goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Мојот Став: Загадувањето како изговор

    Јас сум Даница, а ова е мојот став: 

    Загадувањето во Македонија одамна не е проблем. Тоа е алиби. Со години ни служи како совршено оправдување: зошто институциите не функционираат, зошто здравството е преоптоварено, зошто сме уморни, нервозни и без енергија, зошто секојдневието ни изгледа потешко отколку што треба да биде.


    „Не е до нас, до воздухот е.“
    И навистина-до воздухот е. Ама не само до него.
    Воздухот е загаден, но уште позагадена е логиката со која го користиме како изговор.

     

    Загадувањето стана удобна магла зад која сите се кријат, доволно густа за да ја замагли одговорноста, доволно долготрајна за да престане да предизвикува револт.

    Политиката се крие зад оправдувањето дека „е комплексно“ и дека бара време, стратегии и трпение.
    Општините се кријат зад тврдењето дека „граѓаните се виновни“, како да немаат надлежности, моќ и обврска да делуваат.
    Граѓаните се кријат зад убедувањето дека „ништо не зависи од нив“, па неучеството станува најлесната форма на учество.

    Сите сме во право. Сите имаме причина. И токму затоа ништо не се менува.
    Загадувањето стана совршен систем без виновници. А кога нема виновници, нема ни притисок. Кога нема притисок, нема ни промена.

    Најопасната честичка во македонскиот воздух не е PM2.5. Туку чувството дека ова е максимумот што можеме.
    Дека подобро од ова не постои. Дека секое барање за нормалност е претерување. Дека живот со достоинство е амбиција, а не основно право.
    Кога ќе прифатиш дека е нормално да не се дише, лесно прифаќаш и дека:
    – е нормално да се чека со години за правда,
    – е нормално системите да доцнат,
    – е нормално младите да си одат,
    – е нормално државата да не ти должи ништо,
    а ти да ѝ должиш трпение, лојалност и молк.

    Загадувањето не нè гуши само физички. Нè тренира психолошки. Нè навикнува да имаме ниски очекувања.
    Да не се лутиме премногу. Да не прашуваме премногу. Да не бараме премногу.

    И тука е вистинската катастрофа.
    Зашто кога ќе се навикнеш на лош воздух, се навикнуваш и на лоша држава.
    На нефункционални институции. На постојано „утре“. На живот во кој минимумот се претставува како луксуз.
    А чистиот воздух не е луксуз. Не е политичка програма. Не е европски сон.
    Тоа е минимум.
    И држава што не може да го обезбеди минимумот, многу тешко ќе убеди некого да остане за „подобра иднина“. Особено кога таа иднина постојано се најавува, се одложува и никогаш целосно не пристигнува.

    Загадувањето, на крајот, не е само во воздухот. Туку во прифаќањето дека вака мора да биде. А додека тоа прифаќање трае, маглата ќе остане и над градовите, и во главите.

