна музика која таа не може да ја поднесе. Така музиката всушност се претвора во аудио насилство, во бучава

    (турбо фолк)


    Стоја, Ивана, Цеца, Аца Лукас

    Докторката прво се обидува со молби. Потоа купува тампони за уши. Но на крај, пред да донесе одлука дека сепак ќе мора повторно да се сели, наоѓа спасоносно решение: го пушта аспираторот на најсилно, на тројка. Така една непријатна врева покрива другата, поголема и понепријатна.

    [Илина]

    Ако музиката е најчестиот звук кој се среќава во разгледуваните дела, тогаш невербалниот говор и телесните звуци се оние најтивките и најретко спомнуваните. По некое ц’цкање во знак на негодување. Пссс-кање кое значи „се разбира“. Плескање со дланките врз колената, како знак за подготвеност за акција. Речиси сите ликови во разгледуваните книги слушат, трпат, уживаат или се сеќаваат на одредени звуци. Но ретко самите ги произведуваат. Особено се ретки табуизирани звуци, кои асоцираат на физиологија или на секс. Еден редок пример за првото е опис на прдење во „Шрапнел“ на Игор Анѓелков:

    [Сенко, извадок од „Шрапнел“]

    „Татко ми ретко прдеше пред нас, но омилена му беше токму приказната поврзана со прдењето на која во ситуација кога е расположен, често пати знаеше да и се наврати. Имено кога во младоста станувал рано за да се подготви за одење на работа, тој излегувал надвор во полското веце за да ја изврши големата нужда. Веднаш зад ќенефот бил кокошарникот на соседот, и кога тој ќе се распрдел, кокошките почнувале гласно да кокодакаат. Тоа го будело соседот, кој по пижами излегувал на вратата и гледал низ дворот што е тоа што ги вознемирило кокошките, бидејќи имало случаи кога во дворот знаела да намине и ласица а потоа и да си замине со добар плен во устата. Секако, додека соседот ја испитувал ситуацијата, прдењето за момент било ставено на пауза, но штом тој ќе се повлечел во куќата, продолжувало гласното испуштање на издувните гасови со уште поголем интензитет, а кокошките продолжувале да се избезумуваат од кокодакање.“

    (кокошки)

    Во однос на сексуални извици или звучни назнаки дека некој некаде има секс, сретнавме само два примери. Кога во расказот „Чероки црвено“ на Бужаровска детето на два пати слуша удирање на рамката од креветот во ѕидот од родителската соба. И втор пат, многу поексплицитно, кај Елизабета Баковска. Повторно сведок на сексуален чин е дете, овој пат самата нараторка, која ги гледа, но пред сè ги слуша во темнината, татка си со маќеата. Офкањата кои притоа се слушаат од спалната симболично се поврзуваат со офкања и повикување на Господ, ама од болка, на нејзината покојна мајка, која умрела во истиот кревет.

    [Илина]

    Читањето е активност што се одвива во тишина. А звукот, откако еднаш ќе биде опишан со зборови, се сели во сферата на вербалното. До сега соничниот пејзаж во дел од македонската книжевност го опишувавме со зборови. Но како би звучел тој без ваквиот „превод“?

    Го замоливме Гоце Симоноски, композитор и автор на книгата „Едно: разоткривање на мистериите на природата и музиката“ да ги вклопи во свое оригинално дело. Слушнете како звучи македонската книжевност:

    „Саундскепјс“ – композиција на Гоце Симоноски (целата тука)

    [Тања]

    Сигурни сме дека истражувањето на звуците кај овие 12-мина автори заслужува цела студија, можеби дури и книга, како онаа на Швајгхаусер. Тешко е да се изведе некаков хомоген заклучок за аудитивниот аспект на македонската книжевност, но се уверивме во едно, добриот писател е извонреден слушач. Дискретно или наметливо, звуците во неговиот книжевен свет се внимателно избрани за да ја оживотворат приказната и да го збогатат сетилното искуство кај читателот. Тоа дефинитивно се случи со нас, додека ја слушавме македонската книжевност. Таа звучи – симфониски. 

    (Common People)

    Jас сум Илина Јакимовска.
    Јас сум Татјана Б. Ефтимоска.

    (Тања продолжува) Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ се обидовме низ звуци и зборови да го опишеме соничниот пејзаж на македонската книжевност. Изборот на некои други дела и автори сигурно ќе придонесеа кон неговата шареноликост и сложеност.

    [Илина]
    Му благодариме на актерот Сенко Велинов за читањето на извадоците. И на композиторот Гоце Симоноски за оригиналното дело напишано врз основа на детектираните звуци. За транскрипт на оваа епизода и за слушање на целата композиција посетете го нашиот сајт обичнилуѓе.мк. До следната епизода, уживајте во привремената тишина, која никогаш не е до крај тивка.

    41 min
  • А. ден Доолард – скитникот кој ја сакаше Македонија

    Приказната за писателот чија книга од 1939 е заслужна за големиот број холандски туристи во Охрид. Дали достојно му се оддолжуваме?

    FOR A FULL EPISODE WITH ENGLISH SUBTITLES CLICK HERE

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    ТРАНСКРИПТ

    С1Е7

    “Mensen komen en gaan, maar hun gedachten blijven waaien rond de aardbol asl een onzichtbare wind.”

    Ова е гласот на Искра, чија мајка е Македонка а татко Холанѓанец. Додека седевме под Канео јадејќи вкусна рибја чорба, таа ни прочита цитат од холандскиот писател А. ден Доолаард:

    „Луѓето доаѓаат и заминуваат но нивните мисли продолжуваат да струјат околу земјината топка како невидлив ветер“

    (бранови)

    Каква е врската помеѓу овој автор и Македонија? Како едно дело напишано во далечната 1939 станало основа за поврзување на две земји и два народа, кои инаку немаат многу заедничко? Дали и денес неговите мисли продолжуваат да го брануваат езерото како невидлив ветер?

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа седма епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе ја раскажеме интересната приказна за А. ден Доолард, и како таа се поврзува со Охрид од минатото и од сегашноста. Истовремено, ќе видиме колку знаеме за ова значајно културно наследство и како се однесуваме кон него.

    Scott Joplin-Swipesy (Cake walk, 1900)

    7 февруари 1901. Дваесетиот век само што  почнува, со сите откритија, технолошки изуми и страотни премрежја кои ќе ги донесе. Непосредно пред овој датум Макс Планк ги поставува темелите на квантната физика со откритието на законот за зрачењето на црното тело. Во замокот Виндѕор е погребана британската кралица Викторија. Џеј-пи Морган купува рудници и челичарници во САД, со што го склучува првиот бизнис договор во историјата вреден милијарда долари.

    (свадбен марш, Менделсон)

    На 7 февруари 1901, холандската кралица Вилхелмина се мажи со војводата Хенри од Мекленбург-Шверин. Нивниот брак ќе трае 33 години, до смртта на војводата, но нема да биде среќен. Вилхелмина ќе владее повеќе од половина век, подолго од кој и да е друг монарх, водејќи ја нацијата низ Првата и Втората светска војна, како и низ холандската економска криза од 1933.

    (бебешки плач)

    На истиот ден, кога вниманието на Холандија е насочено кон Хаг и кралската свадба, во малиот град Зволе се раѓа Корнелис Јоханес Георг Спулстра, син на свештеник. Подоцна ова име ќе го замени со многу посоодветното на неговиот карактер и судбина.

    [Мишо Јузмески]

    „Долард е псевдоним, неговото вистинско име нема врска со псевдонимот. Значи самиот тој си избира псевдоним кој што означува скитник, весел човек едноставно. Долард значи доаѓа од глаголот dolen, кој што значи скитање, опуштеност некоја. Значи самиот негов псевдоним го опишува неговиот карактер како човек, а потоа и како писател и како новинар. Значи тој е љубител на слободата.“

    Ова е гласот на Мишо Јузмески, за кого слободно може да се каже дека е експерт за ликот и делото на Доолаард, или по наше Скитниковски. Неговата галерија, „Култура 365“ на калдрмата која води од охридскиот плоштад накај Св. Софија е препознатлива по истакнатиот плакат во боите на холандското знаме. На него пишува – туристички информации, фото и книжевна галерија и музеј посветен на А. ден Доолард. Во меморијалната соба се изложени фотографии и дел од изданијата на неговите книги. Меѓу нив песни, драми, патеписи и репортажи, радио говори, раскази, автобиографија, есеи, манифести и памфлети. Некаде помеѓу нив е „Де Брајлофт дер зевен цигојнерс“, или „Свадба на седум Цигани“.

    („Пијан идам од града“ во изведба на Добри Ставревски)

    Иако станува збор за роман, значи за фикција, во неа се препознаваат автобиографски елементи од животот на авторот. Тој книгата почнал да ја пишува во Скопје во март 1933, продолжил во Охрид во 1938, а ја завршил во Холандија во 1939. Во тоа време без телевизија и интернет, Балканот е ’тера ингокнита’ за холандските и воопшто за западноевропските жители.

    Се работи за еден период, значи тоа е пред Втората светска војна, поконкретно триесетите години. Тој најдолго престојува во Охрид во Македонија помеѓу 1931-1939 година, којшто е од политички аспект многу турбулентен период. Нели имаме диктатура тука, тоа е онаа широко позната 6-јануарска диктатура на Караѓорѓевиќ, кој го укинува Уставот, Парламентот, воведува класична диктатура во кралството Југославија. Од политички аспект многу незгоден период. Од економски аспект тоа е големата светска криза, насекаде во светот, депресијата. И Македонија и Охрид на секој начин се погодени, и политички и економиски и културно. После 500 години присуство на Османлиите тука, Балканските војни, Првата светска војна. Значи овој дел е чиста егзотика за Европа, посебно за Холанѓаните.

    Главен лик во книгата е Бранко Марковиќ, реномиран фотограф, чиј психолошки профил со телеграфска прецизност ни се соопштува уште во првата реченица од книгата: (цитирам) „Бранко Марковиќ не веруваше повеќе во љубовта и затоа се беше препуштил на трите пороци кои можеше да ги купи со пари: пијалак, жени и циганска музика“ (затворен цитат). Следи приказна во која тој, ангажиран од француски византолог Сигоњ (француски за штрк) како преведувач и асистент, го посетува Нерези и Скопје, а потоа и Охрид. Тука лесно заљубливиот Бранко повторно е замаен, овој пат од не само убавата, туку и крајно еманципирана и умна Душка Боровиќ, ќерка на аптекар. Тие се среќаваат на стрмен срт кај Канео, каде Душка чита ни помалку ни повеќе туку учебник по историја на филозофија, прв дел.

    (музика, Добри Ставревски продолжува)

    Следи развој на нивната врска која треба да биде крунисана со брак. Ден пред официјалната церемонија Бранко во Охрид собира група музичари, седум Цигани, кои изведуваат седум песни, секоја поврзана со некоја негова голема љубов. Од денешна гледна точка тука има многу мелодрама и патос. Но ова не било пречка книгата да стане бестселер во Холандија, и да доживее десетина изданија и преводи.

    [Јузмески]

    Од една страна литературната критика го смета за несоодветен, недозреан, или едноставно не така квалитетен писател. Му наоѓа замерки во јазикот, во изразувањето, во стилот, начинот на пишување.

    (Илина: „Преромантичен веројатно“)

    Повеќе јас би рекол лично има некој новинарски стил. Дури и во романите кои се категорија кадешто човекот каде што писателот треба да навлезе подлабоко во психологијата на ликовите, да развие своја приказна, тој повеќе оди на изнесување голи факти. Кога ги читаме неговите романи тие се повеќе како еден фактографски запис за тоа што се случило. Но токму тоа е интересното за читателот, за холандскиот читател во случајов, што тие читајќи ги неговите романи, тие читаат информации. Од сите негови романи само еден е на холандска тема. Сите други се за други краишта во светот.“

    Дека стилот на Доолаард е оценет како фактографски не изненадува, со оглед на тоа што поголемиот дел од животот тој навистина бил новинар. Откако работел како ѕидар, берач на грозје, чистач и портир, почнал да пишува, и тоа за социјалистички весник, што во текот на 1930-тите му овозможува да патува и да известува, особено од земји кои биле зафатени од конфликт или во кои владеле авторитарни режими. Но еден ваков, нацистички режим наскоро наближува и кон Холандија. Доолард се сели во Лондон каде работи како спикер на партизанското Радио Орањ (или Радио портокалово) кое се слуша во окупирана Холандија. Неговиот препознатлив глас и говорнички вештини за голем број Холанѓани го одбележале тешкиот период на Втората светска војна, нудејќи им релевантни информации и утеха. Преку него на своите поданици им се обраќала и самата кралица Вилхелмина.

