goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Гласот на младоста: Студентскиот протест како двигател на промени

    Во срцето на Белград, деновиве улиците се исполнети со

    гласови кои бараат правда, промени и подобра иднина. Студентите во Србија излегоа од амфитеатрите и ја напуштија теоријата, за да ја практикуваат моќта на своето демократско право – протестот. Тие покажаа дека младоста не е само период на учење, туку и време за дејствување. Студентите се собраа со една цел–одговорност за несреќата во Нови Сад, да ги исправат неправдите што ги доживуваат, што ги чувствуваат како товар на својот грб. Нивните барања се јасни, а нивниот отпор, инспиративен. Тоа е потсетување дека младите, со својата енергија, визија и истрајност, отсекогаш биле клучни актери во големите
    општествени промени.

    4 min
  • Оземпик: помеѓу медицината и модата

    Во светот на медицината, секој лек има своја намена. Оземпик, како лек дизајниран за луѓе со дијабетес тип 2, има потенцијал не само да го стабилизира шеќерот во крвта туку и да помогне со губење на тежината кај оние што се соочуваат со сериозни здравствени ризици. Но, што се случува кога оваа медицинска иновација станува

    алатка за брз и неконтролиран пад на килограмите?

    Во секојдневието, сведоци сме на тренд каде здрави луѓе без медицинска потреба го користат оземпик како „магично решение“ за слабеење. Тука е проблемот – помеѓу медицината и модата се отвора опасна празнина.

    3 min
  • Подобро заслужена шестка отколку надуена десетка

    Никогаш немаше да ми текне дека ќе ја цитирам мојата наставничка по математика од основно, која постојано ни велеше “подобро заслужена тројка отколку надуена

    петка”, арно ама јас денес малку ќе си поиграм со тие бројки.

    Изминатава недела по социјалните мрежи кружеше изјавата на актуелната министерка за образование:

    “За жал, имаме студенти кои дипломираат со висок просек, а немаат познавања ниту за шестка. Поради нив студентите кои ги стекнале дипломите со труд и имаат знаења одлучуваат да си заминат и да работат во

    сериозни компании во странство”.

    Што е апсолутно точно, но, ајде да погледнеме млку од

    реалниот агол.

    5 min
  • Улогата на образованието во изградбата на критичка свест кај младите

    Образованието отсекогаш било столбот на

    секое општество, но неговата вистинска моќ лежи во способноста да создаде
    критички свесни индивидуи, способни да размислуваат независно и да дејствуваат
    одговорно во светот. Денес, во ера на масовна дезинформација и брзи технолошки
    промени, образованието е поважно од кога било, не само за пренесување на факти
    и знаења, туку и за развивање на критичко размислување кај младите.

    Еден од најголемите предизвици со кои се

    соочува образованието во денешното општество е фактот што често се сведува на
    меморирање на информации. Овој традиционален пристап кон учењето е застарен во
    време кога младите имаат пристап до бескрајни извори на информации преку интернет.
    Она што е потребно е образовен систем што ќе ги учи младите не само како да
    пристапат до информации, туку и како да ги анализираат, оценуваат и користат критички.


    5 min
  • Силата на еден став

    Постојат моменти кога животот не бара од нас да се прилагодиме, туку да застанеме цврсто. Да се издигнеме над тишината, над стравот од осуда и над желбата да се вклопиме. Во тие моменти, нашиот став зборува за нас повеќе од што можат зборовите на другите. Ставот е огледало на личноста. Тој е нашиот неприкосновен печат, одраз на вредностите и уверувањата кои не’ водат низ животот. Во време кога многумина бираат да го следат текот на водата, оној кој стои зад својот став станува камен што го пренасочува текот.

    Што значи да имате став? Тоа значи да не се плашите да застанете зад своето мислење, дури и кога тоа значи да останете сами. Да имате став е повеќе од само зборување; тоа е избор, чекор што бара храброст и јасност. Ставот не е знак на тврдоглавост, туку на решителност да се поддржи она што е вистинито, праведно и значајно.

     

    4 min
  • Бојана Кацарова, студент на генерација: “Кога се работи со љубов и посветеност, успехот е неизбежен”

    За да успее во животот, човекот мора да има две работи. Прва е среќата–тоа е она кога на човекот му се укажува поволна прилика. Втората е умот, кој му овозможува на човекот да ја искористи дадената прилика, за ова чист пример е Бојана Кацарова, дипломиран доктор по Општа медицина и студент на генерација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.