    4 min
  • Мојот Став: Продадена слобода со вкус на ментол

    Јас сум Даница, а ова е мојот став: Никој од младите денес не почнува да пуши затоа што сака да мириса на чад.Почнува затоа што некој многу паметно му продал приказна: дека ова е избор, стил, контрола. Дека не е како „старите цигари“. Дека е почисто, попаметно, поново. Со вкус на ментол. Или боровинкаИ едно браво за тој некој. Успеал да направи „нов“ генерациски бизнис.Никотинот никогаш не бил поубаво спакуван, поубаво именуван и поубаво прилагоден за да изгледа како нешто што ти го избираш, а не нешто што те бира тебе.Електронските цигари не се проширија затоа што младите одеднаш се заинтересираа за здравјето.Се проширија затоа што некој сфати дека ако им го смениш обликот, бојата и мирисот, можеш да им ја смениш и репутацијата.И успеа. Денес не гледаш „пушачи“. Гледаш луѓе кои што „користат само уред“.Не гледаш зависност. Гледаш уред.Не гледаш проблем. Гледаш вкус. И сите ја повторуваат истата реченица:„Јас контролирам.“ Тоа е најдобриот продаван слоган што никотинот некогаш го имал. Ајде да бидеме искрени:ако навистина контролираш, зошто ти треба на секои два часа?Зошто ти смета кога ќе го заборавиш?Зошто првата работа по кафето е вкусот на ментол во облик на чад? Младите се првата генерација која расте во свет каде секоја навика е оптимизирана да стане зависност... од скролање, до никотин.Сè е дизајнирано да изгледа како избор, а да функционира како потреба. И тука државата влегува погрешно.Со забрани што доаѓаат доцна, со казни што звучат како закана, а не како грижа.Никој не објаснува зошто. Само се повторува: „не смее“. И кога на млад човек ќе му кажеш „не смее“, автоматски ќе си помисли дека му земаш нешто.А всушност, некој друг веќе му го има земено вниманието, здравјето и парите. И за жал, ова е борба против приказната дека зависноста е слобода ако е доволно убаво спакувана. Никој не вели дека сите мора веднаш да престанат.Ама време е барем да престанеме да се лажеме. Ако нешто мора да се препакува, заслади и продава како слобода,тогаш не е создадено за твое задоволство, туку за туѓ профит. Слободата не доаѓа со вкус.И не свети.И не бара полнач. Зашто ако ова навистина беше твој избор,немаше толку многу пари да се трошат за да те убедат дека ти бираш.

    4 min
  • 2:0 службено за Мозочниот Одлив: Македонија игра одбрана без играчи

    Јас сум Даница, а ова е мојот став:

    Понекогаш имам чувство како Македонија да игра фудбалски натпревар со самата себе, и пак да губи.
    2:0-службено за Мозочниот Одлив.

    Не е дека младите не ја сакаат земјата.
    Напротив. Ја сакаат премногу за да останат во брак со систем што ги малтретира.
    Па си заминуваат.

    И секој што се качува на автобус за Германија ја има истата мисла:
    „А бе, можеби оваа земја не е глупава… ама сигурно мисли дека ние сме глупави.“

    Иронично е тоа што Македонија не е со ниско IQ, таа само така изгледа кога најпаметните бегаат.

    Знаете што се случува со клас кога најдобрите ученици се префрлуваат во друго училиште?
    Остануваат само тие кои се обидуваат да преживеат меѓу хаосот, и професорот што вели:
    „А бе деца, учете, ќе ви треба во животот.“

    Да, ќе ни треба, ама очигледно во друг живот, во друга земја.

    Младите не бегаат затоа што им е тешко.
    Бегаат затоа што сфатиле дека овде е нереално тешко без реална причина.
    Систем што ја наградува послушноста, а го казнува талентот, е систем што буквално сам си го пакува IQ-то во куфер.

    Иронија број 2 е, што, Македонија не прави ништо да ги задржи талентите, но, се шокира кога ќе си заминат.

    Секој студент кој дипломира е потенцијален емигрант.
    Секој млад доктор, ИТ-ец, инженер, дизајнер, е билет за извоз.

    И додека државата стои со добро познатиот зачуден израз;
    „Ама зошто заминуваат младите?“
    Младите одговараат:
    „Епа… затоа што не сакавме повеќе да не’ водат неспособните.“

    Државата сака таленти?
    Одлично.
    Да почне со нешто едноставно, како на пример да почне да ги третира како таленти.

    И на крај, никој не се ни враќа назад.

    Ова е најстрашното.
    Не е проблем што луѓето заминуваат, светот е отворен за сите.
    Проблем е што не гледаат причина да се вратат.

    Штом еднаш ќе ја почувствуваат разликата меѓу „работа со плата“ и „работа со плата + достоинство“, играта е готова.

    И за жал, нам ни останува празна трибина.
    Тим без одбрана.
    Земја што си дозволува да биде шампион само во извоз на мозоци.

    И еве ја најболна реченица:
    Македонија не останува без интелигенција затоа што е глупава земја.
    Останува без интелигенција затоа што ја пропушта онаа што ја има.