    (Обраќање на холандската кралица преку Радио Орањ – документарна снимка)

    „Свадба на седум Цигани“ e дваесет и прва книга на Доолаард од вкупно 52 колку што се наведени на неговата Википедија страница, пишувана токму во овој драматичен период. Можеби како бегство од воените и политички теми, таа е љубовен роман, кој сепак содржи голем број релевантни податоци за нашиве краишта. Дознаваме на пример дека Охрид е гратче (цитирам) „завиткано во превез од старинска гордост“ кое тогаш се уште не е откриено од туристите. Дека спиењето по манастири било хигиенски ризик поради наезда од вошки. Дека осумстотините долари аванс за книга фотографии колку што добил Бранко изнесувале триесет и шест илјади динари (значи еден долар бил отприлика 45 динари), и дека со нив во центарот на Охрид можела да се купи куќа. Помеѓу опишаните сцени има и такви кои изнудуваат кисела насмевка на препознавање на истоветни проблеми во сегашноста, како оние со охридските дивоградби. Цитирам: „Бранко опцу. Тој го беше фотографирал Свети Наум пред две години зашто во книгата за Јужна Србија не смееше да недостасува слика од познатиот манастир. Над средовековните градби беа изградиле еден бетонски колос кој со проширениот горен дел личеше на резервоар со вода. Каква среќа што во американското издание на книгата стоеше слика од манастирот во својата првобитна состојба, а не осакатен каков што беше сега“.

    (музика)

    Но ако „Свадба на седум Цигани“ е историски релевантна лектира, еден од ретките европски романи кои се одвиваат на територија на Македонија, што ќе се случи ако го побарате на македонски? Превод на книгата е објавен во 2006, истата година кога во Охрид се открива споменик на Доолаард во тн. холандски парк на кејот на езерото. Но до примерок од неа е речиси невозможно да се дојде. Во скопските книжарници и градски библиотеки таква книга нема. Одговор од издавачот, охридска туристичка агенција, и по неколку обиди не добивме. Ја контактиравме и преведувачката, Македонка која живее во Холандија, и холандската амбасада. По упорна потрага, копија на заем добивме од авторот на поговорот. Кога конечно победнички ја прелиставме, сфативме дека изданието има грешка – од страницата 265 на крајот на книгата, скока на 285-та, среде поговорот. Книга за свадба, за која читателот останува во недоумица дали навистина ќе се случи, дали ќе се земат децата. За среќа, во охридската библиотека „Григор Прличев“ имаше комплетен примерок, а вработените, разбирајќи ја нашата мака, ни направија фотокопија од прескокнатите страници.

    (музика)

    Византологот Сигоњ во македонското издание е Чигоне, а пак земјата Југославија, на холандски Зауд Славие, е преведена со Јужна Славија. Но она што сепак остава најголем впечаток освен овие, да ги наречеме ситни пропусти, е што насловот на македонски се разликува од оригиналот и гласи „Свадба во Охрид“. Причините за ова можат да се насетат и најверојатно се однесуваат на политичката некоректност на терминот „Циган“, кој од денешен аспект може да се толкува како навредлив. Па сепак, тој е избришан само од насловот, а е оставен насекаде низ книгата. Нејасно е зошто не бил заменет барем со Роми, иако улогата на овие ликови во книгата не се базира на тоа што се припадници на одредена етничка група, туку просто на тоа што се талентирани музичари. Седум музичари кои изведуваат седум песни од сите краишта на тогашното кралство Југославија, кои го потсетуваат Бранко на седум жени на кои им згрешил. 

    [Мишо Јузмески]

    Во самото издавање на книгата на македонски јазик покрај тоа нели изместување на таа магија со бројот 7, седум Цигани, седум жени, со насловот нели направен е уште упад во структурата на делото, со тоа што песните….Во романот се поместени неколку народни песни, коишто се дел од приказната. Пак ќе речам, во преведувањето имаме одредени слободи, да преведуваме, да заменуваме, да манипулираме, но сепак има некаде каде што едноставно ние сме ограничени. Не смееме да го нарушиме делото, концептот, суштината на приказната. Овде е нарушена приказната со тоа што песните се извадени на крајот (-Да, нотни записи). Тие не се нотни записи, тие се дел од приказната. (- А овие се со негов ракопис правено? Од него се нотните записи правени?) Тие се вметнати уште во првото издание. Во рацете држам издание од ’39та година.

    Зошто ова со издвојувањето на нотните записи на народните песни како додаток во македонското издание ни е толку важно? Замислуваме дека кога би била пишувана денес, книгата би била интерактивна, па паралелно со текстот би можела да се слуша и музиката. Овој соживот меѓу нотите и буквите одлично го разбрала Кирин Мелсен, класична музичарка, која има направено мјузикл, односно театарска претстава според книгата. Во неа со придружен бенд ги пее песните кои Циганите му ги свират на Бранко: „Ево срцу мом радости“, „Болујем ја, болујеш ти“, „Чудна јада од Мостара града“, „Коња кује Мујо по месецу“, „Пијан одам од града“, „Имате ли вино“, „Кажи кажи либе Стано“.

    („Кажи, кажи“ во изведба на Кирин Мелсен)

    Ја прашавме како воопшто дошла до оваа идеја?

    [Кирин]

    I learned to know about this book, about this wedding, because i was at a Gypsy festival and they asked me to sing these songs which are in the book. So I worked with an accordion player from Serbia and we looked for all the songs in the book, if we could find the text. That took some time. They asked me if I could perform these songs and I said well maybe it is also nice to tell the story of the book. And actually i made a music theatre play out of it. I played it in Holand and in also in Belgrade in 2012.

    синхронизирано:

    Дознав за книгата затоа што бев поканета на Ромски фестивал на кој требаше да ги пејам песните кои се во неа. Работев со музичар на армоника од Србија, ги побаравме сите песни од книгата, и нивните текстови. За ова ни требаше доста време. Тие ме замолија да ги изведам песните, но си реков можеби е исто така убаво да ја раскажам и приказната. Така направив театарска претстава од книгата. Ја изведов во Холандија и во Белград во 2012.

    На што се фокусирала претставата?

    I told the seven stories about the seven women and then in between I sing the songs. So that really every story is so well related to songs, that is beautifully done, so that you realy feel the character of the women, and what happens, in the song.

    синхронизирано:

    Ги раскажав седумте приказни за седумте жени, а помеѓу тоа ги пеев песните. Секоја приказна е навистина тесно поврзана со песните, ова е прекрасно направено, така за да се почувствува карактерот на секоја од жените, и она што се случува, токму низ песните.

    („Ево срцу мом радости“ во изведба на Кирин Мелсен)

    I really felt the music, I really loved the music, also the song “Moj dilbere” I find it really beautiful, like i was really, when i was singing i was getting into a kind of trans, you know

    синхронизирано

    Навистина ја почувствував музиката, ја засакав, особено кога ја пеев „Мој дилбере“ таа за мене е прекрасна, додека ја пеев како да паѓав во некој вид транс.

    (музика)

    Нашиот претходен соговорник се обидел да посредува и да ги донесе Кирин и претставата во Охрид, но без успех. И покрај тоа што од премиерата имаат поминато речиси 10 години, таа се уште би сакала да гостува во градот и во земјата каде до сега никогаш не била, а за која толку нешта дознала преку книгата на Доолаард.

    I would love to come to Ohrid to play it over there. Becuase actually the whole story from the book starts in Ohrid. So if there is an opportunity, for sure i would come over and play it, yeah

    синхронизирано:

    Навистина би сакала да дојдам во Охрид и да ја изведеме претставата таму. Затоа што целата приказна од книгата всушност почнува во Охрид. Ако има можност, секако би дошла да го сториме тоа.

    И таа ни потврди дека голем број Холанѓани знаат за Охрид токму преку книгата на Доолаард, а познава и мешани македонско-холандски брачни парови кои се сретнале токму на летовање на бреговите на езерото.

    А што е со обратното – дали охриѓани знаат кој е Доолаард? Ана направи мала анкета во нејзинот роден град.

    „Чика си слушнал за ден Доолард? Не, прв пат слушам.“

    „Тета си слушнала ти за Ден Долард? – Не. А ако те потсетам писател, од Холандија, споменик во Охрид. – Не.“

    – Кој е Ден Доолаард?

    Ден Доолаард е холандски писател од 20 век. Напишал книга, мислам дека се викат нешто „Свадбата на седумте Цигани“, инспирирана од Охрид. Мислам дека е лектира во Холандија, и зато многу сакаат да идат во Охрид и го обожавет. Мислам, не само заради книгата, просто објаснето им е местото, планината, езерото и луѓето се поврзале со местото и то е то.

    „Ајде. – Значи прашањето е кој е ден Доолаард. Значи колку што се моите познавања станува збор за Холанѓанец кој уште во почетокот на минатиот век дошол во Охрид. Се запознал со природните и културните особености на Охрид и то било причината што ја напишал подоцна и книгата посветена на Охрид, која претставува голема реклама за Охрид пред холандските граѓани. Од тогаш почнуваат, читајќи ја таа книга, холандските туристи почнуваат да доаѓаат и да го посетуваат Охрид. Исто во негова чест е подигнат и споменик во холандскиот таканаречен холандски парк, поставен е веќе неколку години. Мислам дека е напишана е и една книга за него. Посветени се и доста емисии, текстови во охридските медиуми, македонските медиуми. И то е то. – Одлично.“

    Помеѓу оние кои никогаш не слушнале за Доолаард, и оние кои имаат подетални познавања за него, има една голема група која го поврзува неговото име eдинствено со спомнатиот споменик. Ако тргнете од охридскиот плоштад по кејот, во правец на Билјанини извори, лесно ќе го забележите, поради неговиот впечатлив облик – едро во чија основа, како кормило е сместена отворена книга. На левата страна на таа книга е портретот на Доолард. Од десната, годината на неговото раѓање и смртта – 1901 и 1994. Под овие датуми стојат имињата на оние кои придонеле за поставување на паметникот на писателот. Дизајнот е на архитектот Владимир Тоиќ, а како иницијатори се наведни три имиња. Меѓу нив едно кое нам не ни асоцира на споменици, туку на една многу шармантна песна.

    „Нема гајле. Јас сум Питер Џон Босе. Има поздрав из Холандија, земја на тулипаниии. Ајде, ајде нема гајле“ (први тактови од Колку сакам самба)

    Питер Џон Босе живеел во Македонија триесетина години, а од неодамна е сопственик на селски имот во Бугарија, близу тромеѓето со Грција и Турција. Кога го побаравме беше во родната Холандија. Се уште добро зборува македонски, па неговиот говор не го синхронизиравме.

    [Питер Џон Босе]

    Халоу

    Здраво Петар како си?

    Еве добро, добро..

    Првиот контакт со Македонија Питер го имал на крајот на осумдесетите кога ситуацијата во регионот веќе била нестабилна. Тогаш живеел во Белград и работел како музички продуцент и туристички водич. Така дошол во Охрид.

    Јас тогаш работев во студио на Лазар Ристовски во Белград, господ да го прости од Бјело дугме што почина пред многу години. Дојдов како туристички водич на Југотурс, претседник на Југотурс, дојдов во Метропол и Инекс Горица, тоа беше наше место. И имав таа книга, „Свадба во Охрид“ да кажеме на македонски превод сега. И мојата идеја како да дадеме на Македонија помоќ да дојдат пак туристи. Народ во Холандија, они не знаат дали беше војната во наша Македонија. Они мислат уште има проблем са тенкови са снајпери и тако даље. Сакав тогаш да покажам дека Македонија единствена република од бивша Југославија која отиде на деведесет и прва година са мир надвор од федерација на Југославија. И Македонија немаше војна. Убав народ убава музика, убаво време, убава култура. И како да направим пропагација са Холандија, да дојдат пак холандски гости, туроператори.

    Така се родила идеја – да се подигне споменик на Доолаард, тоа добро медиумски да се покрие во холандските медиуми, и на тој начин да се анимираат туристите од оваа земја. Истовремено, неговото до тогаш непознато дело да се претстави на охриѓани и воопшто на македонската публика. Излегувањето на македонскиот превод така се случува истовремено со овој настан.

    (продолжува)

    И тоа беше како да направиме едно благодарам за А. ден Доолаард за се’ што направи за Македонија. И ја како новинар на холандска радио-телевизија имав многу многу пријатели кои се повисоко сега са вести, са медија. Најдов јас спонзори како холандска амбасада, Унилејбер, Мермер-Прилеп, заборавив на сите име кои направија многу многу голема помоќ. Тогаш беше Малев, моментално не постои од Маџарска, и он ми даде за сите новинари бесплатно карти за авионска превоз. И Олга беше тамо, многу голема помоќ, Олга газдарица на Инекс Горица и ми даде много много помоќ, Скопска пивара и така даље. Плус локални граѓани, град Охрид, ми даде сите права. И така беше на 2006 година во мај месец отворивме таа споменик на Долард.

    Сепак, работата не поминала без проблеми.

