
Sign up to save your podcasts
Or


Јунско утринско утро низ улиците на Скопје. Јуни е месецот со еден тон мириси, меѓутоа тој од липите е најспецифичен за Скопје. (Знам, клише муабет, ама кој ве шиша – липите се дел од Скопје и од нашите мемории). Секогаш кога мирисам липи после дожд, се чувствувам како да сум паднал во шолја чај од истите. Имавме технички проблеми утрово, и додека залауфам, ми требаше време, ама се е ок. Зборував како си поминав у петокот во Бафо бар, пуштајќи плочи, и дека викендов бев на еден одличен тренинг и работев со супер луѓе. Утрински теми околу музиката и желбата кон #foreveronvacation vibe, како и колку беше добар мојот утрински тренинг :) И колку е битна искреноста во животот, итн... и се разбира каде пуштам плочи викендов.
Слушавме:
Скопско сиво утро на улиците на Скопје. Понеделнички лабава атмосфера низ оваа епизода. Зборував како си пројдов викендов, пуштајќи плочи и каде бев, и колку е убаво викендите да ги поминуваме повеќе во природа и правејќи работи што ни прават да се чувствуваме убаво. Утрово беше повеќе насочено кон музиката, и зборував за емпатијата и обзирноста кон работите околу нас. Ама нешто не ми се зборуваше многу утрово, повеќе кулирав :) Само нежно кон себе!
1. Replicant - Analiz.
2. Bob James - Dream Journey.
3. Sascha Funke - 3:1 Für Die Liebe.
4. Aswang - Inner Trip.
5. Chet Baker - Taboo.
6. Леб и Сол - Контакт је скуп.
7. Doubtingthomas - Cognitive Dissonance.
8. Kaytranada - You're the One.
9. Mantronix - Flower Child (Summer of Love).
10. Hot Chip - So Glad to See You.
11. Spacefunk - Alci.
Сончево утро низ улиците на Скопје, добро дојдовте во 103тата епизода на #celebratelifepodcast
Денес, по две недели, се вратив во студиото и во живо. Распустот помина супер. Зборував за артистите од епизодата и колку се одлични сите песни. Споделив како се забавував пуштајќи музика во Макка и во Бистро комедија, и најавив дека оваа сабота пуштам денски во Бруталиск, па дојдете да слушаме плочи. Зборував малку за Влада Дивљан и песната Милена, дека не ги разбирав Идоли како дете и мислев дека се лигави, но сега не е тоа така. Зборувам за прераното напуштање на Steve Albini и неговото гостување со Shellac во Скопје, како и колку многу јаки дји и музичари сме гледале тука. Се споменаа и 25 години од албумот на Basement Jaxx, како и 29 години од циу циу или "higher state of consciousness" на Џош Винк. Прекрасен момент од носталгија за плочите ми го донесоа другарите и другарките од дијаспора за распустов, како и стандардни теми присутни низ подкастов.
Слушавме:
Во неделата на 28.04.2024 имав прилика да бидам дел од "Каков Град?" - просторна интервенција, перформанс и музички настан во прекрасната Железничка зграда во Скопје.
Во еден едукативен процес на читање на градот, се обидовме заеднички да одговориме на прашањето: Каков Град? (Ни треба). Тука се неколку одговори, а на настанот во неделата имаше уште многу повеќе, фокусирајќи се на прашањата во која насока го гледаме нашиот иден Град.
Каков Град? - Инклузивен? Ксенофобичен? Мултифункционален? Барокен? Со (нова) универзална сала? Со нови згради? Со трамвај? Со жени? Со мажи? Со прајд? Со Роми? Демократски? Тоталитарен? Со доградено Скопје 2014? Од стиропор? Од бетон? Партиципативен? Со младински културен центар? Со пензионери? Со споменици? Антифашистички или националистички? Со Вергини? Со Пајтони? Со БРТ? Ослободени тротоари? Со млади? Без млади? Какви млади? Млади? Со независна културна сцена?
Слушнете ги: Крсте, Димитар, Мартина, Ивана, Филип, Dee, Ангела, Лени, Томе што мислат за градот, заедницата и јавниот простор.
Уживајте!