    И затоа е 2:0 службено за одливот на мозоци. А, ако продолжиме со ова темпо, ќе биде и 3:0, 4:0, се додека не се угасне светлото...

    Младите не бараат чудо.
    Бараат нормалност.
    Плата што не испарува.
    Систем што функционира.
    Шанса да успеат без партиска книшка.

    А додека тоа го нема, мозочниот одлив ќе ја игра најдобрата игра во историјата.

    4 min
  • Мојот Став: Што ни вреди град под надзор, ако државата останува надвор од контрола?

    Јас сум Даница, а ова е мојот став:

    Кога државата се пофали со проектот „Безбеден град“, многумина реагираа како да сме направиле цивилизациски скок.
    Камерите, велат, ќе нè научеле дека црвеното светло не е украс, дека тротоарот не е паркинг, и дека улицата не е Монца во квалификации.
    Добро е тоа. Конечно нешто што ветува ред на терен.

    Но веднаш се појави прашањето што никоја камера не го снима: што правиме со остатокот од државата, онаа без објектив, каде што вистинските опасности се одвиваат секој ден, без да одминеш семафор? Да почнеме од институциите.Влегуваш внатре и те пречекува хаос што кажува сè: овде времето тече по друг календар. Не функционален систем, туку лавиринт со приемно одделение. И што е најстрашно, сите се навикнати. Тоа е најопасната небезбедност: кога распадот станува навика, а навиката-систем.

    Тендерите се посебна дисциплина. Нема камера што може да сними како милионски проекти завршуваат кај фирми што имаат повеќе лозинки отколку реализирани проекти.Тоа е таа интелектуална навреда. Камерата ќе ти пише казна за 60 километри на час, ама за тендер кој е јавна финансиска акробатика, никој не пушта снимка. А правдата? Таа тече поспоро од секој административен процес што го исмејуваме. Случаи исчезнуваат во судски фиоки како детски бајки, само што последиците се реални трагедии. Жртвите чекаат. Виновниците учат важна лекција: во оваа држава, времето е најплатениот адвокат. Урбанизмот е хаос на отворено. Градови што изгледаат како да ги планирал некој со затворени очи и коцка во рака, каде ќе падне коцката-ќе изградиме зграда.Пешаците не веруваат дека имаат предност. Велосипедистите влегуваат во секојдневна мисија за преживување. Возачите се снаоѓаат според лична философија. Камерата може да санкционира возач, ама не и децении градска неукост. Политиката само го цементира впечатокот дека државата е небезбедна.Ветувања што траат пократко од прес-конференција. Реформи што се јавуваат секои избори и исчезнуваат веднаш по нив. Институции што се менуваат со секој ветер, не градат доверба туку политички сезонски работници од кои никој ништо не очекува. И тука е суштината: „Безбеден град“ можеби ќе го среди сообраќајот.Но безбедна држава не се гради со камери. Не е проект, не е софтвер и не е надзор. Тоа е систем во кој институциите работат, правдата функционира, јавниот простор има логика, а политиката има последици. Тоа е држава во која безбедноста не доаѓа од страв од казна, туку од доверба дека некој навистина си ја работи работата. Дотогаш, камерите ќе ни покажуваат дека возиме пребрзо.Но нема камера што ќе сними држава што тапка во место, додека ние гледаме напред, а системот се движи наназад.

    4 min
  • Мојот Став: Кој и како ќе ја изведе гимназиската реформа?

    Јас сум Даница, а ова е мојот став:

    Најавената гимназиска реформа со две заеднички години и потоа префрлање во математичка или општествена насока, звучи како чекор напред, барем на хартија.
    МОН ја промовира како свеж концепт, но вистинското прашање е: дали конечно ќе се направи реформа што функционира, или повторно ќе добиеме уште една добро спакувана празна кутија?

