#CelebrateLifePodcast

#CelebrateLifePodcast

Download on the App Store

#CelebrateLifePodcast episodes

  • Мери Ванчовска
    #CelebrateLifePodcast all around the world 🙂 Во 34 епизода соговорничка ми е Мери (Скопска легенда што не ја утињате).
    Мери изминативе 4 години живее вон Скопје, со неа направивме една паралела помеѓу живот на Балкан и живот во Шведска. Зборувавме, за тоа како пандемијава влијае врз нас, како неизбежна тема изминатава година. За нејзината промена на професија, за body positivity, за социјалниот активизам и internet bullying.
    Се на се една интересна ментална гимнастика. Уживајте!
    1 hr 9 min
  • Моника / 3ти март денот на правата на сексуалните работници
    33 Епизода на #CelebrateLifePodcast ја посветуваме на 3ти март денот на правата на сексуалните работници.
    Соговорничка ми е Моника која што е активистка на првиот Kолектив на Сексуални Работници на Балкaнот. Со Моника дискутиравме зошто се одбележува овој ден, што значат човековите права на сексуалните работници/чки и колку често се прекршувани, колку пандемијата влијаеше врз оваа работа, солидарноста на заедницата и што би се сменило доколку сексуалната работа би била дискриминирана.
    Уживајте!
    25 min
  • Ристо Аврамовски
    Во 32 епизода на #CelebrateLifePodcast гостин ми е Ристо Аврамовски Архитект и Илустратор кој што изминативе 5 години живее вон Скопје ама Скопје е длабоко врежано и токму тоа го разговаравме за менувањето на градот на солидарноста, Скопје од иднината, животот во Берлин и падемијата и односот на луѓето во овие времиња. Колку е битен јавниот простор и урбаното планирање. Архитектурата колку има удел во неговите илустрации и спојот на уметноста, што значи културата за градот, радиото како медиум и современото човештво :) Уживајте!
    1 hr 41 min
  • Double G

    Во 31 епизода на #CelebrateLifePodcast гостин ми е Double G кој што е репрезент на младата генерација dj-и и артисти. Инспириран од маалскиот живот и хип хопот културата заедно со своите другари и другарки го основаат колективот Скопски грув каде што низ низа забави ужива да ги пушта своите разновидни винили. Патувајќи низ Америка и копајќи низ културата заедно со Nastasyakish решаваат да ја отворат продавницата за плочи Wax revival store каде што им нудат на луѓето различни жанрови и епохи. Моментално е фокусиран на Амок радио и неговата резиденција 2 пати месечно каде што може да се слушнат различни концептуални сетови. Уживајте!

    47 min
  • Nastasyakish

    #CelebrateLifePodcast 30 епизода сезона 2

    Гостинка ми е Nastasyakish која што е дел од новиот бран свежи млади луѓе кои што прават нешто во градов. (Скопски groove, Wax revival store, Amok радио). Инспирирана од различни звуци и музички невообичаености таа ужива да ги споделува на подиумите и медиумите каде што е присутна. Зборувавме за тоа како е да си девојка dj-ка, чувството на припадност, слободата, индивидуалноста, диверзитетот и субкултурата и уживањето да се работи тоа што се сака.

    Уживајте!

    50 min
  • Soul Case

    Во 29 и почетокот на втора сезона на #celebratelifepodcast гостин ми е Бојан или Soul Case кој што е дел од помладата генерација на dj-и и продуценти. Со него зборувавме за неговиот најнов проект Amok Радио, журките со Oubli, развој на култура и патувањата колку се битни за развој на една личност, неговиот личен drive за промена и недоволната поддршка кон младите луѓе во средината каде што сме. Уживајте!

    48 min
  • Што ве направи среќни годинава / Христина Ѓорѓиевска

    Оваа година беше година на промени, тага, предизвици, радости итн… Ретроспектива на убави работи пандемијата ни го смени животот и на подобро и полошо. Во 28 епизода на #CelebrateLifePodcast и веројатно последна за оваа година решив да ги прашам луѓето што ги направило среќни оваа 2020.

    Оваа епизода соговорничка ми беше Христина Ѓорѓиевска новинарка од Види Вака. Редакција која што секогаш е гласот на невидливите и промените. 

    Ептен благодарам со сите вас што споделивте што ви се случувало годинава, останете добри, менувајте се и цврсто кон себе и сопствените промени!!! 

    Like, share, subscribe please!

    Пуно љубов Indog

    47 min
  • Христина Гелевска

    Во 27 епизода на #celebratelifepodcast ја имаме Христина која што живее на релација Скопје - Германија. Таа е дипломиран психолог при ФЗФ. Го започнува своето јога патешествие ~2014та година со самостојно истражување на јога асани со цел да ги почувствува и помести границите на своите тело и ум. Во оваа епизода зборувавме за јога, за менталното здравје, што значи работата на себе и колку е сето тоа битно и што значи body shaming и предрасудите кон јогата.

    40 min
  • Ненад Секирарски

    Во 26 епизода на #celebratelifepodcast гостин е Ненад Секирарски моден дизајнер кој што низ своето 27 творештво е сведок на многу социјални промени низ призма на модата кој што пред неколку години Скопје го замени за Бали. Секогаш индивидуалец и социјално ангажиран низ своето творештво со Ненад дискутиравме за неговиот професионален background, сегашноста и новите технологии во модата. Современата социјално ангажирана мода и како корпорациите делуваат низ оваа култура, што е иднината на модата, животот на Бали и работата на себе и духовниот мир. Уживајте!

    48 min
  • Tengri

    Лео ака Tengri е гостин во 25 епизода на #celebratelifepodcast

    Tengri е продуцент кој што прв пат стапи во контакт со психоделичната музика во рани 90, дел е од истата од самите почетоци кај нас. Изминативе 20 години неговата музика патува и има контакт со луѓе низ целиот свет. Сериозно музичко патешествие кој што никогаш не запира. Пред да продуцира како Tengri беше дел од дуото Atriohm кое што е светски познато и секако успешно. Во оваа епизода зборувавме како е да се патува низ целиот свет и да се живее одредена култура. Повеќе за неговата музика: https://tengri2.bandcamp.com

    40 min

About #CelebrateLifePodcast

From the publisher's feed

Podcast about everything that surround me... City life, Human rights, Cool people, New way of thinking, Progressive mindset, Humanity