
Sign up to save your podcasts
Or


Валентина Дисоска – претседателка на Нациналната платформа на женско претприемништво
Од серијалот анкети кои ги спроведоа универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“, едно прашање константно се провлекуваше – немаме доволно и немаме квалитетна практична настава.
За волја на вистината проблемите со пракса се многу по изразени во медицинските и техничките науки, но и оние во општествените науки не се многу поразлични.
Професорката Веселинова предизвиците за практичната настава ги гледа во можноста студентите да реализираат симулации и пракса и во самите факултети. Ова е концепт кој веќе е познат на светски универзитети, а многу малку се применува на нашите универзитети. Ова значително може да го подобри искуството на студентите, вели Веселинова.
Професорката Елена Веселинова од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ детектира одредени предизвици на практичната настава. Според неа има пракса, но треба таа да дава подлабоки знаење, наместо само површни и парцијални.
Шубо Ви е вас музичко си пеете свиркате секој ден"
„Имав искуство каде што по предмет што сум имала и добивала 1ви награди, професорка пред 40 студенти ме брука дека џабе им ги трошам парите на моите и дека сум глува и не слушам. Повеќе треба?😂😂😂“
Техничките науки долги години ги следи епитетот на неатрактивност, најчесто на сметка на општествените науки, кај кои секогаш интересот за изучување е многу поголем. Трендот за иселување на младите се почувствува воопшто во сите области на образованието со недостаток и се помал број на ученици и средношколци, а нормално со поголема силина се манифестира токму кај техничките науки.
Во целата таа ситуација, сликата навидум ја подобрува големиот интерес за информатичките студиски програми, но тоа не го надоместува вакуумот кој го има кај инженерскиот кадар. Од година во година, бројот на запишани студенти на техничките факултети се намалува, а стопанството може и да дојде во ситуација да не може да го обезбеди потребниот кадар. Поради ваквите состојби, гоце.мк и универзитетските медиуми реализираа онлајн анкета меѓу студенти и средношколци за да се дознаат мислењата за причините за ваквите состојби.
Пернички, јорганчиња, лејзи бегови, но и парчиња облека кои доминираат и на модните писти…Во нив тешко ќе ги препознаете купиштата од текстилниот отпад, а сепак е таму.
Освен жените кои останале без работа од текстилните компании, свој ангажман во преработката на текстилниот отпад можат да најдат и други ранливи групи на граѓани. Затоа се работеше со сензитивни, ранливи групи на граѓани. Првата обука беше со Центарот „Порака“, се работеше со лица со посебни потреби, каде отпадот од текстилните компании да го редизајнираме во облик на маици, торби, несесери…
Практичната настава најмногу „настрадала“ како резултат на корона кризата кај студентите и средношколците по медицина. Ова го покажа истражувањетокое го спроведоа гоце.мк и УГД ФМ.
Од онлајн истражувањето кое беше поставено претходно дознавме дека повеќе од 50% од студенти и средношколци по медицина сметаат дека практичната настава е проблем на кој треба да се работи.
From the publisher's feed