    Две заеднички години имаат смисла. На 14 години ретко кој знае што сака да прави во животот, а различните основни училишта произведуваат различни нивоа на знаење. Подоцнежното префрлање може да израмни дел од тие разлики и да спречи насочување на учениците во погрешна насока.
    Многу европски држави одамна го применуваат овој систем. Не дека ова е македонска иновација, напротив.

    Но, да не се лажеме: реформата пропаѓа или успева не поради структурата, туку поради тоа што стои зад неа.

    Првиот проблем е загрижувачки: недостиг од наставници по природните науки и дел од јазиците. Ако нема кадар, профилирањето ќе биде карикатура, затоа што некои гимназии ќе нудат реални програми, други ќе глумат дека ги имаат.

    Вториот проблем е уште постар: програми и учебници што заостануваат зад времето. Организацијата за економска соработка и развој, одамна ни кажува дека учениците завршуваат средно без функционална писменост. Не поради децата, туку поради систем кој не се обновува. Без современи наставни материјали, новиот концепт е само нов распоред на стариот хаос.

    Третиот проблем е најнепријатен: огромниот јаз меѓу урбаните и не толку развиени средини. Додека дел од гимназиите имаат лаборатории и дигитална опрема, други работат во услови што би биле срам и за деведесеттите.
    Ако реформата не биде проследена со финансиски инвестиции, таа ќе произведе подлабоки нееднаквости отколку што постојат денес.

    Сериозна реформа мора да има мерливи цели: резултати на матура, успешна транзиција кон факултет, развиени компетенции, критичко размислување.
    Ако државата не мери ништо, тогаш и не знае ништо. И за жал, така реформите остануваат само експеримент врз цели генерации.

    Нацрт-концепцијата може да биде вистински напредок. Но, само ако носи со себе три нешта: квалитетен кадар, модерна содржина и еднакви услови во сите региони. Без тоа, ќе добиеме уште едно убаво напишано решение кое ќе го читаат само реформските комисии.

    Ако, пак, реформата конечно се направи паметно и доследно, Македонија може да го направи најголемиот чекор во средното образование по три децении тапкање во место. Време е системот да покаже дека може да се движи напред, а не само да расправа дека „сака“ да се движи.

    4 min
  • Мојот став: Култура на неказнивост – коренот кој никој не го копа

    Во Македонија секоја поголема трагедија ја шокира јавноста точно три дена. Четвртиот ден веќе почнуваме да се навикнуваме, петтиот ден си се враќаме во истите рутини, а по една недела веќе произведуваме нов скандал.

    Јас сум Даница, а ова е мојот став:


    4 min
  • Мојот став: Култура на неказнивост – коренот кој никој не го копа

    Во Македонија секоја поголема трагедија ја шокира јавноста точно три дена. Четвртиот ден веќе почнуваме да се навикнуваме, петтиот ден си се враќаме во истите рутини, а по една недела веќе произведуваме нов скандал.

    Јас сум Даница, а ова е мојот став.

    Тоа не е слабост на колективната меморија, туку навика која создава далеку поголем проблем од кој било индивидуален пропуст. А тоа е култура на неказнивост.

    Таа култура има еден многу тврд, стар и постојано игнориран корен. Корен кој никој не го копа. Ниту институциите, ниту политичарите, ниту јавноста, а, понекогаш ниту медиумите.

    Трагедијата во Кочани е најновото потсетување колку длабоко е всаден тој корен. Ако го гледаме судењето како изолиран случај, ќе го промашиме најкритичниот дел: овој процес постои не затоа што системот реагирал, туку затоа што системот претходно откажал.

    И што правиме кога системот ќе откаже? Кај нас ништо особено. Се бара виновник, се даваат остри изјави, се најавуваат „строги казни“, и сите задоволно се враќаме дома уверени дека сме „реагирале“. Само што реакцијата не е одговорност.

    Одговорност значи да се оди до коренот.
    Да се праша: кој дозволил? Кој не проверил? Кој заспал на работа? Кој слушнал, а решил да премолчи?
    Да се копа сѐ додека не стигнеме до точката каде што пропустот ќе престане да биде случаен и станува културен модел.

