goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Си беше еднаш еден приемен кој ги покажа сите лаги

    Си беше еднаш едно образование каде сите имаа петки. Толку многу петки, што веќе изгледаа како декорација, а не како оцена. Сведителствата блескаа,родителите беа горди, наставниците спокојни, директорите задоволни. Сите среќни.

    И тогаш – бам! Приемен испит за запишување во средно училиште.50% од тие „одлични“ основци не положиле. Половина од учениците со “чисти петки” паднале на првиот реален тест.А сите се шокирани. Од власта и опозицијата, до тетка на Фејсбук:„Како е можно?!“

    Епа, ајде да ви кажам како е можно – кратокводич низ нашето школство

    4 min
  • Трета светска на праг-ние по папучи

    Во рамките на политичката теорија намеѓународни односи, особено кај автори како Ханс Моргентау и Кенет Волц,„мирот“ не се третира како трајна состојба, туку како привремен баланс на силиво анархична меѓународна структура. Историјата покажува дека големите војни незапочнуваат со врева, туку со дипломатија. Не се најавуваат — се воспоставуваатниз постапки што на почеток изгледаат рационални, а подоцна стануваатнеповратни.

    Во 2025 година, структурата на глобалниотпоредок покажува системски притисоци и знаци на фрагментација. Воздушните ударина САД врз Иран претставуваат само последен симптом на подлабокатрансформација: разградување на мултилатерализмот, делегитимација наинституциите на колективна безбедност и нормализација на конфликтот каколегитимна алатка во рамките на реалполитиката.

    4 min
  • Соништа со рок на траење

    На 15 години, сè ти изгледа можно. Си викаш: ќе завршам факултет навреме, ќе најдам работа што ја сакам, ќе патувам, ќе бидам нешто. Сонуваш големо – не затоа што си наивен, туку затоа што уште не си се соочил со реалноста.До 20-тата година, соништата веќе не изгледаат толку гламурозно. Си научил што значи умор без причина, стрес без пауза и живеење со преголеми очекувања од себе. Не се откажуваш, ама веќе не се ни смешкаш кога зборуваш за иднината, туку ја мериш по смени, испити и колку пари имаш до крај на месецот.
    Желбите, драги мои, имаат рок на траење – и знаете што? Тоа е сосема во ред.

    5 min
  • Учи дете, за да станеш келнер

    “Ќе завршам факултет за да си најдам работа… што ќе ме тера да се прашувам зошто сум го завршил факултетот”.

    Во Македонија, тоа е класичен рецепт. Од мали нè учат: учи, учи, и уште малку учи, дипломирај, и работата ќе дојде.
    Само што никој не кажува каква работа, каде, и за колку пари. Или поточно – за која навреда.Почнуваш со полна енергија. Запишуваш факултет, влегуваш со некоја идеја дека ќе научиш нешто што ќе те направи „човек од струка“. Поминуваат години, минуваат професори што читаат слајдови од 2005-та, испити што се полагаат по муабет или по нервоза, и скрипти што се пренесуваат од генерација на генерација како семејно наследство.

    4 min
  • За луѓето кои мислат дека се некој и нешто

    Во секое друштво, на секој агол, се појавува по некој — самопрогласен цар, кралица без круна, или гласен филозоф што чита само насловни страници.
    Тие што мислат дека се некој и нешто, се движат низ светот како да им должи нешто. А светот? Светот само се врти. Ниту го забележува нивниот поглед полн со самобендисаност, ниту им прави простор за црвениот тепих што го замислиле.Тешко е да им објасниш на тие што се полни со себе дека празнината во нив одѕвонува погласно од нивните зборови. Не разбираат дека вистинската вредност не бара публика. Вистинскиот човек не мисли дека е нешто — тој е. Нема потреба да се истакнува, затоа што неговото дело зборува пред него.


    3 min
  • Кирил и Методиј се враќаат - со црвени пенкала

    Денес сите пишуваме. Пишуваме статуси, пишуваме пораки, твитаме, коментираме, па дури и „се изразуваме“. Но некако, сè почесто се случува тоа пишување да нема баш никаква врска со мислење. Или со логика. Или со, да простите-со јазикот.

    Писмена неписменост не е нов вирус. Таа одамна шета меѓу нас, со диплома во рака и самодоверба во 280 карактери. Тоа е таа појава каде што личност знае да напише „професионално се однесувам“, ама со 14 правописни грешки во една реченица.
    Кога CV-то изгледа како инстаграм-опис, а службеното писмо завршува со „поззз“ на крајот.