    (продолжува)

    Не беше лесно затоа што некој беше критично за таа споменик. Беше договор град Охрид да направи реновација, да чисти, еве дрво тоа што е хоризонтално беше направено на две димензии, таму беше име на Доолаард. Тие направија како најевтино, некое дрво хоризонтално, без две димензии, само со некоја боја, не пише дека Доолард. Доле на подот стакленик, имаше мозаик, беше многу добро направено и сега има светло доле, но има толку многу трава и ѓубре. Треба малку град Охрид – пак да кажам, благодарам – да не направиме некое најевтино алтернатива, да направи комплетно нов ремонт на тој споменик. 

    Босе вели дека помеѓу оригиналниот проект за споменикот и финалната изведба и тогаш имало разлики, но тие со текот на времето само се зголемувале. И навистина, кога бевме на лице место не можевме ни да претпоставиме дека под стаклениот под, кој веројатно треба да ја симболизира водата по која плови едреникот, има мозаик по асоцијација на Стоби, а на него две подадени раце, како помеѓу двете култури. Замислата била овој простор да биде осветлуван од соларни светилки, но секако и редовно да се чисти за воопшто да се гледа. Јарболот пак на кој стоеле холандското и македонското знаме бил украден после два дена.

    (музика)

    Како и да е, на 29 мај 2006 година во Охрид се собира многу народ. Тука се и потомците на Доолард – ќерките Миља и Бранда од неговиот брак со Ери Спулстра со прекар Вампи, на која и е посветена  „Свадба во Охрид“. Нивните семејства, внуци и правнуци на писателот. Новинари, политичари, амбасадори, фолклорен ансамбл во народни носии. Сето ова се пренесува во холандските весници и на државната телевизија. Бесплатна реклама за Македонија, чест за Доолаард. А тој за Питер дури и од оној свет подготвил изненадување:

    Сите од фамилија дојдоа, и јас добием првата едиција на таа книга, и он ми пишал лично и он каже на најстарата ќерка, вика јас слушнав, тој беше на осумдесетина години, вика слушнав Питер Џон Босе има некоја идеја да прави за мене еден споменик во Охрид. Ако умрам молим те ево сега ќе пишам, ако успешно, било кое време ќе дадеш на Питер таа книга. И таа книга ја имам. Со оригинален потпис на Доолард.

    И тука не завршуваат изненадувањата кои во наследство ни ги оставил Доолаард. Тој има уште една книга за Македонија, но многу поконтроверзна од љубовниот роман за Бранко и Душка. Се вика „Ориент експрес“, издадена е во 1934 година, и претставува романизирана историја на Внатрешната македонска револуционерна организација или ВМРО. Како новинар кој не сакал да се потпира ниту на српските, ниту на бугарските пропаганди, тој во триесетите на минатиот век доаѓа во Пиринска Македонија и во Банско минува три месеци со комитите, запознавајќи ги клучните личности на движењето. Резултатот е роман во кој низ приказна за фиктивно македонско семејство Доолаард, без да заземе страна, ги раскажува премрежјата низ кои минувала Македонија од Илинденското востание до таа 1934 година. За жал англиското издание на книгата е исцрпено, па останува само да претпоставуваме како сето ова навистина звучи.

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Им благодариме на нашите соговорници кои ни помогнаа да ја расветлиме приказната за необичнот новинар, писател и скитник. Линкови за нарачка на книгата на Мишо Јузмески, „Нашиот холандски пријател А. ден Доолард“, како и на ЦД-то со песните од книгата во изведба на Кирин Мелсен, можете да најдете на нашиот сајт, obicniluge.mk.

    Епизодата ќе ја завршиме со уште еден цитат на Доолаард, кој е врежан како епитаф и на неговиот надгробен споменик: Живеевме меѓу чуда, но не ги разбравме.

    [Искра]

    “We hebben tussen wonderen geleefd maar we hebben het niet begrepen”

    35 min
  • „6 луѓе и 15 кучиња“

    Ги нарекуваат „кучкари“. Тоа се луѓе кои сакаат кучиња, ги вдомуваат, им помагаат или ги одгледуваат. Дали овој термин навредлив и како воопшто функционира „кучкарското лоби“? Како би изгледал свет во кој кучињата би можеле да зборуваат и да мислат како луѓе?

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    ТРАНСКРИПТ

    С1Е6
    „6 луѓе и 15 кучиња“

    (тивки градски звуци)

    За време на полицискиот час, во април 2020, Скопје звучеше и спокојно, и некако морничаво. Градскиот молк не е нормален. Ти доаѓа гласно да викнеш од прозорец, колку нешто да се случува.

    (продолжуваат звуците)

    Кога ќе падне ноќта станува уште понеобично, секој звук е поакцентиран.

    Но еден од нив смируваше, и покажуваше дека во градот уште има живот. Цупкањето на кучешки шепи по тротоарот и чекорите на нивните сопственици. Ним за време на најстрогиот карантин им беше дозволено да излегуваат три пати дневно. Добар момент за човек да се замеша во тоа привремено раздвижување, и незабележан да фрли ѓубре. Се слушнаа и муабети за луѓе кои позајмувале кучиња од комшиите за да можат да купат цигари на дежурната бензинска.

    (кучешкo лаење)

    Кој знае како им изгледа целата ситуација на кучињата. Дали можат да го намирисаат нашиот страв? Што би ни кажале кога би можеле да зборуваат?

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ сакаме да ѕирнеме во таканареченото „кучешко лоби“, една цела урбана супкултура, чии членови сепак имаат засебни, уникатни приказни. А истовремено, колку што е тоа можно, да го одгатнеме и кучешкиот светоглед.

    [Јулијана]

    Ѓорѓи отиде да го поправа компјутерот и се врати со Амон.

    Ова е Јулијана, не сопственик, туку како што самата вели сопатник или содружник на неколку хаски кучиња. Никогаш во животот не чувала животно, до моментот кога нејзиниот сопруг решил да ја изненади.

    Тоа беше 2000-та, заедно со една пријателка Тања отидоа кај нивни пријатели да го поправаат компјутерот. И неговата приказна е дека му се стрчале осум хаски во таа фирмата за компјутери, во просторијата, го побарал тоа што е најнекомуникативно, што седело на страна, ама му рекле дека е проблематичен затоа што до тогаш три пати го враќале. Значи, ќе го земат, па не можат да се справат, па го враќаат, и рекол ќе го земам па ќе видам дали Јулијана ќе прифати, на проба. Го донесе, ѕвонеа на врата, отворив, се стрча Амон внатре, беше кученце од два-три месеци. И толку.

    Амон петнаесет години дел од семејството Јолевски. Откако, не пцовисал, туку починал, во домот настапила невообичаена тишина. Неа ја пополнила уште една хаска, Леда, а потоа и нејзините пет кученца. Со четири од нив со тешко срце се разделиле, а едно задржале. Кученцето кое три часа се мачеле да го извадат од мајка му, и мислеле дека е умрено. Ама Ледор, синот на Леда, преживеал.

    (цивкање на кученце)

    Оние кои ја познаваат Јулијана велат дека на потенцијалните сопственици на кученцата им правела интервју како за некое преодговорно работно место. Ова не е необично ако се слушне како таа ги опишува карактерите на своите содружници, личности со свои доблести и маани, на кои, како и на човечки суштества, им следат права и слободи.

    Амон беше арогантен, достоинствен, не многу сакаше да влегува во комуникација со луѓе, меѓутоа од друга страна интровертен и длабокоумен би рекла. А Леда е неверојатна кучка, да ја наречам, самосвесна, постојано има барања, ако не и се задоволат се бори до крај, кавгаџика е голема, екстровертна.

    Ледор е добар, мил, бега од конфликти, не сака конфликти, кога би можел се би правел како треба, кога би знаел. Не сака да направи грешка. Мирољубив е и е мил, многу мил.

    Непосреден повод за оваа епизода е излегувањето од печат на македонскиот превод на книгата „15 кучиња“ на канадскиот автор Андре Алексис. Во неа старогрчките богови Хермес и Аполон решаваат малку да се мајтапат, и на кучињата да им дадат човечки карактеристики – да можат да зборуваат и да мислат како луѓе. Ова многу брзо почнува да влијае и врз нивните личности, но и врз кучешката заедница:

    [Ѓорги]

    „Во следните денови, имаше многубројни знаци – и суптилни и недвосмислени – дека нивната новооткриена промисленост доведе до колективни промени. За почеток, меѓу нив се разви и почна да се употребува нов јазик кој го смени начинот на кој комуницираа. Принс беше тој кој ја смисли првата кучешка досетка: зборот за „коска“ (приближно: ррр-ај) и зборот за „камен“ (приближно: ррр-аај) беа многу слични. Кога една вечер го прашаа Принс што е тоа што јаде, тој им одговори „камен“ покажувајќи ја коската. На неколкумина од кучињата ова – првата препознатлива игра со зборови – им се виде истовремено и забавна и потполно умесна, затоа што коските за кои стануваше збор навистина тешко се џвакаа.“

    Ова е човечкиот глас на актерот Ѓорги Јолевски, оној кој на Јулијана и го донел Амон, и кој денес се грижи за Ледор и Леда. На видеата кои ми ги испратија има и такви на кои тој разговара со кучињата:

    [aудио на разговор меѓу Ѓорги и кучињата]

    Дали навистина луѓето и кучињата можат да имаат заеднички јазик, да се разберат?

    [Јулијана]

    Ако ме прашаш дали се разбирам подобро со луѓе или со кучињата би рекла дека подеднакво не се разбираме и со едни, и со други. Со тоа што со кучињата многу е поедноставна комуникацијата. Мислам, не дека ние не функционираме тие принципи на потрага по задоволство и одбегнување болка, меѓутоа кај нив е тоа поексплицитно, многу појасно ти е какви барања има од тебе, многу е почиста комуникацијата. Многу е поедноставно со нив да се разбереш.

    Koга почнав да ја правам оваа епизода, мислев дека работата е прилично јасна. Од една страна љубители на кучиња во опсег од неутрални до опсесивни. Од друга страна, луѓе кои имаат одбивност, па дури и фобија од кучиња. Беше јасно дека барем помеѓу овие две групи темата ќе биде камен на сопнување, или коска на раздор. Но не очекував разидувања да има и внатре „кучкарското лоби“. На пример, некои од оние кои вдомиле куче го промовираат ова како ултимативен знак на љубов кон животните, и го критикуваат купувањето расни кучиња. Дури и меѓу оние кои сакаат кучиња има такви кои сметаат дека некои раси доколку се пуштени без поводник и корпа треба да се третираат како репетирано оружје, односно непредвидлива закана. Одгледувачниците пак често се прикажуваат како мачилишта, место во кое кучињата се чуваат за приплод во кафези, само за заработка.

    Го прашавме Митко Илкановски-Ѕирла од Битола, кој повеќе од 20 години одгледува кучиња од расата боксери, што мисли за оваа квалификација.

    [Митко]

    Одгледувачите, посебно вистинските одгледувачи, оти и тука има разлика, значи не се ставаат сите во кош ист, значи има луѓе што стварно неетички заработуваат на кучињата и има луѓе кои, јас мислам дека тие се во најмал број, што етички одгледуваат, и во оваа наша држава страдаат до негде.

    Иако живее од продавање на кучиња, вели дека сепак внимава кај кого тие ќе отидат. Интересни се споредбите кои ги прави на купувачите од странство, и од земјава.

    Јас многу често сум пцуен за тоа мое емотивно продавање на кучиња. Имам кучиња на сите континенти, само Австралија немам продадено. Е сега, луѓето се јавуваат кај мене и бараат да купат баш такво куче ко што имам јас. Значи така функционира во нормалниот свет. Тоа стално го спомнувам како споредба. Значи кучка продадена во Холандија, луѓето се јавија, две девојки го купија, после недела дена разговори, што-како, последно што прашаа беше цената. Ја купија женката и до последен момент јас добивав слики кај живее, како живее. Последниот контакт со нив околу кучката, нормално уште сме во контакт со луѓето, да на 11 години тие да побараат од мене дозвола бидејќи кучката имаше некој артритис кој го оперираја, неуспешно, и кучката ко ќе трчаше осеќаше некоја болка. И тие побараа дозвола од мене дали смеат да ја еутаназираат кучката.

    И го рачунаат како нешто ваше, без разлика што го купиле. Е сеа, во Македонија се јавува пример човек, како да ви кажам, од Прилеп до Битола. И прашува колку се кучињата, вели пушти ми слики. Јас не кажвам цена, барам да дојдат луѓето дома, да ги видат кучињата, ако му се бендиса арно, ако не го бендиса може и да не го земе кучето. Значи пак збораме за љубов и вкус кон одредено животно, не кон сите. Не може тој сите боксери да ги сака. Ако него му се бендиса кучето јас ќе му кажам цена. И ко ќе се јават кај мене јас многу често сум пцуен, ееј шо има ти да не ми кажеш цена, зошто вака, зошто така. Ние не сме спремно општество, ние немаме таква култура така да функционираме.