    Трагедијата во Кочани настана токму поради тој модел. Комбинацијата е проста и смртоносна:
    немарност + тишина + „ќе средиме“ = опасност што сите ја гледаат, ама никој не ја именува.
    Сѐ додека не биде предоцна.

    Сега, кога сме конечно во судница, повторно се обидуваме да го решиме само врвот на проблемот. Да ја исечеме гранката, без да го допреме коренот. А токму таму се крие непријатната вистина: во оваа држава е многу попогодно проблемот да се открие предоцна, отколку на време.

    Затоа многу процеси завршуваат како украс: симболична казна, жртвување на најслабите, и системот мирно продолжува по старо. Но, ако овојпат навистина сакаме промена, мора да престанеме да ја третираме трагедијата како аномалија. Зашто не е. Таа е продукт на менталитет што го наградува молкот и ги казнува тие што инсистираат на транспарентност.

    Судењето во Кочани не е тест само за правосудството, туку и, за нашата волја да го искорнеме овој корен.
    Да признаеме дека пропустите не се „нормални“, и дека кога ќе им дозволиме да бидат нормални, тие секогаш еден ден стануваат фатални.

    Правдата не расте сама.
    Треба да се ископа земјата.
    Да се отстранат старите, болни корени.
    Да се посадат нови правила.

    Во спротивно, секое судење ќе биде ритуал.
    А секоја трагедија, повторување на истата приказна.

    4 min
  • Кочани требаше да нé разбуди. Нé разбуди ли?

    Пред точно шест месеци Кочани и Македонија се разбудија во шок од трагедијата која однесе над 60 млади животи. Млади деца, кои излегле да се забавуваат и да поминат уште една саботна ноќ, не се вратија. Изгореа во оган или се задушија од гасовите кои ги вдишале во дискотеката „Пулс".

    Една од помислите во тие моменти на шок и неверување беше, ако ова не не натера да го мениме системот, за да не ни се случуваат вакви трагедии, тогаш ништо нема. Но, таа помисла почна да бледнее веќе десетина дена по трагедијата. Едноставно, како и бројните слични трагични случаи, кои беа последица на нефункционирање на системот, на пропусти во обезбедување и давање дозволи, на замижување пред реалноста, и овој стана предмет на политичка борба на политичките партии, на будење на најниското кај луѓето кога пристрасно коментираат.

    И денеска, шест месеци после страшното утро на 16 март во Кочани, ситуацијата не е променета. Дневно политички третман на случајот, во јавноста перцепција дека правдата споро се спроведува, обвинителен акт кој се уште е на оценување, и засега не докрај јасно каде се бара вината.

    Дали сите ние, заедно, почнувајќи од институциите, надлежните, па до секој граѓанин, сменивме нешто, за да не се повторуваат такви трагедии? Тоа е прашање кое не си го поставуваме, полесно ни е да се обвинуваме политички, да си ги браниме „нашите“, дури и да ги обвинуваме родителите зошто ги пуштиле малолетните деца да одат во дискотека. Небаре, тоа е најважното, а не тоа што биле во објект кој е се, само не објект по стандарди во него да се врши некаква дејност, во кој може да се собираат поголем број на луѓе, да се организираат настани.

    Засилени инспекции, набавка на противпожарни апарати, што беше најзабележливата активности по трагедијата, нема да го решат проблемот. По се изгледа, подлабоки промени треба да има, посериозно зафаќање со пропустите кои ги имало досега, па многу објекти се потенцијална опасност, а поважен е профитот од безбедноста...

    Политичките партии ќе ја водат својата борба - едните ќе се обидуваат да ја контролират штетата, другите ќе се обидуваат да поентираат дневно политички. А и едните и другите имаат моќ, нивни луѓе се во парламентот, носат закони, нивни луѓе се во институциите, можат да ги спроведуваат законите... Ама, некако не им оди тоа. Полесно е да се фрла прашина, да се замајува народот, да се бара вина секогаш кај другиот, никако кај себе.

