
Sign up to save your podcasts
Or


Темно утро низ улиците на Скопје. Пролетта полека надзира и пополека се будат дрвјата, боите и цветовите, едвај ја чекам да пристигне. Ме искинаа алергии се осеќа во гласот и на нос. За малку ќе ме бапнеше самовила на тротинет утрово на пешачка патека па зборував дека е скроз невоспитано како се однесуваат овие наши сограѓани. Спомнав дека имало оскари ама дека не сум гледал :) Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во неделата на сонце во Бистро Комедија. Спомнав дека пројдоа 13 години од албумот на ЛД Пистолеро и дека ми спомна викендов дека неговиот нов албум се микса… малку емотивен момент за Скопје и крајот на епизодата со Македонска музика. Бидете добри, имајте убава работна недела и да се потсетиме: Само нежно кон себе!
Слушавме:
Сончево утро низ улиците на Скопје. Пролетта полека надзира и пополека се будат дрвјата, боите и цветовите. Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во средата во Бистро Комедија на нивниот pasta special day. Слушаме плочи оваа среда повторно таму, дојдете.
Имавме прилика да слушнеме и нова песна од КЕМ. Зборував дека Марче и Емир малку цапнале во реге на оваа песна и дека го очекуваме нивниот албум :) Исто така спомнав за DIY фестивалот на Гола Планина - Сепак се врти на 03.03.2024.
Слушавме спора и нежна музика како за почеток на ден.
Држете се, да бидеме по фини и љубезни кон останатите и само нежно кон себе ♡✧˚ ༘ ⋆。♡˚.
Понеделнички 19.02.2024 нова епизода во живо на АМ шоу и 91тата епизода во 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🤘
Сончево утро низ улиците на Скопје. Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во средата во Бистро Комедија и колку убаво проаѓам пуштајќи ги плочите што ги сакам таму. Слушавме спора и нежна музика како за почеток на ден. Имав мал вентинг во етер кон поштата и надеж дека побрзо ќе си ги земам заглавените плочи :( Спомнав за убави спомени со некои луѓе по повод винилот на Luomo и општи АМ муабети :) Држете се, да бидеме по фини и љубезни кон останатите и само нежно кон себе. ♡✧˚ ༘ ⋆。♡˚
Слушавме:
Понеделнички 12.02.2024 нова епизода во живо на АМ шоу и 90тата епизода во 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🤘
Зборував како брзо пројде викендот, како си пројдов во средата во Бистро Комедија пуштајќи плочи на нивниот нов концепт со храна и вино. Спомнав дека не сме сами на Валентајн и дека секогаш се имаме себе, а еве и мене ќе пуштам плочи оваа среда од 21:00 повторно во Бистро Комедија па дојдете да прославиме :) Откажаната турнеја на James Blake во 2020. Обично не коментирам дневно политички теми бидејќи доволно е тешко и без политиката ама документите некако беа ептен присутни утрово на интернет па ги спомнав и нив :) Зборував исто дека викендите треба да траат подолго како и убави промени од некои драги луѓе и да бидеме по фини и љубезни кон останатите. Супер беше сабајлечки исто на chat што разменивме утрински пораки.
Слушавме:
Добродојдовте назад во понеделник и во новата 89 епизода. Како што ја започнуваме неделата, ајде да размислиме за викендот што штотуку помина. Лично, мојот викенд беше исполнет ептен и супер се забављав. Малку ми беше тапа дека на Греми наградите SZA не освои :)
Утрово, сепак, морам да признаам, не се чувствував особено зборлест. Но, тука ќе се повикам на старата поговорка за музиката - таа има начин да зборува кога зборовите не успеваат. Така да утрово решив да дозволам музиката да зборува повеќе од мене :) Понекогаш, сè што ви треба е вистинската мелодија за да ви го подигне расположението и да го постави тонот за денот што претстои. 🎶
Слушавме некои фантастични музики како и секогаш!
Понеделнички сончево утро исполнето со чист воздух. Тажното е што денес престана да вози јавниот превоз. Во мал и загаден град и те како е битно да се форсира користење на јавен превоз, а не да престане тој да функционира. Да се надеваме дека во текот на денот ќе има некаква промена околу ова. Оваа епизода зборував за Френк Синатра, и неговите искрени текстови како ја доловува суштината на сеќавањето на различните фази од животот, прикажувајќи го одминувањето на времето и емоциите поврзани со секоја возраст како и напуштањето на Marlena Shaw. Kако си пројдов пуштајќи плочи во четвртокот во Short Bus, концертот на Светлост, новата платформа Силата ЕУ младите и издавањето на новата винилна поп компилација со младите артисти. Слушавме екслузивно за прв пат во етер неиздадена песна на ПМГ - 70ти која што емотивно го претскажува овој период.
Слушавме и:
Се надевам дека бевме добро друштво утрово и се слушаме нареден понеделник!
Бидете добро.
Blue Monday или Синиот понеделник, е ден во јануари кој често се означува како трет понеделник во месецот, се смета за најдепресивниот ден во годината. Во Скопје на него се повикуваме секој понеделник по викенд триумф над животот и радоста 😎. И покрај тоа што овој ден е означен и се зборува како ужасен ден, шоуто не го одрази тоа, признавајќи дека тагата и депресијата се составен дел од животот, а емоциите се тие што не треба да се задушуваат. За оние кои секојдневно се соочуваат со овие состојби; не сте сами 🤗.
Ви благодарам за одвоеното време, слушајќи ме мене и музиката. Културата е важна, тоа веќе го знаете 🫶🏻.
И да се потсетиме: Само нежно кон себе!
From the publisher's feed