    Дали терминот „кучкар“ го доживува како навредлив?

    [Митко]

    Не, сеуште кучкар се викам мене ми е тоа подобар збор. И претежно сакам да користам македонски изрази не странски.

    Јас многу побрзо би се навредил ако ми речат кинолог него ли кучкар.

    (музика)

    Оние кои ја познаваат Бранка, а јас ја знам од дете, никогаш не би помислиле дека таа во зрели години ќе почне да чува куче. Сите забележавме дека и се случи пресврт кога таа и Зоц почнаа да го чуваат лабрадорот Џуно.

    [Бранка]

    Дефинитивно голем пресврт и како личност и како жена. А животни секогаш сум сакала. Дури сум чувала маче, многу одамна. Меѓутоа, дали поради некои предрасуди, дали дека нашите родители поточно моите не чувале животни, мислев дека не сум способна и одговорна личност за да чувам животно, особено во стан. Така да се случи многу одеднаш, го добивме Џуно како подарок од наши добри пријатели ветеринари за роденден. Така да, беше непланирано меѓутоа штом го видов немаше дилема дали да го задржам или не.

    Помеѓу другарките често коментираме дека таа, а и некои други жени-сопственици на кучиња, им се обраќаат како на свои деца – „сине“, „злато мајкино“, „дојди кај мама“. Бранка објаснува:

    Затоа што стануваат член на семејство, ги сакаш како деца. Љубовта е безусловна, и животните што ја даваат а и ние. Порано мислев нема да го пуштам на кревет, ќе има влакна. Сега ако нема влакна, како да не сум јас. Знаеш како викаат, не треба да имаш брендирана облека за да бидеш среќен и богат, туку треба да имаш облека со влакна. Викаат нели тие што чуваат кучиња. Не знам, дури не можам дури ни да замислам каков ми бил животот без Џуно порано.

    И додава:

    „Сакам да бидам личност каква што Џуно мисли дека сум“

    Не мајка ми, брат ми, децата, мажот ми. Кучето станува репер за тоа какви сме, и какви сакаме да бидеме. Дали Џуно во интервју за подкаст под наслов „Обични кучиња“ би рекол – сакам да бидам кучето што Бранка мисли дека сум? Дали она што го чувствува кон неа е безусловна љубов? Маџнаун, едно од 15-те кучиња во спомнатиот роман, никако не може да сфати за што му зборува неговата сопственичка, Нира, кога зборува на оваа тема.

    [Ѓорги]

    „Можеби најфрустрирачкиот момент – за обајцата – дојде кога Нира го праша Маџнаун дали некогаш сакал друго куче. Како и во случајот со Бог, тој немаше никаква претстава што значи зборот љубов. Нира се обиде, колку што можеше, во текот на неколку денови, да му пренесе некакво чувство за значењето на зборот, но за Маџнаун нејзините дефиниции беа противречни, фрустрирачки и нејасни.

    Немаше кандидати за претпоставената љубов на Маџнаун. Неговиот господар? Не, ако мораше да избере само еден човечки збор за со него да го изрази тоа што го чувствуваше за него, ќе го избереше зборот лојалност. По некое време Маџнаун беше убеден дека кога Нира зборува за ’љубов,’ зборува за нешто што за него секогаш било и ќе остане неразбирливо.“

    (I love you/кучешко завивање)

    [Љупка]

    Рундо, Роли, Чапо, Беки, Ребел, па имаше една Кадифка со три кученца ама сега во меморијата ми останале само како дебелки суштества а имињата сум ги заборавила, нормално. Па Гордон…

    Ова е мајка ми, Љупка, дефинитивно најголем љубител на животни што го познавам. Ова во рамките на семејството било и благослов, но и оптоварување. Колку само кучиња сме исплакале, затоа што биле прегазени, отруени или умреле од природна смрт. Списокот е долг, а редењето на нивните имиња звучи ко спомнување за парастос. Томи, Кардаш, Алба…Но што се однесува до лојалноста, една приказна се издвојува:

    Значи Ребел беше еден уличен пес што така го прибрав во дворот уште кога бев со моите родители. Беше нешто повреден, веќе возрасен пес. Е сега татко ми ниту сакаше, ниту мразеше кучиња, ама беше така импулсивен човек и во некој момент му дошло просто да се отараси од него. И не знам како и со кого успеал да го смести во багажник и да го истовари во некој град кајшто одеше на службени патувања. Многу е жално кога суштество што го сакаш, животно што го сакаш, ти умира на раце, ама ми се чини уште потешко како продолжителен стрес, е кога не знаеш што се случило со него и стално го довикуваш и наслушнуваш и чекаш, а него го нема. И тоа мене ми се случи. Така лавирав може два месеца меѓу надеж и безнадежност. И еден ден просто знаев дека е тука. Истрчав во двор, и навистина го најдов таму коска и кожа и со уши разресени и со муцка расцепена, и се растрчав со некои садови со храна со вода, ама тој не ја прими понудата, не ја ни помириса туку само ми ја стави главата во скут и почна, еве верувај, да плаче.

    Оваа случка до некаде е разбирлива затоа што мајка ми претходно го чувала Ребел. Но уште поинтересно е кога одиме по улица, и одеднаш куче, појдено по својот пат, ќе ја издвои од другите минувачи:

    Просто ќе тргне кон мене или срамежливо или повесело, зависи од неговото животно искуство, темпераментот, и ќе тргне кон мене, и ќе дојде, па ќе мафта со опаш, па као нешто се израдувало. А ниту носам храна, ниту го повикувам. Па уште ако во околината има негови другари, оти нели по град тие се движат по инстинктот на чопор, со уште неколкумина, па со немушт јазик ќе им каже – „Еј, пријател“, па сите ќе дојдат, па сите ќе се поздрават, и цела свита ќе ме испрати до влез.

    Јана на истиот начин ја запознала Дара, која сега има шест години. Иако е расно куче, половина од својот живот го минала на улица, можеби како резултат на несовесни сопственици. Јана се грижела некое време за неа, а потоа, како што вели, Дара самата и кажала дека сака да живеат заедно.

    [Jана]

    Уште од малечка ги сакав животните но немав некои големи контакти, повеќе брат ми имаше контакти, фактички он ме запознаваше со животните. Меѓутоа подоцна во животот ми се створи емпатија кон животните, ми стана жал колку страдаат животните во светот, поготово во нашата средина миленичињата, и така се случи тоа да згрижувам и да се грижам за нив сега.

    Моето прво „рескју“, моето прво куче што сум го спасила од улица, сосема случајно и сосема случајно го вдомив, односно она сакаше да ја вдомам, она рече дека сака да живее со мене, и така испадна, сосема непланирано. Јас мислев дека никогаш нема да можам да имам куче, затоа што е огромна обврска, нели.

    Куче што било напуштено од сопствениците, и кое што се снаоѓало најмалку две години на улица, секој циклус раѓало бебиња, и ете така, еден ден се случи да залута во Аеродром каде што живеев јас, да ја забележам, да ја згрижам и потоа и да ја вдомам. (Илина: Како љубовна приказна звучи) Сосема, сосема (се смее)

    Можеби разбирачката помеѓу суштества од различен вид е сепак можна, иако е ризична.

    [Ѓорги]

    „Совршеното разбирање меѓу битијата не е гаранција за среќа. На пример, за совршено да го разбереш лудилото на другиот треба и самиот да бидеш луд. Превезот што ги дели овоземните суштества понекогаш е трагична бариера, но повремено е и голема љубезност. Всушност, единствените суштества што можат да постигнат ’совршено взаемно разбирање’ се боговите.“

    Вака вика Андре Алексис, авторот на „15 кучиња“, книгата што ни беше инспирација за оваа епизода. Но ние му контрираме.

    [Maла Илина]

    Моето куче се вика Стрелка и уште малку ќе полни една годинка. И јас многу ја сакам и првите два три дена ми беше тешко и стресно и после се навикнавме пошто она малку по малку почнува да разбира. И јас многу сакам кога играме заедно, кога јас ќе се покријам целата со ќебе а она ќе ме копа, тоа е многу интересно и смешно. И многу е она смешна кога прави смешни ствари нешто. И така многу ја сакам и многу сакам да ја гушкам.

    Ова е мојата имењачка, 8-годишната Илина. Сите рационализации што до сега ги направивме на односот помеѓу луѓето и кучињата ни паѓаат во вода после нејзината изјава. Две живи суштества што совршено се разбираат. И во таа спрега ја наоѓаат својата мала среќа.

    (Common People)

    Ja слушавте шестата епизода од подкастот „Обични луѓе“. Јас сум Илина Јакимовска. Продуцент – Бојан Угриновски. Книгата „15 кучиња“ во македонски превод можете да ја купите на сајтот купикнига.мк и во книжарниците на Литература.мк, и на тој начин да го поддржите и овој подкаст.

    Книгата може да се нарача TУКА

    При снимањето на оваа епизода не беше повреден ниту еден човек. До следната – (лаење, кратко ко за поздрав).

    24 min
  • „Верна и добра: душата на преведувачот“

    Има хронични болки во вратот. Видот му е нарушен а нервите истенчени. Не може да заспие смислувајќи синоними за сината боја. Додека преведува е социјално изолиран, инфициран од зборови. Каков човек е преведувачот? Како тоа се пресликува врз текстот?

    Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.

    С1Е5 ТРАНСКРИПТ

    Аудио од трејлерот за филмот Les traducteurs (Преведувачи)

    Ова е најавата за филм под наслов „Преведувачи“, од 2019. Во него главна улога имаат деветмина навидум сосема обични луѓе – преведувачи од француски на различни јазици. Затворени се во луксузен бункер, без пристап до интернет, за така изолирани и во тајност да преведат трет дел од бестселер трилогија. Бизарната идеја е на издавачот, кој не очекува дека, и покрај сè, делови од книгата ќе протечат онлајн, а тој ќе биде уценет на голема сума пари.

    (музика од трејлерот)

    Приказната е баш филмска и далеку од реална, ама сепак содржи елементи кои се препознатливи за секој оној кој се обидел нешто да преведе, и од тоа и да заработи.

    Бункерот би можел да ја симболизира осамата и клаустрофобијата која понекогаш ја чувствуваат преведувачите, борејќи се со нечиј текст во мислите, дури и кога не седат над тастатура. Злиот издавач е отелотворување на пазарот, кој притиска преведувачот да има дневна норма, да е брз и да не се занимава со толкување, туку само со механички пренос на реченици од еден во друг јазик.

    [од трејлерот]

    „I mean, look at us. We are in prison down here.“

    „Ќе го преведуваме ова ѓубре живи закопани“ – коментира преведувачот на книгата на грчки.

    „Јас сум САМО преведувач, не сум вистински автор“, вели низ солзи преведувачката на дански, откако издавачот му се потсмева на ракописот на нејзиниот роман. За потоа таа да си го одземе животот.

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Во оваа, петта епизода од подкастот „Обични луѓе“ ќе зборуваме ЗА, и СО луѓе кои се често професионално невидливи за јавноста. Тоа се оние чии грешки лесно стануваат вирална основа за „хехе“, но кои ретко се фалени за нивниот труд. Колку и да звучи необично, тој труд не е само интелектуален, туку и аргатски, чисто физички, со заглавување до доцна во ноќта.

    [Свето Серафимов]

    Јас бев меѓу првите кои почнаа од англиски: не бев првиот, имаше и други. Ама тие преведуваа по една-две, јас терав цело време. Значи тоа ми беше како втора професија да речам, го сметав за хоби, но редовно го работев. Како што работев во Нoва Македонија, така дома секоја вечер негде до 12 саатот на машината.

    Ова е гласот на Свето Серафимов, најстариот книжевен преведувач во Македонија. Разговорот со него го направив во април 2016, кога тој имаше 88 години. Елегантно облечен во светол костум и шешир, тој со јасна мисла и неверојатна меморија зборуваше за годините кои ги посветил на оваа професија, негова втора, покрај новинарството. Toгаш на неговиот список преводи имаше 102 дела и уште шест во печат. Меѓу нив и еден куп книжевни класици чие преведување на македонски на времето било основа за етаблирање на преводот како професија и за развојот на самиот јазик. Во текот на разговорот тој даде и еден добар совет:

    Мој совет до младите преведувачи е да не преведуваат буквално, најлоша работа е буквален превод. Треба секогаш треба да се води сметка кажаното да е во духот на нашиот јазик, не како што се зборува на англиски, на француски, како што зборуваме ние треба да се преведе. Можеби притоа ќе изгуби делото во стилот, но ќе добие во значењето, да се пренесе суштинското. Тоа е мојата порака. Значи секогаш да вртат речници, лексикони, да го доловат вистинското што го кажува авторот, не онака само да брзаат да исфрлат продукција.