    Кочани ни беше трагична и скапа опомена - извлекуваме ли поуки?


    4 min
  • Македонија ќе ја биде – се друго е мит!

    Македонија ќеја биде – се друго е мит!

    Драги млади,

    Денес ја славименезависноста на Македонија, денес го славиме денот кога сме се одвоиле одЈугославија и сме прогласиле сопствена, независна држава Македонија. Веројатно стеслушале приказни за Југославија – и веројатно тие приказни се на линијата дека била„совршена“ држава, дека тогаш сè било подобро. Веројатно исто така честослушате дека Македонија „не е држава“, дека „не нѐ бива“ и дека „нема даја биде“.

    Ова е најопаснатасостојба во која може да се најде еден млад човек. Тоа е безнадежноста којанекој сака да ја имате, за тие да имаат бенефит.

    Но верувајте не еточно! Македонија ја бидува и ќе ја биде!

    Ние веќепокажавме дека можеме да имаме своја држава. И ќе ја имаме уште поуспешна.Македонија – денес Северна Македонија – ќе ја надживее Југославија, затоа штотаа траеше само 45 години и заврши во крв. Заврши со преку 150 илјади мртвимлади луѓе. Нешто што веројатно тие што ви кажуваат за таа држава ова„забораваат“ да ви го спомнат. Македонија ќе трае затоа што ја градиме врздемократија, а не врз диктатура. Македонија веќе економски одамна ја поминаЈугославија – сите статистички споредби покажуваат дека денес Македонија ипоранешните републики од таа држава имаат поголем номинален БДП и БДП перкапита (со вклучена инфлација).

    Не дозволувајтеда ве лажат дека не можете да опстанете. Не дозволувајте да ви кажуваат дека неможе подобро. Вие денес живеете подобро од што тие некогаш сонуваа, и вашиотживот ќе биде уште подобар.

    Знаете ли какоќе успееме?

    Ќе успееме самоако не чекаме „лидери“ кои ќе не спасат, туку самите ќе ја преземемеодговорноста. Демократијата го подразбира тоа, сите ние постојано да работиме. Сотоа што ќе изградиме институции кои не зависат од партија, туку од закон иправда. Со тоа што ќе кажеме – секое партиско вработување и секој криминал наполитичар е предавство на републиката. Тие се вистинските предавства иопасности, а не замислените непријатели во кои сакаат да верувате!

    Знам и дека велажат дека демократијата е фасада. Мора да го прекинеме тој лажен наратив! Демократијататреба да ни биде врвен приоритет – засекогаш. Барајте подобро и барајте повеќедемократија секогаш! Никогаш немојте да им простите и да им дадетепростор на оние што ќе се обидат да ве убедат дека демократијата не постои.

    Не е важно далиси „лев“ или „десен“. Важно е да си демократ. Важно е да веруваш во институциишто се независни и инклузивни. Важно е да веруваш дека иднината ја правиме сами,навистина е важно да веруваш дека ти можеш да изградиш стабилни институции,дека не ти треба никој за да знаеш што е најдобро за твоето маало, твојот град,твојата гимназија, твојата градинка...

    Македонија ќеуспее – само ако вие верувате во тоа.

    Среќен ден нанезависноста!

    Автор: Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на гоце.мк

    3 min
  • Извештаи, избришани зборови и непријатни вистини

    Почнаа пак да вријат социјалните мрежи, емисиите, форумите, а бога ми и некои умови кои ретко се вклучуваат. Повод? Редовен извештај на Европарламентот за напредокот на нашата земја.

    Еден пасус, една реченица, едно спомнување на „македонскиот идентитет“ – и одеднаш: драма, заговори, предавства, „ни го крадат идентитетот“, „ЕУ сака да нè избрише“. Како да сме во трилер со лоша содржина, ама со претенциозен наслов.

     


    5 min

About goce.mk

From the publisher's feed

Подкаст на goce.mk