Понеделничко прекрасно пролетно утро низ улиците на Скопје! 99-та епизода во сезона 5! Зборував како добро си пројдовме на вчерашниот BBQ настан на Sure shots во Three kitchen и колку беше убаво во дворот. Понеделнички ме разбуди супер порака од другарка ми Елена: "Вратена сум, ти ги донесов плочите." Уште сум импресиониран од пролетта, па неизбежно беше и за тоа да се прозбори и дека пролетта е период на промени, и колку е убаво што во градот каде што живееме има планина и природа во која што може да уживаме. Во 100-тата епизода гости ќе ми бидат Pandemonium радио другарите Irie Scratch и Трајче (Хеј Хеј!). Викендов имаше Coachella и зборев малку за тоа. Во сабота се случува record store day во Буква и ќе пуштам плочи таму, пројдете таму. Бидете добри, внимавајте на себе и на останатите, и да бидеме по фини едни кон други. Сите поминуваме низ различни работи и состојби.
Слушавме супер музика како и секогаш:
Пролетно расцутен понеделник и убав поглед низ улиците на Скопје, исполнет со велосипеди, пешаци и маскирани лица :) 97-мата епизода во сезона 5 и благодарност кон пролетта. Зборував за промоцијата на Поп Култура и колку убаво пројде и колку е убаво што излезе оваа плоча на млади артисти. Оваа епизода му ја посветувам на Мирко Попов и она што тој го правеше за овој град и го читав неговиот текст по повод 200-тото издание на ПМГ Рекордингс. Многу ми е драго што го познавав тој човек и што исто снимивме една епизода, а разговаравме и планиравме да бидат повеќе… Живот… Културата е многу важна и битна, веќе тоа го знаете. Исто спомнав како си пројдов пуштајќи плочи на првиот пролетен ден и љубилејната 30-ка на една другарка и разни други теми. И дека музиката е прекрасна терапија. Исто спомнав колку беше лудо на концертот на Lufthansa и колкуууу беа добри и колку се бендиште. Им посакувам да ги сретне некој добар агент сега на турнејата. Слушнете го нивниот нов албум (има и видео клипови кај мене на YouTube).
Слушавме прекрасна музика како и секогаш:
Би благодарам што ме слушате во понеделник и потоа на streaming платформите.
Уживајте.
Во 96-тата епизода разговарав со Вангел Ноневски, човек кој е присутен во независната културна сцена веќе долги години, а во последниот период е доста активен со својата издавачка куќа „Аксиома“. Разговаравме за различни аспекти поврзани со музиката, а особено се фокусиравме на новата џез сцена која се развива во Скопје во последните години, истакнувајќи колку фантастично звучат сите тие нови состави и бендови и колку исто ПМГ џез допринесе врз самата таа нова сцена. Разговаравме и за тоа како се креира култура со ентузијазам и сопствено финансирање, како и за значењето на посетувањето на културни настани во еден град.
Во 100-тата јубилејна епизода, гости ми беа Даре - Irie scratch и Трајче - Tactivity од Pandamonium радио. Со нив делиме иста цел: Поквалитетна култура, музика и пристап кон сето тоа. Зборуваме за разни теми, вклучувајќи го искуството на водење на поткаст и колку е битно да се сака она што го работиме и веруваме во истото. Pandemonium заедницата и дружбата, новата музика, UK новата сцена, како и нашиот живот во културата.
Слушавме:
Culture matters, ya already know that.
И да ве потсетам: Само нежно кон себе во Понеделник!
Пролетна состојба на улиците на Скопје. Убави шарени дрвја со бои и цветовите. Мириса на пролет јееее! Повеќе слушавме музика и зборував за паранојата кога мислиш дека си ги изгубил слушалките и колку се битни во јавен превоз. Шо знам класично лабаво утро со добра музика. Мала ретроспектива како пројде неделата и дека е тапа што не можеме да идеме цело време на концерти со up to date бендови и артисти. Исто спомнав дека во недела на 24ти пуштам на денско матине во Ќоше, дојдете на пролетна дружба и фина музика + 30ти роденден на една другарка.
Бидете добри, имајте убава работна недела и да се потсетиме: Само нежно кон себе!
Слушавме:
From the publisher's feed