    „Да исфрлат продукција“ е веројатно најстрашниот термин кој може да се употреби за една толку суптилна работа каков што е книжевниот превод. Во него не несмасно преведен збор, туку само една погрешно ставена запирка, може да го промени значењето на текстот. Како што би рекол Џони Штулиќ, чии преводи на класичните дела на антиката некои ги исмејуваат а други ги нарекуваат брилијантни: „Мораш да употребуваш вистински зборови. Пожелно е да ставаш запирки. Но ако човек се заебе со запирките, целата смисла се менува“

    (чукање на машина)

    Самата до сега имам преведено 12 книги, голем број текстови, нешто поезија. Но во нашата куќа муабетот за тоа како нешто да се преведе е секојдневие. Пред петнаесетина години тој беше придружен со бучно чукање на машина, сега со кликање на тастатури од три различни простории.

    (продолжува чукањето на машина)

    Една од полиците со книги ни се вика „Его трип“ и на неа се сместени сите 47 досегашни преводи на маж ми, Драган, а 48-миот е во печат.

    Годините минати во преводи нè имаат по малку изместено, и во ’рбетот и во умот. Александар, нашиот физиотерапевт, постојано нè опоменува кога ќе му се појавиме со рака која трне, или со вкочанети вратови. Eдна од дијагнозите со кои притоа нè плаши всушност звучи многу кул – лордоза. Баш благороднички.

    (барокна музика, “лордовска”)

    Но преведувачите живеат далеку од благороднички. И тоа на необичен начин се потврди во текот на правењето на оваа епизода. Ја контактирав Сара Цветановска, преведувачка од кинески, меѓу другото на романот „Златен оков“ на Џанг Ајлинг и „Промена“ на нобеловецот Мо Јан. Закажавме средба онлајн, но таа мораше да биде откажана заради приклештен нерв во вратот, аналгетици и непроспиени ноќи. За жал одлична илустрација за спомнатиот, аргатски труд на преведувачот.

    (продолжува музиката)

    [Дарко Јан Спасов]

    Прв пат кога преведував, Илина, тоа беше 99-та година…

    Ова е гласот на Дарко Јан Спасов, преведувач од чешки и словенечки. Разговорот го правевме телефонски, затоа што во моментот Дарко беше на планина, без интернет. За да го преведува Драго Јанчар.

    (продолжува)…бев студент на катедрата по македонска и јужнословенска книжевност и чешки јазик избрав, бохемистика, и открив убав свет на интересни автори. И си реков ако не апокрифите на Карел Чапек јас би ги превел помалите раскази, избрав еден од неговиот опус богат, тоа беше збирка „Кога болат забите“, а расказот „За фантазијата“.

    Но пред да се објави во списание кое денес не постои Дарко и’ го дава на читање на професорката Јадранка Владова, која претходно била лекторка во Чешка и го знаела чешкиот јазик.

    Го прегледа и ми рече  нешто не е во ред овде, овде има Дарко нелогичност. Го зеде оригиналот и виде дека зборот „клин“ сум го превел како „клин“, сум го спуштил на нај…на првото скалило на пренесување збор на друг јазик. И рече, во овој случај не се работи за клин како клинец или клин за цепење дрва итн., овде се работи за скут, женска скутина. И тогаш сфатив дека целиот расказ сум го сфатил погрешно, и целата таа сценографија и поставеност на „актантите“, како што таа ќе речеше. Само еден збор ме измести. Ме измести ама и ме постави во еден колосек, дека треба мошне претпазливо да се пристапува со преведувањето. 

    Тој колосек после дваесет години преведување го има однесено Дарко во различни правци. Ако нешто притоа научил е да се штити од преведување дела кои го вознемируваат. Затоа што преводот е соживување со светогледот на авторот или на неговите ликови. А тој може да биде гнасен.

    За мене беше тоа обидот да се пробијам низ неговиот расказ, не би го именувал словенечки автор, кога раскажува една гнасна приказна за перверзниот однос помеѓу татко и ќерка

    Тогаш си помислив дека ако треба да се пробијам низ ова тогаш треба да направам дистанца меѓу мене како преведувач и авторот како извор, ама тоа е гнасно и не би го препорачал никому.

    (Common People)

    Драган, Сара, Дарко – сите нивни преводи на македонски се истовремено и единствените во нашата преводна книжевност. Да се направи споредба на два и повеќе преводи на едно исто дело во неа е тешко.
    За ова имам две можни објаснувања. Прво, за да се добие поширок опсег на преводи, особено на класиците, историски било попрактично енергијата и парите да се доделат на различни, а не на преводи на едно исто дело. Второ, издавачите се многу помотивирани да платат процент од хонорарот за препечатување на постоечки превод, отколку да вложуваат во сосема нов. Сепак, издвоив неколку такви примери:

    Слушнете ја првата реченица од „Улис“ на Џејмс Џојс, во превод на Свето Серафимов, објавен далечната 1977. Убавиот глас е на актерката Верица Недеска

    [Верица]

    „Дебелиот Бак Малиген достоинствено доаѓаше од врвот на скалите носејќи канче за бричење на кое лежеа вкрстени огледалце и брич“

    Истата, во нов превод на Марија Гиревска, гласи:

    „Грандиозно дебеличкиот Бак Малиган се појави на врвот на скалите носејќи сад со пена врз кој лежеа вкрстени огледалце и брич“

    Во двете верзии на една единствена реченица речиси половина од зборовите се различни. Дебелиот од првиот превод е ГРАНДИОЗНО дебелиЧОК во вториот. ГРАНДИОЗНО е веројатно употребен од причина која има врска со последниот збор во романот, во што сега нема да навлегуваме. „Канче за бричење“ од првата, во втората верзија е „сад со пена“, што е многу поблиску до оригиналот, во кој Џојс нè држи во благ с’спенс за тоа за што всушност се подготвува Бак. Различно е дури и името на ликот – МалигЕн наспроти МалигАн.

    (музика)

    Основа за споредба имаме кај делата на Шекспир, на тројца наши преведувачи – Ацо Шопов, Богомил Ѓузел и Драги Михајловски. Разликите во преводот се очигледни дури и кај самите наслови на делата, освен оние кои се лични имиња па не се преведуваат. На пример „Како што милувате“ во верзијата на Ѓузел наспроти „Како ви е арно, така“ кај Михајловски за Аs You Like it. Или славната реплика од Хамлет која кај Шопов гласи – „Да се биде или не“, а кај Михајловски „да ме има или да ме нема“.

    Ајде да споредиме неколку стиха од Сонетот број 66 на Шекспир.

    Прво во препев на Драги Михајловски:

    [Верица]

    66

    Уморен од сè ова, за смрт успокојувачка молам,

    што заслужноста, гледам, понижена е во беда;

    и бедната ништост зацарена во раскош гола

    и најчистата верба прекршена и мошне бледа;

    Истиот сонет во препев на Љупчо Бочваров:

    66

    Уморен од сето ова, кон смртта ми се ита:

    наспроти заслужноста, падната и поразена,

    гледам како израдувани никаквеци се китат

    со триумф врз чистата вера в кал згазена.

    И само еден површен поглед, на пример врз римите, покажуваат големи разлики: во првиот превод молам/гола, беда/бледа; во вториот ита/китат, поразена/згазена. Всушност во двата превода на четирите стиха има само два истоветни зборови – уморен и заслужност.

    (музика)

    И уште еден пример, овој пат од италијански – песната Бдеење на Џузепе Унгарети. Најпрвин во препев на Живко Гроздановски.

    Цела една ноќ
    фрлен крај 
    соборец
    масакриран
    со устата
    озабена
    кон полната месечина
    со вкочанетоста
    на неговите прсти
    набиена
    во мојата тишина
    напишав
    зборови полни љубов

    Никогаш не сум бил
    Толку
    приврзан за животот.

    И во превод на Наташа Сарџоска.

    Цела една ноќ
    зафрлен покрај
    мојот масакриран
    другар
    со својата уста
    полна разјарени заби
    завртена кон полната месечина
    со набабрени дланки
    во наплив од крв
    која продира во мојата тишина
    пишував
    писма полни со љубов.

    Никогаш не сум бил
    толку
    приврзан за животот.

    Кoи се тука разликите?
    Фрлен во првиот препев, е зафрлен во вториот.

    Соборецот е другар.
    Озабена уста наспроти разјарени заби.
    Вкочанети прсти наспроти набабрени дланки.
    И можеби највпечатливо – зборови полни љубов наспроти писма полни љубов.
    Како речиси да станува збор за две различни песни.

    Прашањето кое сакам да го поставам тука е – на што се должат толку големи разлики во препевот, односно преводот на овие и на други дела? Кои својства на преведувачот се пресудни, за преводот да звучи на еден или на друг начин?

    (позадинската музика)

    Неколку од тие својства се прилично очигледни, како:

    владеење на странскиот јазик
    владеење на сопствениот јазик
    познавање на темата (односно на делото и авторот)

    познавањето на културниот и историскиот контекст
    работливоста.

    Но на овој список на посакувани својства има и некои посуптилни и поапстрактни, и токму тие се и најинтересните.

    На пример тоа дека преведувачот треба да биде – храбар.

    [Огнен Чемерски]

    Taa храброст е многу битна, и таа храброст недостига кај многу преведувачи. Преведувачот не смее да се плаши од авторитетот на претходните преведувачи. Мора да ги предизвика на двобој.

    Ова е една од ретките сочувани снимки на Огнен Чемерски, кој почина во 2017, на 43-годишна возраст. Станува збор за интервју направено во 2013 за емисијата Културна матрица на ТВ24, од Елена Џугуманова. Во него, меѓу другото, Огнен зборува за предизвиците со кои се соочил при преведувањето на капиталното дело на Мелвил, „Моби Дик“, но и за двобојот во кој влегол со претходниот превод на истото дело на македонски, на спомнатиот Свето Серафимов.

    Сепак, одважноста на преведувачот според него не треба да значи и суетност.

    Преведувачот тука мора да ја надмине својата гордост, мора да ја надмине ароганцијата на нешто од бога дадено, затоа што јазикот го учиме, не го наследуваме само од родителите или од тетките или од учителките на училиште.

    Храброст, креативност, отсуство на суета – карактеристики кои го красеа Огнен и кои се пожелни кај секој преведувач. Што друго би требало да има на овој список?

    (италијанска музика, arija Non Pui Andrai)

    На страницата Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија, во рубриката „Библиотека“ се поместени неколку текстови од списанието Културен живот, на тема „уметноста и умешноста на преведувањето“. Еден од нив е на Живко Гроздановски, под наслов „Навраќање на преведувачкиот процес на избрани песни и раскази од Влада Урошевиќ на италијански јазик“. Во деталната анализа на преведувачката постапка, особено потрагата по соодветни рими, во еден момент се зборува за изборот на термин во стихот „Сè повеќе има луѓе што се плашат од сината боја“ од песната „Хаос“ на Урошевиќ од 1973. 

    Анализирајќи кој збор во италијанскиот би бил најсоодветен за доловување на „сината боја“ од песната, дали блу кој повеќе одговара поради запазување на римата, но е помодро сина, или аѕуро, посветлата нијанса, тој вели:

    (цитирам) Здраворазумно е да се претпостави дека авторот со „сината боја“ повеќе мислел на синилото на небото или на морето (затворен цитат).

    Хм, преведувачот треба згора на сè да биде и здраворазумен? Го прашавме Живко што подразбира под ова.

    [Живко Гроздановски]

    Во преведувањето јас ја гледам здраворазумноста на две нивоа: на првото ниво здраворазумно за преведувачот според мене е да биде креативен и да наоѓа начини што во него ќе ја одржуваат онаа радосна љубопитност. Таа е основен поттик за истражување и детално разбирање на поимите и исказите во оригиналот.

    Е сега откако сосема ќе се асимилира тоа прво ниво на здраворазумност, преведувачот би можело да се рече дека оди на едно второ ниво, отаде значењата на поимите и исказите. Тука преведувачот ја трансцендира здраворазумноста. Разумот, колку и да е здрав не е единствената алатка за спознание на нештата.

    Аха, значи преведувачите кои се САМО прецизни, учени и разумни никогаш нема да ги достигнат олимписките преведувачки височини. Потребен е дополнителен квалитет – сочувство.

    Значи во таа смисла преведувачот е должен да се ослободи од што поголем дел од сопствената личност и од разумноста, за што подлабоко да сочувствува со нараторот, со лирскиот субјект, со ликот, со атмосферата итн. Тоа веќе не е прашање на здрав разум, туку на здрава емпатија. Значи, здраворазумноста во преведувањето е неопходна, но само за да биде надмината.

    Разумот во тој момент е детронизиран. А на негово место стапува несвесното или потсвесното на преведувачот.

