goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Средношколци изработија мини болид на Формула 1 и се претставија во Лондон

    Средношколци од средното училиште „Орце Николов“ се првиот македонски тим кој е дел од натпреварот  F1inSchools-Word finals  кој се одржа во Лондон. Станува збор за уникатен натпревар кој ги спојува науката, технологијата и спортот. Идејата е креација на мини тркачки болиди кои ќе симулираат тим на Формула 1.

    Дизајнот на Ф1 мини болидот беше навистина долг и тежок процес, особено за млади личности како нас. Најпрвин, јас цртав скица на лист хартија, која понатаму Калин во 3Д софтверот „Autodesk Maya“ ја претвораше во вистински 3Д модел.
    Следен чекор беше неговото тестирање во CFD софтвер кој детално ни го прикажуваше однесувањето на болидот при брзина приближна на 20m/s.
    Последен чекор беше изработка на CNC машина, при која внимаваме моделот да биде прецизно изработен, со цел да се запазат перформансите.
    Следното тестирање го вршевме на изработениот модел во воздушен тунел во лабораторијата за механика на флуиди под водство на проф. Виктор Илиев.
    Финалното тестирање беше спроведено на вистинска патека со цел да видиме дали се крши количката или не, вели Мирослав.

    Тимот на млади ентузијасти се вратија со големо искуство. Се надеваат дека следната година ќе се вратат и со награда. Тимот е составен од Марио Блажевски Блажевски, Мирослав Мишоски, Калин Јовановски и Мила Перинска и Никола Мишоски. Приказната за Гоце.мк ја раскажа Мирослав Мишоски. Младите дечки собрале тим, се обратиле кај професори од Машински факултет, собрале средства и достоинствено ја претставиле Македонија во Лондон. 


    Слушнете го интервјуто и уживајте. Браво дечки.


    9 min
  • Интервју со Гоце САФ

    Гоце САФ: Сите тврдат дека нашиот јазик не е наш, ама никој не ги разбира нашите МС-а во странство

    Еден од најпознатите македонски Дј-и Гоце САФ имаше своја работилница со млади луѓе во Домот на младите во Штип. После работилницата младите имаа можност да уживаат во неколку часовен музички сет.

    Во специјално интервју за Гоце.мк  Гоце САФ зборува за работилницата, за музиката за сцената, но и за политиката. Вели дека секој хип хопер треба да е контра власта и критика на политиката. Има одличен совет за младите – терајте инат!

    10 min
  • Летна поезија: Јован Котески – „Ана“

    Јован Котески е уште еден поет во плејадата македонски современи поети кои оставаат траен белег во македонската книжевна историја. Неговата „Ана“ преку призмата на интерпретација на нашата Маријана.

    Уживајте и кажете која следна песна сакате да ја претвориме во „Летна поезија“ на гоце.мк

    2 min
  • Без Притисок 02 Професор Рубин Гулабоски

    Во втората епизода на Без притисок, скоро идеален притисок 140/90. Дискутиравме за науката, условите во Македонија и за условите кои ги имаат новите научници. Слушајте и гледајте го професорот Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки на УГД заедно со вашите двајца водители – Симон и Владимир.

    1 hr 6 min
  • Без Притисок Д-р Џенгис Јашар

    Во најновото издание на подкастот Без Притисок Владимир и Симеон разговараат со својот професор по патологија Д-р Џенгис Јашар. Тие зборуваат за неговите студентски денови, за испитните прашања, за студентскиот живот и секако, за специјалноста на д-р Јашар.

    1 hr 31 min
  • Истражување: Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините

    Преку онлајн анкетите во Северна Македонија и Босна и Херцеговина дознавме кои се најчестите стравови кај младите кога е во прашање вакцинацијата против коронавирусот.

    Меѓу младите од БиХ на возраст од 13 до 37 години, 47% не се вакцинирани. Најголем процент, дури 21,1 %, не се вакцинирани бидејќи стравуваат за своето здравје после вакцинирањето.

    21 min
  • Како да напишете добра семинарска работа?

    Многу од студентите, особено бруцошите се во дилема кога станува збор за пишување на семинарска работа. Затоа, Гоце.мк се погрижи да ги добие потребните информации за она како треба да изгледа една добра семинарска работа за добивање на максимум поени.

    6 min
  • Истражување: Од што се плашат младите и дали се вакцинираат против Ковид 19?

    Првиот случај на непознатиот вирус се појави во декември 2019 година во Кина. Почетокот на 2020 стигна во Европа. Тоа беше Ковид 19.

    Научната заедница и експертите веднаш почнаа да работат на развивање на вакцини кои можат да ги намалат симптомите на вирусот или стапката на смртност. После неколкумесечно тестирање, Маргарет Кинан од Ковентри е првата на светот која прими прва доза од вакцина против Ковид 19. Тоа се случи во декември 2020 година. Првичната среќа и задоволство поради откривањето на вакцината, со што се гледаше почетокот на крајот на пандемијата, набрзо беа заменети со недоверба и страв.

    Се појавија на неквалификувани експерти кои тврдеа дека вакцината е опасна, дека предизвикува неплодност, дека во неа се кријат чипови за следење. Медиумите водени од сензационализмот и „ексклузивитетот“ дадоа придонес во ширење на општ страв и збунетост.

    18 min

About goce.mk

From the publisher's feed

Подкаст на goce.mk