
Sign up to save your podcasts
Or


Во првата епизода со притисок 160/110 се дискутираше за вистините и заблудите околу фитнесот и здравиот живот! Гостин: Д-р. Александар Стојменов Водители: Симеон Стојанов https://instagram.com/simeonnestojano... Владимир Панев https://instagram.com/vladimir_panev?...
За време на Ковид пандемијата , иако со две малолетни деца , не успеав да си го остварам правото за минимална плата и да бидам дома со најмилите, вака ја почнува својата несреќна приказна мајката Бисера Кафтанова, од Штип, која останала без работа за време на актуелната Ковид пандемија. Објаснува дека маневарот на текстилната фабрика во која работела, ја чинел скапо – да остане без ангажман.
Пишува проф. Д-р Трајче Стојанов
Деновиве се навршуваат 200 години од раѓањето на еден од најголемите руски, но и светски писатели Фјодор Михајлович Достоевски. Роден е 1821 година во Москва, во не многу имотно и секако не многу среќно семејство. Мајка му рано починала од туберкулоза. Татко му, инаку доктор бил насилен алкохоличар, кому Достоевски цел живот не му простил. Во еден од неговите романи има мотив на таткоубиство, а творецот на психоанализата З. Фројд, дури и пишува студија насловена „Достоевски и таткоубиството“, расветлувајќи ги психолошките механизми кои стојат зад книжевникот и неговата книжевност.
За жал, сексуалното вознемирување е сѐ почеста појава. Независно дали станува збор за маж или жена, се чини дека тоа е присутно насекаде, од улиците па сѐ до работни места и универзитетски простории, статистичките податоци се застрашувачки. Според светски статистики, 97% од населението барем еднаш во животот се соочиле со некаков вид сексуално вознемирување. За тоа како да се препознаат формите на сексуално вознемирување и какви психолошки последици може да остават, разговаравме со Иван Георгиев, дипломиран психолог.
Октомври е месец за кревање свест за заболувањето АДХД што претставува дефицит на внимание и нарушување на хиперактивноста. АДХД се дефинира како состојба со многу висок степен на моторна активност како манифестација на многу висока ментална активност. Нешто повеќе за симптомите и дијагностиката ни кажа психологот проф. Ана Чучкова.
Од анкетата која ја имавме на нашиот Инстаграм профил Goce.MK (@goce.mk) • Instagram photos and videos, дознавме дека голем дел од вас не успеале да се наспијат во текот на вечерта. Слушнете како да успеете да го преживеете денот после уморна ноќ.
Денес сѐ почесто сме сведоци на така наречени агресивни испади од деца на предучилишна и училишна возраст. Иако, ваквите испади навидум можат да изгледаат како нормални за деца на таа возраст, сепак тие може да остават сериозни последици. Многумина од возрасните сметаат дека пристапот до социјални мрежи е главна причина за појава на агресивно однесување. Нешто повеќе за факторите на ваквото однесување и кој е најдобриот начин да се справиме со него ни кажа Проф. Д-р Ленче Милошева, клинички психолог и РЕБТ и КБТ психотерапевт. Професорката е согласна дека технологијата и поврзаноста преку интернет има големо влијание врз однесувањето на младите.
https://goce.mk/%d0%be%d0%b4-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b3%d0%b8-%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%bb%d0%be-%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%be%d1%81/
Дали во јавноста и во медиумите е во ред да зборуваме на дијалект? Кои дијалекти ги имаме во Македонија? Слушајте во првата епизода од НеНоќна програма.
From the publisher's feed