    А тоа заумното, тоа несвесното, е сложена материја. Во секој случај колку повеќе оригиналот допушта или бара креативност во преводот, најчесто при правење на адаптација на превод или при решавање на тие игри на зборови, толку несвесното на преведувачот ризикува, ама и мора да излезе на површина. Затоа е многу важно преведувачот постојано да има контрола над самиот себеси. Односно неговата личност да не го попречува патот помеѓу оригиналот и она што треба да биде превод.

    Значи преведувачот ќе ги искористи сите алатки кои му стојат на располагање за истражување на здраворазумното значење на текстот, за потоа

    [Живко]

    ДА СЕ МРЦНЕ ВО ЗАУМНОТО

    Ова е толку добро, што мора да се повтори:

    ДА СЕ МРЦНЕ ВО ЗАУМНОТО

    Kaко што ги одврзуваме конопените ортоми на нашето кајче и се впуштаме кон безгазерното морско пространство, така разговорот за стандарди и техники на преведувањето преминува во нешто помистично. Преводот навистина станува „транслација“ – пренос, премин. Притоа она што патува и преминува е зборот, no и нешто друго.

    (музика)

    На спомнатиот сајт на Здружението на преведувачи е поместен и текст е на Рајна Кошка Хот, под наслов „Чекајќи го вистинскиот збор“, алузија на чекањето на Годо. Во него таа меѓу другото ја анализира вечната дилема – дали е можно да се остане верен на оригиналот, а притоа да се задржи слободата на преводот? Користејќи ја симболиката на римскиот бог Јанус со две лица кои постојано го набљудуваат преведувачот, таа вели дека ова е дилема со која се соочил секој оној кој барем еднаш посакал или се обидел да пристапи цитирам – „не само со својата компетентност туку и со ДУША кон уметнички превод“.

    (истата музика)

    Eте така се заокружува сликата за нашиот замислен преведувач. Она што тој го вградува во текстот не се само вратот и ’рбетот, нарушениот вид и истенчените нерви, туку и неговата душа. А таа пустата, некогаш посакува авторот да кажал нешто што тој можеби не го кажал. Кога излезе мојот превод на романот „Зен и уметноста на поправање мотори“ од Роберт Пирсиг, ме затече еден коментар на читател. Во оригиналниот наслов на книгата e употребен зборот maintenance кој е многу поблизок со „одржување“, па оттаму поточниот превод би бил „Зен и уметноста на одржување мотори“. Можеби клучна за мојата преведувачка одлука било мојата желба не нешто да одржам, туку да поправам.

    (музика)

    Оваа епизода од подкастот „Обични луѓе“ ја посветуваме на Огнен Чемерски и на неговата преведувачка душа. Хермес, богот на преведувачите, нека го чува.

    27 min
  • „Кајчето наречено Ганџа: приказната за Чекуш #4 (финална)“

    Последна епизода во која ја заокружуваме приказната. Што се случувало после интервјуто од 2004? Како и кога умрел Чекуш? Успеал ли да се види уште еднаш со синот? Отидовме до Охрид за да се распрашаме.

    С1Е4 Транскрипт

    (бранови)

    Охрид.
    Европскиот Ерусалим со 365 цркви.

    Рано наутро е, и градот полека се буди. Еден лебед со скршено крило спокојно дреме на брегот. Чамците се лулаат како уште да се пијани од синоќешната журка.
    Љуѓе уште немат.

    Во сокачето во кое некогаш се наоѓала куќата на Чекуш сега има зграда во која се издаваат апартмани. А онаму каде некогаш бил антологискиот графит „Лута трева за лута рана“ има ирски паб. Младите келнери во него не знаат ни за графитот, ни за човекот.

    „Тино“, местото каде е правен разговорот со него во 2004, за среќа уште постои. После 16 години, Ана повторно седна на истата маса, сега со дона Франческа Маркулевска, газдарицата на хотелот и охридска снаа. Таа во 1990 со сопругот дошла во Охрид од Германија, и во Чекуш нашла и другар, и некој кој ќе ја подучува македонски. Тој пак во неа нашол некој кој ќе му помага до крајот на животот.

    [Франческа Маркулевска]

    Тука Чекушче си беше значи ко дома.

    Ол инклузив беше овде (смеење)

    (продолжува)
    А и доста македонски ме имат научено мене Чекуш. Заш ние ко дојдовме овде јас ништо не знаев. А тој германски знајше, ми кажваше вака се вика, така се вика.

    – Македонски ве научи?

    Да, да.

    Таа има само убави спомени од него, меѓу кои и анегдота за тоа како шетал со саксија канабис под рака.

    Си имаше дома една саксија, ко ќе имаше сонце ја вадеше тука покрај езеро, демек сонце да фати (смеење)

    На Чекушче се сеќава и познатата охридска докторка Жаклина Чочоровска Новаковска, која го опишува како голем дечар. На разговорот е присутен и стоматологот Ерол Аголи, кого Чекуш го спомнува во интегралното интервју како некој кому му е благодарен оти бесплатно му направил протеза. 

    [Жаклина Чочоровска]
    „На почетокот кога бев на специјализација, значи кога изигравав викенд мајка или викенд родители со мажот ми, со желба да се снајдиме во животот, беше малата моја, тогаш имаше три години, со свекрвата и со свекорот, значи покрај езеро, ко што бевме во тој ред. И Чекуш знам дека редовно си играше со нејзе, го научи нејзиниот јазик, специфично таа не знаеше ’к’ да каже, па велеше т, ти текнува, „тачи се на тајчето, да те повозам“. Така да буквално беше дечар и да ја долови детската психа.

    [Ерол Аголи] Камила им направи кажи.

    Да, камила специјално од снег им направи на сите деца, и то голема камила пред Тино. Огромна камила. Дури и некаде слика имам.

    Кога паднал затвор семејството дури му испраќало цигари.

    Заради нешто тој беше во затвор малце. Знам специјално Александра му пушташе штеки цигари, ќерка ми со свекрва ми. Значи ептен ептен немам зборови за неговиот однос со децава, и со нас беше секогаш културен. (до 1:31)

    Ја прашавме и Ана што знаела за Чекуш пред да седне на муабет со него во таа сега далечна 2004 година:

    Не го познавав лично ама кружеа нели низ Охрид, мал град е, многу анегдоти за Чекуш. Но имаше и многу етикети, многу предрасуди за него. Идејата за интервју беше заради еден проект, едно списание во рамките на проектот Слевање на маргините – градовите низ Македонија. И требаше да се фокусираме на Охрид. Јас го избрав Чекуш зошто мислев дека ќе има интересна приказна за раскажување, заради сите анегдоти и етикети што ги знаевме за него, и стварно испадна така.

    На архивските снимки кои траат со часови се забележува дека Ана полека е вовлечена во приказната, речиси заведена. Често се смее, а и виното како да почнува да дејствува. Чекуш и повозрасен се уште е шерет. Како изгледал овој разговор во споредба со други кои таа ги правела како етнолог?

    Тоа ми е битно во сите интервјуа, генерално, тоа да се надмине таа бариера на некој што интервјуира и на некој што раскажува за својот живот, а со Чекуш тоа одеше многу елегантно. Течеше ко река буквално, затоа што беше многу отворен, многу бистар и исклучително шармантен човек. А тоа што викаш за машко-женски односи јас не го почувствував така, беше џентлмен, на пример ќе ти запали цигара или ќе ти ја наполни чашата со вино. Ама го немаше тој момент. Чекуш во тој период беше на возраст на моите родители, на пример, и тоа особено ми беше интересно бидејќи беше толку многу различен од моите родители и нивните пријатели, и толку ми беше поблизок од другава група што стварно бев воодушевена од тој контакт и просто беше човек што не можеш да не го сакаш.

    Додуша кога се вратила така расположена од средбата дома, татко и не бил подеднакво воодушевен:

    Татко ми на пример кога се вратив од интервјуто, пиевме вино, бев и припита и воодушевена. И му кажувам на татко ми дека сум воодушевена, дека Чекуш е прекрасен човек, и татко ми беше прилично збунет и шокиран, зошто тој пак не мислеше така според тоа што го слушнал за Чекуш. Збунет, па можда и загрижен малку. Ама во исто време не дека татко ми не ги прекршувал нормите, не дека живеел по сите правила и прописи, ама секогаш е полесно на тој некој познат лик од околината да му наметнеш некаква етикета отколку да се соочиш сам со реалноста во наводници.

    Интервјуто навистина излегло во спомнатото списание, но мал дел, само оној за неговото детство. Следни броеви во кое приказната требало да продолжи немало.

    Па се видовме уште неколку пати, му го дадов списанието и се. Најважно од се е што тој стварно сакаше да ја раскаже својата приказна, или својата „параноја“ како што вика во интервјуто. И беше многу амбициозен во таа смисла. А мене пак ми беше многу криво дека не успеав да најдам начин како таа цела да се објави, особено откако почина. И заради тоа сеа ми е многу драго шо ти ја најде формата како да излезе, бидејќи мислам дека тој многу сакаше да си ја раскаже приказната.

    Приказната до 2004 ја раскажавме онака како што тој и ја раскажал на неа. Но што се случувало потоа? Дали повторно се виделе со Бригите?

    [Чекуш]

    А мојме викат, малце да се сексаме, дојди до Марибор ти, на пола п’т. За то вика идај. Интересно реков, ама јас шо немам пасош пустото реков нешто ми сметат тука. Иначе ќе дојдам, реков, имат и то време. Ние реков си ги знајме телата наши, реков.

    [Волкан]
    – Знам дека беше една дојдена, не беше Ерика туку беше Бригите дојдена.

    Ова е повторно Илија Волкан, охриѓанец, кој во моментов живее во Холандија, а кого го слушнавме и во претходната епизода.

    (продолжува)

    [Илина] Тој ја кажува како негова најголема љубов, што стално го вадела од ситуации.

    • Бригите?
    • Да, да.
    • Таа беше дојдена. И то таа беше дојдена па,не знам, 2010-11, така нешто.

    А дали повторно се сретнале со синот?

    [Чекуш] Ништо не знам за нив појќе. Бригите и тука ми помогна неколку пати, ги побара, така да ми пушти адреси, ми пушти телефони од синчево. Јас дека барам само од синчево само да знам нешто. Ништо немам успеано уште да најдам. Е сега евентуел, евентуел мартов… никад није касно, мартов ако напрам пасошче и ќе напрам така некако да му ја клизнам јас до таму. А сам можам да го најдам, сигурен сум. Ако не е ептен веќе ојден Африка некоја, кај шо немојш никако да го најш. Ако е во Виена, преку нивното, мр-мр-мр. Дефтерот главен нивен полицајски ќе го најдам.

    [Волкан]

    Тој знам, 2008-9, го пуштив во Травник, внук имаше таму. И беше ојден знам со автобус, го однесовме до на автобуска и беше да го види внук му.

    • Зашто 2004 вели немам пасош, вика, инаку да имав ќе одам да го барам син во Австрија. Значи ти ако си го испратил во Травник тогаш имал пасош, можел да патува.

    Да, имаше, имаше.

    Чекуш значи бил на посета на внукот од едната сестра, тогаш почината, во Босна. Но што се однесува до синот во Виена, според сите соговорници, никогаш повеќе не го видел. Човек со име и презиме како него најдовме на социјалните мрежи, но не се осудивме да чепкаме понатаму. Некои нешта можеби е подобро да останат недораскажани.

    Она што го знаеме е дека Чекуш починал во 2013. Но пред тоа некој период практично живеел како бездомник. Кај пријатели, па во бротче, па во шатор.

    [Волкан] Имаше рак на белите дробови. Значи тој во тој момент мисли дека…куќата му се урна, тој имаше куќа со едно сопче горе во сопчето немаше нитууу пенџера, значи никаква светлина.

    Ни вода немало, вели.

    Да. Имаше едно купатило преку еден ѕид, и преку надвор се излегвеше. Значи то не беше купатило, тоа беше само ВЦ. И тогаш еден период значи ко ја урнаа куќата, на местото направија зграда, тој требаше да добијат стан. И тој едно време живееше во шатор. И мислеше дека од шаторот од влагата дека нешто на белите дробови. Али јас мислам дека ете, така му било пишано.

    Тој знам дека во еден период ко беше без стан, она пошто се влечкаше така, многу многу ми беше криво, човекот при…мислам една куќа имаше разбираш..куќа..соба имаше една, то беше неговото место. И малце неблагодарно, значи тие рушеа куќава, мислам можда му дадоа пари некои во меѓувреме за да се снајде. Ама тие самите луѓе знаеа каков човек е, значи за него парите беа онака, може да ги потрошит за еден ден. Значи требаа да го вдомет него, знајш. Тој уствари беше невдомен. Знам дека едно време се влечкаше, беше едно време во шатор, послем кај Кили во станот, знајш, па пак во шатор, па после живееше во едно бротче, и после на крајот умре во бараките од Трудбеник. Мислам, умрен го најдоа, онака. 

