goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Зошто протестираат студентите? – интервју со студентската правобранителка Савче Ѓошева

    Студентите денес одлучија

    да излезат на протест и да постават повеќе барања пред министерството за образование
    и наука. Исплатите на стипендиите беа иницијален момент за почеток на
    протестите, меѓутоа тие денес беа исплатени. И покрај ова студентите одлучија
    да излезат на протест. Дали ќе продолжат со протестите и кои се сега нивните
    барања разговаравме со Савче Ѓошева, студентска правобранителка


    3 min
  • Бојан Велевски: Штип е мојот втор дом

    Комичарот Бојан Велевски, синоќа го одржа деветтиот настап од неговата турнеја низ Македонија. Синоќа беше во Штип.

    Очигледно дека штипјани го сакаат Велевски, бидејќи сите карти беа распродадени, а, салата беше наполнета до последното столче.

    4 min
  • Младите се’ повеќе се свесни за постоење на дезинформации во дигиталниот свет

    Изминатата недела

    се одбележуваше светската недела на медиумската писменост.
    Живееме во ера каде дигитализацијата се шири мошне брзо, а со самото тоа се
    дигитализираат и медиумите, па така имаме подостапни и побрзи извори на
    информации и дезинформации.
    Многумина од луѓето не знаат како да препознаат лажни вести, и, најчесто
    веруваат во се’ што ќе
    прочитаат. Но, не се’ што е
    напишано на интернет е вистина.
    За да знаеме дали една вест е вистинита, најлесно можеме да провериме така што,
    веста ќе ја пребараме по други медиуми, или ќе ја провериме нејзината содржина.
    Исто така има и доста едукативни програми на оваа тема, кои се лесно достапни.

    2 min
  • Дебата: Младите да станат дел од креирањето политики

    Потребно е младите да се вклучуваат што повеќе

    во креирањето на политики. Важно е младите да бидат активни и дел од процесот
    за пристапување кон ЕУ. Ова се дел од заклучоците од втората дебата на
    Институтот за добро управување и евроатлански перспективи насловена „Младите се
    во ЕУ“.

    4 min
  • На предавање со Сандра Лазовска С01Е10

    Сакате да го трансформирате своето тело и да живеете здраво? Во оваа емисија се запознавме со Лолита Спирова, прехранбен технолог и фитнес тренер, кој нуди персонализирани програми за исхрана и тренинг што ќе ви помогнат да го постигнете вашето најдобро издание!
    Уживајте!

    1 hr 38 min
  • На предавање со Сандра Лазовска С01Е09

    Одлуката дали да останат во Македонија е најголем предизвик за младите лекари. Се запознаваме со Д – р Кристијан Живков кој неодамна доби признание од Лекарската комора за студент со најдобар просек на Факултетот за медицински науки при УГД – Штип и Марија Митева студентка на Факултетот за медицински науки, кои во оваа емисија ќе ги споделат своите мислења и ставови.
    Во продолжение нешто за вештачката интелегенција и некои интересни факти кои можеби не сте ги знаеле.
    Уживајте!

    1 hr 40 min

About goce.mk

From the publisher's feed

Подкаст на goce.mk