    Бојана смета дека кога се работи со љубов и посветеност, успехот е неизбежен. Вели дека најголема желба во животот ѝ била да стане лекар, а тоа подразбира напорна работа и труд.
    Покрај медицината, Бојана се интересира за пишаниот збор и културата.
    Нејзина најпрепознатлива карактеристика, покрај знаењето кое го поседува, е тоа што се истакнува како родољубец и желбата да продолжи да работи во Македонија и да придонесе за подобрување на здравството.

    18 min
  • Ирена Мулачка: Ни требаат новинари на кои приоритет ќе им биде интересот на граѓаните

    Ирена Мулачка, новинарка на „Фокус“, трикратна добитничка на наградата „Никола Младенов“, е наш соговорник во серијалот „Жените го менуваат новинарството“.

    Зошто „Жените го менуваат новинарството“? Затоа што поголемиот дел од најзабележителните и највлијателни истражувачки стории во Македонија се дело на новинарки и со самото тоа се една од за жал малкуте светли точки на македонското новинарство. Втората епизода од серијалот на goce.mk „Жените го менуваат новинарството“ ја посветуваме на новинарка која во колекцијата од новинарски награди три пати ја има и онаа за Истражувачко новинарство, „Никола Младенов“. Како игра на судбината, таа и работи токму во „Фокус“ , медиумот чиј основач е токму Младенов.


    Ирена Мулачка, која јавноста ја знае во последниот период најмногу по истражувањето за скандалите на Онкологија, но претходно имаше уште неколку стории поврзани со здравството  – за смртноста на бебиња на Гинекологија, за очна лекарка која направила преку 150 погрешни операции (случај „Перде“), со кои предизвика значително внимание и влијание за подобрување на состојбите.

    Вели дека ни се потребни новинари кои ќе прават стории кои ќе предизвикаат промени, на кои приоритет ќе им биде јавниот интерес, интересот на граѓаните.

    Во интервјуто за goce.mk, Ирена Мулачка говори за предизвиците со кои се соочила при изработката на сториите, притисоците, нападите, влијанието кое го предизивикаа, како и за фактот дека поголем дел од истражувачките стории се дело на новинарки.

    29 min
  • Даскалот S02E02

    По што македонската азбука е различна од другите азбуки? Неколку факти кои сигурно не сте ги знаеле во втората епизода на Даскалот. #Македонија #македонскa #азбука #ЈАЗИК #македонскијазик #македонскаазбука

    1 min
  • Даскалот S02E01

    Вратете се со нас, вратете се со Даскалот: Нови содржини за љубителите на македонскиот јазик и историја! 

    #македонскијазик #правопис #правоговор #историјанамакедонскиотјазик #македонскакнижевност

    1 min
  • Зошто Сашка Цветковска и ИРЛ одлучија да го истражуваат криминалот на олигарсите?

    Македонското новинарство живее години на сериозни предизвици, кои се закануваат да го внесат во длабока криза (која веќе и го има зафатено). Огромно влијание на политиката во новинарството, медиуми кои зависат од државни или општински пари и се претворени во мегафони на градоначалниците, министрите, јавните претпријатија, слабо платени и вреднувани новинари, и соодветно на тоа мал интерес од младите да влезат во новинарските води.

    Во таква ситуација, светлите точки на македонското новинарство ги прават истражувачките стории кои се објавени во последните неколку години, и кои на јавноста и понудија информации за сериозни прекршувања на закони, за криминал, корупција…

    Еден момент од целата оваа приказна за истражувачкото новинарство во Македонија и токму за овие стории кои предизвикаа голем интерес во јавноста, е дека значителен дел од нив се дело на жени. Ова беше доволен повод goce.mk да направи серијал во кој преку видео приказни ќе ги претстави новинарките кои оставија белег во македонското новинарство и кои и понатаму истражуваат, им даваат на граѓаните информации кои треба да им помогнат да донесуваат одлуки кои ќе бидат во нивен интерес.

    Прва во серијалот видео приказни е Сашка Цветковска, новинарка која е дел од ИРЛ (Истражувачка репортерска лабораторија), која наметна нов стандардни во начинот на третирање на важните теми за граѓаните и општеството, а уште повеќе и нови стандарди во начинот на пренесување на тие информации до публиката, граѓаните…

    Во видео приказната посветена на Сашка, ќе дознаете зошто Сашка Цветковска новинарката ја победи Сашка Цветковска , зошто ИРЛ одлучиле да пишуваат не за „шесторазредни политичари“, туку за криминалот на бизнисмените, како е да се живее со притисоци и закани, како е да се биде жена во медиумскиот бизнис…..

    22 min

About goce.mk

From the publisher's feed

Подкаст на goce.mk