    Јас знам тогаш дека не бев во градот и ми јавија по телефон, е вака и вака демек го прости Господ Чекуш. И да, то беше. Не се сеќавам дали беше 4 мај, али беше од тие мајските празници, така знам дека беше.

    Верзијата на дона Франческа е поинаква, дека тој последните денови ги минал во болница во Скопје, каде го однел доктор Астрид, уште едно име кое често го слушавме од нашите соговорници, како некој што помагал и се грижел за него. Како и да е, Шерафедин Керим Ферхат, наречен Чекуш, умира на 61 година, и е погребан на муслиманските гробишта во Охрид.

    (музика)

    [Волкан]

    Toj беше од оние типови, знајш, откако замина она очеквиш дека ќе го видиш пак. Пошто тука беше, на таа клупа седеше. Кога ќе излезеш знаеш дека тука ќе го најдеш. И онака, долго време ни требаше да се навикниме на неговото отсуство.

    Како дел од градот.

    Да, да. Буквално како дел од градот. Дури онака си викам фалит една биста да му се напрајт на човекот.

    Што останува после една ваква бурна животна приказна со тажен крај? И зошто воопшто бевме толку мотивирани да ја раскажеме токму неа? Ова е Ана:

    [Ана]

    Го живееше животот со полни гради. Ретко кој од нас може да се пофали со таква животна, интензивна, динамична, драматична животна приказна. И тоа е многу важно особено за малите заедници, и покрај сите етикети и предрасуди кои им ги доделуваме на таквите луѓе, заради тоа што се заслужни дека некако ги растегнуваат границите кои ние не се осмелуваме, ние другите,  обичните во права смисла на зборот луѓе, не се осмелуваме да ги преминеме така лесно.

    За многумина Чекуш бил олицетворение на слободата, во средина во која таа често била потиснувана или стигматизирана. Луѓе го земале неговото име за прекар за да бидат кул, ама џабе, оти биле плагијати.

    [Волкан]
    Дури знам она во времињата кога имаа фиксни телефони, и онака ми се јавија еден од Чекушите, лажните, и мајка ми се јави и демек кажете му Чекуш го барат. И мајка ми паника, шо има ти со Чекуш да те бара.

    Нека овие четири епизоди бидат нашата биста за Чекуш. Им благодариме на сите кои директно или индиректно учествуваа во составувањето на неговата приказна – неговите другари од паркчето пред киното, сограѓаните кои го почитувале и покрај сите етикети, оние кои ни се јавија после првата епизода велејќи дека плачеле слушајќи го неговиот глас.

    Ние му останавме должни само уште една работа.

    [Чекуш] И јас сакам уште еднаш Бригите да ја видам и ако го видам и синчево мое Едуардо, тогаш знајш шо сакам да ми се десит? Да напрајте некако на сред езеро да ме… со палење. Трак, цвеќе-меќе, дрва-мрва, так Чекуш и да се запалам и ко ќе дувнит… Тогаш слободно сакам да ме запалите. Не сакам в дупка да лежам мртов. Немам ништо против црвиве, знам дека и јас земја сум, од земја сум и прашина. Ама друго е муабетов да летниш негдека.

    (звуци на плажа)

    Еве нè во Охрид, јули е и на плажата Сараиште имат љуге. Некој во комшии го пушта Том Вејтс и All the World is Green. Одличен момент да му ја исполниме последната желба на Чекуш. Со симболично пуштање на кајчето Ганџа направено од хартија во вода.

    Истовремено со правењето на овие епизоди се случија две интересни „чекушовиденија“. Првото е во нова песна на Ласт Експедишн, „Одиме на охридско море“, која излезе истовремено со емитувањето на нашата прва епизода, а која случајно ја чувме на радио. Еден стих вели: СО ПАРИ НИЕ ТЕНКИ СМЕ/МОЖДА ЧЕКУШ ЌЕ НЕ ПРИБЕРЕ/А ЗА ПРЕВОЗ ЌЕ СЕ СНАЈДЕМЕ.

    Од бендот ни објаснија дека станува збор за човек од Пештани со исто име, за кое сакаме да веруваме дека е добиено по асоцијација на „нашиот“ Чекуш.
    Второто „чекушовидение“ е вест која ја пренесоа повеќе медиуми.

    [„спикер“] „Синоќа околу полноќ, на стариот пат од Охрид за Струга близу местото каде што реката Сатеска се влева во Охридското Езеро, запленети се близу 200 килограми марихуана. Лицето кое ја носело дрогата со кајче успеало да избега. Полицијата вели дека трага по него.“

    Патувај, Чекуш…

    (Common People)

    Јас сум Илина Јакимовска. Продуцент – Бојан Угриновски. Соработник – Ана Ашталковска Гајтановска. Гласот го позајми Андреј Татарчевски. За фотографии, транскрипт од епизодите и други материјали посетете ја нашата страница obicniluge.mk.

    21 min
  • Кајчето наречено „Ганџа“: приказната за Чекуш #3

    По одлежани 45 месеци, Чекуш излегува од затвор и засекогаш ја напушта Виена, за родниот Охрид. На почеток се чувствува како орел, кој станал врапче.

    Јутјуб верзија со титл на архивските снимки ТУКА

    Фото: Димче Коруноски

    ТРАНСКРИПТ

    С01Е03

    Кајчето наречено Ганџа: приказната за Чекуш #3

    (охридска чалгија)

    [Волкан]

    Се сеќавам на него од осумдесетите, она раните осумдесети, уште беше продавницата на Жито леб, што повеќе не постоит, близу угостителското училиште. Знам уште во бавчите наши се шеташе, од сабајле бараше полжави, пошто имаше откупна станица и обавезно во бавчите наши се движеше, и од тука се сеќавам на него.

    Ова е гласот на Илија Волкан, роден 1977. Приказната за Чекуш ме повлече, па сакав да слушнам и збор-два за него од луѓе кои го познавале и кои би можеле да ја збогатат со уште некој детал. Првите спомени на Волкан за нашиот јунак се совпаѓаат со моментот кога тој излегува од затвор во Австрија и се враќа во Охрид. Разговорот е воден преку Скајп, бидејќи Волкан веќе неколку години живее во Утрехт, Холандија.

    [Волкан]

    Од неговиот темперамент можда и од неговиот начин на живот луѓево кога ќе го видеа се плашеа, а уствари тој беше човек, од моја страна, онака да можеше душата да ти ја даде ќе ти ја дадеше. Таков човек сиромав, а со толкаво срце јас немам видено до сега.

    Јас сум Илина Јакимовска. Во третата епизода од подкастот „Обични луѓе“ ја продолжуваме приказната за охриѓанецот Шерафедин Керим Чекуш. До сега го следевме неговиот подем во виенското подземје, љубовниот живот кој е во најмала рака (накашлување) „комплициран“, патувањата низ Европа и Мароко на кои набавува роба и успешното разработување на бизнисот. Но на 23 ноември 1979 неговата среќа се менува.   

    [Чекуш] „Мојот живот многу убо одеше до ’79. 23. 11. 1979 јас паѓам в затвор.

    По неколку пријавени смртни случаи од прекумерна доза хероин, трагата на австриската полиција води до Чекуш. Осуден е најпрвин на 11 години, потоа казната се намалува на седум. Па на пет. Во затворот учи кондураџиски и дрводелски занает, и ги чека честите посети на Бригите. По одлежани 45 месеци, излегува од затвор и засекогаш ја напушта Виена, за родниот Охрид. На почеток се чувствува како орел, кој станал врапче.

    „Се вратив јас Охрид тогаш. Ме вратија тие. Нов во Охрид. Покрај езеро се шетам, долго косиште имав. Цел затвор шо го лежев немав стрижено ич од косава, бркчина тогаш пуштив, овдека си пуштив едно ко Френк Запа го емитирав.“

    (Френк Запа, Trouble Every Day)

    „С’идав Охрид, никого не познавам освен мојте стари другари. Климе, мајка ми и татко ми и уште неколку комшивчина мој. Другото беше све сиојдено од тука. Малце чудно ми беше. Параноја уште држев во себе јас, цел затвор ја чував паранојава во себе. И пред да паднам имав параноја, ми влезе една гранка и ко излегов уште ме држеше гранкава. Зашо имав многу чуден живот, многу јак живот во Виена, и одеднаш си ко од палата на сендвичара да слезиш, така ми беше, орел и врапче. Не можев да го издржам. Ама реков морам, не сакам јас да умрам реков, се спасив од хероин, шо сега параноја. Ќе ја излечам и неа. Све ми се дешаваше. Од мравка имав страв дури. Не ми беше убо некако. Све мислев, на пример ако правам муабет со тебе, све мислев дека ти ме шпиунираш, ако прам со жена ми муабет све мислам таа против мене нешто. Имам едни чудни гранки и да ги објасниш то влегвит во секој човек од 23 настапвит такво нешто до нагоре може да настапвит. Ако настапит со неправилно, ко јас толку пари шо имав, толку хероин шо имав тогаш е малку потешка, страв од се, знајш дека стално цајкани те бркат, знаеш дека стално врм-врм, вака ќе те фатат, вака ќе те убијат.“   

    Езерото и семејството постепено успеваат да го успокојат. 

    (продолжува) „Е ама дојдов овдека езерово си го прифатив убо. Мајка ми, татко ми стари, си ги прифатив, нив реков, јас ќе ве чувам. Не одам нигдека, реков. Јас не сум добар реков, ама ќе ве чувам, реков. И со езерово. Една година ми требеше јас да можам да се дружам со луѓе. Не знаев да се дружам. Друг филм, се друго. Не знам да се дружам. Сакам, не да не сакам. Не знам. Друг филм таму, друг свет таму. Од високо паѓаш на најниско овдека. И можеш чат-пат некој филм да му кажеш, а уствари доживљај свој ти е то. Као стало дека ти е за сето то. И ова шо ти го кажвам за све ова ми е стало мене. Зато и го памтам. Стало ми е многу. Нејсе. Се излечив супер овдека. Сам.“

    Додуша, голема утеха лечењето има неговата нова плантажа со марихуана.

    „Не барав ни валиум, меѓуто морав ако веќе сам се лечам, не одам кај доктори, немам ни книшки тие работи, плус сум пак сиромав сега, посадив марихуана. Ко стегнав, никој не знајт, све селендри овде. Прво овдека во угостителсково и факултетов позади беше саде нивје. Ако имат студенти овде, ама си реков тие студенти чисти се, тие одет по патека, не одет тие по бавчи, реков. И тука клав. И плус онај горичкион дел, по ендеци, еденк-ендек, крави тука, земај лепешки, напрајв еден филм невиџен. Можев и Холандија да одам да се такмичам со то шо го напрајв јас. И ќе победев, сигурен сум ќе ги победев. Нејсе. Све убо ми ојт.“

    По кратко време Чекуш повторно е во добра форма. Знаењето германски му помага да го ангажираат како водич, за „фиш пикник“. Охриѓани многу добро го памтат како шета Германки и Холанѓанки по плажите, облечен во црна танга.

    „Слушај го ова. Јас носев танга уше од тогаш. Имам тро влакненца ама тангава моја црн како шо сум убо ми стојт мене црна тангичка. И црвени имам носено бе, црвени имам носено бе. Е бели еднушка пробав, не ми стоеја мене, ко педерче ме мавет. А црни ми стоет убо. И јас на Славија, Славија дека му правев веќе, бизнисот ми беше фиш пикник да му прам на дамиве. Оди на сабајле на риба со блинкери, вкопај некоја риба в џеб, избегај му на муријата. Сепак, денџер, ама, од Господа крадам, убо е? Колку шо е нивно езерово толку е и мое. Му закажвев на кукливе чунки знаев германски знаев многу убо, фиш пикник и да ги шетам и кај сакет да ги носам, со рипчина и да му напрам таму скаричка. Све јас. Виното-миното, све од мене. Знаев јас колку требит – шо требит, колку се девојки и према тоа ќе се напумпав. Бериќет си имаше езерово полно беше со рипчина, тогаш баш 83-та јас ко дојдов, болук беше. Два пати излегвав денот по триесе кила фаќав. Секој ден. Мојш да излезиш со девојка со тие пари. Иначе ако имаш само петстотка в џеб, требит да ојш само семки да џвакаш. И на една лимонада или боза, чат-пат, да.“

    (продолжува) Ги носев сегдека. Извајв некој динар. Истовремено се запознавае со мене од светов луѓе шо стварно пафкет. Па баш мене ми беше таја темата во мојов живот, појќе со музика што сакат луѓе и пафкачи, да се дружам со нив. И така почнаја кафичиве, те ваква музика му носев јас, имав јаки музики од Виена и ми носеа, уште ми пуштаа. И по кафичиве ги пуштав, и глеам се крена екипава. Паткава отвори овдека, Ла бамба, Заро, се наполни градчево. Тамам мојот филм, живот ко шо го живеев таму, ко шо му го раскажвев, то го напраја. Е ама робава ганџа само јас имам и два – тројца пафкаја. На една рака мојш да ги бројш кои се пафкачи.