    Иронијата е што никогаш не сме биле поопкружени со текстови. Сè е во букви-од кафе чаша со мотивациска порака, до автоматски одговор од шалтерот. Но, истовремено, никогаш не сме биле пооддалечени од вистинско значење. Како да сме ги изгубиле зборовите во моментот кога сме почнале да ги користиме масовно.


     

    Грешките не се страшни. Сите згрешиме. Но писмената неписменост не е грешка-таа е одлука. Одлука да не се чита. Да не се учи. Да се бира лесното. Да се изговори „па што ако?“ секој пат кога ќе ни се укаже дека нешто не е напишано како што треба.
    А кога „па што ако?“ ќе стане правило, тука почнува тивката катастрофа.

    Зашто писменоста не е луксуз. Таа е темел на сè: на дијалогот, на правото, на знаењето, на критичкото мислење. Писмена неписменост значи не само дека не знаеме како да кажеме нешто-туку дека не знаеме ни што сакаме да кажеме. А кога еден народ нема збор, тој нема ни иднина.

    Затоа, нека не нè лаже тишината на оваа катастрофа. Таа не крева врева, но тивко ги руши темелите. Почнува од еден пропуштен акцент, но завршува со цело изгубено значење. И не, ова не е работа само на јазичарите. Ова е наша заедничка одговорност-како родители, ученици, новинари, лидери, граѓани.

    Да почнеме со читање. Со слушање. Со мислење пред пишување. Да не ги користиме зборовите како декорација, туку како алатки. Бидејќи јазикот не е само средство-тој е показател на свеста, на вредностите, на културата што ја градиме или што ја губиме.

    Ако сакаме иднина во која зборот има тежина, треба денес да почнеме да го учиме. Да го користиме со љубов, со мисла и со почит.
    И, ако Кирил и Методиј денес гледаат од некој облак, веројатно се прашуваат:
    „Мисијата ја завршивме, ама кој го избриша упатството?“

    4 min
  • Генерација Z: најпаметни досега… или најизгубени?

    Некогаш луѓето верувале дека знаењето е моќ. Денес – знаењето е Google резултат на првата страница. Ние, генерацијата Z, сме родени во свет каде сите одговори се на дофат со еден клик. А сепак, прашањето што сите ги мачи е:
    дали сме најпаметната генерација досега… или најизгубената?

    Имаме пристап до секоја информација што некогаш била забележана. Можеме да научиме дури и кинески на Duolingo додека гледаме Netflix и скроламе TikTok. Повеќе јазици, повеќе култури, повеќе перспективи – никогаш знаењето не било подемократско. Звучиме како најподготвената генерација за иднината.

    4 min
  • Кој ја креира јавната перцепција денес?

    Некогаш медиумите беа гласот на народот. Денес пак инфлуенсерите се ехото на новиот народ: млад, визуелен, нетрпелив.
    Денес вистината доаѓа преку Instagram story со музика во позадина и попуст код за серум за лице.
    Иако звучи смешно, ова е реалноста.Инфлуенсерите го преземаа местото на класичните медиуми. Не затоа што знаат повеќе, туку затоа што имаат поголемо внимание.
    Она што новинарот ќе го напише со пет извори, инфлуенсерот ќе го каже со пет ознаки и ќе добие петпати повеќе внимание.

    4 min
  • Триесет зборови се полоши од триесет сребреници

    Често знам да им кажувам на луѓето дека дедо ми раскажува многу убави приказни. Кога тој раскажува, и светот престанува да се врти.
    Го слушаш и одеднаш не си веќе таму каде што си-туку таму каде што те води зборот.Стануваш дел од приказната. Ги живееш чувствата на јунаците, ги носиш нивните соништа, нивните стравови. И не ги забораваш. Со раскажана приказна расте човекот.
    За децата тие се мал свет на чуда, а на возрасните училиште за вистинските вредности во животот.
    Додека го слушав дедо ми, не бев ни свесна дека ме учи на нешто. Но, со текот на времето ги разбирав дедовите зборови.

    5 min
  • Успеавме ли да ја затрупаме Стерната?

    Успеавме да ја затрупаме Стерната. Ама не со песок, ниту со партали, ниту пак со камења. Туку со тишина, со молк. Со навика да не прашуваме, со страв да се слушнеме себе, со желба да бидеме нешто друго. Успеавме, зар не?

    Ја затрупавме таа Стерна што бучи во нас. Ја покривме со гласни серии, со инфлуенсери што продаваат совети за мир, со туѓи зборови што ги викаме „наши“. Ја задавивме до шепот.

    5 min

About goce.mk

From the publisher's feed

Подкаст на goce.mk