#CelebrateLifePodcast

#CelebrateLifePodcast

Download on the App Store

#CelebrateLifePodcast episodes

  • Мите Кузевски

    Мите Кузевски е извршен директор на Фондацијата за дебата и образование ИДЕА Југоисточна Европа и основач на ВидиВака. Образовната позадина на Кузевски е во новинарството, но ја поминува последната деценија во комбинирање нови и традиционални медиуми. Работи како консултант за стратегии за комуникација и социјални медиуми за многу меѓународни невладини организации и компании.

    Кузевски е основач на Центарот за нови медиуми, првата невладина организација во Македонија која ги промовира новите медиуми и нивната употреба. Ја основа и 140.mk – интернет страница на заедницата за корисниците на Твитер од Македонија и hash stats – интернет страница за креирање на инфографици од специфични хаштази.

    Спроведува обуки за визуелно раскажување приказни на активисти од Балканот и целиот свет, како и обуки за дигитален активизам за невладини организации и активисти.

    1 hr 12 min
  • Шеф Олег

    Шеф Олег Забазновски е школуван и дипломиран во областа за Гастрономија и кулинарство. Зад себе има 12 месечно искуство работејќи во Мишелински ресторани во Билбао и Барселона. Неговиот пристап кон храната секогаш му отвара простор за нови експерименти и вкусови. Follow: www.instagram.com/chef_shimeloloco 

    31 min
  • Lukas Pomatski

    Лука Кантарџиев, познат како Lux Kmala или Lukas Pomatski, е продуцент/артист во колективот Dope Kukjata. Тој го носи новиот бран на алтернативна музика (пост-рап) во регионот. Зад себе тој има 3 албуми (Inklingz –Tesseract, Dope Kukjata – 3018, Lux Kmala- Adam e gej, Eva ne e nevina) и штотуку го издаде својот нов албум насловен ,,Sam Doma”. Овој проект на Лука претставува склоп на повеќе артисти со кои, за време на вонредната состојба, креирше целосен албум во период од 2 недели.

    38 min
  • Leana Thaqi

    Леана Таќи: активистка, пејачка, а и првата девојка кај нас која што има завршено Ајронмен триатлон трка. Цело време си задава некакви предизвици и мора да создава нешто. Борец за еднакво општество и човек што верува дека најголемиот предизвик е да се запознаеш самиот себе.

    45 min
  • Irie Scratch
    Irie Scratch е предводникот на новата генерација диџеи во Македонија, член на Sure Shotz и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP. Иако сеуште млад, по 10 години на сцената има големо интернационално искуство, 7 сезони летна резиденција на Иос (Грција) и 2 настапи на Exit Festival.
    Тој е еден од првите диџеи што го донесе новиот хип-хоп звук тука, а неговиот проект TDFU е основата на трап сцената во државата. Постојано промовира нова музика и соработува со артисти и диџеи од различни жанрови, и е познат по своите енергични настапи полни со позитивна енергија.
    52 min
  • Марио Јовановски

    Марио Јовановски е персонален фитнес тренер и модел со повеќе годишно искуство во областа на фитнесот, тежинскиот тренинг, правилниот начин на исхрана и спортските суплементи (додатоците во исхрана).

    Инспириран од своето лично искуство, прогрес и трансформација низ годините на своето тело и здравје токму поради фитнес животниот стил, неговата пасија е промовирање, едуцирање и кревањето на свеста за и околу бенефитите на фитнесот, здравата исхрана и редовната физичка активност независно од полот, возраста и животниот стил.

    46 min
  • Радмила Живановиќ
    Радмила Живановиќ - лиценциран психолог- психотерапевт (EAGT/ECP), кариерен советник (GCDF), магистер по комуникации. Активен член на управен одбор на Комора на психолози и организатор на дел од програмите за унапредување и промоција на професијата и приватна пракса, меѓу кои и Денови на Психологија, платформа за психолошки активизам во однос на унапредување на менталното здравје.
    Својата психотераписка пракса ја спроведува во рамките на Психотерапика преку која негува и развива интегративен пристап во програмите за психоедукација, психотерапија и советување. Учествувала и организирала многубројни јавни, медиумски и конференциски презентации и психоедукации поврзани со развојот на менталното здравје на граѓаните, со акцент на деца, млади и нивните семејства. Во моментов, ја организира и координира психоедукативната рубрика #ПрашајПсихолог на порталот deca.mk, и рубриката #ШтоТиТежи на РадиоМоф, заедно со тим на колеги психолози-психотерапевти.
    44 min
  • Андреа Угриноска

    Андреа Угриноска од Скопје, моментално базирана во Лондон, е дипломиран психолог по струка, но по шарената револуција станува по активна во студентските движења и невладиниот сектор, и развива страст за меѓународна политика. Андреа е од неодамна избрана за заседавач на комитетот на млади при Советот на Европа – за прв пат во историјата оваа позиција да му припаѓа на некој од Македонија. Истовремено е основач на Советот на Човекови Права, кој претставува прогресивна платформа за соработка помеѓу Либерално Демократската Партија и невладиниот сектор на тематики од заеднички интерес.

    41 min
  • Драгана Гунин
    Драгана Гунин е психолог и театарска режисерка која што и двата правци ги спојува во еден правец кој што го нарекува интегративен театар. Дел е од независната сцена и работи со деца и тинејџери и држи чассови по глума. Активистка со опус на рамноправност во професиите.
    41 min
  • Андреј Петровски

    Андреј Петровски е магистер по дигитална форензика и во моментов е Tech директор во Фондацијата Share (sharefoundation.info). Тој го предводи тимот за итни случаи - SHARE CERT каде што им помага на медиумите и новинарите да ги знаат своите права во однос на cyber напади и приватност на интернет како и заштита на податоците. Исто така работи на Open Data и Copyright проекти, а во оваа епизода од него слушнавме како да му помогнеме на интернетот деновиве.

    44 min

About #CelebrateLifePodcast

From the publisher's feed

Podcast about everything that surround me... City life, Human rights, Cool people, New way of thinking, Progressive mindset, Humanity