
Sign up to save your podcasts
Or


#CelebrateLifePodcast се врати од одмор :)
Во 23-тата епизода: ми е соговороник Ivan Atman кој што во еден период од својот живот сфаќа дека има се што му е потребно, но сепак се чувствува незадоволен. Оттука природно му доаѓа да оди во потрага по нешто подлабоко, и по патот станува тренер за емоционален развој.
Пишува за животот и цел му е луѓето да стануваат се посвесни. Преку својата искреност и отвореност допира до многу луѓе кои се отворени во срцето и кој ја препознаваат неговата гола автентичност.
Изминатиов месец се појавија неколку супер изданија кои што дефинитивно ми го земаа вниманието меѓутоа Боенка е ептен посебен проект и нешто што не сум слушнал кај нас. Lofi и DIY звукот навистина е многу актуелен последниве години. Yound Dadi звучи искрено и емотивно и музички ослободено од се. Во #CelebrateLifePodcast EP 22 гостин ми е Yong Dadi (Давид Даниловски) кој што официјално е активен на сцената последнава година, а активно се занимава од свои 14 години. Тој е од новата генерација Sound cloud артисти (платформа која што во светки рамки е во популарност кај многу артисти). Осамен и Пина колада се песните со кои што предизвика ептен внимание во јавноста, а на подкаст муабетот ни откри и повеќе за неговиот нов сингл и видео насловено како Sunset.
Артист кој што допрва има што да каже!
Слушнете го:
Матеј Фолц започнува да се занимава со музика на 16 години и публиката го запозна со песната ,,Следен Пат” заедно со Шишка од ЗиБомб, но неговиот вистински exposure и распознавање како артист го има со песната ,,Геноцид''. Тој е од новата генерација музичари кој што експериментира и не се плаши да пробува нови стилови во неговата музика која што е препознатлива нејзината свежина и навистина се распознава од се останато кај нас. Пред краток период го објави синглот ,,Мимика на среќа” кој што беше ултимативен хит и сеуште е, а неодамна ја објави и песната соработка со Дупер ,,Сменета”.
Бистра Георгиева е социолог и повеќе од 10 години работи на телевизиски и филмски проекти. Моментално работи како претставник на Креативна Европа МЕДИА-програма за финансиска поддршка на аудиовизуелниот сектор. Таа е и писател за деца. Нејзините две сликовници „Ото, ото и Ото“ и „Џиновска продавница за фантазии“ ги создаде во соработка со една од најпознататие шпански илустраторки Моника Каретеро.
Девојките од Frozen Times Drops - Софи и Ангела, две другарки што делат иста страст - фотографија и видео.
Во недела на менталното здравје многу ми е драго што имав супер соговорник fighter во секоја смисла! Во 18 епизода на #CelebrateLifePodcast ќе имате прилика да чуете каков е животот на професионален боксер. Гого Славевски живее во Мајами и од 16 години е целосно посветен на овој спорт. Има зад себе 6 професионални борби и годинава почнува да соработува со тренерот Rubio кој што е докажан и професионален Hall of Famers. Желба му е да ја претставува Македонија на Олимпијада.
Тања е монтажерка која што неуморно трага по сите форми и медиуми и не може да се класифицира што е нејзината најголема пасија дали фотографија, музика или пак филм. За себе вели дека е интроверт меѓутоа јас мислам дека совршено тоа го хендла за да си остане среќна во својот внатрешен свет! Од кога започна глобалниот lock down и напливот на креативна енергија од секаде таа започна со споделување на нејзината аудио поезија која што е дел од нејзе со години меѓутоа многу ретко сме имале прилика да ја слушнеме како твори.
Марко Стојковски е DIY промотер и издавач од Куманово, кој стои позади Boiling Point и KRAN Records. Од 2007ма до сега има организирано преку 200 концерти на бендови од 5 континенти и 10тина турнеи. Со KRAN Records od 2010 наваму има околу 20тина изданија на винили, цедеа, касети и дигитално. Покрај ова, има учествувано во други DIY иницијативи и организации како: Здружение КРАН, Алтернативен културен центар Бинго, Берза на винили Куманово, Иницијатива за 3Д принтање на медицинска опрема, како и во разни фанзини, вебзини и портали (2-3 Листа, Last Breath, Helly Cherry, критика.мк...). https://kranrecords.bandcamp.com
Михаил Петровски е дј и продуцент од Виница кој што има специфичен израз кон електронската музика. Иако на неговите изданија преовладува техно и хаус музика тој воопшто не се ограничува жанровски. До сега има издадено над 10 плочи каде што има соло изданија и соработка со разни артисти. Секоја трет вторник во месецот има своја резиденција на радио станицата: http://www.timeline-music.co.uk и неодамна го издаде и својот прв амбиент албум во ера на ковид19. Дефинитивно артист кој што ќе не изненадува во иднина.
From the publisher's feed