
Sign up to save your podcasts
Or


Нова година нова епизода 84 по ред. Иако денес сите одмарате, и јас треба ама не можам да не работам ништо па затоа и понеделнички започнуваме у ритамот на подкастот.
Гостин ми е Мирко Попов прилично маркантна фаца за наше поднебје и посветен културен работник изминативе 30 и повеќе години. Со Мирко разговаравме за последното винилно издание на Крај Вардарот Џез сесиите во Аудио култура, скоро 300 изданија на PMG recordings од кои 13 винили. Како е да се води музички label, Периодот кој што често јас го зборувам дека Скопје беше Лондон во втората половина на 90ти на кој што често циниците што не беа присутни на тој подиум се потсмеваат. (I’m sorry you weren’t there 😜) Секако го разбиваме и митот на Порано беше боље 🧐 103јка и начинот на размислување. Слободата во општеството и дискриминацијата, комплетната подиумска автономна слободна зона во Метропол и носењето на градот во прогрес. Иднината и нај новиот културен центар во Скопје Лабораториум каде што во петок на 5ти јануари со Мирко по повод промоција на #celebratelifepodcast ќе пуштаме заедно плочи. 🥳
Во 84тата епизода слушаме:
Уживајте
Во 83тата епизода во сезона 5 гости ми беа Дина Јашари и Лука Тошев или Дина Јашари и другари :) Зборувавме што значи да си млад автор тука, животот на турнеја, наградата Милан Младеновић, свирењето низ целиот Балкан на разни места и фестивали. Инспирација за музиката, следни изданија и планови, што слушаат периодов и многу интересни други теми.
Уживајте!
Понеделнички доцнеше ЈСП па доцнев и јас :)
Слушавме:
Уживајте!
Во 81 епизода на #celebratelifepodcast AM 11.12.23 - сезона 5, гостин ми беше Диме од бендот Hardfaced, Primitive Dread и Die hard records/booking. Зборувавме за инспирацијата на неговите текстови и социјалниот ангажман, DIY стандардите и како се развива сцена и љубовта кон истата, Свирки во Охрид развој и поддршката на публиката и взаемната почит. Животот на турнеја и како е да се работи за еден од поголемите бендови во моментов Turnstile.
Овој понеделник 04.12.2023 на AM шоу во 10 часот наутро во 80та епизода започна 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🥰
Беше прилично тешко ова утро да се одржи емисијата од немилиот настан кој што сите не потресе, се обидував да не дискутирам многу околу тоа меѓутоа ме совладуваа емоциите помислувајќи на самиот грозоморен чин и убивањето на дете. Но се обидував да останам приземен колку што можев. Музиката која што ја слушавме беше емотивно смирувачка како што му доликува на понеделник наутро.
Слушавме:
Во вториот дел од подкастот ми беше гостин Андреј Марјановиќ со кого разговаравме за неговата последната изложба Политичарење, светот денеска, графиката и дизајнот и животот вон градот.
Понеделниците се посебни и се надевам дека ќе го почувствувате во епизодите. Ајде да останеме заедно во понеделник и што е најважно, само нежно кон себе и да бидеме љубезни кон себе и останатите. 🫶🏻
Месец јуни обично се оди во chill и хибернација до есен па така и АМ шоу го извози последното понеделничко утро за оваа сезона 4 или 79 епизода или 19 епизода на радио МОФ.
Ви благодарам на сите што бевте со нас (како и на техничарите Пецо и Кире) изминатите 5 месеци и што газевме и се дружевме и си ги правевме понеделниците поубави и го рефлектиравме градот во една поинаква атмосфера за нас.
Подкастот за летово го напушта овој радио формат. Во летниов распуст и ќе продолжиме да слушаме плочи и музика некаде низ градов се надевам (TBA набрзо). Ништо претенциозно ниту концептуално него буквално слушање музика, ама ај за тоа потоа.
SВОНЕШЕЕЕЕ 😂
Слушавме:
Sister Nancy, Move D, Berlioz, Lauryn Hill, Tony Allen, Adrian Younge, Leb I Sol, Theophilus London, DJ Python, Wham!, Madonna, Cakes Da Killa, Michael Mayer (Featuring Matias Aguayo), Life on Planets, Heavy Lungs, BAMBII YEИDRY, ENNY, The Other People Place, Hunee, Orbital
На 19.06.23 во АМ Шоу соговорници ќе ми бидат КЕМ разговараме за нивниот фантастичен настап на take over-от на гола планина колективот на 12тото издание на #engagemk кои се што се, што ги инспирира, влијанија, како е да си дел од новиот бран итн… дури имавме и freestyle во етер, а и мачката проба да ни остави бебе на чување :)
КЕМ се бенд ко во својата музика инкорпорира разни жанрови меѓу кои хип-хоп, инди, соул, RnB. Основани се во 2020 година во Скопје. Го издаваат нивниот прв сингл „Не си сам“, проследен со албумот "Columba Noachi" во 2022 година. Нивното најново издание е синглот „ЗАВИСТ“ (2023). КЕМ се: Катерина, Емир, Марко и Марко.
Слушавме:
Во петокот на 09.06.23 се случи 12 издание на Engage конференцијата каде што покрај одличните говорници вечерта имавме прилика (foookin weather wasn't on our side, but it was incredible at the end) да ги слушнеме најновите бендови на сцената (Niandra, Rend, Sivert, The Ooz) како и добро познатите Zanadu и КЕМ. Иако вечерта планирав од сите бендови да земам изјави и да направам еден podcast за целиот take over на stage-от во последен момент решив да се препуштам да уживам во целиот настан што макотрпно го работевме со другарите од Радио МОФ / МОФ и Гола Планина изминатиов период. Ќе се обидам да ги поканам сите бендови на AM Шоу да правиме муабет во студио.
На 12.06.2023 соговорници ми беа Занаду или Карло (вокал и гитара), Андреј (бас), Иван (тапани) и Марко на гитара кои што минатата година го издадоа својот албум Соништа од кој што имам неколку фаворити. Зборувавме за нивната музика, од каде инспирацијата за текстовите, што слушаат и кои се идните нивни планови.
Слушавме музика од:
Се слушаме наредниот понеделник во 10:00 на www.radiomof.mk/radio на #celebratelifepodcast и огромна благодарност до сите што го посетивте #engagemk gathering-от <3
76 епизода на #celebratelifepodcast понеделнички уживавме во музиката на:
#celebratelifepodcast сезона 4 епизода 75
From the publisher's feed