    И шиткав. Убото си го ваѓав за мене, после бербата, полнев таванот убо, и то лошото за Скопјаниве, за глумциве-мумциве, за нив беше то царица.“

    Искуството од играње виенски валцери Чекуш сега го користи за нешто друго – станува охридски Џон Траволта. Како што се отвараат дискотеки, така Чекушот се качува на шанк и игра. Најдобра партнерка му е Сузе Пештанката. А имаат и професорка – Русинка што игра на шипка. Палас, Десарет, работат за хонорар и за пијачка.

    (Beach Disco музика)

    Ако сакаш да си поминиш требит со Чекушон да си.

    (пак истата диско музика)

    Ама.
    Секогаш има ама.

    Охриѓанец му нуди соработка. Има три-четири илјади корења ганџа посадено кај Горица, да работат заедно и да делат по половина. Чекуш се премислува оти човеков пие и „му лајт муцката“. Но сепак прифаќа. И тоа точно на денот кога купува фустан, боја трула вишња на неговата нова невеста, девојка од Германија.

    „Све си купвиме, све фино лепо. Потрошив негдека шест-седумстотини, имаме уште паричка. Еден црвен убав трула вишња за нејзе ф’стан. Не сакам реков, ти во бел фустан. Сакам реков чунки јас сум поголем од тебе во години, сакам црвен еден убав кадифен, трула вишња. Таков ѝ купив. Тој беше најскапиот.

    Неисе. Ево ти ја муријава, јас паѓам. Девојчево идет со тие последни парички идат да ме извајт со кауција – немало така овде. Него го фатија и тој ме кажвит. И готово.“

    Осуден е и прекршочно и кривично. Лежи прво еден месец, па е осуден на година и пол во Идризово. Ама не сака да се предаде без борба. За да го одложи или одбегне затворот бега, најпрвин во струмичко. Таму отвара кафич со симболично име „Фри“ или „Слободен“. И сади – лубеници.

    „Отворам кафич, „Фри“, со другариве таму помош. Садам четири декара карпузи. Бостан. Сите селанки мој. Селанки малце имаја од патлиџани она зеленила во рацене, ама немаш голем проблем тука. Ноѕете му беја малце со кромпир ама немаше проблем. Чучвеја тие, инакви беа во сексот тие. Сељанки, брат. Обавезно сакат да ти е со тебе. Одма да те нападнет зато шо не си од нивното село.“

    (Freedom – Jimy Hendrix)

    Идејата е од кафичот и од бостанот да заработи две илјади марки и преку Богородица да избега за Грција, потоа со бротче до Бриндизи. Од таму да го земе другар и да го донесе до Холандија, за заедно да отворат кофи-шоп. Но планот не успева. Причината – Чекуш се заљубува.

    „Се заљубив во една убава жена тамошна, шо беа нивите нејзини. Од Стојаково. Таа имаше две ќерки, супер. Маж имаше. Не ми беше баш другар ама во то друштво се пикаше тој кајшто одев јас. Се залуби и та во мене. Јас во неа исто. Пуфче црно катран. Мало цицлесто, бумбарче. Малечко вака ама ниско, набиено, работливо девојче. И плус мераклија ногу, онака, напредна. Ми викат: ти си Господ бе, јас имам маж, ама тој наместо љубов, ме бијат. Моја си ко така. Само шо реков моја си и моја беше.“

    Мажот дознава и доаѓа по Чекуш. Овој не се осудува да се тепа со него затоа што:

    „Се гледаше ко монструм. Ко Абориџин беше. Ниско, набиено, само широк беше. Вака беше.“

    Со триста денари в џеб Чекуш е повторно е во бегство.

    Следна станица – Битола, кај другар што има дискотека.

    „Телефон имам тука, диск-џојек сум, на шанк сум, сегде сум. Убај девојки убај фраери од Битола се дружат тука јако. По седумсто карти на ден продаваме, келнеркиве ги плаќаме и за такси да имет и за сендвичи, за све да имет, пр-пр, телохранители тројца и за нив да имат. И за нас да имат чунки нашата пијачка беше бесплатна и во џебов некој динар за утрешната пијачка. И помина месец, месец и 15 дена поминаја. И почнаја охриџаниве да ми идет таму. Разбраја. Како разбраја-разбраја. Ми идаја те на кафе, те на вечерна забава. Пуштав какви музики сакаа. Ама од тие дојдоа и двајца Охриѓани, педери.“

    Тие според Чекуш го поткажуваат. Еден ден, рано наутро, додека кафаната се чисти и се почнува со работа, доаѓа човек со бубуљици и вика: Добар ден, добар ден.

    „-         Вие сте вика Шерафедин Керим?

    –           Јас сум, велам.

    И све мислев некој го имат пуштено да го почастам поубо.

    –           Важит – му велам – седни, шо ќе пијаш, шо сакаш, шо да ти напрам за лапачка, толку рано, прв ми идаш ти, кој сте вие, од кај сте вие.

    –           Јас рече сум од Битола милицаец, а ти си рече за Идризово. Ваму, таму.

    –           Знам – му велам – за кај сум, туку чекај, реков.

    –           Не бе – викат – не брзај се, викат.“

    Ама на Чекуш му е јасно на каде оди работата. Не сака никого да поткаже. Останува една работа да среди пред да појде затвор – да се зачисти ВЦ-то.

    „И ме прибра. 24 сати Битола, од мене муабет немаше шо немаше и тука ме однесоја после Идризово. Си ги одлежав. А имав со мене, ганџа имав. Тогаш ќе напраев големи пари. Имав двеста грама украдено кокаин од аптека. Го украле луѓево, мене ми го давет. Немаш проблем. Јас сум тој. Е ама ко дојде овај копилов, на тетка Полка на мајка му: Врли го – реков – тој сјајот реков тука, вецето ни е гнасно. А тој сјајот беше 200 грама кокаин. И та:

    –           Го врлив сине – рече – го врлив.

    –           Пушти неколку пати вода?, реков.

    –           Пуштив, рече. Како го исчисти – рече – гланц го напрај. Синче сум чистела јас ама…

    А кокаинов имат јачина сите онје бактери ги ждерит. Ама ми ојде мене цел тој дил. И ојдов, си одлежав.“

    (продолжува) „И јас од ко одлежав нормално пак си дојдов Охрид, е Охрид си се средив као демек немам појќе, чист сум. Сега го живеам овај живот, Алаах, мизерен меѓутоа здрав и жив.“

    Разговорот со Чекуш во ресторанот Тино го има направено Ана Ашталковска Гајтаноска, во 2004. Како што можете да слушнете од снимките, тој е весел, расположен за муабет, па мисли дури и конечно да се жени.

    „Е сега имам една многу поинтересна идеја – влегвам во пубертет и сакам пак да се женам. Готово, финито веќе, документите веќе се давет – по улици се. И ќеф. Езерово нормално… јас можам и домазет да одам. Поголема одаја имат, а јас помала имам, така да можам и тој живот пак да го тепам од почеток. Пуфче до тебе, да фатиш цице, раче, з’ш да не, шо ти фалит. Лошо да живејш со црнец, сам. Од то полошо немат, да те отепат од ќотек. Така. И тој ми е мене муабетот бејби.“

    (мирна музика, бранови, Sea Space)

    Од трите сестри една, која живеела во Босна, е веќе почината. Починат е и братот, кој бил курир во општина Охрид и тотално спротивен табиет од Чекуш. Од старите љубови контактира само со Бригите.

    „Сега знаеш шо, сега се држам со сестра ми, сестриве две од Америка. Едната ми е покојна третата, брат ми овдека умре, и тој си еба мајката. Е јас сум сега и две сестрички и чат-пат со Бригите контактирам.

    Сега имат ќеркичка Лејла, дека ние сакавме ко ќе ни се родит ќерка Лејла ќе ја викаме реков, турско име е то. Мажена е со еден Турчин, се знаевме на времето тој беше мал тогаш, дур бев јас по затвори многу, имам паднато многу јако, после три-четири години та си фати дечко. Дека мене ме ишупираја. И така.

    И сега таја живејт со Лејла али никојпат, викат, Чеки освен тебе и Лејла, викат немат да можам никого во светов да сакам, викат. Никого, викат. Ма системче-мистемче, па музики ми пушташе баш музики што сме ги живееле на времето, на концерти што сме оделе.

    Само, викат, не барај од мене сега ова сето викат да го урнам шо го напрајв за од колку шо не сме заедно од ’79 не сме заедно, до 83та откако дојдов, така да та си напрај една фамилија. Се спаси и та беше на хероин и та се излечи самата. И јас овдека се извлеков сам.

    А мојме викат, малце да се сексаме, дојди до Марибор ти вика, на пола п’т. За то вика идај. Интересно реков, ама јас реков шо немам пасош пустото реков нешто ми сметат тука. Иначе ќе дојдам, реков, имат и то време реков. Ние реков си ги знајме телата наши, реков.“

    За Ерика и Еди од 1979 наваму не знае ништо. Но не се откажува од мислата да го најде синот.

    Ништо не знам за нив појќе. Бригите и тука ми помогна неколку пати, ги побара, така да ми пушти адреси, ми пушти телефони од синчево. Јас дека барам само од синчево само да знам нешто. Ништо немам успеано уште да најдам. Е сега евентуел, евентуел мартов… никад није касно, мартов ако напрам пасошче и ќе напрам така некако да му ја клизнам јас до таму. А сам можам да го најдам, сигурен сум. Ако не е ептен веќе ојден Африка некоја, кај шо немојш никако да го најш. Ако е во Виена, преку нивното, мр-мр-мр. Дефтерот главен нивен полицајски ќе го најдам.

    (продолжува музиката)

    Животот на Чекуш е само сенка на некогашните авантури. По кафани не оди, чат-пат на чорба. На негови 52-3 години може да се каже дека живее како сиромашен пензионер, кој навечер гледа цртани филмови во трошното сопче. По некоја паричка добива од добрите сограѓани, и од изработката на сувенири.

    „Имам и праено доста икони, имам доста и шитнато. И моите дела уште незавршени одма ги купвет, уште непочнати ги купвет. Едно името ми е многу чудно, второ секој сакат да имат еден дел и од Чекушот. И убо е то. Нек си имет сите. Имам и доста поклони даено, и многу сакам и да поклонвам. Мене да ми поклонит некој мојт да ме погодит само со добра пакета драм, цигари, драм тутун, со то мојт да ме погодит убо, или со добар џоинт мојт да ме погодит.“

    (продолжува музиката)

    Откако паднал од ролери неколку години претходно, веќе не пие како порано.

    „И така се воздржав. Си дадов сам збор за себе. А и другариве ќе ме сакет појќе, сигурен сум тука, ко ќе не сум тој Чекуш шо пијат по сто пива и сегдека кај да го видиш Чекуш в раце пиво. Ролери возам, пиво в раце. Возам ролери. Имат две – три години кај шо не возам, дека паднав еднушка убо, напраен камбана. Ги менвав само пивата празни за полни. И паднав на едно место шест месеци ми рекоја, ми рекоја колку шо си стар толку деној. Ништо, не помогна. Уше појќе толку, тродупло појќе деној.“

    Од имот има една трошна куќа на брегот. И три четири-кајчиња. Сите го менуваат името, ама едното останува цело време исто. Кајчето наречено Ганџа.

    Овдека пред куќа имам три кајчиња, четири имам. Иначе јас го кревав точно на двајсти кајчево. Значи денеска јас го кревав кајчево. До Нова Година ми беше страв, многу браној фаќаја, да не ми го земит курбан и го кренав овдека пред куќа. Чим дојт летово сега пак, пак се прает нови бои, ново фарбање, ново име. Едното останвит Ганџа. То Ганџа си останвит и готово то. Убо кајче е. Пентичка-ментичка. И во случајов ништо не е мое, а све е мое.

    (музика од Common People)

    Во следната епизода: Што се случувало со Чекуш по ова интервју, односно по 2004? Сите досегашни епизоди се снимани во услови на пандемија, што ги отежнува контактите и интервјуата. Но ќе се обидеме да одговориме на неколку прашања кои остануваат отворени. Дали се видел со саканиот син? Се сретнале ли повторно со Бригите? Кога и како умрел?

    (музика)

    Јас сум Илина Јакимовска. Интервјуто со Чекуш во 2004 го направи Ана Ашталковска Гајтаноска. Продуцент: Бојан Угриновски. За фотографии и транскрипт на оваа епизода посетете го нашиот сајт www.obicniluge.mk. Верзија со титл има на нашиот Јутјуб канал.

    Во епизодава се користени делови од песната Common People на Палп, Trouble every day на Френк Запа и Freedom на Џими Хендрикс.

    Подкастот „Обични луѓе“ е непрофитен проект на неколкумина ентузијасти.

    26 min