goce.mk

goce.mk

By Goce.mkNews
Download on the App Store

goce.mk episodes

  • Петки за молк, единици за став: Размислување на пауза–каде затајува образованието?

    Во нашите училници најдобро поминуваат тие што не поставуваат премногу прашања. А на оние што размислуваат премногу... им се спушта оценка.
    И тоа не е само чувство-според PISA резултатите на Организација за економска соработка и развој (2018), учениците од регионот покажуваат потешкотии при решавање на проблеми што бараат критичко размислување, иако добро ги репродуцираат фактите.
    Добредојдовте во реалноста на еден образовен систем кој, наместо да создава умови што размислуваат, произведува усти што повторуваат. Систем што се плаши од размислување-бидејќи размислувањето води до прашања, а прашањата се непријатни.

    5 min
  • Мамо...картата е купена

    Картата е купена. Не за концерт. Не заодмор. Не за викенд во соседството. Туку за живот што (можеби) не припаѓа овде.Билет во еден правец – од земјава што не те сака доволно, кон друга што не тени познава.

    Мајката молчи додека ја реди гардеробата.Таткото пак го крие треперењето на рацете додека ја пали цигарата. Сите знаатдека не одиш само да „пробаш“. Сите знаат дека ова не е патување, туку бегство.

    Нема драматичен момент. Нема солзи нааеродром. Само стисната вилица и суво „ајде пиши ми кога ќе слеташ“. Ќе слетам, да. Но дали некогаш повторно ќе се вратам?

    4 min
  • Осми март – Нежност, сила и неизговорени приказни

    Во рацете на мајка ти, баба ти, сестра ти, пријателката, колешката, професорката… лежи светот што го познаваш. Осми март не е само датум – тој е сите нивни приказни, изречени и неизречени, сите нивни победи и тивки жртви што никој не ги забележал.

    Во очите на секоја жена има нежност, но и тежина. Тежина на утрата кога станува прва, за сите да бидат згрижени. На ноќите кога заспива последна, со мислите на сите, но ретко кој со мисла за неа. На тишините кога премолчува, не затоа што нема што да каже, туку затоа што веќе премногу кажала.

    Осми март не е само ден за цвеќе и честитки. Тој е ден да ја видиме, да ја слушнеме, да ја разбереме. Да ја славиме не само за тоа што е нечија мајка, сопруга, ќерка, туку за тоа што е – Човек. Со соништа, амбиции, љубови и замор што не се гледа.

    3 min
  • Статусен симбол: Вистинска вредност или само слика за другите?

    Во свет каде што првиот впечаток често вреди повеќе од суштината, статусниот симбол станува валута на престижот. Тој е невидлива карта за припаѓање, знак на успех во очите на другите, но дали навистина значи нешто или е само привид што се менува со модата и времето?

     

    3 min
  • Секој јазик е приказна, мајчиниот–нашата сопствена

    Јас сум Деспина, ова е мојот став: 
    Постојат зборови што не можат да се преведат, чувства што не можат да се објаснат, а се разбирливи само кога се изразени на мајчин јазик. Тоа е јазикот со кој сме ги изговориле првите зборови, со кој сме ги научиле првите приказни, со кој нè смирувале додека сме плачеле, јазик на кој сме мечтаеле и сонувале. Тоа е јазикот што нè прави она што сме.

    3 min
  • Секој 14-ти иста дилема - вино или љубов?

    Секој 14-ти февруари во Македонија се повторува истата дилема – дали да се слави љубовта со Денот на вљубените или традицијата со Свети Трифун? Едните купуваат рози и пишуваат љубовни пораки, другите отвораат шише вино и се шегуваат дека „љубовта минува, ама доброто вино останува“.

    2 min
  • Чекање во ред – тест за трпение

    Сите сме биле таму. Долг ред во пошта, маркет или на шалтер за административни услуги. Луѓето се вртат, воздивнуваат, нервозно проверуваат телефони. Некој потпира рака на колкот, друг тропка со ногата. Погледите им се вкопуваат во оној што е на ред, како со сила да можат да го забрзаат процесот.Чекањето во ред е секојдневна појава, но и еден од најголемите тестови за трпение. Современиот човек е навикнат на брзина – брза храна, брзи пораки, брзи решенија. Но, редот не прашува дали ти се брза. Само стоиш и чекаш.

    3 min
  • Партизанска – булевар на смртта или булевар на нашата негрижа?

    Секој што барем еднаш поминал по булеварот „Партизански одреди“ знае колку е опасен. Брзи автомобили, недоволно пешачки премини, несовесни возачи, а понекогаш и пешаци што ризикуваат преминувајќи на несоодветни места.
    Трагедијата во која 22-годишната Фросина го загуби животот, повторно нè потсети на проблемите што ги игнорираме сè додека некој не загине.

    4 min
  • Озборувањето – канцерот на модерното општество

    Во општеството на модерната ера, озборувањето секако го зазема своето „почесно“ место како средство за деструкција на меѓучовечките односи. Колку и да изгледа безопасно на прв поглед, зборувањето зад грб претставува тивок, но моќен канцер кој ги нагризува вредностите на довербата, почитта и искреноста.

    Една латинска поговорка вели: „Озборувањето е како јаглен: ако не те изгори, ќе те извалка.“ – чие значење е сосема легитимно.

    4 min
  • Празниците: мост меѓу традицијата и модерното време

    Празниците отсекогаш имале посебно место во животот на луѓето. Тие не се само моменти кога календарот покажува „црвени датуми“, туку периоди на сплотеност, мир, и шанса да станеме подоби луѓе. Но, во денешниот свет, празниците носат и предизвици – како да ги зачуваме традициите, а притоа да одговориме на динамиката на модерното време?

    Важноста на празниците

    Празниците не се само забава или денови без работа. Нивната суштина лежи во заедништвото, во одржувањето на семејните и културните врски. Тоа се денови кога се враќаме на корените, ги оживуваме старите приказни и ги негуваме обичаите што ја одржуваат нашата културна уникатност. Празниците нè учат на благодарност, споделување и на важноста на времето поминато со луѓето што ги

    сакаме.

    5 min

About goce.mk

From the publisher's feed

Подкаст на goce.mk