goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Подкаст Без Притисок: Д-р Стефан Петровски

    Д-р Стефан Петровски е гостин во најновото издание на подкастот Без Притисок на гоце.мк . Двајцата водители Симеон и Владимир ве водат низ разговорот со д-р Стефан каде зборуваат за хирургијата, а најчесто за карциномот на дојка.

    Научете и споделете.

    31 min
  • Подкаст Без Притисок: др. Борис Роглев

    Почнува втората сезона на подкастот на гоце.мк Без притисок. Двајцата водители (и самите студенти по медиицна) имаат разговори со доктори и медицински лица.

    Овојпат гостин е младиот и успешен доктор Борис Роглев.

    Уживајте и споделете.

    30 min
  • Како новинар може преку ноќ да стане „терорист“
    • Не сум сигурен дали смеам да го користам вашето име?
    • Амм....
    • Ирина, тоа е вашето вистинско име нели?
    • Да, тоа е моето име.
    • Во ред ќе го користиме само името во ова интервју. Може?
    • Да. Може така.
    • Вака го започнавме разговорот со Ирина од Белорусија, долгогишна новинарка која денес, како и многу други свои колеги, не може да се врати дома. Владата во Белорусија од 2020 година протера или принуди на егзил преку 300 новинари од земјата. Сега Ирина и своите колеги се обидуваат вестите за Белорусија да ги пишуваат надвор од земјата. Со Ирина се сретнавме надвор од Белорусија, но за ова интервју не замоли да не снимаме видео, и да не ја откриваме локацијата каде е снимено интервјуто.

      10 min
    • Истражување: Образованието во Македонија е дел од проблемот и дел од решението за иселувањето

      Гоце.мк заедно со УГД ФМ спроведоа онлајн анкета за иселувањето на младите и колку тоа е причина за некој млад човек да се одлучи да ја напушти државата. Резултатите од анкетата ги споредивме и со резултати од слични академски лонгитудинални истражувања. Двете истражувања покажуваат дека огромен дел од младите или веќе се иселиле или сакаат да се иселат. Со цел да дојдеме до одговори за причините за иселувањето анкетата на Гоце.мк и УГД ФМ таргетираше и веќе иселени млади луѓе.

      Само 25% од младите одговориле дека не се иселиле, а само 5.2% дека не планираат, останатите или се иселиле или планираат.

      16 min
    • На што се должи поскапувањето на струјата?

      Во 2021 година, светот доживеа глобална криза за електрична енергија, која се смета дека е една од најзагрижувачките во последните 50 години. Кризата најмногу се одрази на цените на електрична енергија, маслото и нафтата.

      5 min
    • Интервју - Ренос Георгиу

      Според Ренос Георгиу, основач и директор на невладината NECI EU, младите во Македонија немаат доволно можности и ресурси поради недоволните финансиски средства, но и поради тоа што Македонија не е дел од Европската Унија.

      17 min

    About goce.mk

    From the publisher's feed

    Подкаст на goce.mk